Пасошот важи, но не и за авиокомпанијата: случај што ја збуни јавноста
Британка предизвика расправа на интернет откако, како што тврди, неправедно ѝ било забрането качување на лет поради вообичаена грешка поврзана со пасошот.Шарлот Тондри требало да лета со „Рајанер“ од Бирмингем за Даблин, но била запрена на излезот за качување, каде што ѝ било кажано дека нејзиниот пасош не е важечки.Иако на документот пишува дека важи до октомври 2026 година, персоналот на авиокомпанијата ѝ рекол дека пасошот не може да биде прифатен бидејќи е издаден во јануари 2016 година, па го надминал ограничувањето од 10 години кое важи за патување во многу европски земји. Шарлот била убедена дека нејзиниот пасош сè уште е важечки и објаснила дека ѝ биле пренесени дополнителни девет месеци од претходниот документ, што пред Брегзит била вообичаена практика.Таа навела дека неодамна без проблем патувала во неколку европски градови, меѓу кои Берлин, Париз и Амстердам, користејќи го истиот пасош. И покрај тоа, била симната од летот за Даблин откако персоналот проценил дека документот е истечен според важечките правила.Шарлот, која е од Стафордшир, раскажала дека првично ја прифатила одлуката мислејќи дека тоа правило важи и за Ирска. Меѓутоа, откако го споделила своето искуство на интернет, други корисници ја предупредиле дека Ирска не е дел од Шенген-зоната и дека има сопствени правила за влез, што значи дека правилото за 10 години не се применува на ист начин.Нејзиното видео било прегледано 258.000 пати, а корисниците на социјалните мрежи се поделиле. Некои тврделе дека таа не ги разбира правилата, додека други ја критикувале постапката на авиокомпанијата.
Магазин | пред 5 часа