Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПЕТЕР СИЈАРТО

sijarto

Објавен разговор: еве што барал Сијарто од Русите

Унгарските медиуми објавија наводен транскрипт од телефонски разговор од 2020 година меѓу унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто и рускиот министер Сергеј Лавров, што предизвика политички скандал во Унгарија.По објавувањето на информациите дека Сијарто наводно споделувал чувствителни информации со Москва, премиерот Виктор Орбан соопшти дека наложил итна истрага за можноста неговиот министер да бил прислушуван.Според објавениот транскрипт, Сијарто во разговорот барал помош од руска страна во пресрет на парламентарните избори во Словачка во 2020 година. Тој наводно побарал од Лавров да посредува за средба меѓу рускиот претседател и тогашниот словачки премиер Петер Пелегрини, со цел да се зајакне позицијата на владејачката коалиција.Во разговорот, Сијарто истакнал дека за Будимпешта е важно да опстане тогашната словачка влада и дека евентуална победа на опозицијата би била „трагедија за средноевропската соработка“. Лавров одговорил дека ќе ја пренесе молбата до рускиот премиер.Објавувањето на транскриптот предизвика реакции и загриженост во дел од јавноста за можни блиски контакти меѓу унгарската влада и Москва, како и за потенцијално влијание врз изборните процеси во регионот.Разговорот, според медиумите, бил снимен од безбедносна служба на една земја членка на Европската Унија. Во меѓувреме, унгарскиот министер за Европа, Јанош Бока, ги оцени информациите како „лажни вести“, додека Сијарто ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги „теории на заговор“.Операцијата и истрагата се во тек, а случајот дополнително ги зголеми тензиите околу односите меѓу Унгарија и Русија, како и во рамките на Европската Унија.

Свет | пред 1 седмица

793404-sijarto-eu-da-se-fokusira-na-zapirane-na-migracijata-i-rabotni-mesta-za-evropskite-gragani

Унгарија пред одлука: Мир или војна на изборите на 12 април

Унгарија на парламентарните избори на 12 април ќе одлучи дали сака мир или војна, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.Тој додаде дека претстојните избори ќе покажат дали Унгарија ќе му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги користи парите на унгарските даночни обврзници за, како што рече, „одржување на корумпираниот украински режим“.Сијарто, во видео-обраќање објавено на Фејсбук, изјави дека Унгарија, во време кога се обликува нов глобален поредок, „има свое место на масата“ каде што се носат клучните одлуки, пренесува агенцијата МТИ.Тој истакна дека премиерот Виктор Орбан е единствениот европски лидер кој во моментов може директно да комуницира со Вашингтон, Москва и Пекинг. Сијарто потсети и на учеството на Орбан на Светскиот економски форум во Давос, каде што се приклучил на Одборот за мир, нагласувајќи дека Унгарија ги поддржува мировните напори за завршување на четиригодишниот конфликт во регионот.„Нема да дозволиме Унгарија да биде вовлечена во војна, без разлика дали тоа му се допаѓа на претседателот Зеленски или не“, порача Сијарто.Тој го обвини Зеленски дека повторно се меша во предизборната кампања во Унгарија, како што, според него, тоа го сторил и пред четири години, додавајќи дека проукраинската опозиција може да дојде на власт само доколку ја смени сегашната влада.„Додека оваа влада е на власт, Унгарија нема да биде вовлечена во војна и Зеленски нема да може да зема пари од унгарските граѓани. Влогот на овие избори е јасен: Унгарците ќе бираат меѓу мир и војна и дали ќе дозволат финансирање на корумпиран режим со нивните даноци“, заклучи Сијарто.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања