Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СТРУЈА

electricity-meter-96863_1280

Инженерите бараат сметки за струја според реално измерени податоци

Здружението на инженери реагира и бара сметките за струја да не бидат паушални, туку да се издаваат врз основа на реално измерените податоци од струјомерите.Бараат бришење на член 31 од Правилникот за снабдување кој дозволува издавање на сметки за електрична енергија врз основа на проценета, а не реална потрошувачка на струја. Потсетуваат дека во новиот Закон за енергетика, кој стапи на сила, јасно е уредена обврската за мерење и фактурирање на електричната енергија според реалната потрошувачка.

Македонија | пред 10 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Зошто снема струја: утринава цела Македонија беше во мрак

Рано утринава, цела Македонија остана без струја, поради дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Па така, жителите на Скопје, но и на Гевгелија, Куманово, Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Крушево беа без електрична енергија.Од „МЕПСО“ велат дека станува збор за проблем кој го има во Европа, но и регионот.„Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината. Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата“, соопшти АД МЕПСО.Електричната енергија се врати во функција за еден час, а во некои региони по часа за два часа по прекинот.

Македонија | пред 10 месеци

479312330_122137647698564510_2611584920990298297_n

Се активира нова опрема за проверка на струјомери: Завршува ерата на неточни броила

„Завршува ерата на неточни броила!“, најави Министерството за енергетика, од каде додаваат:„Долги години, граѓаните се соочуваат со сомнежи за точноста на своите броила, Министерството за енергетика бара итно ставање во функција на софистицираната опрема за проверка на струјомерите, која 7 години собира прашина во Бирото за метрологија.Министерката Сања Божиновска веќе даде јасни насоки – граѓаните мора да добијат право на независна проверка на своите броила во државна институција. Ова значи дека секој сомнеж за неправилно фактурирање ќе може да се провери со прецизни и официјални мерења!➡️ Бирото за метрологија веќе започна процес за активација на опремата.➡️ Граѓаните ќе добијат транспарентен и праведен систем за мерење на потрошената енергија.➡️ Компаниите кои ги инсталираат броилата ќе бидат под дополнителна контрола!Точноста во мерењето на струјата не е привилегија – туку право! Министерството за енергетика останува посветено на вистински решенија кои носат промени“.

Македонија | пред 1 година

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Струјата од Нова година поскапа - познато за колку

Од први јануари, нема да има ценовен шок за ценатс на струјата. Сметките во просек ќе бидат повисоки за околу 1 проццнт во зависност од тарифните блокови.Во првиот блок струјата ќе поскапи за 0,68%, во вториот блок за 0, 90%, за корисниците во третиот блок 1,93% и за најголемите потрошувачи на струја од четвртиот блок за 2,24 проценти.Според пресметките ако до сега едно семејство плаќсло 2.000 денари месечно за струја и е во првиот блок, од Нова година ќе плаќа 13,6 денари повеќе.На просечна сметка за струја од 2.300 денари, ќе има зголемување од околу 21 денар.Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, на прес-конференција информираше дека ЕВН Хоме на почетокот на месецот доставиле барање цената на струјата за домаќинствата да се зголеми за 4,4 проценти. Ова, рече е коригирано со цел да се заштити стандардот на граѓаните и да не се предизвика голем ценовен шок.

Македонија | пред 1 година

bandera-za-struja-960x616

Дел од општините Центар и Карпош денес без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:· од 08:30 до 11:00 часот, корисниците од дел од улицата Тетовска во општина Центар;· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците во околината на последната автобуска станица на ЈСП - линија 57, во населба Нерези во општина Карпош;· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Орце Николов, Крагуевачка, Драган Ѓаконовски – Шпато, Беджих Сметана и Миладин Поповиќ во општина Карпош.

Скопје | пред 1 година

EVNzgrada

Од Нова година, струјата поскапа најмногу за 1 процент

Претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски ги презентираше нивните пресметки, според кои цената на електричната енергија ќе се зголеми за најмногу 1% од почетокот на 2025 година.„Не очекувам просечната цена на домаќинствата да биде поголема од 1 процент. Во однос на оној дел што е најважен за домаќинствата и за малите потрошувачи, кај мрежарината, вклучувајќи ја цената на преносот и на дистрибуцијата има намалување за 7 проценти. Успеавме да ја намалиме мрежарината затоа што одредени компании имаат поголем профит од она што беше одредено. Позната е и цената по која ЕСМ ќе продава струја на ЕВН хоум”, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Македонија | пред 1 година

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Доаѓаат нови цени: ќе поскапи ли цената на струјата од јануари

ЕВН ќе купува поскапа струја за 2 евра по мегават од државната ЕСМ. Ја прифатиле нивната понуда од 62 евра за мегаватчас, како најповолна. Оваа цена е за 3,33% повисока од претходната, која изнесуваше 60 евра за мегаватчас, информираат од универзалниот снабдувач.Практично, цена е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година.„Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри. Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција“ – ЕВН Хоум.Новата цена на струјата треба да биде дефинирана до крајот на годинава, а ќе важи од први јануари.Претходно, премиерот Христијан Мицкоски рече дека максимумот што може да се случи е да има покачување на цената од 3 проценти во третиот и во четвртиот блок, а во првиот и во вториот блок, каде што се најголем број од потрошувачите, да нема никакво покачување. Но, доколку продолжи овој тренд со цената на струјата, а државата ннема мерки, тешко ќе биде да се задржат цените.

Македонија | пред 1 година

evn-rabotnici

Општините Карпош и Центар денеска без струја

ЕВН Македонија, известува дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:- Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата Славејко Арсов (кај Вју Ин Хотел) во општина Центар и- Од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Ловќенска 1, 2 , 3 и 9 во општина Карпош.

Скопје | пред 1 година

7625e0ff-b473-4375-a60f-6c6cfea87944

Села во кратовско од вчера немаат струја, отежнато движењето на возилата поради снегот на патниот правец Пробиштип - Страцин

На подрачјето на Општина Кратово од утринава има врнежи од снег. Висината на снежната покривка во градот на улиците и на регионалниот патен превец Пробиштип - Страцин е околу 5 см со што е отежнато движењето на возилата, извести ЦУК.Не терен се излезени вработените на Јавното претпријатие Кратово и со трактор со корпа се чистат улиците во градот. Од ЈП Македонија пат-Пункт Страцин велат дека очекуваат да пристигне камион-чистач од Крива Паланка и ќе започнат со чистење на овој патен правец.Во низинските села висината на снежната покривка е околу 5 см. и задолжителна е зимска опрема. Во планинските села односно на патниот правец Кратово-село Каврак висината на снежната покривка е од 15 до 25 см со што сообраќајот се одвива отежнато со теренски возила со зимска опрема.Селата Трновец, Талашманци и Крилатица од вчера немаат електрична енергија и од ЕВН известуваат дека екипи се на терен за да го лоцираат дефектот.

Македонија | пред 1 година

burning-lamp-hangs-dark-blurred-background

Надминат е дефектот: сите места во Ѓорче Петров добија струја

ЕВН го отклони дефектот кој остави дел од Ѓорче Петров без струја. Сите населени места сега имаат напон, а мрежата е повторно во функција.До проблемот дошло кај повеќе трафостаници. Дефектот беше посериозен, но е надминат.

Скопје | пред 1 година

struja-4

Неколку скопски населби без струја

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:· Во период од 09,00 до 14,00 часот општина Зелениково нм Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, С,есница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево;· Од 08,30 до 12,30 часот општина Ѓорче Петров дел од село Волково;· Од 09,00 до 13,00 часот општина Карпош дел од корисниците на улица Ангел Динев во населба Влае;· Од 13,30 до 14,30 часот општина Ѓорче Петров дел од село Радуша

Скопје | пред 1 година

struja-1

Неколку општини во Скопје без струја

Поради планирани прекини во електро дистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат следните корисници:- Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.Тодор Чангов. (опш.Аеродром);- Oд 08:30 до 12:00 часот, дел од корисниците од село Злокуќани. (опш.Карпош);- Од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од Волково на ул.81, 79, 87, 91 (опш.Ѓорче Петров);- Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците Архитекст Никола Добровиќ, Пушкинова. (опш.Аеродром);- Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците Даме Груев, Мито Хаџивасилев Јасмин (oпш. Центар);- Од 12:00 до 13:00 часот, Пумпна станица Шуто Оризари. (опш. Шуто Оризари).

Скопје | пред 1 година

struja

Без струја делови од неколку скопски општини

Поради планирани прекини во електро снабдувањето, денеска, без електрична енергија ќе бидат следните корисници:- Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата Ѓорѓи Капчев (општина Аеродром);- Oд 09:00 до 15:00 часот, корисниците покрај пругата од лева страна накај обиколница во село Волково; Од 11:00 до 13:30 часот, корисниците од дел од село Волково, дел од ул.56 (општина Ѓорче Петров);- Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов зграда бр.72 и улицата Атинска зграда бр.12 (општина Карпош);- Од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од село Љубин; Од 13:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Бојане (општина Сарај);- Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од село Катланово (општина Петровец);- Од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од село Љубин (општина Ѓорче Петров); и- Од 11:00 до 13:30 часот, корисниците од дел ул. 56 во Волково (општина Ѓорче Петров)

Скопје | пред 1 година

evn-ptici-struen1

Делови од Аеродром, Сопиште и Зелениково без струја

Поради планирани прекини во електро снабдувањето денеска, без електрична енергија ќе бидат следните корисници:- Во период од 09.00 до 15.00 часот дел од корисниците во Тоар, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево. (општина Зелениково)- Во период од 09.00 до 12.00 часот дел од корисниците од село Горно Соње (кај црквата) (општина Сопиште).- Во период од 09.00 до 14.00 часот во Поликлиника Јане Сандански (општина Аеродром)

Скопје | пред 1 година

struja-1

Неколку скопски општини без електрична енергија

Поради планирани прекини во електро снабдувањето денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од неколку скопски општини.- Во период од 08,00ч до 15.00ч дел од корисниците во ЧОЈЛИЈА: фабрика Пјурели Плант, фотоволтаци Нордик, Еуровиа, Енерџи Груп во индустриска зона Чојлиа (општина Илинден)- Во период од 08,30ч до 11.30ч дел од корисниците од ул. Крсте Асенов, ул. Добри Даскалов, дел од бул. Христијан Тодоровски Карпош (општина Чаир),- Во период од 11.30ч до 14.30ч дел од корисниците од ул Ресенска, дел од ул. Втора Македонска Бригада, дел од ул Кемал Сејфула (општина Чаир)- Во период од 09.00ч до 15.00ч дел од корисниците од с. Сопиште ( ул 134 кај гробиштата) (општина Сопиште).

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-16-114135

Оваа година нема дополнителен час евтина струја, кажа Бислимоски

Граѓаните оваа година нема да добијат уште еден час плус евтина струја, останува временскиот период од 13 до 15 часот, изјави претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.Воведувањето на уште дополнителен еден час евтина тарифа ќе се одложи за наредната година. Бидејќи цената на струјата на берзите е многу висока. Тој исто така информираше дека до следното лето цената на парното нема да се зголеми„Но, кога разговаравме за воведување на евтина тарифа, за жал од 20 до 24 часот, цените се убедливо високи во сите останати периоди и во евтина и во скапа тарифа. И доколку би го следеле пазарот, воведување на евтина тарифа би било од 12 до 16 часот, но ќе треба оваа евтина тарифа што ја имаме од 22 до 24 часот, кога имаме реално високи цени, да се укине.Ние како РКЕ од воведувањето на евтината дополнителна тарифа нема да се откажеме, ќе ги следиме случувањата, но не сакаме да предизвикаме дополнителни проблеми пред се во ЕСМ, затоа што зголемената потрошувачка во дневна евтина тарифа ќе треба да се надомести од некаде. Разговаравме со ЕСМ и со ЕВН Хоум, немаат забелешки и тие се за дополнителен час евтина тарифа, заеднички заклучивме дека ќе ја следиме сутацијата имајќи предвид дека ќе имаме сериозни најави за зголемување на електирчната енергија од јануари“, изјави Бислимоски.„Ние сме единствена земја во регионот со евтина енергија преку ден и верувам дека ќе воведеме дополнителен час кога ќе се создадат услови. Ако ја прекинеме евтината струја од 22 до 24 часот, нема да биде прифатено поради навиките на граѓаните. Реално ако тие ги ставиме во скапа тарифа, граѓаните ќе имаат помалку бенефит“, дополни претседателот на РКЕ.

Македонија | пред 1 година

evn-ptici-struen1

Неколку скопски општини денеска без струја

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, денеска без електрична енергија ќе останат корисниците на неколку општини во Скопје.Во период од 08.30 до 11.00 часот дел од улицата Методија Митевски објектите околу ОУ Исмаил Ќемали (Рајко Жинзифов), ОУ Исмаил Ќамали, ул. Никола Грчето, ул. Петар Ичко во oпштина Чаир.Од 11.30 до 14.30 часот улица Никола Малешевски, улица 7 Црвена Вода и улица Сремски Фронт во општина Центар.Од 09.30 до 11.00 часот дел од улица Франце Прешерн (на почеток на улицата) во општина Ѓорче Петров.Од 09.00 до 14.00 часот корисниците на Горно Соње, дел од село Соње и населба Коштан во општина Сопиште

Скопје | пред 1 година

evn-rabotnici

Делови од Гази Баба, Карпош и Илинден денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:- во периодот од 07.30 до 14.30 часот, корисниците од селата Дељадровци, Миладиновци и Текија, како и корисниците приклучени на приватните трафостаници Макпетрол – Миладиновци – Плинара, ЖТП Миладиновци – Рампа и Патарина Миладиновци. (општина Илинден)- во периодот од 08.20 до 11.20 часот, корисниците од улиците Карл Либнехт и Модест Мусогорски, објектот на детската градинка Детелинка, како и дел од корисниците од улиците Карл Хрон и Темко Попов. (општина Гази Баба)- во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Милан Марковиќ.(општина Карпош)- во периодот од 11.30 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Гаврил Лесновски. (општина Карпош)- во периодот од 11.40 до 14.20 часот, корисниците од улиците Карл Либнехт, Анри Барбис и Темко Попов, како и дел од корисниците од ул. Благоја Стевковски. (општина Гази Баба)

Скопје | пред 1 година

57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Без струја две скопски општини

Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:- Во период од 10:30 – 11:00 часот, дел од корисниците на место.наречено Присојница – Горно Нерези во општина Ѓорче Петров– Во период од 09:00 – 12:00 часот, дел од булевар Борис Трајковски (кај Вардар мебел) во општина Кисела Вова.

Скопје | пред 1 година

57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Без струја делови од Карпош и Ѓорче Петров

ЕВН Македонија АД добивме известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:- во периодот од 08.30 до 12.00 часот, корисниците од улиците број 10, 40, 42, 44 и 46 во населба Кисела Јабука. ( општина Ѓорче Петров )- во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Јуриј Гагарин бр.17.( општина Карпош )- во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Архиепископ Доситеј, корисниците лоцирани околу фабриката Карпош, објектот на КАМ маркет, како и зградите кај Александрија. ( општина Ѓорче Петров )- во периодот од 10.30 до 11.30 часот, дел од корисниците од ул. Леринска. ( општина Карпош )

Скопје | пред 1 година

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Аеродром во мрак

Повеќе од еден час жителите на општина Аеродром се без струја.По силното невреме кое го зафати дел од Скопје, жителите на оваа општина околу половина час беа без електрична енергија, по што повторно имаше прекин.За сега нема информации која е причината за прекинот.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Цената на електрична енергија за 88% од домаќинствата кои се во прв и втор блок се зголемува за 0,4 %

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека универзалниот снабдувач ЕВН Хоме соодветно го применил тарифниот систем при изготвување на одлука за нови цени, распоредувајќи ги трошоците по блокови на начин што цената на електрична енергија за 88% од домаќинствата кои се во прв и втор блок се зголемува за 0,4 %.„За 88% од домаќинствата кои се во прв и втор блок цената на електричната енергија има корекција од 0,4%. За оние потрошувачи кои се во трет блок, а тоа се околу осум проценти од домаќинствата цената се зголемува за 0,48% и за четврт блок цената е зголемена за 0,57%. Клучно е сега универзалниот снабдувач да ја следи дадената регулаторна насока за оптимизирање на набавката на останатите 15 % за количини на електрична енергија што ЕСМ не ги понуди, и сега треба да се набават на слободен пазар . Треба да се бараат креативни решенија кои ќе бидат во интерес на граѓаните и да се размислува кон откуп на струја од домашните капацитети од обновливи извори. Неопходно е да има конкуренција и да се искористи моментумот кога цената на струја на берзите е поволна. “ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.27.6.2024

Македонија | пред 1 година

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Нема да има поскапување на струјата од први јули, изгласани измените на Законот за енергетика

Синоќа во Собранието по скратена постапка беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за енергетика поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Измените беа усвоени со 84 гласови „за“.Пратениците на СДСМ најавија дека ќе го поддржат законот, и кажаа дека тој е продолжение на добрите политики на минатата влада, нешто за кое од ВМРО-ДПМНЕ не се сложија.

Македонија | пред 1 година

struja-585x447-1

Познато е зошто речиси цела Црна Гора и делови од Босна и Хрватска останаа без струја

Речиси целата област на Црна Гора е без струја поради прекини на мрежата, соопшти Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС).ЦЕДИС соопшти дека снемало струја поради прекин на мрежата на Црногорскиот електропреносен систем (ЦГЕС).Како што соопштија од Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС), се уште не се познати причините за прекинот на мрежата.Јавноста ќе биде известена кога ќе го идентификува прекинот и ќе има повеќе детали во врска со обновувањето на електричната енергија.Подгорчани поради прекин на струја немаат ни вода.Како што пренесуваат регионалните медиуми, без струја се и Далмација и дел од Босна и Херцеговина.

Свет | пред 1 година

struja

Без струја дел од Карпош, Ѓорче и Гази Баба

Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска (вторник), без електрична енергија ќе останат следните корисници: - Во период од 10.00 - 14.00 часот дел од ул. Џумајска о. Карпош;- Во период од 09.00 - 11.00 часот Трубарево улиците 1, 2 и 7 и ул. Вера Јоцич околу црквата Св. Ѓорги Победоносец о. Гази Баба;- Во период од 09.00 - 14.00 часот дел од Александар Македонски од бр. 30 до бр. 49 о. Ѓорче Петров.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања