Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СТРУГА

media-library0kph0cu3sjnn6QzNaar

(Фото) „Градот не е депонија, ова не е некултура, туку недостаток на основна почит“, реагира струшки комуналец

Кабаст отпад фрлен на јавна површина во Струга предизвика реакција од локалното комунално претпријатие, од каде алармираат за зачестената појава на несовесно однесување на граѓаните и апелираат за поголема одговорност во одржувањето на чистотата на градот.„Градот не е депонија. Доста е!Иако во нашите објави често ви ја прикажуваме најубавата страна на градот, ова е реалноста со која секојдневно се соочуваат нашите теренски работници.Фрлањето мебел и кабаст отпад по улици и јавни површини не е само неодговорност – тоа е вандализам врз нашиот град.Некој секој ден работи за да го одржи градот чист, додека други го уништуваат преку ноќ без никакво чувство на одговорност.Ова не е недостаток на култура – ова е недостаток на основна почит.Ако не знаеме да го заштитиме нашиот град, тогаш самите ја уништуваме нашата иднина“, стои во објавата.

Македонија | пред 1 седмица

pozarna-

Провалник влегол во куќа во Струга и запалил мебел

На 14 март 2026 година во 15:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека непознат сторител со обивање на приземен прозорец насилно влегол во куќа во населбата „Езерски лозја“.Според пријавата, сторителот опожарил дел од мебелот и покуќнината. Повредени лица нема, а на местото интервенирала Територијалната противпожарна единица.Полицијата презема мерки за целосно расветлување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycgol2beo49hf9XIonRh

Не може да се продаде службеното „ауди“ кое го купи Мерко за Струга

Не може да се реализира продажбата на службениот автомобил „ауди А6“ на Општина Струга, кој требаше да биде ставен на аукција на 16 овој месец, поради извршна постапка поврзана со стар долг на општината.Од Општина Струга информираат дека постапката е попречена поради долг наследен од 2016 година во вредност од околу 1,4 милиони денари. Поради камати и пресметки што се вршат од 2018 година, долгот во моментов изнесува околу три милиони денари.Средствата од продажбата на возилото требаше да бидат наменети за набавка на комбе што ќе го користат спортските клубови и центарот за деца со посебни потреби.Од општината посочуваат дека градоначалникот Менди Ќура е во комуникација со засегнатите страни за да се надмине проблемот и процесот да се заврши во интерес на граѓаните.Службеното „ауди А6“ беше купено за 67.000 евра во периодот кога градоначалник на Струга беше Рамиз Мерко. Набавката предизвика јавна дебата бидејќи возилото беше купено во време кога општината имала блокирана сметка. Против Мерко беше водена судска постапка, но Основниот суд во Струга утврди дека нема вина за набавката на возилото.

Македонија | пред 2 седмици

media-library36s7viunm7s2cCasCny

Струга инвестира 90 милиони денари во модерен водоводен систем

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, заедно со министерот за животна средина, Мухамет Хоџа, реализираа теренска посета за да извршат увид во работите на два значајни проекта кои моментално се во фаза на реализација.На терен се реализира изградба на модерен водоводен систем, инвестиција во вредност од 90 милиони денари, со која се врши замена на старите азбестни цевки со безбедни и современи материјали. Овој проект ќе обезбеди постабилно водоснабдување, намалување на загубите и подобар квалитет на водата за граѓаните. Во моментов се реализирани над 50% од проектот, а работите од првата фаза се очекува да завршат пред почетокот на летната сезона.Воедно, работите на колекторскиот систем Радожда–Калишта продолжуваат според предвидената динамика. Ова претставува значајна инвестиција за заштита на Охридското Езеро и одржлив развој на регионот.Општина Струга останува посветена на реализација на проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните и ги штитат природните богатства на регионот“, информираат од Општина Струга.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrp40vlceu5q5bKQYhhR

На аукција ќе се продава „Аудито на Мерко“, почетна цена 21.800 евра

Општина Струга информира дека на 16 овој месец ќе се одржи аукција за продажба на автомобилот Ауди А6 со почетна цена од 1.344.636 денари или околу 21.800 евра.Аукцијата, како што соопшти општинската прес-служба, ќе почне во 10 часот на интернет страницата e-stvari.mk.Конечно, многу коментираниот автомобил на поранешниот градоначалник на Општина Струга ќе им се врати на граѓаните на Струга.Преку продажбата на ова возило, кое стана вирално во медиумите во земјата и пошироко како автомобилот „со волан од змиска кожа“ или како „убавата кола“, овој подвижен имот ќе се претвори во финансиска ликвидност во буџетот на Општина Струга.Со средствата од продажбата на автомобилот ќе се набави комбе кое ќе служи за потребите на општинската администрација и спортските клубови во градот.Општина Струга ги информира сите граѓани на Струга и пошироко дека на 16.03.2026 година, со почеток во 10:00 часот, на интернет страницата e-stvari.mk, ќе се одржи аукција за продажба на возилото, автомобил тип Audi, модел A6.Огласот бр. 1/2026 за продажба на подвижни предмети – патничко моторно возило, преку електронска аукција (прва објава), веќе е објавен и во Службен весник.Почетната вредност за наддавање на аукцијата за ова возило, според проценката на овластен експерт, изнесува 1.344.636,00 денари, односно околу 21.800 евра.Градоначалникот на Општина Струга, г. Менди Ќура, од првиот ден од преземањето на функцијата, ниту еднаш не ги користел автомобилите од возниот парк на Општина Струга, со цел максимална рационализација на високите трошоци создадени низ годините.Воедно, ја користиме оваа прилика уште еднаш да ги демантираме невистинитите информации објавени претходно во јавноста, кои тврдеа дека почетната проценка на возилото е под пазарната цена.Ги покануваме сите заинтересирани страни да учествуваат на соодветната аукција.На аукцијата ќе бидат објавени сите информации за возилото, како и потребните упатства за аплицирање.Во продолжение ќе бидат објавени и деталните спецификации на возилото, како и соодветната документација, велат од Општина Струга.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Зголемена матност во изворот „Шум“ – водата во Струга се уште не е безбедна за пиење

ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга известува дека, по анализа на примероците од 04.03.2026 година, е утврдено зголемување на матноста на водата во изворот „Шум“, поради што водата од овој извор и натаму не е безбедна за пиење.„Ве известуваме дека, од резултатите од анализата на примероците од вода од 04.03.2026 година од страна на Центарот за јавно здравје - Охрид, утврдено е дека матноста на водата во водоводната мрежа во Струга е во граница на нормала, но има зголемување на вредноста на матност на водата во изворот „Шум“ и поради оваа причина забраната за употреба на вода за пиење продолжува.Ве известуваме дека сите граѓани ќе можат да се снабдуваат со вода за пиење од цистерни на следните локации и времиња:Општа Болница Струга – улица „Ристо Крле“, од 09:00 до 12:00 часотГрадски пазар, од 12:00 до 15:00 часотПлоштад на Револуција – улица „Маршал Тито“, од 15:00 до 18:00 часот“, велат од претпријатието

Македонија | пред 3 седмици

2021-08-02-16-38-42-426

Стружанец изградил куќа и гаража без одобрение, поднесена пријава

Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против М.М. (58) од Струга поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Македонија.Според наводите, пријавениот, во својство на инвеститор, на катастарска парцела лоцирана во Струга, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежниот општински орган, изградил објект за домување и една гаража.Надлежните институции преземаат мерки за понатамошно постапување согласно законските прописи.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Скопјанец повреден во напад во Струга, полицијата трага по сторителот

На 28 февруари 2026 година во Одделението за внатрешни работи Струга било пријавено дека на улицата „Скопска“ во Струга едно лице најнапред физички, а потоа и со остар предмет, го нападнало и повредило Б.Е. (46) од Скопје, соопшти СВР Охрид.Надлежните полициски служби преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 4 седмици

struga

Мојсоска: МВР и ОЈО Струга да се разбуди од зимски сон и да не чека уште еден екоцид за да открие кој незаконски и без концесии работи во Струга

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, информира дека поднела иницијативи до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и до Државниот инспекторат за животна средина за вршење вонредни инспекциски надзори во Струга, поради загадувањето на изворот за питка вода.Додека Струга и 50.000 жители се трета недела без вода за пиење (во 21 век!), поднесов иницијативи до Министерството за енергетика и Министерството за животна средина за вонреден инспекциски надзор над сите субјекти кои поседуваат дозволи за експлоатација во Струга, како и оние кои криминално работат без важечки договори.•Безредието, пасивноста на институциите и корумпираноста во секоја пора на општеството доведе градот на две води да остане БЕЗ ВОДА. Апелирам Министерство за внатрешни работи и ОЈО Струга да се разбуди од зимски сон и да не чека уште еден екоцид за да открие кој незаконски и без концесии работи во Струга и врти милионски профити, додека цената ја плаќаат Стружани.П.С. Секој купен глас скапо коштат.“, вели Мојсоска.

Коментари | пред 1 месец

media-librarytn8dqmtstehhaUyiQyx

Стружани да го исчистат просторот околу своите имоти, во спротивно Комунално ќе фактурира трошоци

Општина Струга започнува акција за отстранување на неконтролирана вегетација, трње и обраснати површини кои го попречуваат движењето и го нарушуваат изгледот на јавниот простор.„Акцијата се однесува на тротоари, улици и јавни површини кои граничат со приватни имоти, а не се одржувани од страна на сопствениците.Ги повикуваме сите сопственици на земјиште, куќи и деловни објекти да извршат чистење и уредување на просторот околу своите имоти.Рокот за доброволно постапување е до 31 март.Од 1 април, Јавното комунално претпријатие ќе пристапи кон чистење на необработените површини, а направените трошоци ќе бидат фактурирани на сопствениците.Комуналните инспектори ќе вршат теренски контроли и ќе постапуваат согласно законските надлежности.Заедно за почиста, побезбедна и поуредена Струга“, велат од општината.

Македонија | пред 1 месец

struga

Мојсоска: Кој „не ги виде“ машините во изворот што ја снабдува Струга со вода?

„Кои институции ’не го виделе’ копањето и машините во самиот извор кој ја снабдува цела општина Струга со вода“, прашува пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку социјалните мрежи, посочувајќи дека според член 100 од Закон за минерални суровини јасно е утврдено кој е одговорен за надзорот над експлоатацијата на минерални суровини.„Член 100 од Закон за минерални суровини презицира кој е одговорен за надзорот над експлоатацијата со минерални суровини.Од државен инспекторат при Министерство за животна средина и ПП, инспекторат во Министерство за енергетика рударство и минерални суровини (претходно техничка инспекција) и секако како најповикани и НАЈПАРТИЗИРАНИ - ОЈО СТРУГА и Министерство за внатрешни работи.Ниту обвинителите во Струга, ниту МВР "не знаеле" и "не виделе" дека машини се поставени во самите извори, во населено место и дека копаат без концесија/ со истечена концесија (според официјалните информации од ОЈО Струга). Улогата на обвинителството и МВР е ПРЕВЕНТИВНА (а не откако ќе се случи екоцид) - ама вработувањето на КЛАТОГЛАВЦИ го зема својот данок.БОНУС прашање: ОЈО Струга официјално извести дека „додека на терен собирале докази, ги затекнале машините на двете фирми кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите". Зошто НЕ СЕ ОДЗЕМЕНИ машините од фирмите со кои се фатени во вршење кривично дело, како што предвидува член 100 од Закон за минерални суровини?!“, пишува Мојсоска.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryga57ac9t188e9dTEIQd

Товарно возило усмрти жена во Струга, возачот приведен

Седумдесетгодишна жена од селото Мислодежда почина по сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на улицата „Струшки Кепенци“ во Струга.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 февруари 2026 година, околу 16.30 часот, во ОВР Струга било пријавено дека товарно возило „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.О. (57) од Струга, удрило во И.И. (70) од село Мислодежда, струшко.По несреќата, повредената била пренесена во Медицинскиот центар Струга за укажување лекарска помош, каде подоцна им подлегнала на повредите.На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга. Во 21.40 часот полициски службеници го лишиле од слобода возачот Н.О., а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 месец

2021-08-02-16-38-42-426

Сомнеж за незаконита експлоатација и загадување на водата во Струшко

По наредба на Основно јавно обвинителство Струга, истражните органи презеле дејствија за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, при што затекнале работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во непосредна близина на изворите.Поради сомненија за кривични дела – незаконита експлоатација на минерални суровини по член 225-а и загадување на водата за пиење по член 219 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост.Со предлогот се бара забрана за правните лица да ги посетуваат парцелите каде што вршеле ископ, како и забрана да преземаат какви било работни активности на тоа подрачје.Од Обвинителството информираат дека продолжуваат со обезбедување докази и испитување на евентуалната кривична одговорност во врска со, како што се наведува, енормното загадување на изворите во Шум, од каде што подрачјето на Струга се снабдува со вода за пиење.

Македонија | пред 1 месец

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Охрид СОС за водата во Струга: Децении игнорирање и непреземање мерки за трајно решавање на проблемот испливаа на површина

Во Општина Струга веќе две недели водата од градскиот водовод е небезбедна и забранета за пиење. Граѓаните и понатаму немаат дозвола да ја користат водата за пиење и подготовка на храна, откако лабораториските анализи покажаа сериозно влошување на нејзината чистота.Локалниот градоначалник Кура соопшти дека две компании кои вршеле ископувања кај изворите во село Шум, надвор од Струга, предизвикале загадување на водата. Тој бара итна санација на изворите и кривична одговорност за сите одговорни за штетата, со цел да се обезбеди безбедно снабдување на граѓаните.Од Охрид СОС велат дека замижувањето пред сериозните предизвици и континуираното маскирање на проблемот и непреземање конкретни активности со цел негово трајно решавање испливаа на површина.„Деценискиот сериозен проблем со водоснабдувањето во Општина Струга поради загадување и зголемена заматеност на водата од изворите кај село Шум, од каде градот се снабдува со питка вода кулминира деновиве. Замижувањето пред сериозните предизвици и континуираното маскирање на проблемот и непреземање конкретни активности со цел негово трајно решавање испливаа на површина. Анализите покажаа дека матноста на водата е значително над здравствено дозволените параметри, поради што водата е забранета за користење, и покрај тоа што последниве денови заматеноста делумно опаѓа.Изминативе денови медиумите се полни со информации дека локалните власти и надлежните инспекциски служби, вклучувајќи го и Основното јавно обвинителство – Струга, започнале истраги и теренски проверки за да ги утврдат причините за загадувањето, со цел да се најде одговорност и да се спречат понатамошни еколошки штети. Од никаква активност одеднаш зголемен интерес за проблемот и будење на одредени институции и сектори кои одамна требаше за ова да реагираат и да спречат ваков епилог.Теренските проследувања укажуваат на активности како експлоатација на минерални суровини и градежни интервенции во непосредна близина на изворите, неконтролирано урбанистичко ширење со потенцијал за инфилтрација на отпадни води, интензивна употреба на хемиски средства во земјоделството, но и користење на непосредната околина околу изворите како локација за депонирање огромни количини разновиден неселектиран отпад. Сите овие фактори можат да влијаат на квалитетот на подземните води што ги напојуваат овие извори.Оваа вонредна состојба дополнително ја поставува во фокус потребата за подобро управување со природните ресурси, систематско следење на ризиците и конкретни мерки за заштита на изворите што ги користат илјадници граѓани, бидејќи секое продолжено загадување директно го загрозува здравјето и секојдневниот живот на населението. Останува да видиме дали институциите ќе бидат на висина на своите ингеренции и конечно ќе го одбранат јавниот интерес, ставајќи крај на децениските практики кои имаат погубно влијание врз животната средина“, велат од Охрид СОС.

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Возач од Струга приведен со 1,61 промили алкохол, му е одземено возилото

Секторот за внатрешни работи Охрид информира дека на 18 февруари 2026 година во 22 часот, на магистралниот пат Струга–Вевчани, во близина на Струга, полициски службеници го лишиле од слобода Т.К. (54) од Струга.При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал приведениот. По преземените мерки било утврдено дека управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,61 промили алкохол во крвта.По насоки на јавен обвинител, лицето било исклучено од сообраќај, возилото му било одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување моторно возило“.

Охрид | пред 1 месец

media-libraryl67klaqg5f99ag1MWw0

Левица: Дали експлоатација на минерали од приватна фирма ги загадува струшките извори?

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода за снабдување. Иако институциите соопштија дека се преземаат мерки за лоцирање на причините, сеуште нема никакви официјални информации како загаденоста на водата во Струга достигна 30 пати над дозволеното, велат од Левица.„До Левица пристигнаа информации дека над самиот извор се врши експлоатација на минерали од приватна компанија "Ми транс". Дали активностите преземени при експлоатацијата довеле до екстремно загадување е прашање на коешто што побрзо треба да одговорат надлежните институции.Левица го повикува Државниот инспекторат за животна средина и надлежниот инспекторат во рамки на Министерството за енергетика итно да излезат на терен и да извршат вонреден инспекциски надзор. Надлежните институции мора да дадат одговор дали несоодветна експлоатација на минерали во самите извори ја предизвикало оваа хаварија и дали е несоодветно издадена дозвола за експлоатација.Институциите и градоначалникот не смеат да го заташкаат случајот и мора точно да ја утврдат одговорноста поради која 50.000 граѓани се оставени без чиста вода за пиење“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

voda

Енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителство отвори предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.„Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење. При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки“, известуваат од ОЈО.По пет дена криза со загадена вода во Струга, вчера директорот на ЈП „Водовод“ Меџијаит Јусуфоски поднесе оставка од морални причини. Градот останува со целосна забрана за користење на водата поради екстремната заматеност.Од чешмите во Струга тече темнокафеава вода, а анализите покажаа дека заматеноста е дури 30 пати над дозволеното. Водата е прогласена за технички неисправна и не смее да се користи ниту за пиење, ниту за готвење, ниту за лична хигиена.

Македонија | пред 1 месец

media-library8j992f6b0rn98ccXzLZ

Левица го обвинува ОЈО Струга и Вишото јавно обвинителство за заштита на дивоградба во центарот на градот

Иако во центарот на Струга една година непречено се гради дивоградба (која узурпира државно земјиште), деновиве се потврди дека сите инстанци на обвинителството се продолжена рака на криминалот и урбанистичото дивеење. По поднесена преставка до Вишото јавно обвинителство во Битола поради непостапување по кривична пријава за бесправно градење, вишиот јавен обвинител Пецо Везироски констатира дека “струшкиот обвинител стручно и ажурно постапил”, и покрај тоа што јавниот обвинител во Струга една година дозволува во Струга да никне дивоградба во заштитена зона, велат од политичката партија Левица.„Потсетуваме дека пратеничката Јована Мојсоска, уште во декември минатата година, поднесе кривична пријава до ОЈО Струга заради бесправно градење. Иако рокот за одговор од страна на јавниот обвинител е три месеци, повеќе од една година јавниот обвинител од Струга нема доставено одговор до подносителот на кривичната пријава. Во моментот на поднесување на кривичната пријава, објектот беше во фаза на подрум. Денес, објектот е целосно изграден (подрум, приземје, два ката и поткровје), благодарение на непостапувањето на ОЈО Струга. Оваа одлука на вишиот јавен обвинител Пецо Везироски е скандалозна и со ваквиот „штитенички“ однос, Везироски само го охрабрува незаконитото постапување на ОЈО Струга. Поради ваквото непрофесионално однесување на обвинителите кои се продолжена рака на безаконието, Левица ќе поднесе претставка до Советот на јавни обвинители за работата на јавниот обвинител од ОЈО Струга и Вишиот јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Битола. Корупцијата во обвинителската фела очигледно се пресликува и на повисоките нивоа, затоа што токму оние кои треба да го санкционираат ваквото непостапување на струшкиот јавен обвинител (во случајов Вишо јавно обвинителство Битола) - истото констатира дека нема никаков пропуст што во центар на градот се гради бесправно, за што е изречено и решение од овластен градежен инспектор“, додаваат од партијата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Две вработени во обложувалница во Струга лажеле дека се ограбени, парите си ги поделиле

Две вработени во обложувалница во Струга лажно пријавиле разбојништво ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Д.(43) и Д.М.(48), двете од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно пријавување кривично дело“ и „затајување“.Двете, вработени во спортска обложубвалница, по претходен меѓусебен договор, на 30.12.2025 во ОВР Струга пријавиле кривично дело „разбојништво“ односно дека во спортската обложувалница каде работеле, наводно влегло машко лице и со закана со пиштол им ги побарал парите од дневниот промет, по што избегал.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5oa7gdukklokdK76i2X

АХВ затвори 9 новогодишни куќарки во Струга поради сериозни хигиенски пропусти

Агенцијата за храна и ветеринарство – Агенција за храна и ветеринарство спроведе вонреден инспекциски надзор во девет новогодишни куќарки лоцирани во градската чаршија во Струга, при што издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување на основни хигиенски услови.Контролата била извршена на 22 декември, а инспекторите утврдиле сериозни неправилности во работењето. Во куќарките работеле физички лица кои не ги исполнувале минималните санитарно-хигиенски стандарди пропишани со закон.Меѓу утврдените пропусти се наведува дека објектите не биле поврзани на градската водоводна мрежа, немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, а лицата кои подготвувале и продавале храна немале извршено задолжителни здравствено-санитарни прегледи. Дополнително, не биле почитувани ниту правилата за Добра производствена и Добра хигиенска пракса.На угостителите им се изречени парични казни во износ од по 200 евра во денарска противвредност, а истовремено им се издадени и налози за задолжителна регистрација во Агенцијата како оператори со храна.Од АХВ информираат дека решенијата за времена забрана за вршење на дејност ќе останат во сила сè додека не бидат исполнети сите законски и хигиенски услови за безбедно работење.Од Агенцијата апелираат до сите оператори со храна да ги почитуваат пропишаните стандарди, особено во периоди на зголемена фреквенција на граѓани, со цел заштита на здравјето на потрошувачите.

Македонија | пред 3 месеци

media-library05ol27tftfj1crMAwXz

Пукал од кола кон стан во Струга - уапсен маж за настан од крајот на октомври

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Г.М. (48) од селото Подмоље, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите од полицијата, на 30 октомври 2025 година, на улицата „Маркс Енгелсова“ во Струга, пријавениот од патничко возило „пежо“ со охридски регистарски таблички, кое го управувал, испукал неколку куршуми од пиштол „Взор“ калибар 7,65 милиметри кон стан во сопственост на Д.М. од Струга.Во инцидентот, според досегашните информации, нема пријавени повредени лица, а случајот е целосно документиран и предаден на надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Измамена старица: „За 8.000 евра можам да ја спасам ќерќа ти од затвор која прегази дете на пешачки“

Во Струга е расчистен сериозен случај на измама во кој цел била 77-годишна жена од струшко село. Полицијата уапси 40-годишен маж од охридското село Горно Лакочереј – Н.С., осомничен дека преку телефонско лажно претставување и заплашување дошол до 8.000 евра.Акцијата за приведување била спроведена вчера (17.12.2025) во 11:40 часот од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, во координација со криминалистичката полиција – Сектор за општ и насилен криминал.Според пријавата, измамата се случила на 11 декември, кога осомничениот ја повикал повозрасната жена и ѝ соопштил лажна, драматична вест: дека нејзината ќерка наводно прегазила дете на пешачки премин. Притоа тврдел дека може да ја „спаси“ од затвор, но само ако веднаш му предаде пари.Жената, преплашена и убедена дека ќерка ѝ навистина се соочува со кривична постапка, се согласила да се сретне со измамникот и му ги дала 8.000 евра. Осомничениот потоа заминал.По целосно документирање на случајот, против Н.С. е поднесена кривична пријава за кривично дело „измама“.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryu9okj8sr8gqo3j8tK6Q

Стружанец приведен со 388 пиротехнички средства

На 08.12.2025 во 17:00 часот во струшкото село Долна Белица, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.М.(34) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 388 парчиња различни пиротехнички средства, кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarym5eut5fidd3vbhVWm23

Психолог од Струшката болница, избркана поради бременост – од стрес го изгубила бебето во седмиот месец

Психолог од ЈЗУ Општа болница Струга, воедно магистер по специјална едукација и рехабилитација и психотерапевт со 14-годишно искуство и бројни професионални обуки, останала без работа веднаш по откривањето дека е бремена. Како што објави „Сакам да кажам“, последицата од стресот што го претрпела била трагична – жената го изгубила бебето во 27-та недела од бременоста.Иако цели 23 години работела со договор на определено време, по 40 часа неделно, без прекин и без статусно решение, договорот не ѝ бил продолжен на 31 декември 2024 година – токму кога очекувала конечно вработување по ланските парламентарни и претседателски избори. На нејзино место бил примена друга, помлада кандидатка, а во исто време директорот на болницата вработил уште 65 лица од различни профили.Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека над оштетената е извршена директна интерсекциска дискриминација – истовремено по основ на пол, возраст и бременост.Во пријавата доставила медицински докази од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство дека била во целосно уредна и безризична бременост.„Поради стресот што го доживеав од губењето на работното место, на 4 март 2025 година, во скоро 27 гестациска недела, го изгубив моето чедо. Јас сум здрава жена, со уредна бременост. Тортурата врз мене го направи своето“, напишала таа во пријавата.Директорот на болницата пред Комисијата не го негирал фактот дека на местото на избрканата е вработен друг психолог, ниту дека примил уште 65 лица. Сепак, под „морална и кривична одговорност“ тврдел дека никогаш не ѝ рекол да си оди дома затоа што е бремена.

Македонија | пред 4 месеци

240646547_996452591177168_8429942148345254552_n

Го натерал девојчето да проси, па ѝ ги земал парите, приведен татко во Струга

Маж од Скопје е уапсен во Струга затоа што ја користел својата малолетна ќерка за просење и ги земал парите што ги собирала.Текст:Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(30) од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 22.10.2025 во Струга, полициски службеници во содејство со Центарот за социјални работи извршиле контрола на ул.„Маршал Тито“, при што го затекнале пријавениот како ја носи неговата малолетна ќерка да проси и потоа ги земал парите од детето. Тој веднаш е лишен од слобода и поднесена му е пријава.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања