Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПОЖАР

media-librarycoqog72st8bf6PG6kFU

(Видео) Пожарот во објектот на Кале е под контрола, МВР влегува да провери како избувнал

Пожарот кој избувна во објект на скопското Кале е ставен под контрола. Противпожарната бригада го изгасна со три противпожарни возила и неколку пожарникари.Засега не е позната причината за пожарот, а екипи на МВР ќе вршат увид. Објектот и натаму чади. Се води сметка да се спречи повторно разгорување. Не се знае ниту која била намената на овој објект.

Настани | пред 3 месеци

media-libraryepmldkncs0qfextxZiQ

(Видео) Гори објект на скопското Кале

Голем пожар избувна вечерва во близина на „Пивница“ на скопското Кале. Гори објект лоциран веднаш до овој локал.Противпожарните екипи се на терен, а причните за пожарот засега не се познати. Нашиот репортер од терен јавува дека пожарот засега не е под контрола.

Скопје | пред 3 месеци

media-library7m41ngqu9hgmdfga0nm

Полицијата ги пребарува изгорените облакодери во Хонг Конг: досега 146 загинати, 11 уапсени

Властите во Хонг Конг денес продолжуваат со пребарување на преостанатите облакодери уништени во големиот пожар во кој загинаа најмалку 146 лица, а стотици жители останаа без дом и сега се приспособуваат на живот во привремени сместувања.Полицијата ја заврши претрагата на четири од седумте згради што беа зафатени од најсмртоносниот пожар во градот во изминатите повеќе од 75 години. Телата на загинатите биле пронајдени по скалиte и на покривите, каде што биле заробени додека се обидувале да избегаат од огнената стихија.Во текот на неделава ќе се одржат бденија и во Токио и во Лондон. Властите соопштија дека околу 40 лица сè уште се водат како исчезнати.Причината за пожарот сè уште непознатаПожарот, кој избувна минатата среда и брзо се прошири по надворешните делови на становите кои биле во реновирање, сè уште се истражува.Во услови на растечки револт кај јавноста поради пропуштени предупредувања за опасност од пожар и индиции за небезбедни градежни практики, Пекинг предупреди дека ќе се спротивстави на сите протести.Најмалку едно лице поврзано со петиција со која се бара независна истрага било приведено, наведуваат извори запознаени со случајот.Во изгорените згради живееле над 4.000 луѓеПреостанатите згради што треба да се пребараат се „најтешките“, изјави високата полициска службеничка Ејми Лам, додавајќи дека последниот дел од потрагата може да трае со недели.Голем број полициски екипи утринава пристигнаа на местото за да продолжат со пребарувањето на изгорените згради во кои живееле повеќе од 4.000 лица.Повеќе од 1.100 луѓе се преместени од евакуациските центри во привремени сместувачки капацитети, а дополнителни 680 лица се сместени во младински домови и хотели, соопштиле властите.Бидејќи многу жители ги оставиле своите лични предмети додека бегале од пожарот, властите им доделија итна помош во висина од 1.284 долари по домаќинство и обезбедија поддршка за издавање нови лични документи, пасоши...Во рамки на истрагата уапсени 11 лицаВо текот на истрагата уапсени се 11 лица под сомнение за корупција и употреба на небезбедни материјали при реновирањето.Зградата била обвиена со зелена заштитна мрежа и бамбусови скелиња, а била прекриена и со пена-изолација. Противпожарните аларми во комплексот исто така не функционирале правилно, соопштиле властите.Жителите на населбата Ванг Фук минатата година добиле уверување од властите дека ризикот од пожар е „релативно низок“, иако претходно поднеле претставки за можни опасности, соопшти градското Министерство за труд.Портпарол на министерството додаде дека жителите во септември 2024 година повторно изразиле загриженост за потенцијалната запалливост на заштитните мрежи поставени околу скелите.Притворени активисти кои бараат независна истрагаВо саботата полицијата го привела 24-годишниот Мајлс Кван, член на групата што ја покренала петицијата за независна истрага за корупција и за засилен надзор на градежните работи, потврдија две лица запознаени со случајот.Уште две лица се уапсени под сомнение за поттикнување немири, објави „Саут Чајна Морнинг Пост“.Кинескиот Канцеларија за национална безбедност предупреди дека поединци не смеат да ја користат трагедијата за да го „вратат Хонг Конг во хаосот“ од 2019 година, истакнувајќи:„Без разлика на методите што ќе ги користите – ќе сносите одговорност и ќе бидете строго казнети.“

Свет | пред 3 месеци

media-libraryvkh5o4mrh5bfbuVXI2P

Пожар во напуштена зграда во Липик, се сомневаат на малолетници

Густ црн чад денеска препладне ги вознемири жителите на Липик, откако избувна пожар во напуштена зграда на поранешна робна куќа во самото срце на градот.Граѓаните веднаш повикаа пожарникари, а брзата интервенција на припадниците на DVD Липик спречи ширење на огнот.Иако густиот чад создаваше впечаток дека станува збор за голем пожар, огнот брзо беше ставен под контрола.Главниот командант на Пожарникарската заедница на подрачјето Пакрац-Липик, Томислав Стокиќ, ја објасни причината за густиот чад. „Се чинеше дека пожарот е поголем отколку што всушност беше поради густиот црно чад што излегуваше од зградата. Во подрумот на зградата гореше пластика, а поради воздушниот притисок, чадот не се искачуваше горе туку се ширеше, па во еден момент целиот центар беше во чад“, објасни Стокиќ.Откако пожарникарите го обезбедија местото на настанот, полицијата започна увид за да го утврди точниот причинител на пожарот.Според неофицијални информации, постои сомнеж дека пожарот го предизвикале малолетници.Наводно, неколку млади лица влегле во подрумот на напуштената зграда и запалиле оган. Кога пламенот почнал да се шири, побегнале од местото на настанот. За среќа, никој не е повреден, а брзата реакција на пожарникарите спречи поголема материјална штета.

Свет | пред 4 месеци

media-library1t2fvkpoocpe7wSRDm5

Голем пожар во Риека: Огнот проголта станови, пронајдено тело

Големиот пожар што ноќеска избувна на поткровјето од зграда на улицата Занонова во Риека, за жал заврши трагично. На местото на настанот е пронајдено тело на засега непозната личност, а пожарникарите и понатаму се борат со огнената стихија што зафати неколку станови.Полицијата од Приморско-Горанската управа го потврдила пронаоѓањето на телото. Увид ќе може да се изврши дури откако пожарот целосно ќе биде изгаснат. Над зградата и понатаму се издига густ чад, а екипите на терен работат на локализирање на пожариштето.Драматична ноќна интервенцијаОперативниот центар на противпожарната служба дојавата за пожар ја примил околу два часот по полноќ, по што веднаш биле испратени едно интервентно возило и автоцистерна. Командирот на смена брзо проценил дека е потребна дополнителна помош, па на местото биле упатени уште две автоскали и едно дополнително интервентно возило.Како што објасни командирот на смената на Јавната противпожарна единица Риека, Дино Шкамо, при пристигнувањето на пожарникарите огнот веќе бил силно разгориен. Гаснењето се одвивало истовремено од внатрешноста на зградата и однадвор.Гаснењето ќе трае цел денБорбата со огнот ја отежнувала големата количина лесно запалив материјал во становите, а спуштените тавани овозможиле пожарот брзо да се прошири.Според неофицијални информации, станува збор за станови што се издавале. Пожарникарите проценуваат дека локализирањето ќе трае поголем дел од денот, бидејќи ќе мора да се отвори целиот покрив за да се отстранат сите жаришта.

Свет | пред 4 месеци

media-librarypqkun93musegeDkEOee

Се прават плановите за минирање на „Вјесник“, симболот на Загреб ќе се урива со стотици килограми експлозив

Уривањето на поранешниот облакодер „Вјесник“ влегува во завршна фаза на подготовка, но конечниот датум сè уште не е утврден. Најизвесно е дека зградата ќе биде срамнета со земја со контролирано минирање, метод кој, според прелиминарните процени, бара стотици килограми експлозив.Професорот Марио Добриловиќ од Факултетот за рударство, геологија и нафта, кој деновиве ја анализирал локацијата, потврди дека целата операција се очекува за неколку недели. Тој објаснува дека пред почетокот мора да биде изработен детален проект, по што надлежните институции ќе ја донесат конечната одлука за техниката на уривање.Иако формалната одлука недостасува, Добриловиќ смета дека врз основа на состојбата на терен, минирањето е најбезбедната и технички најсоодветната опција.Според него, експлозивот што ќе се користи се мери во стотици килограми, а не во тони, и целиот процес на рушење трае само десетина секунди, најмногу половина минута.Во однос на безбедноста, професорот нагласува дека ќе се преземат сите неопходни мерки за да се елиминира ризикот за граѓаните. Прописите предвидуваат воспоставување безбедносен коридор околу објектот – зоната што и сега се користи за регулирање на сообраќајот. Министерството за внатрешни работи ќе ги дефинира упатствата за жителите во околните згради.Како можни мерки се разгледуваат краткотрајно напуштање на домовите кои се најблиску до облакодерот или, како алтернатива, затворање на ролетни и отворање на прозорци за да се намали притисокот од ударниот бран и прашината.Во периодот на изведба, сообраќајот околу комплексот ќе биде целосно запрен од половина до еден час, а пристапот на луѓе ќе биде строго ограничен.Техничкиот дел од постапката подразбира дупчење низа мински отвори во клучните носечки делови во приземјето. Добриловиќ појаснува дека не се минира целата конструкција, туку само критичните елементи што ќе ја нарушат статиката, по што гравитацијата – „господинот Њутн“, како што вели тој – го довршува рушењето.Самото полнење со експлозив трае околу еден ден, а прецизното распоредување на полнежите овозможува зградата да се сруши точно во предвидениот простор.Засега нема проценка колку ќе чини целата операција.Во однос на околните објекти, делови од комплексот ќе претрпат оштетувања, особено на западната страна, но некои објекти – како Прес-центарот и печатницата – ќе останат зачувани. Професорот ги опишува овие неминовни оштетувања како „колатерални последици“ на процесот.

Свет | пред 4 месеци

media-library78on2va9cgbt1m4kdZ3

(ВИДЕО) Пекол во Хонгконг, горат облакодери, има и загинати

Според досегашните податоци во голем пожар кој зафати неколку станбени згради во Хонгконг, има најмалку четири загинати лица, а најмалку тројца други се згрижени во болници, од кои двајца се во критична состојба, соопшти владата.Снимките се страотни и регистрираат пламен и чад од кулите. Се верува дека се заробени неколку луѓе.Пожарот најверојатно се проширил низ скелињата од бамбус од надворешната страна на зградите, а службите за итни случаи се на местото на настанот.Противпожарната служба објави дека во 14:51 часот по локално време добила пријава дека избувнал пожар во зграда во населбата Ванг Фук Корт. Во 15:34 часот алармот е подигнат на ниво 4.Ванг Фук Корт е станбен комплекс има од осум блока, со околу 2.000 станбени единици. Неколку кули околу запалената кула имаат бамбусови скелиња на нивната фасада. На зградите се вршеле работи за реновирање. Снимките покажуваат дека и фасадните скелиња се зафатени од пламен на неколку ката, а запалените остатоци се уриваат на земјата. Дополнително, видливи се и пожари во некои станови.Засега не е познато како започнал пожарот, како и информации за тоа колку луѓе се наоѓаат во зградите.

Свет | пред 4 месеци

media-librarykbi6g9hecmbo6U38Pqp

Пожарот во „Вјесник“ бил дело на TikTok- предизвик

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против две лица на 18 години кои се сомничат дека го предизвикале големиот пожар во напуштената зграда на „Вјесник“ во Загреб.Се товарат за „тешки кривични дела против јавната безбедност“, а во врска со кривичното дело „загрозување на животот и имотот со општо опасно дејствие или средство.0Досуден им е еден месец притвор поради ризик од повторуваање на делото.Тие изјавија дека влегле во зградата каде што било скршено стаклото. Се снимале себеси околу зградата и, како што рекле, влегувањето и престојот во зградата било дел од предизвикот на TikTok.Првиот осомничен ја дал својата одбрана за време на испрашувањето, додека вториот осомничен се брани со молчење. Клучните сведоци биле испрашувани преку видео врска.Сведоците рекле дека се дружеле околу „Вјесник” од 17 часот во понеделник. Пиеле и пушеле, а двајцата осомничени им се придружиле кратко пред 22 часот. Тие исто така рекоа дека слушнале двајца обезбедувачи како играат пинг-понг.Тие исто така признале дека гаселе опушоци од цигари насекаде во зградата.

Свет | пред 4 месеци

media-librarypqkun93musegeDkEOee

Малолетници го предизвикале пожарот во „Вјесник“ – загребскиот облакодер можеби ќе мора да се урне

Пожарот што ја зафати деловната зграда „Вјесник“ во Загреб е предизвикан од група малолетници, потврди загребската полиција. Како што дознаваат хрватските медиуми, еден од нив сам се јавил во полиција и детално раскажал што се случувало критичната вечер.Според неговото сведочење, групата млади – на возраст од 16 до 17 години – влегла во напуштените делови од облакодерот со намера да се искачи на покривот. На горните катови не можеле да продолжат поради заклучени врати. Во тој момент, еден од присутните почнал да пали картони, по што огнот се проширил со огромна брзина. Во паника, сите побегнале од објектот.Полицијата потврди дека повеќе млади лица се опфатени со истрагата, а едно лице е уапсено и се наоѓа под истражни мерки. Како што нагласуваат од Полициската управа, приоритет е да се обезбедат сите релевантни информации, а објавувањето на детали во јавноста може да го загрози текот на постапката. Службите ќе ја информираат јавноста штом околностите го дозволат тоа.Статичарите предупредуваат: Облакодерот е сериозно оштетенПаралелно со кривичната истрага, стручните служби на Хрватска продолжуваат со техничките проверки на конструкцијата. Градежниот инженер Марио Урош објаснува дека високите температури предизвикале оштетувања на носивите елементи, особено на катовите каде што се наоѓале архивските простории – преполни со запалив материјал.Видливи пукнатини се веќе регистрирани на неколку столбови, а според инженерите, можно е и невидливо оштетување во внатрешноста на бетонските слоеви. Дополнителен проблем е што конструкцијата се уште се лади и во внатрешните делови има загреани сегменти што мора целосно да се стабилизираат пред да се изврши конечна проценка.„Градбата е небезбедна и постои ризик од делумно уривање“, предупредува Урош. Иако ризикот постепено ќе се намалува со целосното ладење на конструкцијата, сериозноста на пукнатините не смее да се занемари.Можно целосно уривање на симболичниот загребски облакодерПоради обемот на штетите, стручњаците не ја исклучуваат ниту најрадикалната опција – делумно или целосно рушење на култната зграда на „Вјесник“. До донесување на финална одлука, облакодерот останува во ист режим на строги безбедносни мерки и под постојан надзор на надлежните служби.

Свет | пред 4 месеци

media-librarykurv0ae65ducaAdrp7c

Јапонија се бори со голем пожар: Едно загинато лице, уништени над 170 домови

Едно лице загина, а цела станбена област е претворена во пепел по силниот ноќен пожар што го зафати јапонскиот град Оита. Телото пронајдено утрово сè уште се идентификува, но полицијата проверува дали станува збор за 76-годишниот маж кој се води како исчезнат.Повеќе од 170 домови се уништени или тешко оштетени во огнената стихија што избувна во пристанишниот дел Саганосеки и за кратко време се прошири низ густо населениот кварт. Пожарот гори повеќе од 12 часа, а пожарникарите и понатаму се борат со жариштата што се шират кон околната пошумена површина.Префектурата Оита побара дополнителна помош за гаснење, бидејќи огнот зафати околу 48.900 квадратни метри – територија еквивалентна на неколку фудбалски игралишта.Градоначалникот Шиња Адачи увери дека, според последните процени, не се очекува пламените јазици да се прошират понатаму, но состојбата останува сериозна. Високиот функционер Шого Фуџикава додаде дека густината на чадот се намалува и дека пожарот се движи кон тоа да биде ставен под контрола, иако е „прерано за конечни проценки“.Јапонската премиерка Санае Такачи порача преку платформата Х дека централната влада ќе обезбеди максимална поддршка и тесно ќе соработува со локалните служби за помош на погодените жители.

Свет | пред 4 месеци

media-librarypqkun93musegeDkEOee

Се шират опасни честички во воздухот: Загрепчани предупредени да не отвораат прозорци по пожарот во „Вјесник“

По пожарот што го зафати облакодерот „Вјесник“ во Загреб, здравствените служби излегоа со итни препораки за граѓаните кои живеат или се движат во околината на објектот. Иако мерните станици засега не регистрираат сериозно загадување, стручњаците предупредуваат дека чадот може привремено да предизвика иритации, особено кај чувствителни категории граѓани.Наставниот институт за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“ апелира жителите во погодените делови да останат во затворен простор и да не ги отвораат прозорците и вратите доколку се забележува чад или мирис на горење. Институтот препорачува и исклучување на вентилациски системи што вовлекуваат воздух однадвор, а климата – доколку се користи – да работи исклучиво на рециркулација.Граѓаните се повикуваат да избегнуваат престој на отворено и физички активности во зоните каде чадот се задржува. Посебно ранливи се децата, постарите лица и пациентите со астма, ХОББ или срцеви заболувања, кои треба да ја намалат изложеноста и да ги имаат при рака потребните лекови.Ако излегување е неопходно, препораката е да се користат FFP2 или FFP3 маски.Институтот нагласува дека проветрување на домовите треба да се одложи сè додека службите – ДХМЗ, Цивилната заштита и НЗЈЗ – не потврдат дека воздухот е стабилен и без ризик.Во случај на симптоми како печење во очите, кашлица, отежнато дишење или влошување на хронични заболувања, граѓаните се повикуваат веднаш да побараат медицинска помош.Службите уште еднаш предупредуваат да се следат само официјалните информации и да не се споделуваат непроверени објави кои можат да предизвикаат паника.

Свет | пред 4 месеци

media-librarypqkun93musegeDkEOee

(Видео) „Вјесник“ во Загреб уште гори - пожарникарите цела ноќ се обидуваат да го изгаснат пожарот што го зафати облакодерот

Дека и утринава облакодерот „Вјесник“ во Загреб сè уште е зафатен од оган, потврдува големата интервенција што трае од синоќа, кога напуштената зграда на Славонска авенија беше зафатена од пожар малку пред полноќ.Пламените јазици се проширија брзо по горните катови, а околу 7 часот утрово огнот сè уште не беше ставен под целосна контрола. На терен работат повеќе од 30 противпожарни возила и речиси стотина пожарникари, а на местото пристигнаа и засилувања од дополнителни единици.Поради сложеноста на интервенцијата, затворени се делови од Славонска авенија и околните улици. Од противпожарната служба појаснуваат дека огнот се шири низ конструктивни отвори и празнини во објектот, што го отежнува пристапот. Пожарникарите морале да се повлечат од внатрешноста и гаснењето се изведува претежно однадвор.Командантот Синиша Јембрих наведува дека материјалната штета ќе биде значителна: иако зградата не била во употреба, внатре имало стара опрема и документација.„Пријавата стигна околу 23 часот, и интересно е што имавме само една пријава од граѓани, што е невообичаено за ваков обемен пожар“, изјави тој.Причината за пожарот сè уште не е утврдена, а полицијата ќе изврши увид штом условите на терен го дозволат тоа.

Свет | пред 4 месеци

AVTOBUS-JSP

Автобус на ЈСП се запали во движење, возачот успеал навреме да застане

Утрово околу 06:30 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје избувнал пожар во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кој бил во движење, но без патници во моментот на инцидентот, соопшти Министерството за внатрешни работи.Пожарот бил брзо изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, а за среќа нема повредени лица.Полицијата извршила увид на местото на настанот и се работи на утврдување на причините за пожарот.

Скопје | пред 4 месеци

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Обвинителството подготвено за почеток на судењето за „Пулс“ – 15 обвинители ќе го застапуваат случајот со пожарот во Кочани

Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, ќе започне на 19 ноември во Скопје. Државниот обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека обвинителството е целосно подготвено за почетокот на процесот и дека ќе бидат ангажирани доволен број обвинители за ефикасно водење на предметот.„Обвинението во судница ќе го застапуваат обвинителите кои работеа на случајот од самиот почеток. Сепак, на вчерашниот состанок договоривме да се вклучат уште неколку обвинители за да не се оптоварат оние што веќе имаат други предмети. Можеби нема секогаш сите да бидат присутни, но секогаш ќе има обвинител кој ќе го застапува случајот, за постапката да не се пролонгира или одложува по вина на обвинителството,“ изјави Коцевски, додавајќи дека вкупно би можеле да бидат ангажирани и до 15 обвинители.Во однос на предистражната постапка поврзана со службеници на Управата за јавни приходи, Коцевски појасни дека истата се спроведува во Основното јавно обвинителство Кочани. Надлежниот обвинител веќе издал конкретни наредби и насоки до институциите за преземање на неопходните дејствија.Со почетокот на судењето за случајот „Пулс“, се очекува јавноста конечно да добие увид во сите околности што доведоа до една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

Македонија | пред 4 месеци

IMG_4224

БМВ и Рено Меган изгореа во населбата Аеродром рано утрово

Во раните утрински часови во општина Аеродром биле опожарени две возила, нема повредени.Денеска (06.11.2025) во 03:46 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, било опожарено патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ж.Д.(52). Од пожарот било зафатено и патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.З.(45). Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Нема повредени лица, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryu8c3abp0b8rv7UIsyxF

Ден на жалост во БиХ и во Црна Гора по трагедијата во Тузла

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина синоќа донесе Одлука со која 6 ноември се прогласува за ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина.„Со одлуката се прогласува 6 ноември 2025 година за Ден на жалост во БиХ поради трагичниот настан и загинувањето на жителите во Домот за стари лица во Тузла “, соопшти Канцеларијата за односи со јавноста на Владата.Сосема иста одлука донесе и Владата на Црна Гора.Знамињата на сите државни згради, згради на локалната самоуправа и јавни институции ќе бидат спуштени на половина копје, објави во среда Владата на Црна Гора.Во пожарот што избувна во вторник вечерта на седмиот кат од Пензионерскиот дом во Тузла, каде што престојуваа неподвижни лица, загинаа 12 лица, а повеќе од 30 од нив побараа медицинска помош во Општинскиот центар во Тузла, од кои петмина се во критична состојба.Владата на Тузланскиот кантон, исто така, го прогласи 6 ноември за ден на жалост.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryu8c3abp0b8rv7UIsyxF

(Фото) Расте бројот и на загинати и на повредени во пожарот во домот во Тузла: Условите во кои живееле штитениците биле катастрофални

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа го зафати дел од зградата на Домот за стари лица во Тузла, додека 35 лица побарале лекарска помош во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.Голем пожар избувнал на седмиот кат од зградата, а градоначалникот на Тузла, Зијад Луговиќ, потврди за Klix.ba дека загинале 11 лица, додека 35 се здобиле со повреди и биле згрижени во болница.Меѓу загинатите – тешко болни и неподвижни лицаСпоред информациите со кои располага Klix.ba, меѓу загинатите се корисници на домот кои биле сместени на седмиот кат. Станува збор за неподвижни и тешко болни лица, со сериозно нарушено здравје.Луговиќ изјави дека меѓу повредените кои побарале лекарска помош има штитеници и вработени во домот, како и полицајци, пожарникари и медицински техничари. Неофицијално, тројца од повредените се во критична состојба.„Во осум часот ќе се одржи вонреден колегиум на Градскиот совет на Тузла, а потоа и состанок на градоначалникот со службите за цивилна заштита. Понатамошните активности ќе ги планираме откако истражните органи ќе го завршат својот дел од работата,“ изјави Луговиќ за Klix.ba.Утрово зградата на Домот за стари лица ја обезбедува полицијата на Тузланскиот кантон, а дел од штитениците се сместени на безбедни катови што не биле зафатени од пожарот.Зошто најранливите биле сместени на највисоките катови?Трагедијата е уште поголема поради шокантната околност дека токму на катовите каде што избувнала огнената стихија биле сместени најранливите корисници – лица со деменција и со тешки форми на карцином, пишува Klix.ba.Вознемирената јавност оправдано поставува прашање кој и според каква логика донел одлука најтешко болните лица да бидат сместени на петтиот, шестиот и седмиот кат, со што нивните шанси за евакуација биле драстично намалени.Корисниците на домот и нивните семејства, како и поединечни политичари во Тузла, со години предупредувале на лошите услови во Домот за стари лица, но надлежните институции останале глуви на нивните апели и укажувања.И покрај бројните предупредувања, раководството на установата, предводено од директорот Мирсад Бакаловиќ (СДП), во јануари донело одлука за зголемување на цената на сместувањето за дури 30 проценти.Пред неполни два месеца, советничката на партијата „Нашата странка“ во Градскиот совет на Тузла, Драгана Гагро Берберовиќ, ја алармираше јавноста за условите во кои живеат штитениците на домот. Објавените видеа и фотографии ја вознемирија јавноста, а наместо подобрување на состојбата, раководството на домот покрена постапка против Берберовиќ.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryjkbqofj7207ufC5sX9w

(Видео) Голема трагедија во Тузла, во страотен пожар во дом за стари лица загинаа 10 луѓе, 20 се повредени

Во големиот пожар што се случил синоќа во дом за стари лица во Тузла, загинаа 10 луѓе, а повеќе од 20 се повредени.Според наводите на босанските медиуми, пожарот се проширил на седмиот кат од зградата на домот за стари лица, каде што се наоѓале станови со лица со попреченост, кои не можеле да избегаат. Тие се задушиле.Околу 20 луѓе се примени во болница и меѓу кои и штитеници на домот и припадници на спасувачките екипи, објави полицијата.„Според првичните информации, во пожарот настрадаа десетмина штитеници на домот. Целосна истрага ќе биде спроведена откако условите ќе бидат безбедни“, соопшти министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон.Се уште не е соопштена причината за избувнување на пожарот, велат босанските власти, кои најавија детална истрага.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryosdkla4oosdo18U4hAS

Единаесет доживотни казни за смртоносниот пожар во хотелот „Гранд Картал“ во Турција

Судот во северозападна Турција денеска изрече единаесет доживотни затворски казни за пожарот што во јануари го зафати луксузниот хотел „Гранд Картал“ во скијачкиот центар Карталкаја, во кој загинаа 78 лица, јавија НТВ и државниот сервис ТРТ.Меѓу жртвите имало 34 деца кои со родителите го минувале зимскиот распуст во хотелот, а во трагедијата биле повредени уште 137 лица.На доживотен затвор се осудени сопственикот на хотелот Халит Ергјул, неговата сопруга Емине Ергјул, нивните ќерки, неколку членови на раководството, како и општински и противпожарни службеници. Сите добија и дополнителни затворски казни од по 24 години и 11 месеци за смртта на останатите жртви, без право на намалување на казните, пренесе „Туркије Тудеј“.Обвинетите беа товарени за сериозни безбедносни пропусти и небрежност, а дел и за убиство со веројатна намера. Судењето се водеше против 32 лица, од кои 20 беа во притвор, во специјално адаптирана сала во провинцијата Болу.Пожарот, еден од најсмртоносните во поновата турска историја, избувна на 21 јануари во кујната на 12-катниот хотел и брзо се проширил поради дрвената фасада. Трагедијата предизвика гнев во јавноста, а критичарите сметаат дека одговорност треба да сносат и функционери од Владата и Министерството за туризам.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryb1t1ppvr1imp5uxSesL

Вака пресуди турскиот суд: доживотен затвор за 11 лица по пожарот во хотелот „Гранд Картал“ со 78 жртви

Единаесет лица добија казна доживотен затвор откако турскиот суд денеска донесе пресуда за трагедијата во хотелот „Гранд Картал“, во која во јануари загинаа 78 лица, меѓу нив и околу 30 деца. Меѓу осудените се сопственикот и менаџерот на хотелот, неколку членови на управниот одбор, како и заменик-градоначалникот на градот Болу и локалниот началник на противпожарната служба.Истрагата утврдила дека пожарот, кој избувнал во раните утрински часови во луксузниот ски-центар Карталкаја на северот од Турција, е последица на грубо прекршување на безбедносните прописи. Противпожарниот аларм не работел, а дел од опремата за гасење не ги исполнувала стандардите. Обвинителството утврди дека сопственикот на хотелот ги игнорирал претходните предупредувања и препораки од инспекциите, додека локални функционери издавале дозволи без соодветна контрола.„Имавме редовни инспекции, не сум виновен“, изјави пред судот сопственикот Халит Ергул, обидувајќи се да ја префрли вината врз добавувачот на гасната опрема. Сепак, судот оцени дека негрижата и свесното игнорирање на безбедносните обврски се директна причина за катастрофата во која беа повредени уште 137 лица.Пожарот започнал во хотелскиот ресторан нешто пред 3:30 часот наутро и за неколку минути го зафатил целиот објект. Преживеаните сведочеле дека немало никакво предупредување и дека гостите се буделе од чад и паника.Роднините на загинатите, кои една година го следеа судењето, ја поздравија пресудата како делумна правда. „Ова не беше несреќа, туку резултат на алчност и небрежност“, изјави мајка на една од жртвите, додека други побараа строга државна контрола врз хотелите и туристичките капацитети.Трагедијата во „Гранд Картал“ ја потресе Турција и ја откри длабоката слабост на системот за безбедност во туристичкиот сектор. Владата најави дека ќе воведе нови прописи и почести инспекции, особено во зимските центри и сместувачките објекти. Случајот останува потсетник дека профитот никогаш не смее да биде поважен од човечките животи.

Свет | пред 4 месеци

ambulanta

Пожар во камп приколка, грабеж и исчезнато лице – полициски билтен за Скопје

Во полицискиот билтен на Министерството за внатрешни работи се евидентирани неколку инциденти на подрачјето на Скопје – пожар, физички напади, нарушување на јавниот ред и мир и пријавено исчезнато лице.Вчера, околу 17:20 часот, во камп приколка поставена на нива во атарот на селото Долно Лисиче, во која престојувал В.Н. (68), избувнал пожар. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.Ноќеска околу 00:37 часот, 40-годишниот Н.И. од Скопје пријавил дека два дена претходно, на 24 октомври околу 21 часот, на подрачјето на Бит Пазар, бил нападнат од неколку машки лица кои со употреба на физичка сила му одзеле чанта со документи, мобилен телефон и пари. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.Вчера во 08:05 часот, 32-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 06:30 часот, во нејзиниот дом во Кисела Вода, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер, 31-годишниот М.Т. од Скопје.По документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок до надлежните органи.На 25 октомври во 22 часот, 28-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17 часот, на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички, кои таа ги познавала, додека трето лице го снимало нападот со мобилен телефон. Полицијата работи на утврдување на идентитетот на лицата и расчистување на случајот.На 25 октомври околу 18:30 часот, по претходна сообраќајна несреќа во селото Средно Коњари (општина Петровец), бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу шест лица. Во инцидентот учествувале Ш.М. (47) од една страна и А.Ќ. (38), Е.Ќ. (62), А.Ќ. (71), И.Ќ. (54) и А.Ќ. (26) од другата. При пресметката бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следуваат кривични пријави.На 25 октомври во 12 часот, во Полициската станица Карпош, 69-годишниот И.Т. од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата сопруга А.Т. (54), која имала здравствени проблеми и и претходно се оддалечувала, по што била пронајдена и вратена.Полицијата презема мерки за нејзино пронаоѓање.

Скопје | пред 5 месеци

vozilo-pozar

Опожарен е мерцедес во Кисела Вода

Во Скопје, повторно е запален автомобил. Опожарен е мерцедес во Кисела Вода.На 16.10.2025 во 01:30 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје е пријавено дека на ул.„Народни херои“ во Скопје е опожарено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Н.(38) од Скопје.Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Скопје | пред 5 месеци

kocani-puls-protest-8

За најголемата трагедија во Македонија – никој не прифаќа вина: Ниту еден обвинет за пожарот во „Пулс“ не признал одговорност

Ниту еден од обвинетите за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 64 лица и над 200 беа повредени, не признал вина во фазата на оценка на обвинението. Во документ од 117 страници, дури 109 се посветени на приговорите на одбраната, кои тврдат дека делата се од предолг период и дека недостасуваат надлежности и пријави за постапување, пишува Призма по увид во документот.Судскиот совет одлучил оценката да се разгледува на затворена седница.Првообвинетиот сопственик Дејан Јованов, кој се наоѓа во притвор во Куманово, дел од одговорноста ја префрла на институциите кои според него биле одговорни да го регулираат како и на организаторите на настапот, со тврдење дека не бил информиран за употреба на пиротехника. Неговиот син Михаил и братот Тодор наведуваат дека немале формални одговорности во управувањето со дискотеката. Вината се префрла врзПриговори поднеле и инспектори, градоначалници и поранешни функционери на локално и централно ниво, главно повикувајќи се на ненадлежност или отсуство на соодветни пријави/налози за постапување. Одбраната го нарекува обвинението паушално и најавува долг процес.Обвинението опфаќа 34 лица и три фирми, со повеќе од 1.440 докази и 283 предложени сведоци, што предметот го прави еден од најобемните во поновата судска практика. Се очекува судот да го закаже првото рочиште по завршување на процесните проверки

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryq8g4t38olrj610cbDWF

Почина полицаец од Кочани осомичен во случајот “Пулс”

Почина пензионираниот полицаец, Владо Петров, кој беше во притвор поради поврзаност со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.Независниот синдикат на полицијата ja соопшти веста на својот ФБ профил.“Денес за жал трагедијата од Кочани ја зема својата 63та жртва, за која најверојатно никој нема да зборува и да сноси одговорност.Владо Петров беше колегата кој од пензија беше испратен во притвор затоа што додека бил Главен испектор за собраќајни работи потпишал некаков документ за паркинг просторот пред дискотеката. Владо за жал не го издржа притисокот за кој ние вчера зборувавме и не успеа да види ништо од пензијата. Почивај во мир голем човеку. Правда за полицијата е повеќе од потребна, а веќе многу доцни. КАЈ ЌЕ ВИ ОДАТ ДУШИТЕ”, прашува Синдикатот.Ниту еден од осомничените полицајци не беше во притвор, туку со мерки за обезбедување присуство.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryrf1l6vjnanra3I6nUW2

Експлозија во објект на „Оранж“ во Париз, две лица во критична состојба

Во експлозија во технички објект на телекомуникациската компанија „Оранж“ во Париз повредени се три лица, од кои две тешко, соопшти денеска градоначалничката на седмиот париски округ, Рашида Дати.Инцидентот се случил во подрумот на зградата на компанијата, по што избувнал пожар. Според властите, двајца од повредените се во критична состојба, а третиот има полесни повреди.Пожарникарските екипи успеале да го локализираат пожарот, додека техничарите на „Оранж“ работат на враќање на телефонските и интернет услугите кои се прекинати за околу 80.000 корисници, пренесува Ројтерс.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања