Движење ЗНАМ: Упатуваме искрени честитки до господинот Румен Радев за остварениот изборен резултат
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија упатува искрени честитки до господинот Румен Радев, како и до партијата Прогресивна Бугарија за остварениот изборен резултат на парламентарните избори во Република Бугарија. Очекуваме новата Влада да придонесе кон натамошно зајакнување на демократските процеси, владеењето на правото и доследно почитување на европските вредности и стандарди, вклучително и исполнување наКопенхашките критериуми, велат од ЗНАМ.„Движењето ЗНАМ изразува искрена надеж дека во претстојниот период ќе се отвори простор за зрел, отворен и конструктивен дијалог, кој ќе овозможи надминување на отворените прашања меѓу двете држави. Во таа насока, остануваме цврсто посветени на потребата од заштита и унапредување на правата на македонското малцинство во Република Бугарија, како и на целосно почитување на македонскиот идентитет, јазик, историја и културно наследство.Воедно, го реафирмираме ставот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија дека уставни измени со цел внесување на бугарската заедница нема да бидат прифатени без јасни, цврсти и недвосмислени гаранции дека тоа претставува последно условување во процесот на деблокада на европскиот пат на државата.Веруваме дека со политичка зрелост и взаемна почит може да се создаде нова клима на доверба која ќе придонесе за вистинско унапредување на билатералните односи меѓу двете држави. Таквиот развој е од суштинско значење и за стабилноста на регионот, но иза непречено продолжување на европскиот интегративен пат на Република Македонија, како стратешка определба на нашите граѓани.Дијалогот, взаемната почит и принципиелниот пристап остануваат единствениот одржлив пат кон стабилни односи и европска перспектива во која Македонија ќе биде третирана со достоинство и рамноправност“, се вели во соопштението.
Македонија | пред 2 дена