Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СОВЕТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

media-library6odcd3b3703idPduakV

Предметите за полицајците од „Пулс“ без обвинител: Трајчева, која гонеше високи функционери од повеќе партии - не доби нов мандат

Гонеше функционери, застапуваше високо-профилни случаи пред суд, покрена обвинителни предлози и акт против полицајците за случајот „Пулс“, а членовите на Советот на јавни обвинители решија да не ѝ дадат нов мандат за гонење организиран криминал. Ивана Трајчева, обвинителката позната по гонењето на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, Исмет Гури од ДУИ, застапувањето на предметот „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“, не доби можност да гони организиран криминал.Нејзиниот неизбор доаѓа откако таа ја заврши истрагата и покрена постапки против полицајците и началниците од МВР кои ги смета за одговорни во случајот „Пулс“. Со ова, еден од предметите, по одложувањата на две судења, ќе припадне во рацете на друг обвинител кој прво ќе треба да се запознае со теоријата на случај и доказите, па да даде воведни зборови.Изборот се случи денеска оти се чекаше новиот државен обвинител Ненад Савески да даде заклетва и да ја преземе функцијата. Тој пак, кажа дека за сите осум кандидати има високо мислење, но дека предност ќе добијат тие кои што не биле дел од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.„Ме разочарува што за 5 места има 8 кандидати. Порака до сите е да се мотивираат за да може изборот да биде поквалитетен. Да ги мотивираме сите да веруваат дека на секому треба да се даде шанса, а и предложените измени се во таа насока, подолг мандат но без продолжување. Прилика е на секој обвинител да се најде на таа позиција, да напредува во кариерата, а искуството од таму е тој да се гледа и во највисокото обвинителство. И јас ќе гласам за новите тројца кандидати“, рече Савески.Од Советот посочија дека предметите, како и во сите слични случаи, ќе продолжат со работа преку друг обвинител.

Македонија | пред 3 дена

media-library271n70jac5nfbQSOCoz

Застој во борбата против криминалот: Пет обвинители кои гонеа организиран криминал останаа без мандат поради ненавремениот избор од Советот

Советот на јавни обвинители ја одложи седницата закажана за во среда, кога требаше да се одржи изборот на нови пет обвинители кои ќе работат во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Со ова, стави кочница во работата на ова Обвинителство, бидејќи пет обвинители од утре немаат мандат за да работат на предметите кои им се доделени.„Седницата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија закажана за ден 18.03.2026 година, се одлага.  За терминот за одржување на 40-тата седница со предложениот дневен ред, јавноста ќе биде дополнително информирана со соопштение на веб страницата“, велат од Советот.Ова пак, го донесе првиот „нус“ ефект, се одложи рочиштето за полицајците каде обвинителка е Ивана Алексова-Трајчева.„Предметот за тројцата полицајци за Кочани, закажан за утре по барање на ОЈО-ГОКК се одлага. Новиот датум ќе биде соопштен утре“, соопштија од Кривичен судДоколку во текот на утрешниот ден, не биде направен избор на обвинители за гонење организиран криминал, обвинителките Марија Ѓоргева, Валентина Беслимовска, Енѓелуше Кадриу-Леши, Ивана Алексова-Трајчева и Сузана Мирческа-Кузмановска нема да смеат да преземаат никакви дејствија. Обвинителството наместо со 12, ќе работи со седум обивнители.Ова не е првпат ненавремено да се направи избор на обвинители, туку истото прерасна во пракса изминативе години. Се паметат и случаи со поништување на огласи, со што постапката се одолговлекува. Одложувањето на изборот закажан за утре е веројатно поради тоа што се чека изборот на новиот државен обвинител, Ненад Савески, кој истовремено, согласно функцијата, ќе биде и член на Советот.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrgr6nltbomoo1gviBUO

Советот му одговори на Филков: Немаме надлежност за надзор во случајот Груби

Советот на ЈО, во соопштение објавено на својата веб страница, посочува дека согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство, повисокото јавно обвинителство е тој што го врши надзорот.Во интерес на транспарентноста на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, а по повод јавната прозивка од министерот за правда на РСМ упатена до Советот да свика итна седница и да го разгледа постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, за да утврди дали постои одговорност кај јавните обвинители, ја информираме јавноста дека Советот во оваа фаза на постапката нема надлежност да врши надзор над законитото постапување на јавните обвинители, а согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство, повисокото јавно обвинителство е тој што го врши надзорот – стои во соопштението од Советот на јавни обвинители.Министерот за правда Филков, завчера јавно ги повика сите одговорни за одредувањето мерка куќен притвор за поранешниот вицепремиер Груби нагласувајќи дека одговорноста за ваквата одлука мора да биде лоцирана со име и презиме. Тој ги повика Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници, да го разгледаат овој случај и да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и кај јавниот обвинител. Филков побара појаснување од јавниот обвинител Даниел Коцев, раководителот на Обвинителството, Анел Фидоски и од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања