Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СЕРИЈА

media-libraryevk6uf9olrdd7JMLMXa

(Видео) Сведоци првпат пред камера по 40 години: Излегува нова серија за катастрофата во Чернобил

По повод 40-годишнината од Чернобилската катастрофа, „National Geographic“ носи документарна серија во четири дела „Чернобил: Внатре во катастрофата“, која од 20 до 26 април преку нови детали и сведоштва прикажува една од најследените трагедии во историјата.Ова не е само уште една сува приказна за електраната. Серијата ве фрла директно во хаосот од 1986 година, ве води низ мрачните, параноични ходници на КГБ кој ја прикрива несреќата, па сè до денешната војна во современа Украина, покажувајќи како застрашувачката радиоактивна зона повторно се претворила во активно бојно поле.Во продукција на National Geographic, серијата не нуди само ретроспективен поглед на технолошки и еколошки колапс, туку го става и во контекст на современите геополитички тензии, особено војната во Украина.Катастрофата во Чернобил, која во атмосферата ослободи 400 пати поголема количина смртоносна радијација од атомската бомба фрлена на Хирошима, долго била предмет на бројни научни анализи, телевизиски драматизации и документарни записи, а оваа серија има поинаков пристап.Низ четири епизоди, серијата многу конкретно и концизно ги деконструира митологијата и дезинформациите што со децении го опкружуваат Чернобил, обработувајќи сè — од советското државно прикривање до трагичните и апсурдни последици што и денес се чувствуваат на истото тло.Гледачите добиваат јасен увид во механизмите на КГБ-апаратот, но и во психолошките лузни на преживеаните оператори, граѓани и ликвидатори, од кои некои дури сега, точно четириесет години подоцна, првпат застануваат пред камера и зборуваат за преживеаниот ужас.Најшокантниот дел од документарецот воопшто не е од 1986 година, туку од сегашноста. Серијата преку последните две епизоди ја прикажува руската војска која за време на инвазијата врз Украина (2022) копа ровови во високо радиоактивното тло на Црвената шума. Историјата се повторува на најбизарен и најсмртоносен можен начин.Лондонското Peepshow Studio ѝ дава на серијата застрашувачки монохроматски визуелен идентитет. Преку анимации на прашина визуелно се пренесува чувството на тешка, постојана закана. Се чувствува клаустрофобијата на напуштениот свет.Она што оваа серија ја прави задолжителна, се вистинските луѓе кои првпат по 40 години застануваат пред камера. Нема непотребна драматизација, само сурова вистина.Хемичарот Сергеј Бељаков споделува сеќавање кое звучи како од хорор филм. Месеци по експлозијата влегол во електраната и видел ходник целосно жолт. Наскоро сфатил дека тоа не е бојата на ѕидовите, туку стотици илјади мртви жолти пеперутки што го покриле секој милиметар од просторот.Во документарната серија гледаме потресни сведоштва за деца на кои во училиштата, во целосна тишина и без објаснување, им биле делени таблети јод, и слушаме рудари кои го жртвувале своето здравје верувајќи дека „ја спасуваат татковината“.Ова е тешка, мрачна и неверојатно важна приказна. Серијата со причина се прикажува со строго предупредување дека содржи вознемирувачки материјал. Режисерот не ве штеди, но и не ве затрупува со суви историски податоци.

Магазин | пред 1 ден

media-library3bb10oelia8v66kmZxp

(Видео) Откриени нови детали за втората сезона на серијата „Heated Rivalry“

Креаторот на серијата „Heated Rivalry“, Џејкоб Тирни, откри нови детали за втората сезона, чие снимање се очекува ова лето, а премиерата во април 2027 година.Во разговор со авторката на романот „Heated Rivalry“, Рејчел Рид, Тирни објасни дека втората сезона ќе се темели на продолжението од 2022 година „The Long Game“, но со вклучени делови од нејзиниот роман „Role Model“ од 2021 година, пишува E! Online.Тоа значи дека гледачите ќе запознаат нови ликови: Трој Барет, кој се приклучува на тимот Ottawa Centaurse заедно со Илја Розанов (Конор Стори) и развива врска со Харис Дровер, менаџер за социјални мрежи на хокеарскиот тим. Приказната на овој пар е централна тема на романот „Role Model“.„На ‘Role Model’ може да се гледа на едноставен, површен начин“, рече Тирни на настанот. „Многу е во стилот ‘намуртен и добар’. Може да оди во насока во која сакате, но Трој е навистина оштетен лик. И во серијата е прилично оштетен. Би рекол дека навлегуваме уште подлабоко во тоа.“Сепак, адаптацијата на двете книги, чие дејство се одвива 10 години по настаните од „Heated Rivalry“, претставувала предизвик за втората, а можеби и третата сезона.„The Long Game е… толку долг и, да речеме, ‘тежок’, како да јадете дивеч“, се пошегува Тирни.„Навистина е поинаков, а предизвикот, од аспект на адаптацијата, е што се наоѓате на многу посериозен терен. Сè уште има многу флерт и секс, но опасноста е од поинаква природа. Тој ‘хотелски, адолесцентен секс’ главно исчезна.“Во новата сезона, Илја преминува во Ottawa Centaurse и ја продолжува својата врска со Шејн Холандер (Хадсон Вилијамс) во тајност, дури и започнувајќи хуманитарна организација што ја планирале во првиот дел.„Што да направите кога ќе исчезне налетот на опасност, а сега мора да живеете во врска во која сè уште не комуницирате како што треба, колку и да го сакате тоа“, објасни тој.„Може да кажете дека се сакате, но, како што возрасните знаат, потребно е многу повеќе од тоа за една врска да успее. И токму тоа го учат.“Авторката Рид изјави дека едвај чека да види една одредена божиќна сцена меѓу Шејн и Илја на екранот.

Магазин | пред 1 ден

media-librarynldcs53486pl7gArtuw

(Видео) Контроверзии околу „Еуфорија“: Новата сезона шокира со експлицитни сцени

По четири години, започна третата сезона на серијата „Еуфорија“, но не без критики. Втората епизода покажа досега најексплицитни сцени, кога ликот кој го толкува Сидни Свини креира содржина за платформата за возрасни OnlyFans.Серијата на HBO ги следи поранешните ученици од средното училиште East Highland по петгодишна пауза, прикажувајќи ги нивните нови животи како возрасни луѓе.Сепак, и покрај ѕвездената актерска екипа предводена од Зендаја, Сидни Свини и Џејкоб Елорди, фановите почнаа да повикуваат на нејзино укинување.Од премиерата во 2019 година, серијата беше позната по поместување на границите преку експлицитни прикази на тинејџерска употреба на дрога, секс и насилство. Меѓутоа, гледачите сега тврдат дека „вознемирувачките“ и „мизогини“ приказни во новата сезона, потпишани од авторот Сем Левинсон, „ја изгубиле смислата“.Во најновата епизода насловена „America My Dream“, публиката беше згрозена од тоа до каде оди ликот Кеси Хауард, кој го толкува Свини – вклучувајќи ги и најпровокативните сцени во нејзината кариера досега.Во првата епизода таа се појавува облечена како бебе, додека во втората е прикажана како куче во долна облека. Во новите сцени оди и чекор понатаму – целосно гола.Кеси позира за низа провокативни фотографии за нејзиниот OnlyFans профил. Во една сцена сладолед ѝ се слева по градите, додека во друга е обвиена со мокрo, проѕирнo американскo знаме. Следуваат фотографии со безбол тема каде носи само танга, а потоа и сцена во која глуми „возрасно бебе“, позирајќи со цуцла во уста.Ликот Ру (Зендаја) во нарацијата вели: „Штета што беше со Нејт. Кеси е токму тип на девојка каква што би сакал да ‘ја потпишеш’. Убава, но без правец. Толку желна за внимание што е подготвена да се понижи.“Реакциите на фановите беа остри:„Некој нека ја спаси Сидни Свини“, напиша еден корисник, додека други ги нарекоа сцените „ритуал на понижување“.Фановите веќе претходно беа шокирани од сцените на т.н. „puppy play“, кои Левинсон мораше да ги брани, објаснувајќи дека целта била апсурдот да не биде целосно дел од фантазијата на ликот.Сидни Свини изјави:„Кеси е луда личност. Во оваа сезона ќе направи сè за да стане позната и носи многу екстремни одлуки.“Третата сезона веќе пред премиерата доби слаби оценки, со само 46% на Rotten Tomatoes. Критичарите ја опишаа како „хаотичен неред“ и „разочарувачки празна“.БиБиСи ѝ даде оценка од две од пет ѕвезди, со коментар дека серијата „ја изгубила суштината што ја правеше интересна“ и сега делува како обид ликовите да останат исти иако пораснале.

Магазин | пред 2 дена

media-library0aqhvagi19hfdkyR1Tu

(Видео) Пристигнува нова сезона на хит-серијата „Shrinking“ со Харисон Форд: пресврт што ќе ги шокира гледачите

Креаторот на серијата „Shrinking“, Бил Лоренс, најави дека четвртата сезона ќе донесе сосема нова приказна, но со истата актерска екипа.Додека третата сезона се приближува кон финалето, Лоренс откри дека следниот циклус ќе претставува креативен пресврт и нов наративен правец, при што познатите ликови ќе останат во центарот на вниманието.Тој појасни дека серијата од самиот почеток била замислена како трилогија од три сезони, кои ги обработуваат темите на тагата, простувањето и личниот напредок.„Секогаш ја замислувавме приказната низ три сезони – тага, простување и движење напред. Сакавме да останеме верни на таа идеја и да ја завршиме како што планиравме. Многу сум возбуден за четвртата сезона и новата приказна со истата актерска екипа“, изјави Лоренс.Серијата, која се емитува на Apple TV+, го следи Џејсон Сигел во улогата на терапевтот Џими Лејрд, вдовец кој се соочува со лична загуба и се обидува да го обнови односот со ќерката. Харисон Форд го игра неговиот ментор, доктор Пол Родс.Во актерската екипа се и Криста Милер, Џесика Вилијамс, Лук Тени, Мајкл Јури, Лукита Максвел и Тед Мекгинли.Серијата веќе освои бројни номинации, вклучително и за Еми наградите и Златните глобуси, а беше номинирана и за најдобра хумористична серија во 2025 година.

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryduqh1ueqldhi7LkZm94

(Видео) Нова серија на Нетфликс за нуклеарна катастрофа: Вистинска приказна за трагедијата со цезиум-137 во Бразил

Ако ги сакате мини-сериите засновани на вистински настани, новата Netflix серија Radioactive Emergency може навистина да ве заинтересира.Оваа бразилска драма носи потресна приказна за една од најшокантните катастрофи во модерната историја на земјата – радиолошката несреќа што се случи во Гојања во 1987 година.Станува збор за еден од најтешките нуклеарни инциденти кој се случи среде урбана средина. Серијата го става во прв план обичниот човек, нивните секојдневни животи и одлуки кои, без нивно знаење, го предизвикале ланецот на настани со катастрофални последици.Сè започнало кога од напуштен медицински апарат биле отстранети делови кои содржеле радиоактивен цезиум-137. Не знаејќи колку е опасен, луѓето доаѓале во директен контакт со материјалот, фасцинирани од неговиот необичен сјај. Брзо се појавиле првите симптоми – мачнина, повраќање и слабост, но на почетокот погрешно биле интерпретирани, што довело до доцнење во откривањето на вистинската причина.Тек по неколку дена било потврдено дека станува збор за сериозна радијациска контаминација. Последиците биле разорни: четири лица починале за кратко време, додека повеќе од 1600 луѓе биле директно погодени. Контаминирани биле домови, предмети и цели делови од градот, а настанале и огромни количини радиоактивен отпад кој морал трајно да се отстрани. Покрај здравствените последици, жителите со години живееле со стигма, страв и социјална изолација.Во центарот на приказната, покрај семејните трагедии, се наоѓа и млад физичар кој се обидува да разбере што всушност се случува. Неговото пребарување за одговори се претвора во трка со времето – мора да го идентификува изворот на радијацијата, да го запре нејзиното ширење и да спречи уште поголеми последици.Серијата Radioactive Emergency наишла на главно многу добри реакции од публиката и критиката. Особено е пофалена поради реалистичната атмосфера, убедливата техничка изведба и силниот фокус на човечките судбини. На IMDb моментално има оценка 7,7 од 10.

Магазин | пред 3 седмици

media-librarygl4i1774kbo67SMBwII

Новата епизода на „A Knight of the Seven Kingdoms“ поставува рекорд на IMDb

Серијата „A Knight of the Seven Kingdoms“ продолжува да докажува дека светот на Игра на тронови и понатаму е исклучително популарен. Овој спин-оф, од епизода до епизода, бележи високи оценки, а токму петтата епизода постави нов рекорд на сајтот IMDb.Епизодата наречена „Во име на Мајката“ стана најдобро оценета епизода од серијата, достигнувајќи оценка 9,8 од 10 на IMDb, врз основа на повеќе од 53.000 гласови. Со тоа ја надмина претходната, четвртата епизода „Седумте“, која има оценка 9,7.Со оценка 9,8, „Во име на Мајката“ се сместува меѓу највисоко оценетите епизоди на IMDb.Единствената епизода во историјата на телевизиските серии која има чиста десетка и натаму е „Ozymandias“ од завршната сезона на серијата Breaking Bad, пренесува порталот How to Geek.Серијата „Витез на Седумте Кралства“ е базирана на новелите на Џорџ Р. Р. Мартин „Приказни за Данко и Ег“, а Мартин е истовремено и ко-креатор на серијата заедно со Паркер.Првата сезона има уште една епизода, која ќе се емитува на HBO и HBO Max на 23 февруари. Серијата веќе е обновена за втора сезона, чија премиера се очекува во текот на 2027 година.

Магазин | пред 2 месеци

media-librarylq0kl7tt7imncq9zZv8

(Видео) Се враќа една од најпопуларните адвокатски серии

Криминалистичката драма Адвокатот од Линколн (The Lincoln Lawyer), адаптација на серијалот бестселери, доби зелено светло од Netflix за петтата сезона, само неколку дена пред најновите епизоди да стигнат на платформата.Четвртата сезона на серијата ќе биде премиерно прикажана на 5 февруари.Заплетот го следи идеалистичкиот адвокат Мики Хелер, кој ја води својата пракса од задното седиште на автомобилот, преземајќи случаи со различна тежина низ Лос Анџелес. Секоја сезона е фокусирана на еден голем случај кој доминира со приказната, заедно со неколку помали случаи кои се испреплетуваат.Предстојната сезона носи драматичен пресврт, бидејќи Хелер ќе биде принуден да се брани самиот себе откако ќе се соочи со обвиненија за убиство.Серијата „Адвокатот од Линколн“ се базира на серијалот романи на писателот Мајкл Конели. Првата книга е екранизирана уште во 2011 година во филм во кој главната улога ја толкуваше Метју Меконахи.Поврзано со потврда за петтата сезона, копродуцентите и извршните продуценти Тед Хамфри и Дејлин Родригез изјавија:„Многу сме среќни што на 5 февруари ќе ја претставиме четвртата сезона на публиката, а уште повеќе сме возбудени што можеме да ја споделиме веста дека веќе вредно работиме на следната.“„Четвртата сезона го води Мики Хелер на неговото досега најзахтевно и најинтензивно лично патување. Возбудени сме и благодарни што таа приказна можеме да ја продолжиме и во петтата сезона“, додаваат тие.„Адвокатот од Линколн“ има одлична оцена од 90 отсто на сајтот Rotten Tomatoes, додека последната сезона достигна совршени 100 отсто.

Магазин | пред 2 месеци

media-library7u4gdf6hkitpco2qyie

Нетфликс го објави трејлерот за новата криминалистичка трилер-серија за детективот Хари Хуле

Нетфликс го објави официјалниот трејлер за новата напната криминалистичка трилер-серија базирана на бестселерите на прочуениот норвешки писател Ју Несбе, која е наменета за љубителите на мрачни и психолошки комплексни детективски приказни. Серијата е инспирирана од култниот книжевен лик Хари Хуле и ќе ја има својата премиера на 26 март.Во главната улога на проблематичниот, но исклучително брилијантен детектив Хари Хуле се појавува Тобијас Сантелман, познат по улогата во серијата „Последното кралство“. Покрај него, во актерската екипа се и Џоел Кинаман, кој го толкува ликот на Том Велер, како и Пиа Тјелта во улогата на Ракел Фауке.Серијата, насловена „Jo Nesbo's Detective Hole“, се фокусира на сложениот карактер на Хари Хуле, лик чиј книжевен серијал е продаден во повеќе од 60 милиони примероци ширум светот. Приказната го истражува неговиот тежок однос со колега детектив кој тргнал по значително помрачен пат, при што централниот конфликт се развива меѓу Хари и морално контроверзниот Том Велер.Според официјалниот синопсис, Хари Хуле е измачуван инспектор за убиства кој се бори со сопствените демони, додека двајцата детективи дејствуваат на рабовите на етичноста во кривично-правниот систем. Во обид да фати сериски убиец, Хари мора истовремено да го спречи и Велер, пред последиците да станат непоправливи.Трејлерот веднаш ги вовлекува гледачите во хаотичен и опасен свет, започнувајќи со брутална сообраќајна несреќа, симболично отворајќи ја вратата кон секојдневието во кое функционира Хари Хуле. Иако исклучително способен во својата професија, ликот е прикажан како човек кој не е подеднакво успешен во приватниот живот, што дополнително ја продлабочува неговата психолошка димензија.Најавата беше пречекана со голем ентузијазам од обожавателите на делата на Ју Несбе, кои на социјалните мрежи изразија надеж дека серијата ќе биде достојна адаптација на книжевниот материјал и значително подобра од претходната филмска верзија „Снешко“. Многумина истакнаа дека изборот на актер за улогата на Хари Хуле целосно одговара на нивната претстава за ликот и дека серијата има потенцијал да стане едно од најдобрите телевизиски остварувања од овој жанр.„Jo Nesbo's Detective Hole“ на Нетфликс пристигнува на 26 март и веќе се најавува како една од најочекуваните криминалистички серии оваа пролет.

Магазин | пред 2 месеци

media-librarytohbgh2o8mbt1WrlXW7

Колку заработија актерите од „Stranger Things“ во петте сезони?

Серијата „Stranger Things“ заврши, а последната епизода донесе поделени реакции кај публиката. И покрај тоа, серијата успешно стигна до својата цел, создаде нови ѕвезди и им обезбеди значителни хонорари на актерите. Но колку точно беа платени главните лица од актерската екипа?Големи хонорари за Винона Рајдер и Дејвид ХарбурНа врвот на платната листа се наоѓаат Винона Рајдер и Дејвид Харбур, кои припаѓаат на „првата категорија“ актери. Според „The Direct“, од третата сезона тие наводно заработуваат околу 299.000 евра по епизода, а за петтата – последна сезона – добиле по 8,1 милион евра.Како главни ликови, Џојс и Хопер, тие во текот на серијата заработиле приближно по 14,5 милиони евра. Се наведува дека Винона Рајдер била најплатената ѕвезда, што не изненадува со оглед на нејзиниот статус во Холивуд, а токму нејзиното име во почетокот беше еден од главните адути за привлекување публика.Мили Боби Браун со посебен договор со „Netflix“Во центарот на приказната уште од првата сезона е ликот Илевен, кој го толкува Мили Боби Браун. На почетокот, таа добивала помеѓу 17 и 25 илјади евра по епизода, но со текот на времето нејзиниот хонорар значително растел. Според „The Hollywood Reporter“, таа успеала да договори сопствен, одделен договор со „Netflix“, независен од остатокот од младата актерска екипа.Бидејќи паралелно учествуваше и во други проекти на „Netflix“, точната заработка од серијата не е позната, но се смета дека – според нивото на зголемување на хонорарите кај нејзините колеги – и таа била меѓу најплатените.Останатиот дел од „младата“ актерска екипаФин Волфхард, Гејтен Матарацо, Ноа Шнап и Кејлеб Меклафлин, исто како и Мили Боби Браун, во првите две сезони добивале меѓу 17 и 25 илјади евра по епизода. Меѓутоа, „Deadline“ објави дека од третата сезона нивниот хонорар пораснал на 213.500 евра по епизода.Подоцна на оваа група ѝ се придружи и Сејди Синк, а според „The Direct“, сите тие за петтата сезона добиле по 6 милиони евра. Тоа значи дека актерите кои се дел од серијата од самиот почеток заработиле повеќе од 9 милиони евра.Колку заработија „постарите“ тинејџери?Иако малку постари, Наталија Дајер, Џо Кири и Чарли Хитон, спаѓале во третата платна категорија, што значи дека од третата сезона добивале 128.100 евра по епизода. На нив подоцна им се придружи и Маја Хок.Се тврди дека за последната сезона нивниот хонорар пораснал на дури 640.500 евра по епизода, што значи дека секој од нив заработил околу 7,3 милиони евра вкупно. Маја Хок заработила нешто помалку, бидејќи се приклучи на серијата подоцна.Споредни улогиСите други актери биле платени значително помалку. На пример, Тристан Спон, кој се појави во пет епизоди од четвртата сезона како ликот Ту, едно од децата од лабораторијата во Хокинс, изјавил дека добивал околу 12 илјади евра по епизода. Тој бил наведен како „гостин-ѕвезда со повторувачка улога“, односно бил платен неколку категории под главната актерска екипа.

Магазин | пред 3 месеци

media-libraryb1usa6fnmrrlcftLkNr

Нетфликс потврди: Доаѓа шеста сезона на серијата „Емили во Париз“

Обожавателите на популарната серија „Емили во Париз“ (Emily in Paris) имаат причина за радост. Нетфликс во понеделникот, на 5 јануари, потврди дека серијата со Лили Колинс во главната улога ќе добие шеста сезона. Веста доаѓа само неколку недели по премиерата на петтата сезона, која на стриминг-платформата беше објавена на 18 декември.Нетфликс ја објави новата сезона преку социјалните мрежи, со симпатично видео во кое Колинс ја дува свеќичката во форма на бројот шест, ставена на кроасан. Во објавата стои: „Дом сладок дом, EMILY IN PARIS се враќа со 6. сезона“.Петтата сезона меѓу Топ 10 серии на англиски јазик на НетфликсОдлуката за продолжување на серијата не изненадува, имајќи го предвид големиот успех на најновите епизоди. Во првите 11 дена од објавувањето, петтата сезона собра 26,8 милиони прегледи низ целиот свет. Таа се најде на второто место на глобалната Топ 10 листа на Нетфликс за серии на англиски јазик, а истовремено влезе меѓу десетте најгледани во 91 земја. Во 24 земји, меѓу кои и Франција, беше на првото место.За што станува збор во петтата сезона?Да потсетиме, петтата сезона ја следеше Емили Купер, на која ѝ се чинеше дека „сè се наместило“ во Италија. Но, како што наведува официјалниот синопсис, „една деловна идеја тргнува наопаку, а последиците се одразуваат на љубовниот живот и на кариерата“. Финалето на сезоната ги остави гледачите во неизвесност: Емили треба да одлучи дали ќе остане во Рим со својот италијански дечко или ќе му се врати на животот во Париз.

Магазин | пред 3 месеци

media-library26qtvbri197q6xUOIJr

(Видео) Омилената божиќна серија се врати на Нетфликс по пет години

По пауза од пет години, омилената норвешка серија „Home for Christmas“ („Дома за Божиќ“) се врати на Нетфликс со долгоочекуваната третa сезона, која повторно ги освојува срцата на гледачите. Радниот тек и понатаму е сместен во неделите пред Божиќ, а главната хероина Јохане повторно се соочува со љубовни и животни предизвици – сето тоа во волшебната, снежна атмосфера на Норвешка.За што станува збор?Серијата на Пер-Олав Соренсен стана светски хит уште во 2019 година, претставувајќи освежувачка божиќна приказна со шармантна и реалистична главна јунакиња.Во првата сезона, 30-годишната Јохане (Ида Елисе Брок), уморна од статусот на „вечна самичка“, ѝ соопштува на својата фамилија дека на божиќната вечера ќе дојде со дечко. Проблемот? Таков дечко – нема. И има само 24 дена да го најде. Серијата од самиот почеток вешто избегнуваше клише-приказни за „принц на бел коњ“, покажувајќи дека патот до вистинска врска често е исполнет со предизвици.Втората сезона продолжи да ги обработува темите за општествениот притисок врз жените во триесеттите години, нивната сексуалност и различните животни очекувања.Сега, во третата сезона – објавена на 12 декември – ја затекнуваме 36-годишната Јохане како се опоравува од тежок раскин. Со приближувањето на празниците, се поставува прашањето дали повторно е подготвена да поверува во љубовта – паралелно со важен професионален пресврт во нејзиниот живот.Снежната магија на НорвешкаОсвен симпатичната главна јунакиња и нејзините животни перипетии, еден од најсилните адути на серијата е сценографијата. Наместо во типични метрополи како Њујорк или Лондон, приказната се одвива во Норвешка. Сцените со шарени куќи покриени со снег и улици по кои Јохане се вози со санки станаа вистински заштитен знак на серијата.Иако името на градот никогаш не се спомнува, станува збор за вистинско место – Рøрос. Овој град со околу 5600 жители се наоѓа во централна Норвешка, на околу пет часа возење од Осло. Поради својата дрвена архитектура и рударска историја, веќе четири децении е под заштита на УНЕСКО. Интересно е што сцените во домот на Јохане, како и оние во барот или училиштето, всушност се снимани во Осло, во населбата Кампен.За третата сезона, продукцијата се пресели и на југоистокот од земјата, каде што во крајбрежниот град Мос се снимени магичните сцени на лизгалиштето – вистинска инспирација за некое идно патување во Норвешка.

Магазин | пред 3 месеци

media-librarytohbgh2o8mbt1WrlXW7

Падна „Нетфликс“ веднаш по објавувањето на последната сезона: Ова е серијата што ја чекаше целиот свет

Премиерата на петтата и последна сезона од хит-серијата „Stranger Things“ предизвика глобална еуфорија, но и краткотраен колапс на платформата „Нетфликс“.Наместо непречено да ги гледаат новите епизоди, голем број корисници добија порака за грешка веднаш штом се обидоа да ја пуштат содржината.Само неколку минути по објавувањето на првите четири епизоди, платформата беше преоптоварена од огромниот број гледачи, пренесува Daily Mail.Наместо очекуваниот вовед во финалето на серијата, корисниците ја добиваа пораката:„Имаме проблем со вашето барање...“Иако прекинот траеше околу три минути, тоа беше доволно социјалните мрежи да се наполнат со коментари од разочарани обожаватели, како:„Го чекав цел ден, а ‘Нетфликс’ паѓа!“ и „Сервис вреден милијарди, а серверите се уриваат кога ќе излезе голема серија.“„Stranger Things“ се појави во 2016 година и многу брзо стана еден од најгледаните оригинални наслови на „Нетфликс“.Финалната сезона, очекувано, создаде огромен притисок врз платформата и доведе до краток, но бурен прекин.

Магазин | пред 4 месеци

F2QIR-victoria-pedretti-and-penn-badgley

(ВИДЕО) Половина милион прегледи во еден ден: Пристигна трејлерот за четвртата сезона на серијата „You“

Пристигнува четвртата сезона на хит психолошкиот трилер „You“.Нетфликс објави најава за четвртата сезона и откри дека ќе биде поделена на два дела. Првиот дел пристигнува на 10 февруари, а вториот дел на 10 март.„Длабоко сме благодарни што Нетфликс ѝ даде таква поддршка на серијата и што луѓето ширум светот уживаа да гледаат како Џо погреши во последните три сезони. Целиот тим е возбуден да истражува нови, темни аспекти на љубовта во четвртата сезона“, рече Сера Гембл, една од сценаристите на серијата.Најавата покажува дека Џо сега е во Лондон и дека уште еднаш го сменил името. Сега се вика Џонатан Мур и е професор.„Овој пат се фокусирам на академиците и наставата, додека моите типични воннаставни активности ги одржувам строго професионални“, вели Џо во најавата.Член на старата екипа потврдено дека ќе се врати во четвртата сезона е Пен Бадгли, додека Тати Габриел ќе ја игра Мариен во претстојната сезона. Во февруари 2022 година, беше објавено дека Лукас Гејџ се приклучил на актерската екипа и ќе го игра Адам, американски иселеник и најмладиот син на богат магнат од источниот брег. Опишан како претприемач и коцкар, Адам е срдечен и духовит, но крие многу тајни.

Магазин | пред 3 години

maxresdefault-4

Нетфликс го прекина снимањето на „Круната“: „Серијата е љубовно писмо до Елизабета Втора“

Нетфликс одлучи да го паузира снимањето на серијата „Круната“, која го прикажува животот на кралицата Елизабета Втора и целото кралско семејство.Откако вчера веста за смртта на кралицата се рашири низ светот, Питер Морган, кој го напиша сценариото за филмот „Кралицата“ од 2006 година, како и сценариото за серијата „Круната“ на Нетфликс, се огласи и кажа дека од почит би го прекинал снимањето на овој проект.„Круната е љубовно писмо до Елизабета Втора и немам што друго да додадам во овој момент, само тишина и почит... Очекувам и ние да престанеме да снимаме од почит“, изјави Морган, а пренесува Дејли Мејл.Нетфликс одамна подготвува план што да прави во случај кралицата да умре за време на снимањето на серијата.Кога серијата првпат започна со производство, Стивен Далдри, кој режираше некои од раните епизоди од првата сезона, рече дека проектот ќе биде ставен во мирување одреден временски период.„Никој од нас не знае кога ќе дојде тоа време, но би било правилно и соодветно да покажеме почит кон кралицата. Тоа би било едноставнo знак на почит. Таа е глобална личност и тоа е она што треба да го направиме. Таа е извонредна жената и луѓето ќе бидат вознемирени“, изјави еднаш тој.Да потсетиме, досега во серијата „Круната“ кралицата Елизабета ја играа Клер Фој и Оливија Колман, а беше планирано нејзиниот лик во следната серија да го толкува Имелда Стаунтон.

Магазин | пред 3 години

prviot-oficijalen-trejler-za-novata-serija-wednesday-vetuva-zabava-i-horor-427889

(ВИДЕО) Објавен првиот трејлер за новата серија на Нетфликс: Кетрин Зета Џонс како Мортиша Адамс

Нетфликс ги објави првите фотографии од новата серија за семејството Адамс „Wednesday“, а веќе е познато дека Мортиша Адамс ќе ја игра актерката Кетрин Зета Џонс, а ликот на нејзиниот сопруг Гомез Адамс ќе го игра Луис Гузман.Серијата „Wednesday“ ќе има осум епизоди, а заплетот се фокусира на времето кога Среда Адамс, која ќе ја игра Џена Ортега, студирала на академијата „Нивермор“.Режисер на оваа серија ќе биде Тим Бартон.Инаку, пред Кетрин Зета Џонс, актерките Каролин Џонс и Анџелика Хјустон ја глумеа Мортиша Адамс, додека Шарлиз Терон го позајми гласот за овој лик во серијата „Семејството Адамс“.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања