Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

РИЈАНА

rijana-getty

Ријана презеде мерки по пукањето кон нејзината вила

Пејачката Ријана ги засили безбедносните мерки на својата куќа и за своето семејство во Беверли Хилс, откако во неделата непозната напаѓачка, Ивана Ортиз, испукала повеќе куршуми кон нејзината резиденција.Според извори, пејачката „не разбира зошто нејзиното семејство било цел“.Инцидентот се случил во неделата, на 8 март, околу 13:20 часот по локално време, кога жена, идентификувана како Ивана Ортиз, користела пушка АР-15 и испукала околу десет куршуми од возило од марката Тесла од другата страна на улицата.Еден куршум го пробил ѕидот на куќата. Ријана во моментот на инцидентот била во куќата со своите три сина.По нападот, пејачката наводно ги засилила безбедносните мерки за заштита на куќата, а фотографиите покажуваат како безбедносниот тим на семејството носи куфери и колевка од куќата. Поради инцидентот, Ријана го одложила претстојното фотографирање, додека извор наведува дека ситуацијата била „застрашувачка“, и покрај добро организираниот безбедносен тим.Ивана Ортиз е приведена поради обид за убиство, а кауцијата ѝ е одредена на 10,2 милиони долари. Истрагата е во тек, а мотивот за нападот сè уште не е познат. Полицијата претходно соопшти дека Ортиз има криминално досие, вклучително и претходни пријави за семејно насилство.

Магазин | пред 2 седмици

95309400_106463354289744_1382871053325365799_n

Ријана го напушти Лос Анџелес по пукање во близина на нејзината вила

Поп-ѕвездата и претприемачка Ријана го напушти Лос Анџелес со приватен авион откако жена беше обвинета за обид за убиство по пукањето кон нејзиниот дом во Беверли Хилс.Според снимките објавени од агенцијата Ројтерс, Ријана со својата придружба со автомобил се упатила кон приватниот дел на аеродромот Ван Најс, кратко време по инцидентот пред нејзината резиденција.На видеото се гледаат луѓе и полициски возила пред куќата на пејачката, додека полицијата ја обезбедувала улицата. Во меѓувреме од куќата биле изнесувани куфери и други лични работи, што дополнително ја зголемило напнатоста на местото на настанот.Ријана потоа била пренесена со мал приватен авион со два мотора, но засега не е познато дали заминувањето било директно поврзано со пукањето или станува збор за претходно планирано патување.Инцидентот во Беверли Хилс бил регистриран и во аудио-запис од службата за итни случаи. Во снимката, до која дошол британскиот весник „Дејли мејл“, се слуша како диспечерите пријавуваат дека кон куќата биле испукани десет куршуми.Според полициските информации, Ријана во моментот на нападот се наоѓала во својот дом.Осомничената е идентификувана како 35-годишната Ивана Ортиз од Флорида. Таа е обвинета за обид за убиство и е задржана во притвор со кауција од 10,2 милиони долари.Според истрагата, Ортиз управувала бел автомобил „Тесла“ неколку минути по инцидентот и се сомнева дека пукањето било извршено од возилото.Полицијата потоа започнала да собира снимки од надзорни камери за да го лоцира автомобилот, по што биле утврдени и регистарските таблички. Полициски хеликоптер ја лоцирал осомничената на паркинг во населбата Шерман Окс, каде што била уапсена.Според достапните информации, Ортиз и претходно била приведувана поради семејно насилство, несовесно управување со возило и прекршување на условите за привремено ослободување во Флорида. Во декември минатата година таа поднела жалба за поништување на одлуката за старателство над своето дете, кое му било доделено на нејзиниот поранешен партнер.

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryjab3lrdd39bd7bCx6Dp

(Видео) Пукано на домот на Ријана во Лос Анџелес: Пејачката била внатре со семејството

Американските медиуми пренесуваат дека е пукано на куќата на Ријана во Беверли Хилс.Полициските службеници од полициската управа на Лос Анџелес реагирале на пријави за пукање во неделата и соопштиле дека осомничената е приведена.Медиумите објавија слики од капијата на куќата на Ријана која е со дупки од куршуми. На местото на настанот биле пронајдени чаури од автоматска пушка, а медиумите покажаа и дупки во оградата и фасадата на вилата.Според извор од полицијата, за време на пукањето еден од најмалку 10 куршуми го пробил ѕидот на куќата. Ријана сè уште не се огласила по повод инцидентот.Извор од полицијата потврди дека Ријана била во вилата во моментот на нападот, но никој не е повреден. Осомничената, жена во своите триесетти години, била во автомобил кога испукала седум куршуми пред да побегне со голема брзина.Жената (30), која пукала од автоматска пушка, брзо е фатена и приведена.Ова не е првпат добитничката на Греми награда да се соочи со заканувачки инциденти во својот дом. Во 2018 година, 27-годишен маж упаднал во нејзината куќа во Холивуд Хилс, прескокнувајќи ја оградата. Тогаш Ријана не била дома, а извршителот, идентификуван како Едуард Леон, поминал 12 часа внатре пред да биде откриен од нејзиниот асистент.Леон (27) е обвинет за прогонство на музичката ѕвезда и му е одредена забрана за приближување до Ријана од 10 години.

Магазин | пред 3 седмици

95309400_106463354289744_1382871053325365799_n

(ФОТО) Протекоа нови фотографии од Ријана со синот

Неодамна познатата пејачка Ријана на својот TikTok сподели неодоливо видео во кое главен актер е нејзиниот насмеан син, а сега јавноста ја воодушеви новиот сет фотографии на кои се Ријана, нејзиниот син и Асап Роки.За време на снимање во Малибу, на плажа, папараците ги фотографирале познатиот пар и нивниот мал син. По тој повод Ријана била облечена во долг црн фустан, додека раперот носел својот син.Да потсетиме дека медиумите објавија дека Ријана се породила на 13 мај, но името на бебето се уште не е откриено.Foto: Profimedia

Магазин | пред 3 години

95309400_106463354289744_1382871053325365799_n

(ВИДЕО) Ријана никогаш не била посекси: Пејачката ја подигна температурата на мрежите со огнено видео

Милијардерката во црн корсет открива многу, а видеото дефинитивно ја подигна температурата на Инстаграм.Ријана е позната по своите атрактивни изданија, но овој пат се надмина себеси.Пејачката го сподели видеото за да ги рекламира парчињата од нејзината колекција Savage x Fenty - сепак, нејзиниот изглед беше оној кој доби најмногу коментари: „многу секси“, „како мислиш дека ќе го преживееме ова“, „како одлично изгледаш“, и напишале.

Магазин | пред 3 години

rijana-getty

Ријана објасни зошто го крие своето дете од јавноста

Откако Ријана и Роки го добија своето прво дете, се знае само дека се работи за момче.Во новото интервју за Вашингтон пост, пејачката откри зошто не споделиле информации за бебето.Според неа, тие едноставно немале време. „Едноставно не стигнавме таму. Го живееме животот во потполност. Но, претпоставувам дека има одредена слобода што доаѓа со таквото ослободување“, рече Ријана.Сепак, Ријана и претходно отворено зборуваше за мајчинството воопшто. Така опишала што најмногу и се допаѓа откако станала мајка."О Боже мој, утрата, кога ќе ги отворам очите и ќе го видам лицето на бебето. Кога бебето ќе се разбуди наутро целото воодушевено од ситниците и не ни знае каде е. Најслаткото нешто, тоа ми е омилен дел од денот“, рече таа.Ријана и Роки го добија своето прво дете на 13 мај во Лос Анџелес. Се дозна дека пејачката била бремена во јануари кога го покажала стомакот на состанок во Харлем. Таа е во врска со музичарот од 2020 година.

Магазин | пред 3 години

95309400_106463354289744_1382871053325365799_n

(ФОТО) Ријана драстично ослабе по породувањето

Ријана овој пат целосно ги шармираше фоторепортерите, но и сите присутни.Поминаа неколку месеци откако се породи, а пејачката Ријана не се откажува од деловните обврски, како и од појавувањето на црвениот тепих.Таа синоќа присуствуваше на премиерата на Black Panther: Wakanda Forever во Лос Анџелес заедно со нејзиниот партнер ASAP Rocky. Таа за оваа пригода се одлучи за долг, топ фустан со светки и необична наметка која се обвиткуваше околу колковите.Ја пушти косата, а во доменот на шминката доминираа кафените и сивите тонови.Она што многумина го забележаа е дека пејачката е многу ослабена и дека има голема разлика во нејзиниот изглед од септември оваа година.

Магазин | пред 3 години

Screenshot_3-1

Ријана за прв пат се појави во јавноста по породувањето

Ријана за прв пат се појави во јавноста по породувањето. Таа дошла да му даде поддршка на својот, а папараците ги уловиле во берберница во лондонската населба Кристал Палас, пред неговиот настап на фестивалот. Многумина чекале да видат како изгледа Ријана по породувањето, но пејачката буквално се камуфлирала во огромна јакна, пишуваат медиумите.Она што сите го забележале биле пердувестите очила. Познатата пејачка за време на бременоста предизвика бура во јавноста и поделени мислења. Повод за коментирање беше нејзиното облекување, за кое многумина сметаа дека е непримерно за трудница.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања