Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ПРОГНОЗА

media-library7cu7671uq944fC3vkXf

Сахарска прашина се движи кон Македонија

Сахарскиот бран на прашина што деновиве ја зафати Грција се проширува и кон Македонија, каде што од денес веќе е регистрирано зголемено присуство на прашина и песок во атмосферата.Метеоролозите од Грција и Македонија најавуваат дека оваа појава ќе трае најмалку до петок, 17 април, при што во одредени делови од Грција и јужните региони на Македонија се очекуваат и повремени калливи врнежи. Истовремено се предупредува дека и во северните делови од земјата атмосферата ќе остане заматена поради јужните воздушни струења што носат честички од Сахара.Според прогнозите, освен променливото и нестабилно време, граѓаните може да почувствуваат потежок и посув воздух, намалена видливост, како и наслаги од прашина на автомобилите и прозорците по врнежите.Најзагрозени од ваквите услови се хронично болните лица, лицата со астма, постарите граѓани и малите деца, кај кои зголемената концентрација на честички во воздухот може да предизвика или да ги влоши респираторните тегоби. Се препорачува да се избегнува подолг престој на отворено, особено во попладневните часови и при засилен ветер.

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2021-12-01-at-10.09.01

Прогноза за денеска и утре: Сибирски студ, па циклон и температури и до -10

Поради продор на многу ладен бран директно од Сибир кон Македонија, ќе дојде до формирање на секундарен снежен циклон, а температурите ќе опаднат за 10 до 15 степени во однос на оние кои ги имавме вчера. Токму овој циклон ќе условува пообилни врнежи кои на повисоките населени места и на планините, како и на скијачките центри, да преминуваат во врнежи од снег во повеќето пониски места (градови). Сето ова ќе биде проследено со повремено силен ветер од северен правец (над 65 км/час).Во понеделник (7 април) под влијание на многу ладниот воздушен бран со потекло од Сибир, ќе биде невообичаено ладно за месец април и со температури далеку под просекот за овој период од годината и истите ќе бидат пониски од просечните дури и за повеќе од 10 степени.Времето ќе биде променливо облачно со локално провејување на снег. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).И во Скопскиот регион во понеделник (7 април) ќе имаме променливо и многу ладно време за овој период од годината. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.Што се однесува до температурите, наутро речиси насекаде тие ќе бидат негативни, односно под нулата и ќе има појава на мраз и температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, додека на планинските места тие ќе се спуштаат до околу -10 степени. Максималните дневни температури кај нас во понеделник (7 април) ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 10 степени. Во Скопје максималната дневна температура во понеделник (7 април) ќе се искачи до околу 6/7 степени.

Македонија | пред 1 година

271837595_519305872857905_3533568932593628447_n

Ни следува сушен и топол период, и тоа поради антициклон, придружен со африканскиот топол бран – постои опасност од нови шумски пожари

Пред нас е сушен и топол период, и тоа поради антициклонот кој ќе биде над нашата територија, односно поле на висок воздушен притисок, но и поради Африканскиот топол бран кој ќе условува топло време со температури насекаде над 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи до околу 38, 39 степени.На почетокот на следната седмица повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.Токму поради ваквата ситуација, повторно расти опасноста од појава на шумски пожари во Македонија. Затоа апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни околу тоа како се однесуваат со природата, за да не дојде до повторна појава на шумски пожари.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања