Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

РУДНИК

media-librarynk0ojngs8lnf6UXKozz

Мицкоски тврди дека градоначалникот на СДСМ е против референдум за рудникот Луке, а СДСМ бара да се спроведе

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека барањето на СДСМ за одржување референдум за рудникот со антимон во кривопаланечкото село Луке е легитимно и уставно загарантирано право, но посочи дека постојат различни ставови и во самата опозициска партија.„Правото да побара секој референдум е уставно загарантирано и ние не можеме да спориме, она што мене ме зачудува е фактот дека градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски од СДСМ има спротивно мислење од овој став на раководството на СДСМ. Јас и денес комуницирав со него, неговиот став е сосема спротивен“, рече Мицкоски.Тој нагласи дека проектот е дел од стратешко партнерство со САД и дека ќе ги исполни сите неопходни стандарди.„Овој проект е дел од стратешкото партнерство со САД, финансиран делумно од САД, мора да ги исполнува условите и за тоа лично гарантирам, а гарантираат и инвеститорите. Градоначалникот мисли дека овој проект е стратешки за државата и локалното население, посебно имајќи го предвид економскиот бенефит за тој крај кој е типично рударски“, изјави премиерот.Претходно, СДСМ побара одржување локален референдум, оценувајќи дека станува збор за прашање од јавен интерес што директно се однесува на здравјето на граѓаните и иднината на локалната заедница. Од партијата предупредуваат на потенцијални еколошки ризици и бараат целосна транспарентност, јавни расправи и исполнување на повеќе услови, меѓу кои решавање на постојните еколошки жаришта, независен мониторинг и финансиски гаранции од инвеститорот.СДСМ нагласува дека без исполнување на овие услови не треба да се реализира проектот, додека Владата уверува дека ќе бидат запазени сите стандарди и дека станува збор за инвестиција од стратешко значење.

Настани | пред 3 дена

media-librarymf69v352efb9eEtDoZA

(Фото) Голема трагедија во рудник во Пакистан, се извлекуваат тела од урнатините

Девет работници загинаа, а тројца се повредени при уривање во рудник за мермер во северозападната пакистанска провинција Хајбер Пахтунхва, соопштија официјални лица.Несреќата се случила во вторник во областа Рустам, во округот Мардан, а работниците останале заробени под урнатините кога рудникот се урнал, изјави портпаролот на локалната служба за итни случаи, пренесува Синхуа.Спасувачките екипи извлекле вкупно 12 работници од местото на несреќата.Деветмина од нив загинале, додека повредените се пренесени во блиска болница. Локалните власти наредиле истрага за инцидентот, наведува агенцијата.

Свет | пред 3 седмици

rudnik

Илегална експлоатација на злато завршува со трагедија во Нигерија

Најмалку 100 лица загинале при уривањето на рудник за злато во нигериската сојузна држава Замфара, изјавиле денеска преживеани и локални жители.Рудничкото окно на наоѓалиштето Кадаури, во областа на локалната самоуправа Мару, се урна вчера додека рудари работеле под земја.Акциите за спасување продолжија и денеска. Локален жител кој учествува во спасувачките операции, изјави дека од урнатините се извлечени најмалку 13 тела, меѓу кои и тела на нивни блиски.Имавме среќа што преживеавме. Од сите работници, само 15 беа спасени“, рече Иса Сани, кој во моментот се лекува поради повреди.Мухамед Иса од Здружението на рудари на сојузната држава Замфара потврди дека дошло до инцидент и додаде дека некои спасувачи се задушиле додека се обидувале да ги извлечат жртвите.Илегалната експлоатација на злато е честа во Замфара, каде вооружени банди често ја контролираат рударската активност, предизвикувајќи насилство и несреќи со смртен последици.

Свет | пред 6 месеци

357453815_551911603822454_7453999002068985639_n

Во сабота протест против рудникот „Иловица-Штука“: Време е да ја земеме судбината во свои раце

Во сабота со почеток од 11 часот се организира протест во Струмица против рудникот „Иловица-Штука“.„ПРОТЕСТНА БЛОКАДА: ЗАЕДНО ПРОТИВ РУДНИКОТ!Почитувани жители на Македонија, соборци, сограѓани, без разлика на пол, вера, социјален статус, политичка и било каква друга определба, на Струмичката Котлина ѝ се заканува грозоморно убиство! Со последниот потег на корумпираните судови и Владата, рударските корпорации се на чекор да го отворат геноцидниот и екоцидниот проект рудникот „Иловица-Штука“!После алармантната вест за спојувањето на концесиите, реакциите на здраво-разумните Луѓе не стивнуваат! Нивниот и нашиот став е кристално јасен - ќе се бориме до крај!Во знак на протест на неразумната одлука, ве повикуваме СИТЕ ЗАЕДНО да го изразиме нашиот револт за да ја одбраниме Струмичката Котлина, (нејзините животоносни продукти, а со тоа и цела Македонија!) од алчните злосторници и нивните соработници, кои со отворањето на рудникот, подмолно и беспоштедно сакаат да нѝ ги отрујат трите основни извори за живот: водата, почвата и воздухот! А тоа води до трајно исселување од нашите огништа и засекогаш да ја напуштиме нашата котлина преполна со живот!Затоа, ги повикуваме сите поединци, граѓански здруженија, спортски, велосипедски, планинарски, моторџиски и разни организации од Струмичката Котлина, од Југоистокот и од цела Македонија на ПРОТЕСТНА БЛОКАДА во Струмица!Блокадата ќе се одржи на 15 јули, (сабота) со почеток во 11.00 часот, на раскрсницата на центарот во Струмица веднаш до градскиот пазар „Глобал“.Време е да ја земеме судбината во свои раце и јасно да им ставиме на знаење дека никаков рудник за злато и бакар нема да има во Иловица-Штука!Татковината се брани активно со дела!ИЗЛЕЗИ НА ПРОТЕСТНА БЛОКАДА И ДИРЕКТНО УЧЕСТВУВАЈ ВО ОДБРАНАТА НА СТРУМИЧКАТА КОТЛИНА!!!“, стои во објавата.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања