Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СОНК

Screenshot-2021-09-06-at-11.05.50

Преговорите без завршница: Штрајкот продолжува

За жал немаме добри вести за јавноста, штрајкот ќе продолжи и во наредните денови од причина што немаме конкретно ветување дека зголемување на платите ќе биде во висина од некој процент, соопшти претседателот на претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, по денешната рунда преговори во Министерството за образование и наука (МОН).Тој вели дека министерот Јетон Шаќири им нагласил оти зголемување на платите ќе добијат и дека се прават максимални напори да се пренасочат пари од други министерства и на ниво на Влада.

Македонија | пред 3 години

misajlovski09032021

Ја повикуваме власта што поскоро да седнат со СОНК и наместо расипнички да трошат пари, да ги зголемат платите на наставниците, вели Мисајловски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, Владо Мисајловски ја повика власта што поскоро да седне на разговори со СОНК, чиишто членови вработени во македонското образование веќе трет ден се во штрајк и да им ги покачи платите наместо расипнички да трошат државни пари, односно милиони евра да даваат за студии кои што завршуваат со обвиненија, мислејќи на случајот со студијата за приватизација на Македонска пошта, за што поранешниот Генерален секретар на Влада, Мухамед Зеќири заврши во притвор.Мисајловски од Ранковце истакна дека наставниците, професорите и СОНК се во право, бидејќи за време на носењето на минималната плата, воопшто не се размислуваше за колективните договори и нивелирање на коефициентот на сложеност на работните места согласно минималната плата.„Веќе неколку пати го коментираме штрајкот што е најавен од СОНК и кој веќе се случува, но и често пати во Собранието го коментираме како едно од барањата што треба да се направи веднаш. Во право се наставниците, професорите, во право е СОНК. Зошто го велам ова? Бидејќи со носењето на минималната плата воопшто не се размислуваше на колективните договори и да се подобри, односно да се нивелира коефициентот на сложеност на работни места на сите наставници. Ние ова го предложивме како закон и беше одбиено од владата, но наместо власта расипнички да троши пари, милиони евра да даваат за студии кои што гледаме како завршуваат. Ги повикуваме да седнат што поскоро со СОНК и да им се помогне на сите тие луѓе и да се најде решение, односно да се зголемат платите“, рече Мисајловски.Но, додаде Мисајловски, како што гледаме веќе трет ден власта нема слух за нивните барања, како што порано поднесе закон кој што власта го одби, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе поднесе Закон за нивелирање на коефициентот на сложеност на работното место, со кој ќе се дојде до зголемување на платите на просветните работници.„Но, бидејќи гледаме веќе втор ден нема никаков, они што го нарекуваат социјален дијалог, еве ние како пратеници, како пратеничка група веќе еднаш доставивме закон за да се зголемат платите на наставниците и повторно ќе поднесеме Закон за нивелирање на коефициентот, се разбира на сложеност на работни места, но и она што претходно власта го потпишала како колективен договор заеднички. Затоа овие категории на граѓани, оваа фела заслужува повисоки плати и ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе им дадеме целосна поддршка. Се надевам дека и сите опозициски партии и СДСМ како владејачка партија и нивната коалиција ќе се издигнат над политичкиот интерес и да им се помогне на сите овие граѓани што протестираат“, нагласи Мисајловски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-28-at-12.01.49

Наставниците да ги стават интересите на децата на прво место, апелира Ковачевски

Ги повикувам наставниците од основните и средните училишта да ги стават интересите на децата на прво место и да се погрижат да не се наруши образовниот процес, вели Ковачевски во својата објава на социјалните мрежи.„Учениците треба да бидат во училиштата, таму каде што припаѓаат. По долгото пандемиско отсуство од клупите, ова е и морална обврска кон вашите професионални задачи како наставници и педагози. Ова е потребно најмногу како поддршка на вашите ученици во еден многу важен дел од нивниот живот.Правото на штрајк е загарантирано право и јас целосно го почитувам. Но социјалниот дијалог е единствениот пат да дојдеме до заеднички решенија. Така постигнавме договор за минималната плата и за пензиите, тој е начинот на кој треба да се реши и овој предизвик.Оваа Влада докажа дека има слух за барањата и не бега од решенија. Докажавме и дека клучен приоритет е токму зголемувањето на платите, па така платите на наставниците кумулативно се покачени за 21% во последните четири години. Но, Владата мора одговорно да го менаџира буџетот и да се грижи за економијата. Нема да добиеме ништо ако ја покачиме инфлацијата, а токму тоа ќе се случи ако се реализираат барањата вака како што се поставени.Затоа, апелирам да не запира процесот на образование и да се продолжи со дијалогот за да се изнајде прифатливо решение. Во време на огромна економска криза апелирам на разум и поддршка за заедничко надминување на проблемите.Законските прописи ги штитат и интересите на учениците, и затоа настава мора да се организира и за време на штрајк. Да не оставаме празнина во образованието на децата, за сѐ има решение, но времето поминато надвор од клупа нема како да се надополни“, вели тој.

Македонија | пред 3 години

IMG_8756

МОН: Прекин на воспитно-образовната работа не смее да има

Министерството за образование и наука ја известува јавноста дека и од понеделник, за кога е најавен штрајкот од страна на раководството на Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК, основните и средните училишта ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно – образовен процес.Правната регулатива во оваа област ги штити интересите и на учениците. Согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година.Прекин не смее да има, освен во услови на вонредни околности како постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди, за што одлучува Владата и го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година.Училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно – образовниот процес и да овозможат продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците, кој беше воспоставен откако по година и половина едукација на учениците во вонредни околности и услови на пандемија, тие повторно се вратија во училишните клупи, каде што впрочем им е местото.

Македонија | пред 3 години

deca-poprecenost

Градинките ќе продолжат да работат и во време на штрајк

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста и родителите дека сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата и во деновите на најавениот штрајк, како и до сега.Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Македонија и Законот за заштита на децата, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата.Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк.По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.За Министерството за труд и социјална политика, грижата за најмладите, децата е приоритет, а заштитата на нивните права, наша заедничка одговорност.

Македонија | пред 3 години

IMG_4387

КСС ги повика родителите да ги поддржат образовните работници

КСС веќе подолго време укажува на лошата состојба на вработените во јавниот сектор и незадоволството од платите.Своето незадоволство гранските синдикати при КСС го искажаа низ низа различни синдикални активности. Низ годиниве гранските синдикати одржаа низа протести, а последниот протест беше одржан на 30.03.2022 година од повеќе грански синдикати при КССКСС одлучно стои позади барањата на СОНК и со сите свои ресурси и логистика го поддржува генералниот штрајк на СОНК.КСС цврсто застанува и ги поддржува вработените во дејноста образование и дејноста предучилишно згрижување и воспитание на деца и нивните барања за достоинство, праведност и почит кон трудот и да се започне со исплата на плати во согласност со законот и колективните договори.Без заслужената плата, без почитување на веќе стекнатите права кои ги имаат работниците во овие дејности, но и со осиромашени, а и недоволно ценети работници нема да имаме никаков прогрес во образованието на нашите деца, бидејќи ќе се соочиме со сериозен дефицит од овие професии, односно ќе нема која да ги згрижува и образува нашите деца.Затоа ги повикуваме и родителите да искажат силна солидарност спрема вторите родители на нивните деца и одлучно да ги поддржат образовните работници да се изборат за статусот кој го заслужуваат.Браќа и сестри, членови на СОНК,КСС со сите грански синдикати е со Вас и Ве поддржуваме да издржите во овие тешки моменти за Вашата професија.Сите заедно, се разбира на чело со Вас, покажавме дека синдикалното движење сеуште постои и затоа со цела енергија и ресурси, со стремеж за подобар живот и почитуван просветен работник, Ве повикуваме на 11-ти април сите заедно, ние, вие и родителите да го поддржиме генералниот штрајк и да покажеме единство и истрајност за почитување на вашата професија.Со почит и солидарност,Конфедерација на слободни синдикати на Македонија

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања