Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

РУСКОВСКА

prisluskuvanje

(АУДИО) Објавена снимка: Намерно го заборавив Владимир Атанасовски во притвор, ха ха!

Аудио снимка циркулира на социјалните мрежи. Записот е објавен на социјалната мрежа „Твитер“ на новоотворен налог именуван како „Правда за сите во Македонија“. Снимката, според јавно достапните податоци е споделена во 18:54 минути.Објавата:

Македонија | пред 3 години

arafat-muaremi-ruskoska

Што испитува Русковска: Финансиската полиција отворала фиктивни истраги против осомничени кои имале фирми

Дали во финасиската полиција се отворени голем број на предмети со анонимен пријавувач и како се затворени – ова се дел од одговорите кои треба да ги даде предистрагата на обвинителството за организиран криминал која пред неколку дена почна со претрес во институцијата која треба да се бори со финански криминал, дознава Телма.Според извори на Телма кривичната пријава од група граѓани по која постапува обвинителството за организиран криминал напишале дека финансиската полиција отворала фиктивни истраги од непостоечки пријавувачи против осомничени кои имале фирми. Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

lazar-katica-boki-960x563-1

(ВИДЕО) Синот на Катица Јанева за „А1он“ раскажа неоткриени информации за Русковска СЈО и „Рекет“

Лазар Јанев, синот на Катица Јанева и нејзин адвокат, во интервју за „А1он“ откри досега нечуени информации поврзани со ексспецијалната јавна обвинителка. „Постои злоба“, рече Јанев за Русковска, кога беше прашан „Дали постои анимозитет меѓу Русковска и Јанева?“.Бидејќи комуникациите меѓу семејството Јаневи беа следени, Лазар тврди дека Русковска знаела дека на Јанева и починала мајка ѝ, на не случајно, истиот ден ја уапсила.Лазар Јанев откри што се случувало и СЈО, кои се грешките на Катица Јанева и што се случувало во „1ТВ“ каде тој работеше како правник. 

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-13-at-00.57.37

Камчев имаше доверба во мене и постигнавме спогодба, се пофали Русковска

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во гостување на српската телевизија „Хепи“, ја спомна и спогодбата склучена со бизнисменот Орце Камчев во случајот „Империја“.„Македонија е мала држава, се знаевме од порано и со едните и со другите. Бизнисменот Орце Камчев имаше доверба во мене, постигнавме спогодба. Во државниот буџетот уплати 5 милиони 200 илјади евра на име затајување данок и доби една година ефективен затвор. Човекот уплати и потпишавме спогодба. Но, не потпишавме спогодба пред да легнат парите“, раскажува Русковска.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-29-at-19.36.42

Русковска ја правда спогодбата: Поважно е да наплатиме пари отколку 5-10 години казна затвор

Вилма Русковска беше прашана од што ќе зависи дали Обвинителството ќе ја прифати спогодбата и со ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Таа не одговори конкретно кои се критериумите. Во емисијата „Топ тема“ вели дека најдобро за државата е да се наплатат средства во готово.„Ние нормално ќе бидеме во координација со јавниот обвинител Љубомир Јовески и ќе одлучиме дали да ја прифатиме или не. Јас сакам да ви појаснам дека е многу подобро за интересите на државата во готово да се уплатат па макар и помалку од овие 32 милиони евра. Знаеме сите колку е тешко да се донесе пресуда, да биде правосилна, па лицитација. Пример вчера разбрав дека за предмет од 2012 година, сега почнала постапката за продавање. Затоа сметам дека јас и колешката која постапува, во интерес на државата е да се уплатат средства во готово“, рече Русковска.Ако се прифати спогодба, како што е случајот со Орце Камчев кој исплати 5.2 милиони евра на државата и прифати да оди една година во затвор, тоа значи дека одлуката е конечна и не може да се преиначи.„Дали јавноста ќе биде позадоволна ако добијат 5 или 10 години казна затвор и државата да не може да ги наплати парите или да поминат со помали каазни а државата да ги наплати парите? Јас мислам дека поважно на државата ќе и биде да ги наплати парите, а да има помали казни“, додаде Русковска.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања