Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

RUSIJA

IMG_2199

Русија: Светот ќе зависи од нас

Русија оцени дека глобалната економија влегува во период на недостиг и нарушени синџири на снабдување, при што нејзината улога како клучен извозник на ресурси ќе стане уште поважна.Шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален претставник на претседателот за економска соработка, Кирил Дмитриев, изјави дека и партнерите и противниците на Москва ќе бидат принудени повеќе да ја ценат нејзината позиција на глобалниот пазар.„Како што светот влегува во ера на недостиг и колапс на глобалните синџири на снабдување, и партнерите и противниците ќе ја ценат улогата на Русија како еден од трите најголеми светски добавувачи на нафта, гас, хелиум, ѓубрива, жито и други клучни ресурси“, напиша Дмитриев на социјалните мрежи.Во исто време, руските медиуми укажуваат дека цените на горивата растат во повеќето земји, делумно поради нарушувањата во Ормуцкиот теснец – една од најважните поморски рути за транспорт на нафта и течен природен гас од Персискиот Залив.Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и ограничувањата во транспортот дополнително го зголемуваат притисокот врз глобалните пазари, што според Москва ќе ја засили зависноста од земји извозници на енергенси.

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2023-12-01-at-11.04.35

(Видео) Лавров му кажа на Западот сѐ што не можеше во минатите две години

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на прес-конференцијата во Скопје каде беа новинари од десетици редакции, меѓу кои голем број од светски медиуми, се чини дека го кажа сето она што немал прилика претходно, а да биде слушнат од цел свет. Главен фокус беа прашањата за Украина, но и Израел. Беше јасен дека Русија нема да претрпи штета на терен.„Украина не сакаше да го потпише мировниот договор, бидејќи во Буча немаше руски масакр. Русија два дена беше повлечена од Буча, кога луѓето беа убиени“, кажа Лавров.Па потсети дека немало такви осуди за во Газа, кога илјадници луѓе биле убиени.„Не можеме да го прифатиме начинот на кој Израел се бори со терористите. Ние побаравме хуманитарен прекин на огнот, но тоа не го воспоставивме бидејќи САД се спротивстави на тоа“, кажа Лавров.Тој смета дека Украина го гази сопствениот Устав.„Има националистички и фашистички изјави од Украина, но и од дел од Западот“, посочи Лавров.Според него, Украина се обидела да уништи сѐ што е руско, иако според Уставот мора да го почитуваат малцинството. Лавров обвини дека во Украина се убивале и руски верски лица.„Ако Украина е поразена, тоа е пораз за целиот западен свет смета самиот Запад“, коментираше Лавров па кажа дека за помирување треба двајца: „Луѓето од другата страна сакаат да играат танго сами, а за танго се потребни двајца“.Во текот на пресот, имаше низа критики за новинарите. Ги нарекуваше неуки, ги прашуваше каде учеле новинарство, ги караше додека беше во живо низ цел свет.Целата прес-конференција:[embed][/embed]

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања