(Видео) Сиљановска се пожали дека и се исмејуваат кога се вози со владиниот авион: „Го викаат авиончето на браќата Рајт“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, одговарајќи на новинарско прашање за користењето на владиниот авион, со доза хумор и критички осврт ја објасни состојбата со државниот воздухоплов, кој според неа, повеќе е товар отколку луксуз.„Владиното авионче, моите колеги претседатели во регионот, го нарекуваат авиончето на браќата Рајт. Бидејќи е најмало и најстаро. Јас можам да кажам за мене, употребата на владиното авионче, понекогаш, овозможува функционално извршување на државната работа, ама и поевтина одошто користењето на комерцијалниот лет. Сега, не е многу пријатно, и самата кажувам, дека секогаш имам дилема, кога немам друг избор. Бидејќи знам дека е старо 25 години, а и купено на старо. Моите колеги, претседатели, велат дека, кога ве гледам вас, новинарите, дека е многу порационално, и дека е многу поевтино, да се има поголемо авионче од нашето најмало авионче, бидејќи тогаш, со еден лет, ќе може повеќемина да одат, да се вратат кога сакат, а ни замерат, еве јас, на пример, знам дека е тоа мој голем хендикеп, што со нас нема новинари. Со нив, по некогаш, доаѓаат новинари“, вели претседателката.
Македонија | пред 1 месец