Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СТУДЕНТИ

education-concept-student-studying-brainstorming-campus-concept-close-up-students-discussing-their-subject-books-textbooks-selective-focus

Студирање во светот vs во Македонија: Бесплатни оброци, слободно време, без бркање на професори

Младинското движење на студентите „Студентски отпор“ за денеска во 16 часот најави мирен протест пред Собранието под мотото „Стоп за уништување на студентскиот стандард“.Во врска со оваа тема се огласи и корисник на твитер кој направи споредба помечу студирањето во Македонија и студирањето во Словенија.„Да кажам нешто на темата "во цел свет студентите работат само кај нас чекаат од државата" после 5 години студирање во "светот" кој го зборите:1. Во Словенија сите словенци кои ќе упишат факс земаат стипендија од државата.2. Студентски бонови - бесплатна храна. Бесплатна храна/храна во ресторани за смешни цени. Сите студенти имаме право на ова.3. Имаме време да работиме бидејќи не одиме на факултет по 5 пати во 3 дена да го бркаме професорот за потпис кој рекол дека ќе биде во кабинет а не е.4. Не губиме саати и саати во расправање на студентски прашања и трчање по институции по документи.5. Работиме за 7 евра/саат во кафич, пријавени, додека во Мк е 1,5 евра саат и затоа ни се исплати да работиме.Земете ги овие ствари во предвид пред да јадете г*мна. Фала“, стои во објавата.https://twitter.com/TeaVelk/status/1591735460681883649?s=20&t=9mOB-EJbmZS4z4L0Qlh_KQ

Коментари | пред 3 години

w_56736105

Најчевска ја “плесна” јавно, откако Владата “удри” по студетите

Не стивнуваат реакциите од синдикатите и јавноста по објавувањето на владиниот документот за штедење во јавниот сектор. Освен намалување на платите на административците и јавните службеници, во документот јасно стои дека Владата има намера да го зголеми бројот на паралелки кои наставата ќе ја следат во една просторија, можни се намалувања на висината на стипендиите кои ги добиваат студентите, а ќе се прави и измена во обемот на храната која ја добиваат студентите од студентските мензи.„А наместо да се удира по студентите да се:- намали бројот на министерства и непродуктивен кадар во министерствата- бројот на општини и непродуктивна администрација во општините-надзорни и управни одбори и платените лешпери во истите- непотребно вработени јавни службеници по принципот партиска книшка- вработување- да се исплаќа на парламентарците и функционерите додаток за патување во висина на јавен превоз- да се врати Мариќиќ со свитата од шетање по европските градови- да се намали бројот на делегациите кои шетаат по светот- ...“, вели професорката Мирјана Најчевска.

Коментари | пред 3 години

maricik

Намалени оброци за студентите, ги тренираат ли за да не јадат воопшто?, јавноста вика: Само Маричиќ не го оставајте гладен

Не стивнуваат реакциите од синдикатите и јавноста по објавувањето на владиниот документот за штедење во јавниот сектор. Освен намалување на платите на административците и јавните службеници, во документот јасно стои дека Владата има намера да го зголеми бројот на паралелки кои наставата ќе ја следат во една просторија, можни се намалувања на висината на стипендиите кои ги добиваат студентите, а ќе се прави и измена во обемот на храната која ја добиваат студентите од студентските мензи.Ова се реакциите на социјалните мрежиhttps://twitter.com/yakiboyyyyz/status/1580941106061025280?s=20&t=tXN-mDKrooHbLjvhOeryzAhttps://twitter.com/Mrchatina/status/1580926852927205376?s=20&t=tXN-mDKrooHbLjvhOeryzAhttps://twitter.com/natwnajubaviot/status/1580926392174530560?s=20&t=tXN-mDKrooHbLjvhOeryzAhttps://twitter.com/natwnajubaviot/status/1580907621678477320?s=20&t=tXN-mDKrooHbLjvhOeryzAhttps://twitter.com/Minskonhet_/status/1580918989437689856?s=20&t=tXN-mDKrooHbLjvhOeryzAhttps://twitter.com/toilet_paper10/status/1580952797700235265?s=20&t=-i1jTQAATr9FW_d5zLbooghttps://twitter.com/svirce3/status/1580918566979010561?s=20&t=-i1jTQAATr9FW_d5zLbooghttps://twitter.com/Minskonhet_/status/1580836131733590016?s=20&t=-i1jTQAATr9FW_d5zLbooghttps://twitter.com/toopersonal_1/status/1581027915382214656?s=20&t=iLExmaSbzk58GWMR8gUyhg 

Коментари | пред 3 години

studenti

Коментар на денот: Падот на Груевизмот почна од студентите, а изгледа и вашиот ќе започне од нив!

Претседателот на Црвена Младина, Марио Јанески преку социјалните мрежи и порача на владата дека доколку ги намали стипендиите и го укине студентскиот оброк, ќе се соочат со студентите.„Ако е вистина дека владата планира да ги намали стипендиите, да го укине студентскиот оброк и да ги приватизира студентските домови, нека бидат спремни да се соочат со студентите!Падот на Груевизмот почна од студентите, а изгледа и вашиот ќе започни од нив!#NoPasaran“, стои во објавата.https://twitter.com/JaneskiMario/status/1580681146907914240?s=20&t=4bVZ01fFuNy7r06YM0f3_w

Коментари | пред 3 години

w_56736106

Лани дипломирале 12.2 отсто повеќе студенти од 2020 година

Во 2021 година дипломирале 7 753 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите во земјава, што претставува зголемување за 12.2 отсто во споредба со 2020, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.Од вкупниот број дипломирани студенти, 6 528, односно 84.2 отсто се редовни, а 1 225, односно 15.8 проценти се вонредни студенти.Од дипломираните, 58.8 отсто се студентки.Во рок дипломирале 28 проценти од вкупниот број студенти, а по рокот 72 отсто.

Македонија | пред 3 години

w_56736106

„ДУИ-зираната полиција да престане со методите на УДБ против студентите“, вели Алијанса за Албанците

ДУИ-зираната полиција под итно да престане со методите на УДБ на заканување кон студентите коишто осудија тежок злочин во Универзитетот на Тетово каде што “професорката“ која на своја страна го има Али Ахмети и им се заканува и ги малтретира студентите, а исто така протестираа барајќи ги нивните права за образование и безбедност, вели Алијанса за Албанците.„Обвиненијата за незаконско снимање и објавување кон студентите не важат, бидејќи снимањето е направено во јавна институција, а не во приватна куќа, а јавниот интерес е поважен од личниот.По осудата од страна на студентите, полицијата треба да отиде во Кичево и да ја уапси таа што ги малтретираше студентите, а не студентите коишто имаа храброст да го пријават и осудат овој скандал.Го потсетуваме Али Ахмети и ДУИ дека студентите се тие кои ја растурија/уништија Југославија и дериватите на тој систем не можат да ги задушуваат студентите и гласот на студентите.Алијанса за Албанците внимателно и со посебно внимание ја следеше оваа ситуација подржувајќи ги студентите само морално во оваа битка. Но, денес кога ДУИ и целиот државен апарат се стави на служба и одбрана на професорката насилничка, ние се чувствуваме обврзани директно да застанеме во заштита и одбрана на студентите. Почнувајќи од вечер студентите ќе не имаат на нивна страна и покрај себе со сите наши можности што ќе ги имаме на располагање“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања