Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПЛАЧКОВИЦА

media-libraryieg4pv38en095ogzW0w

„Животите ги ризикувавме за Плачковица“ – апел на заменик-директорот на „Национални шуми“

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Национални шуми, Кире Михаилов, со јавно обраќање до граѓаните на Радовиш реагираше на, како што вели, недостигот од поддршка по преземените институционални мерки против бесправната сеча и пустошењето на планината Плачковица.Михаилов потсети дека во изминатиот период јавноста била силно вознемирена од уништувањето на шумите, од опасното движење на лица со неисправни возила без регистарски таблички, како и од кражбите по викендиците на Плачковица. Според него, токму тие појави биле причина за силен притисок врз институциите да реагираат, па дури и за најави за протести пред Општина Радовиш.„Ако сето тоа навистина ви пречеше, зошто сега не застанете во одбрана на она што го сработивме? Зошто молчите додека по социјалните мрежи се бранат ‘сиромашните дрвари’, а се премолчува огромната штета што ја прават на целата планина и на Радовиш“, прашува Михаилов.Тој упати апел до граѓаните јавно да им објаснат на оние кои, како што наведува, ниту ја познаваат Плачковица, ниту ја разбираат штетата од бесправната сеча, што всушност се случува на терен. Воедно, тој изрази разочараност што по акцијата спроведена од надлежните институции не следела очекуваната поддршка од истите тие граѓани кои претходно барале итни мерки.Михаилов нагласи дека во акцијата биле ризикувани човечки животи, справувајќи се, како што рече, со организирани групи кои со години правеле сериозни штети врз шумскиот фонд. Според него, тие активности не биле преземени за личен интерес, туку за заштита на граѓаните, нивните деца и природното богатство на регионот.„Ако ова не ви значи и ако не го браните она што го правиме, тогаш се поставува прашањето зошто било кој да се ангажира со проблемите во ‘вашиот’ двор“, порача Михаилов, повикувајќи ги радовишани, планинарите, еколошките активисти и медиумите јавно да се изјаснат.Во обраќањето, тој посочи и на улогата на медиумите, апелирајќи овојпат да се пренесе целосната слика и сите реакции од јавноста, а не селективни коментари кои, според него, создаваат искривена перцепција за преземените институционални чекори.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydohmbg84833la1Ygyzi

(ВИДЕО) По бркотница низ шумата, шумската полиција ги фати дрвокрадците на Плачковица

Заменик-директорот на „Национални шуми“, Кире Михаилов на Фејсбук денеска сподели видео од акција каде на лице место се фатени дрвокрадци како пустошат на Плачковица.„Во текот на денешниот ден, на планината Плачковица во заедничка акција на ЈП "Македонски Шуми", Шумската Полиција и ОВР Радовиш, на лице место фативме група дрвокрадци.Се работи за дел од група која во изминатиот период направи големи штети на шумскиот фонд во овој потег на планината.Во текот на денешната акција беа одземени две моторни возила со кои се вршеше превоз на крадени дрвни сортименти, беше одземена една моторна пила и други орудија со кои се вршеше оваа нелегална сеча, т.е. пустошење на шумата.Морам да изразам голема благодарност за колегите, шумските полицајци и припадниците на МВР кои професионално и на ниво на задачата ја завршија.Активностите продолжуваат, нема застанување ниту тука, ниту каде било во Македонија каде се случуваат нелегални активности по шумите.Во интерес на истрагата, нема да споделиме повеќе информации, но, можам да кажам дека се работи за дрвокрадци кои многу добро им беа познати на службите и во изминатиов период имаат направено многу кривични дела“, стои во објавата на фејсбук.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања