Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

САТЕЛИТИ

satelit

Како, всушност, сателитите ја „знаат“ нашата локација?

Од моментот кога отвораме мапа на телефон, следиме достава во апликација или се потпираме на навигација во автомобил, ние практично живееме во сенката на сателитските сигнали. Она што често останува незабележано е дека GPS не е единствениот систем, туку дел од поширока мрежа глобални навигациски сателитски системи (GNSS) што се вградени во цивилната економија, транспортот и критичната инфраструктура.Во орбитата околу Земјата функционираат четири глобални системи што обезбедуваат навигација и време: американскиот GPS, рускиот ГЛОНАСС, европскиот „Галилео“ и кинескиот „Бејдоу“. Тие не служат само за удобност, туку се користат за насочување на авиони и бродови, управување со возни паркови и логистика, како и за синхронизација на бројни дигитални процеси што зависат од прецизно време.Како, всушност, сателитите ја „знаат“ нашата локација? Принципот е едноставен, но технолошки извонредно строг: GNSS-сателитите имаат исклучително прецизни атомски часовници и постојано испраќаат податоци за својата позиција и точниот момент кога сигналот е емитуван. Приемникот – телефонот, автомобилот, авионот – ги пресметува разликите во времето на пристигнување на сигналите и ја извлекува својата географска ширина, должина и надморска височина, со дополнителен сигнал за корекција на временските отстапувања.Но токму тука се крие и големата слабост на системот: сигналите што стигнуваат до Земјата се исклучително слаби и затоа лесно може да бидат нарушени. Радиосметњи – случајни или намерни – можат да го „заглушат“ приемот, а уште поопасно е таканареченото „лажирање“, кога на приемникот му се сервира убедлива, но погрешна навигациска информација. Техниките на електронско војување што го користат заглушување (jamming) и лажирање (spoofing) со години се развиваат паралелно со зависноста на модерните армии од сателитска навигација.Воената употреба на GNSS одамна не е споредна: системите се користат за логистика, планирање рути и операции, мапирање, управување со беспилотни летала и за насочување на оружје – од „паметни“ бомби до крстосувачки ракети. Токму поради тоа, навигациските сателити и нивните сигнали стануваат легитимна цел во конфликти, каде што нарушувањето на навигацијата може да значи дефокусирање на удар, губење на ориентација на терен или прекин на синџири за снабдување.Историски, овие системи се родени од геополитичка потреба. GPS и ГЛОНАСС се развивале уште во 1970-тите, во контекст на Студената војна. Европа подоцна проценила дека потпирањето исклучиво на американска стратешка инфраструктура носи ризик, па го започнала „Галилео“. Кина, со „Бејдоу“, исто така градела сопствена автономија од GPS. Иако со различни орбитални решенија и покриеност, сите четири системи имаат „двонаменски“ карактер – цивилен и воен.Дополнителна комплексност носи фактот што многу уреди денес користат повеќе констелации истовремено, што може да ја зголеми точноста и отпорноста, но не ја елиминира ранливоста на самиот радио-канал. Во практика, тоа значи дека прашањето не е дали ќе има обиди за нарушување на GNSS, туку кога и во кои области – и колку подготвени се државите и индустриите да градат резервни слоеви на навигација и прецизно време, за да се намали ризикот од прекини во цивилниот живот и во безбедносните операции.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvacq4hh56i32f1MyoqE

Пет нови грчки мини-сателити лансирани во орбитата

Пет нови грчки минијатурни сателити успешно влегоа во орбитата по нивното лансирање во вселената во понеделник со ракета на SpaceX, соопштија официјални лица.Експерименталните CubeSat сателити ќе се користат за истражување на нови технологии развиени во Грција за сигурна сателитска комуникација, соопшти Министерството за дигитално управување. Сателитите беа лансирани со ракета Falcon 9 од базата на Ванденберг на Сејсп Форс во Калифорнија.Два од мини-сателитите – ERMIS 1 и 2 – беа развиени од Националниот и Каподистриски Универзитет во Атина (UOA) и OQ Hellas, со цел да демонстрираат технологии поврзани со сигурна сателитска поврзаност .Останатите три – ERMIS 3, PeakSat и OptiSat – беа развиени од UOA, Универзитетот Аристотел во Солун и компанијата Planetek, со фокус на апликации за сигурна оптичка сателитска поврзаност и IoT, со поврзување со три терестријални базни станици.Со овие пет нови сателити, Грција сега има вкупно 11 експериментални CubeSat сателити во орбитата, кои ќе се користат во комуникации, мапирање, навигација, земјоделство, урбанистичко планирање и справување со природни катастрофи, соопшти Министерството.

Магазин | пред 3 седмици

satelit

Трампова администрација ѝ наредила на НАСА да ја прекине мисијата за следење на климатските промени?

Белата куќа, наводно, ѝ наредила на НАСА да обустави две клучни сателитски мисии за следење на климатските промени, објави американскиот NPR. Станува збор за мисиите Orbiting Carbon Observatories – сателити кои обезбедуваат исклучително вредни податоци за концентрациите на јаглерод диоксид и растот на растителната маса на глобално ниво.Овие сателити досега беа користени од страна на научници, но и од компании во енергетскиот и земјоделскиот сектор, за да добијат прецизни информации за влијанието на човековата активност врз емисиите на стакленички гасови.Еден од сателитите е прикачен на Меѓународната вселенска станица, додека вториот е самостоен. Ако дојде до укинување на мисијата, вториот сателит ќе биде изваден од својата орбита и ќе изгори при влегување во атмосферата.Според поранешниот вработен во НАСА, Дејвид Крисп – еден од научниците кои работеле на овие инструменти – во последните месеци му се обратиле активни вработени со многу специфични прашања кои, според него, „јасно укажуваат дека им е наложено да изготват план за гасење на мисијата“.„Нема никаква економска логика да се прекине мисија која дава извонредно квалитетни податоци, особено кога годишно чини само 15 милиони долари – минимален трошок во однос на годишниот буџет на НАСА од 25,4 милијарди долари“, вели Крисп за NPR.Извештајот на НАСА од 2023 година истакна дека податоците што ги обезбедуваат овие сателити се „исклучително прецизни и со висока научна вредност“.И други научници кои се потпирале на овие мисии добиле слични сигнали и прашања поврзани со нивната евентуална обустава.Со потенцијалното прекинување на мисиите, САД би останале без еден од најпрецизните извори за глобално следење на емисиите на CO₂ – во период кога климатските предизвици бараат зголемена, а не намалена научна ангажираност.

Свет | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања