Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СЕЈДИНИ

media-library9f0vhk80ascnffUH20g

Експретседателот на ФФМ Сејдини е успсен за проневера и злоупотреба: детали од Обвинителството

Скопското обвинителство потврди дека е уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мети Сејдини.“Во рамките на предмет оформен во ОЈО Скопје, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција лишија од слобода едно лице поради дејствија кои упатуваат на сомненија  за сторени кривични дела - проневера и злоупотреба”, велат од Обвинителството.Тие посочуваат: Се уште се преземаат дејствија по наредба на јавниот обвинител, а повеќе детали за натамошниот тек на постапката ќе бидат споделени по завршувањето на дејствијата кои се во тек.Претходно, според неофицијални информации, беше приведен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Мети Сејдини, под сомнение за проневера на околу 700.000 евра средства, наводно добиени од УЕФА за изградба на трибина во Охрид.Според истите извори, сомнежите биле констатирани по промената на раководството во федерацијата, по што случајот бил пријавен во Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 2 часа

media-library26o66egmtqdo9huWQSY

Приведен поранешниот претседател на ФФМ Мухамед Сејдини – истрага за 700.000 евра

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, е приведен во акција на Министерството за внатрешни работи, спроведена во координација со Јавното обвинителство, дознава “Скопје1” од извори во истрагата.Според првичните информации, тој се сомничи за проневера на околу 700.000 евра, средства доделени од УЕФА на ФФМ за поддршка и изградба на трибина во Охрид.Неофицијално, сомнежите за злоупотреби биле констатирани по доаѓањето на новото раководство на федерацијата, по што случајот бил пријавен до надлежните институции.

Македонија | пред 3 часа

Screenshot-2024-11-17-at-20.14.43

Сејдини останува прв човек на ФФМ до 22 декември, кога ќе се бира неговиот наследник

„По 7 извонредни години исполнети со историски достигнувања, решив да се повлечам од позицијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Оваа одлука е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, по период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал“, објави досегашниот претседател на ФФМ, Мухамед Сејдини и додаде:Заедно со вас, напишавме златни страници за македонскиот фудбал: историското учество на Европското првенство ЕУРО 2020, второто место во квалификациската група за Светското првенство и незаборавната победа над Италија во Палермо, успесите во Лигата на нации со премин во Лига Б и реализацијата на бројни инфраструктурни проекти во соработка со УЕФА и ФИФА. Ја напуштам оваа позиција со гордост и огромна благодарност до сите кои придонесоа за овие успеси: фудбалерите, селекторите, клубовите, инвеститорите, администрацијата, Управниот Одбор и секој љубител на фудбалот.Јас ќе продолжам да ја извршувам својата улога до 22 декември, кога на Вонредно Собрание ќе биде избран мојот наследник.Со целосна верба во иднината на Федерацијата и македонскиот фудбал, од срце ви благодарам за поддршката и соработката во изминатите години“.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања