Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СИРОМАШТИЈА

media-libraryn04cssdpvu727cTMxiU

Државата плаќа милиони, сиромашните јадат на улица: помалку храна за повеќе пари

Корупцијата и слабата контрола во јавните набавки и понатаму се една од најранливите точки на системот, а најновата анализа на Центарот за граѓански комуникации открива конкретен пример како милионски договор може да резултира со понижувачки услови за најранливите граѓани.Станува збор за тендер вреден околу 1,46 милиони евра за набавка на готови оброци за корисниците на народни кујни во Скопје. Според документацијата, оброците требало да се подготвуваат, доставуваат и сервираат на девет локации во соодветни простории. Но, реалноста на терен покажува сосема спротивна слика.На седум од девет локации, храната воопшто не се дели во објекти, туку директно на улица – пред продавници, училишта, стари објекти или на отворен простор. Само на две места постојат простории, но и таму тие служат исклучиво како пункт за преземање, без услови за консумирање.Овој начин на дистрибуција не само што отстапува од тендерските услови, туку создава и сериозен проблем со достоинството на корисниците. Наместо системска социјална заштита, тие се принудени да чекаат редови на улица, изложени на временски услови и јавен поглед – што во извештајот се оценува како институционализиран понижувачки третман.Проблемите не завршуваат тука. Анализата покажува дека и квалитетот и составот на оброците често не одговараат на договореното. Во повеќе случаи недостасуваат делови од менито – супи, овошје, сирење или цели компоненти од оброкот. Во некои денови се доставуваат различни менија од предвидените, а количините се намалени, особено кај лебот.Дополнително, се утврдува дека времето за дистрибуција, кое според договорот треба да трае до два часа, во пракса се сведува на 15 до 30 минути. Тоа значи дека граѓаните мора да чекаат порано и да ризикуваат да останат без оброк доколку го пропуштат моментот на поделба.Особено загрижувачки е финансискиот аспект. Државата плаќа околу 239 денари по оброк, додека според малопродажните цени на состојките, реалната вредност на дел од тие оброци се движи меѓу 120 и 140 денари. Во други градови, како Тетово, слични оброци се обезбедуваат за речиси двојно пониска цена.Покрај тоа, нема јасни податоци за точниот број корисници. Иако договорот предвидува до 1.000 оброци дневно, неговата вредност покрива и повеќе лица, што отвора сомнежи за непрецизно планирање или потенцијални злоупотреби.Процесот на доделување на тендерот исто така бил проблематичен – траел седум и пол месеци, со три постапки и шест жалби, пред да биде склучен договорот.Дополнителен аларм е и нетранспарентноста. Надлежното министерство не ги доставило бараните информации за реализацијата на договорот, што ја ограничува јавната контрола и создава простор за нерегуларности.Овој случај јасно покажува дека проблемот не е само во формалните процедури, туку во нивната примена. Додека на хартија постојат стандарди, во пракса тие се игнорираат – а цената ја плаќаат најранливите категории граѓани.

Македонија | пред 1 седмица

299917758_610582814115905_5041131958077706406_n

Левица: Минималната плата е под прагот на сиромаштија — сиромашни се 30 отсто од децата во земјава

Партијата Левица реагира на најновите податоци на Државниот завод за статистика за сиромаштијата во Македонија за 2024 година, според кои стапката на сиромаштија изнесува 21,9 проценти, а речиси 30 проценти од децата живеат под прагот на сиромаштија. Во соопштението се наведува и дека 45,8 проценти од самохраните родители се сиромашни.Од Левица оценуваат дека состојбата претставува резултат на „долгогодишен економски модел кој го потценува трудот“, а не на, како што велат, надворешни фактори. Во соопштението се наведува и дека 7,9 проценти од вработените живеат под прагот на сиромаштија, што партијата го интерпретира како недоволна заштита на работниците.Посебен фокус партијата става на семејствата со повеќе деца, каде што според статистиката 54,8 проценти живеат во сиромаштија. Левица смета дека државните политики недоволно ги поддржуваат овие домаќинства.Во соопштението се наведува и дека дебатата за минимална плата од 500 евра е „надмината“, бидејќи, според партијата, прагот на сиромаштија за четиричлено семејство е над 31.000 денари месечно. Левица смета дека минималната плата треба да биде изедначена со трошоците за основен животен стандард и критикува дека економските аргументи против повисок минимален доход се „политички, а не економски“.Како можни решенија, партијата предлага прогресивно оданочување, јакнење на колективното договарање и активни социјални мерки насочени кон ранливите категории граѓани.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4gd043m8cgmdaFkVzJZ

Евростат: Секој десетти работник во Грција живее во ризик од сиромаштија

Податоците на Евростат за сиромаштијата покажуваат дека Грција се наоѓа меѓу првите пет земји во Европската унија со најголем ризик од сиромаштија кај вработените. Според најновите статистички податоци, 10,7 отсто од лицата кои имаат работа, односно еден од десет работници, се во опасност да живеат под прагот на сиромаштија.Кога станува збор за машката популација, ситуацијата е уште потешка – дури 13 отсто од мажите се во ризик од сиромаштија, што ја поставува Грција на второто најлошо место во Европа, заедно со Бугарија, веднаш зад Романија која има 14,4 отсто.Кај жените, состојбата е нешто подобра. Грција се наоѓа на 14-тата позиција со 7,6 отсто, што е подобар резултат во споредба со Италија, Швајцарија и Франција.Публикацијата на Евростат „Клучни факти за условите за живот во Европа 2025“, објавена во септември, дава поширока слика за тоа како живеат Европејците денес. Најголем раст на приходите е забележан во Романија – дури 162,2 отсто, а значително зголемување имале и Бугарија, Полска, Хрватска, Унгарија и балтичките земји.Спротивно на тоа, три земји бележат пад на приходите во истиот период: Грција со намалување од 25,8 отсто, Италија со 2,8 отсто и Франција со 1,7 отсто.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања