Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПИЛОТ

media-librarynl85hd2eoef72iTzc1t

Зошто двајцата пилоти на ист лет никогаш не јадат исто јадење?

Иако авиокомпаниите денес нудат широк избор на оброци за патниците – од вегански до безглутенски опции – правилата за пилотите се значително поинакви. Имено, пилотите кои заедно управуваат со авионот за време на лет не смеат да јадат ист оброк, а причината за тоа е безбедноста на сите патници и членови на екипажот.На долгите летови, каде во пилотската кабина се присутни најмалку двајца членови на екипажот, често важи правило секој пилот да консумира различна храна.Доколку еден пилот избере, на пример, тестенини, другиот ќе земе некое друго јадење, како пилешко. Оваа мерка постои со цел да се намали ризикот од труење со храна.Правилата за бројот на пилоти се јасно дефинирани од страна на Федералната управа за воздухопловство, која бара секој комерцијален лет да има најмалку двајца пилоти.На летови подолги од осум часа, често има и три или четири пилоти, со цел да се почитуваат ограничувањата за работното време, но и да се обезбеди замена во случај на непредвидени ситуации.Труењето со храна, предизвикано од бактерии како салмонела, ешерихија коли или норовирус, може да доведе до сериозни здравствени проблеми. Токму затоа авиокомпаниите настојуваат да спречат двајцата пилоти да консумираат ист оброк. Доколку храната би била контаминирана, барем еден пилот би останал способен безбедно да управува со летот.Иако ваквите случаи се ретки, тие сепак се случувале. Еден од попознатите инциденти се случил во 1982 година на лет од Лисабон до Бостон, кога поголем дел од екипажот имал здравствени проблеми по консумирање ист десерт. За среќа, двајца членови на екипажот не го јаделе десертот, што овозможило безбедно слетување на авионот.Кога станува збор за исхраната, пилотите немаат строго пропишано мени. Обично поискусниот пилот прв го избира оброкот, а колегата потоа зема нешто различно. На подолгите летови, некои авиокомпании обезбедуваат посебни оброци за екипажот, кои се разликуваат од оние за патниците и често се поедноставни за консумирање.Пилотите можат да понесат и сопствена храна од дома, особено на пократки летови кога не се обезбедени оброци. Сепак, едно правило е јасно – за време на лет нема консумирање алкохол, бидејќи безбедноста секогаш мора да биде на прво место.

Магазин | пред 1 седмица

media-library9mto71190fbu9NXTA1y

Со години се претставувал како пилот и стјуард и летал бесплатно – сега му се закануваат до 20 години затвор

Маж од Торонто е обвинет дека со години лажно се претставувал како пилот и стјуард за да си обезбеди стотици бесплатни летови.Далас Покорник (33) наводно во период од четири години ги измамувал американските авиокомпании користејќи фалсификувани идентификациски документи, пренесува Unilad.Според судските документи, Покорник од 2017 до 2019 година работел како стјуард во неименувана авиокомпанија со седиште во Торонто. По тој период, властите тврдат дека продолжил да користи фалсификувани службени исправи од истата компанија за да добие бесплатни авионски билети кои се наменети исклучиво за пилоти и кабински персонал на три американски авиопревозници.Во обвинението се наведува дека оштетените компании имале седишта во Хонолулу, Чикаго и Форт Ворт, во сојузната држава Тексас.„За време на измамата, Покорник барал помошно седиште во пилотската кабина на авионот, кое го користат членови на екипажот кога не се на должност, иако тој не бил пилот и немал пилотска дозвола“, соопшти Канцеларијата на американскиот обвинител. Засега не е познато дали тој навистина патувал во пилотската кабина.Поранешниот стјуард бил уапсен во Панама во октомври минатата година поради обвиненија за измама. По екстрадицијата, на 20 јануари, тој се изјаснил дека не е виновен по сите точки од обвинението.Доколку биде прогласен за виновен, на Покорник му се заканува казна до 20 години затвор, како и парична казна до 250.000 долари. Дополнително, можно е да му биде изречен и период на условен надзор по издржување на казната.Случајот потсетува на филмот „Фати ме ако можеш“ од 2002 година, но и на случајот со Тајрон Александер, кој шест години, од 2018 до 2024, лажно се претставувал како член на авионска посада и бесплатно летал повеќе од 120 пати користејќи интерни системи за издавање билети. Александер минатата година беше осуден за измама и неовластен влез во заштитена зона на аеродром со лажно претставување.

Магазин | пред 2 месеци

Screenshot-2024-12-18-at-08.55.54

(Видео) Драматични зборови на пилот пред да удри во зграда: Ух, изгубивме контрола

Две лица загинаа кога авион удри во зграда во близина на меѓународниот аеродром во американската држава Хаваи, објави Hawaii News.Локалните власти соопштија дека авионот Цесна 208 удрил во празна државна зграда која била планирана за уривање.Двете лица кои биле во авионот загинале.https://x.com/ChaosAlertsOnX/status/1869282000219386012Иако официјалните лица се уште не го објавија идентитетот на жртвите, извори блиски до семејството потврдија дека една од жртвите е дипломиран студент Хирам Дефрејс, млад човек на дваесетина години кој бил на обука.https://x.com/worldhistoryera/status/1869274825296142559Снимени се и последните зборови на пилотот, кој на контролната кула и рекол дека изгубил контрола над леталото.Контролорите на летот ги прашале пилотите дали свртуваат десно, на што пилотите потврдно одговориле со зборовите „ах, изгубивме контрола“.https://x.com/ebcnewss/status/1869263172177436922„Ако можете да го израмните авионот, тоа би било добро. Имате слободна писта, секое место на кое можете да слетате“, рекоа од контролата, но потоа авионот удри во зградата.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања