Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СУДСКИ-ПРЕДМЕТИ

stef-dimovski-velesani-1

Зголемени се казните за осудените лица од Велес за силување малолетничка

Апелациониот суд донесе одлука за зголемување на затворските казни на сите 13 осудени лица од Велес за сексуално злоставување на девојче под 14 години. Првичната пресуда беше донесена од Кривичниот суд во ноември 2024 година.На првообвинетиот Стефан Димовски казната затвор од 5 и пол години му се зголемува на 8 и пол години.  Второобвинетиот Дејан Спасиќ кој првично беше осуден на четири години затвор сега доби казна од шест и пол години. Повисоки казни има и кај трето и четврто обвинетите од четири на осум и пол години односно на седум и пол години затвор. Кај останатите осудени казните се движат од 1 до 6 години.Првообвинетиот Стефан Димовски е во бегство и веќе една недела не е достапен за полицијата. Димовски беше во куќен притвор со претходно понудена гаранција во имот од 70.000 евра (одобрена од Апелација во декември 2023 година). Поради неговата недопстапност, Кривичниот суд му ја замени мерката куќен притвор со ефективен притвор.На четвртообвинетиот исто така му е одреден ефективен притвор откако бил затечен надвор од својот дом, со што ја прекршил мерката куќен притвор.Случајот предизвика силни реакции во јавноста поради првично ниските казни и одлуката на судот да дозволи гаранција за првообвинетиот на самиот почеток на процесот.

Македонија | пред 5 часа

raskovski-mekici

Рашковски добива трет судија: изборот на Савески за републички обвинител го враќа предметот пак одново да се суди

Судскиот процес против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, повторно ќе се врати на почеток, откако судијата Ненад Савески беше избран за републички јавен обвинител. Со неговото заминување од судската функција, предметот ќе треба да биде прераспределен кај нов судија преку АКМИС системот, што значи дека ова ќе биде трет судија по ред кој ќе го води случајот.Претходно, предметот во Основниот кривичен суд Скопје го водеше судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска, а по неа, постапката ја презеде Савески.Станува збор за предметот „Софтвери“, кој веќе пет години се води пред судските органи, а се однесува на спорни тендери, набавка на софтвери и исплата на хонорари. Обвинението против Рашковски беше поднесено во октомври 2021 година, додека првостепената пресуда беше изречена во јули 2023 година, кога тој беше осуден на осум години затвор.Сепак, Апелацискиот суд во средината на 2024 година ја укина пресудата и предметот го врати на повторно судење. Во моментов, постапката се наоѓа во фаза на изведување докази, но со новата прераспределба се отвора можност процесот дополнително да се пролонгира.Во текот на повтореното судење, еден од обвинетите – професорот од ФИНКИ, Ивица Димитровски – призна вина. Постапката за него беше раздвоена, а на 17 декември 2025 година судот донесе пресуда врз основа на признание, со која тој беше осуден условно на две години затвор, со рок од пет години во кои не смее да стори ново кривично дело. Дополнително, му беше наложено да ја надомести штетата и му беше изречена забрана за учество во јавни набавки во период од пет години.За останатите обвинети, меѓу кои и Рашковски, процесот продолжува, но со нов судија, што повторно го отвора прашањето за ефикасноста и времетраењето на судските постапки во високо профилираните случаи.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynp07ku7jloqv6kePys2

Две години условна казна за лекарка од Онкологија поради несовесно лекување

Лекарка од Клиниката за онкологија доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку во следните пет години не стори ново кривично дело.Таа беше обвинета за несовесно лекување болни, а на рочиштето ја призна вината. Обвинетата пред судот потврди дека својот факсимил и лозинка за пристап до внатрешниот компјутерски систем на Клиниката ги оставала на располагање на други специјалисти и специјализанти.Според обвинителството, токму поради ваквата практика, на седум пациенти – кои во меѓувреме починале – им биле препишувани лекови и терапии кои довеле до влошување на нивната здравствена состојба.

Македонија | пред 6 месеци

simonida

„Цел живот го посветив на пациентите, жртва се моите деца на кои не им се посветив“, доктори негираат вина за „Онкологија“

Доктор Драган Јакимовски, специјалист од одделението за малигни генитални тумори кај жени, пред судот изјави дека воопшто не се чувствува виновен за делото што му се става на товар.„Како лекар од 1998 година сум вработен на Клиниката за онкологија и од самиот почеток најавив дека најодговорно ќе ги извршувам моите професионални задачи. Секогаш се борам за секој човечки живот како за мој најблизок. Никогаш не сум имал финансиски мотив или намера да направам штета на пациентите“, изјави Јакимовски, додавајќи дека досега не сторил лекарска грешка и дека како единствен вработен во семејството нема никаков мотив „да уништува други луѓе“.Професор доктор Симонида Црвенкова, специјалист по радиотерапија и онкологија, исто така ја отфрли вината.„Сигурна сум дека јас и мојот адвокат ќе ги побиеме сите невистини изнесени против мене. Целиот мој живот сум го посветила на едукација и лекување пациенти, а најголема жртва на тоа се моите деца, на кои не можев доволно да им се посветам“, рече Црвенкова.Адвокатот Владимир Туфегџиќ истакна дека обвинението е неосновано и дека одбраната ќе го докаже тоа преку предлог-докази и вештачења.„Ќе докажеме дека т.н. вештачења на обвинителството се нецелосни, паушални и недоволно поткрепени. Не станува збор за криминално работење или несовесно лекување“, рече Туфегџиќ.„Мене не ме плаши правдата, туку неправдата која некој сака да ми ја нанесе“, додаде доктор Јакимовски.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-03-at-17.18.48

Случај „Штекли“: Судот ќе ги соочи вештаците за психичката состојба на обвинетиот

Судењето за случајот „Штекли“, во кој повеќе лица се товарат за организирана продажба на дрога, продолжува денеска во Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на вешти лица на Обвинителството за психолошката состојба на обвинетиот Раде Трајковски.На претходното рочиште сведочеше вештакот на одбраната, психијатарот Ѓорѓија Хаџи Ангелковски, кој оцени дека Трајковски – Штекли покажува психотични симптоми со шизофрени карактеристики. Според него, обвинетиот верува во реинкарнација и фиктивни личности што му „наредуваат“ како да постапува, поради што одбраната смета дека не е способен да ја следи постапката.Судијата Илија Трпков најави дека ќе ги соочи вештаците на Обвинителството и одбраната пред да одлучи дали ќе се прифати едно од вештачењата или ќе се нареди ново.Обвинението на Обвинителството за гонење на организиран криминал опфаќа 10 лица. Првично, во предметот биле опфатени 16, но седум склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.Четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков – поднесоа предлог за признавање вина, по што судот донесе решение за раздвојување на постапката.Според обвинителството, групата била добро организирана, со јасни улоги во набавката и продажбата на кокаин и марихуана. Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана.Комуникацијата се одвивала преку апликацијата Snapchat, а клучни докази биле обезбедени преку системот „Cellebrite“ за анализа на мобилни телефони, донација од САД.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-04-at-18.54.12

Почна судењето за „Беланоца–Барон“: обвинети за убиства, изнуди и трговија со дрога

Со воведни зборови на Обвинителството денеска во судницата на затворот „Идризово“ започна судењето против деветмината водачи и членови на криминалната група „Беланоца–Барон“. Тие се товарат за повеќе убиства, изнуди и нарушување на јавната безбедност во периодот од 2020 до 2024 година.Јавната обвинителка во своето излагање наведе дека групата во рамки на злосторничко здружение извршила најмалку осум убиства, дел од нив двојни, како и серија сериозни инциденти. Доказите, рече таа, се базираат на прислушувани и пресретнати комуникации, видео надзори, податоци од мобилни телефони и дигитални уреди, како и физички докази – оружје, возила, траги од крв и сведочења.Според обвинителството, обвинетите од една страна се декларирале како „големи верници и муслимани“, а од друга – се занимавале со ликвидации за пари, трговија со дрога, рекет, лихварство и проституција.„Еден од обвинетите изразил желба да изврши самоубиствен напад и дури го учел својот син на такви постулати. Некои од нив убиствата ги извршувале со испукување цел арсенал во лицето на противникот, со цел понижување и испраќање јасна порака,“ истакна обвинителката.Одбраната, предводена од адвокатот Еленко Миланов, го оспори обвинителниот акт, тврдејќи дека доказите се незаконски прибавени бидејќи во предметот не е приложена ниту една наредба за посебни истражни мерки.На ова, обвинителката возврати дека разговорите во затворска ќелија се сметаат за приватна комуникација, но мерките за следење биле законски одобрени од судија на претходна постапка и се оправдани со тежината на делата и јавниот интерес за откривање на вистината.Во случајот се опфатени:Фатљум Ајети – ТотеАкиф Равмановски – Јусуф Акифи–БаронЗулќуфли НурединиАкиф МемишиАбдула СадикиШенаси МасланиМирвет МасланиГани МаркуРешад ИсманДел од обвинетите беа спроведени од притвор, а дел од затворот „Идризово“ каде веќе издржуваат казни по други предмети.

Македонија | пред 6 месеци

screenshot_20250118_113352_viber

Пензионер се обидел да стори разбојништво во канцеларија за кредити во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1, сторено согласно член 19 (во обид), како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 72-годишник, на 15 јануари, влегол маскиран во канцеларија за кредитирање на улицата “Прилепска” во Битола и со употреба на сила се обидел да одземе парични средства со намера противправно да ги присвои. Со хебла во едната рака и огнено оружје – пиштол во другата, тој се заканил на вработената и побарал од неа да ги стави парите во торбичка што и ја подал. Таа одбила по што ја удрил неколку пати со хеблата по раката и телото. Оштетената избегала надвор од објектот, по што и осомничениот го напуштил местото.Разбојништвото се обидел да го изврши со пиштол марка „Црвена застава“ што го држел неовластено.При претрес во домот каде престојувал било пронајдено оружјето и осум куршуми.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 1 година

kuce-51235

Обвинение за убивањето на кучето кај „Момин поток“: две лица ќе одговараат откако го влечеле со жица и тепајќи го до смрт

Основното јавно обвинителство Скопје, имајќи ја предвид пред се вознемиреноста што во јавноста ја предизвика видео снимка од мачење на куче во Момин Поток, веднаш по поднесувањето на кривичната пријава презеде дејствија и го прибра целокупниот доказен материјал и денеска поднесе обвинение против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 1 од Кривичниот законик.Двајцата соизвршители на 19.11.2024 година го изложиле на непотребни маки и му нанеле непотребни болки, изложувајќи го на страдање кучето Феликс, мажјак, црна боја, на возраст околу една година. Првообвинетиот со тврд дрвен предмет во облик на стап и без оправдана причина започнал да го удира со повеќе удари кучето во пределот на главата и телото, нанесувајќи му тешки повреди. Потоа, заедно со второобвинетиот го врзале со жица и така врзано го влечеле по дворот до контејнер, каде го фрлиле мислејќи дека кучето е мртво. Како последица на повредите, кучето угинало на 07.01.2025 година.Јавниот обвинител достави и предлог за определување мерка на претпазливост – задолжително јавување во Судот за двајцата обвинети, имајќи го предвид пред се објектот на инкриминацијата на ова кривично дело изразено преку заштита на животните од нехумано постапување.

Скопје | пред 1 година

granica-carina

Цариници паднаа во рацете на полицијата и обвинителството: 13 фатени како примаат поткуп, сега одат на суд

По спроведената истражна постапка во предметот под кодно име Премин, надлежниот јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, денеска до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 14 лица и Обвинителен предлог против две лица.Според наводите содржани во диспозитивот на обвинителниот акт 13 царински службеници од кои едниот е во пензија и полициски службеник се обвинети дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело Примање поткуп предвидено и казниво по член 357 од КЗ. Деветмина од обвинетите сториле и продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 КЗ. Едно лице освен за погоре наведените две дела е обвинето и за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од чл.396 ст.5 вв со ст.3 вв со ст.1 од КЗ.Двајцата царински службеници против кои е поднесен обвинителниот предлог се обвинети дека како соизвршители сториле едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од КЗ.За сите обвинети за кривичното дело Примање поткуп обвинителството смета дека се исполнети условите од чл.38-б од КЗ и му предлага на судот да им изрече и казна -Забрана за вршење на професија, дејност или должност со што на лицата ќе им биде забрането вршење на должност на службено лице во орган на државната управа односно министерство, друг орган на државна управа како самостоен орган на државна управа или органи во состав на министерствата или управна организација како и во други државни органи.Предметниот обвинител до судот достави и предлог за одземање на имотната корист прибавена со кривичното дело, а пронајдена при извршените претреси и тоа: 51885 евра, 663.210,00 денари, 4860 швајцарски франци, 530 американски долари, 20 британски фунти, 200 украински гривни, 102 бугарски лева и 100 турски лири, како и 36 штеки цигари.Воедно, заради непречено водење на постапката заедно со обвинителниот акт е доставен и предлог за продолжување на мерката притвор против шест лица заради неизменети околности врз основа на кои мерката е претходно определена.Истражната постапка е отворена во октомври минатата година кога беше спроведена полициска акција под кодно име Премин поради основано сомнение дека обвинетите распоредени во Царинските испостави Ново Село и Дојран, во временскиот период од 21.03.2023 година до 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тие искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што морале да го извршат. Не правејќи пресметка и наплата на увозните давачки, согласно Законот за царинската управа, Уредбата за спроведување на царинскиот закон и Законот за царинската тарифа и увезената стока ја пуштале во слободен промет, со намера за себе и превозниците да прибават имотна корист, а на штета на средствата на Буџетот на РСМ во висина од ненаплатените царински увозни давачки. Притоа примениот поткуп го делеле меѓу себе.

Македонија | пред 1 година

10122024_NOVA-INVESTICIJA_MICKOSKI-2

Обвинителството ќе истражува како е следен Мицкоски и зошто

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на Претседателот на Владата на РСМ, кој на седница за пратенички прашања во Собранието на РСМ изјави дека бил незаконито следен од безбедносни служби во текот на 2020 година.“Предметот веќе е даден на постапување на надлежно обвинителство за да ги испита наводите.Имајќи предвид дека се работи за сензитивен карактер на пласираната информација, обвинителството ќе ги преземе сите неопходни активности преку надлежни органи за да ги испита својствата на можни инволвирани лица и евентуалните инкриминирани дејствија”, велат оттаму.Инаку, вчера Христијан Мицкоски изјави дека бил физички следен на незаконски начин додека партијата која ја води беше во опозиција.

Македонија | пред 1 година

prostituc-1

Голема акција за трговија со луѓе во Скопје и Куамново: Претреси на пет локации, четири уапсени за посредување при проституција и перење пари

По повеќемесечна предистражна постапка на предметен јавен обвинител, Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при МВР, и истражители од Истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчеравечер е реализирана акција во која од слобода се лишени четири лица. Извршени се претреси на пет локации во Скопје и Куманово при што привремено се одземени телефонски уреди, лап-топ, два пиштоли, девизни и денарски парични средства и документација. Поради постоење на основано сомнение дека тројца од приведените сториле кривични дела „Посредување при вршење на проституција“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, а четвртоосомничениот кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“, предметниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четворицата.„Во временскиот период од декември минатата година до вчера првоосомничената – бразилска државјанка со дозвола за привремен престој во РСМ, заедно со второ и третоосомничениот – македонски државјани, од кои едниот е роден во Сирија, како и две неидентификувани лица од РПортугалија, од користољубие со умисла организирале врбување, прифаќање, превезување и сместување на женски лица од Бразил. Тие, во период од скоро една година заради вршење на проституција во РСМ прифатиле пет бразилки од 26 до 38 години кои ги сместувале во претходно изнајмени станови во Скопје, во комплексот „Џевахир Холдинг“. Девојките во двата стана каде што биле сместувани давале сексуални услуги на клиенти кои со нив стапувале во контакт преку меѓународна веб страна наменета за понуда на ескорт девојки во цела Европа. На страницата девојките имале креирани еден или повеќе профили на кои биле постирани телефонски броеви, ценовник на сексуални и дополнителни услуги и фотографии со експлицитна содржина. Првоосомничената ги контролирала профилите на девојките, контактирала со потенцијалните клиенти, го организирала дневниот распоред на клиентите за секоја девојка, го определувала времетраењето на давање на услугите кои се движеле од 150 евра за половина час, 200 евра еден час, 300 евра два часа, 450 евра три часа и 800 евра за цела ноќ за сексуални услуги, одобрувала дополнителни услуги за клиентите кои чинеле од 70 евра и нагоре и гарантирала за безбедноста на девојките. За нејзиниот ангажман добивала 30% од заработувачката на девојките која ја делела со второ и третоосомничениот кои организирале прифаќање, превоз, сместување, безбедност и грижа за секојдневните потреби на девојките.Со намера да го прикрие вистинскиот извор, локацијата, понатамошниот тек и вистинските сопственици на паричните средства стекнати со вршење на кривично дело „Посредување при вршење на проституција“, првоосомничената дел од паричните средства преку систем за електронски трансфер на пари за територијата на РСМ во период од една година уплатила износ од 26.151 евра кон четири лица во Португалија и три лица во Бразил. Второосомничениот пак, во два наврати дел од паричните средства стекнати од претходно сторено кривично дело во износ од 3.000 УСД ги уплатил кон едно лице во Норвешка, а во повеќе наврати извршувал готовински исплати на парични средства во износи од 440 евра по основ на закупнина за становите во кои девојките престојувале и ги давале сексуалните услуги, како и повеќе готовински исплати на парични средства за различни сопствени животни потреби и потреби на девојките. Третоосомничениот износ од 1.965 евра преку субагент за трансфер на пари ги испратил на првоосомничената на нејзина сметка во Португалија, а 150 евра испратил кон физичко лице во Колумбија. Четвртоосомничениот пак, кој во повеќе наврати бил корисник на сексуални услуги од една од девојките, дури и со одобрување на првоосомничената и паричен надоместок од најмалку 5000 евра по патување што бил исплаќан на првоосомничената, девојката го придружувала при неговите патувања во Рим и Лондон. Откако ја стекнал довербата на девојката, со цел да ги пушти во оптек и да го прикрие потеклото паричните средства што девојката ги прибавила со извршување на казниво дело „Оддавање на проституција“ по чл.19 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир, ѝ креирал кориснички профил на веб платформа за тргување со електронски пари (крипто валути) иако знаел дека парите девојката ги прибавила со казниво дело. Преку профилот и со поседување на електронски паричник (wallet), девојката непречено можела да врши трансакции и да го прикрие изворот на паричните средства. Со опишаните дејствија осомничените сториле кривично дело-Перење пари и други приноси од казниво дело.Во текот на денешниот ден предметниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор против осомничените“, велат од ОЈО ГОКК.

Македонија | пред 1 година

oki-ubisvo

Уапсен осомничениот убиец на Оки во Грција: тука ќе одговара за планираното убиство

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело кое во македонскиот Кривичен законик е предвидено како – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со став 1 и член 22, како и за Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи според член 396 став 3.Осомничениот 33-годишник, на 15 јули 2023 година, во Ханиоти, Република Грција, заедно со уште едно засега непознато лице, со умисла го лишиле од живот сега покојниот Орхан Бајрами, а ги довеле во опасност и животите на уште четири лица. По претходен договор, осомничениот и неговиот соизвршител маскирани пристигнале во туристичкиот комплекс каде била сместена жртвата и се приближиле до отворената задна балконска врата. Осомничениот од огнено оружје – пиштол „Црвена застава“ со калибар 7,65 мм со пригушувач испукал 11 куршуми, а неговиот соучесник со пиштол од ист калибар уште 8 куршуми во правец кон оштетените. Од куршумите, три завршиле во телото на сега починатиот, нанесувајќи му смртоносни повреди.Грчките истражни органи имаа издадено налог за апсење на осомничениот, како и Европски налог за апсење и меѓународна потерница поради сомненија за кривични дела – Намерно убиство со соучесништво и Обид за сериско и соучесничко убиство на територијата на Република Грција. Со оглед на тоа што станува збор за македонски државјанин за кого не постои можност за екстрадиција, врз основа на инструментите за меѓународна правна соработка, грчките власти го отстапија кривичното гонење на Основното јавно обвинителство Скопје.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 1 година

DSC_0289

Разбојниците кои со пиштол и фиктивен динамит влегоа во „Нептун“ имаат 27 и 21 година: одат зад решетки

Против две лица на возраст од 27 и 21 година Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка бидејќи постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво предвидено во член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 29 ноември, двајцата осомничени со електрични тротинети дошле до продавницата за бела техника “Нептун” кај Градскиот стадион. Биле маскирани со пластични маски, шалови и качулки на главите и вооружени со пиштоли, додека едниот осомничен на себе носел и импровизирана рачно изработена експлозивна направа во форма на динамит.Двајцата соизвршители влегле во продавницата, во која во тој момент биле присутни повеќе вработени, возрасни купувачи, но и три деца. На сите им се заканиле со оружјето и експлозивот, а еден од осомничените застанал пред вратата за да ги спречи да излезат.Другиот осомничен влегол позади пултот од каде ги одзел парите од касите, па заканувајќи се со оружјето побарал од вработените да му го отворат сефот од каде одзел црвена метална каса со пари и вредносни ваучери. Вкупно со разбојништво и закана по животите на присутните осомничените одзеле пари во вкупна вредност од 556.146 денари, ги предупредиле присутните да не повикуваат полиција и излегле од продавницата.Во непосредна близина пред продавницата ги затекнале полициски службеници кои веднаш на лице место ги лишиле од слобода.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постои опасност да побегнат, да се обидат да влијаат врз сведоците или да го повторат делото.

Македонија | пред 1 година

mkd-zname-bitpazar

Тројцата кои го палеле и уништувале македонското знаме одат во притвор - судот им одреди 8 дена да поминат зад решетки

Од осумте уапсени, три млади лица добија притвор од судија на претходна постапка, поради палењето на македонското знаме за време на прославата за албанското, дознава „Скопје1“. Станува збор за млади лица кои претходно не биле осудувани, а за кои има основани сомненија дека можат да влијаат на истрагата или да избегаат. Сите тројца ќе бидат спроведени во затворот „Скопје“ во Шутка каде ќе останат 8 дена.Неофицијално, „Скопје1“ дознава дека се бара притвор од скопското Обвинителство и за уште едно лице – малолетник. Засега нема информација дали судија на претходна постапка ја определил оваа мерка за обезбедување присуство.Претходно, Тошковски објасни дека четири лица се уапсени за учество во тепачка, а четворица за предизвикување национална, расна и версна омраза, односно раздор и нетрпеливост, дело за кое е предвидена минимум една година затвор.Премиерот Мицкоски исто така излезе со најостра осуда за вчерашното дивеење низ главниот град. Премиерот истакна дека се работи за мала група која сака да предизвика етнички тензии.

Македонија | пред 1 година

f33df756-7960-42cb-8725-7f4e287e857a

Ќе одговараат за предизвикување меѓунационална омраза: детали за уништувањето на македонското знмае

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три почнолетни лица за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик. Против уште едно малолетно лице ќе се води редовна постапка според Законот за правда за децата.Осомничените на 28.11.2024 година околу 20:00 до 23:00 часот на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје, по завршување манифестација на плоштадот Скендербег по повод прослава на денот на албанското знаме, со излагање на подбив на национални симболи, односно со палење, уништување и кинење на државното знаме, предизвикале омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност.За полнолетните осомничени надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. „Скопје1“ објави дека притворот е одобрен.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-28-at-21.38.06

Ги убила со нож, откако ја нападнале и се борела - и се суди на жената од Кратово која ги уби сопругот и свекорот

За првпат на обвинителна клупа седна Вангелица Илијевска, осомничена дека го убила сопругот, сосе свекорот во семејниот дом во Кратово. Таа пред судијата посочи дека тоа го направила во самоодбрана, нејзиниот адвокат пак посочи дека таа била подолг период жртва на семејно насилство. И покрај ова, обвинителот реши да не го повлече обвинението и да ја гони жената за убиство. Според Обвинителството, таа со нож го убила сопругот Јован, па свекорот Стојан.Според адвокатот на Илијевска, додека биле во брак кој траел повеќе од десет години, таа била физички и психички малтретирана од повеќе членови на семејството, а најмногу од сега убиениот сопруг. Поднесувала и приајви до Центарот за социјални работи, а пријавите се доказ на суд. Дента кога го убила, жената била претепана. Нагласено беше дека жените кои се жртви на семејно насилство како Илијевска, се ранлива категорија на граѓани. Според адвокатот Христијан Георгиевски, таа реагирала по напад кој го доживеала.Пред Судот сведочеше свекрвата Славица Илијевска, која не сведочела на убиството, но кажа дека нејзиниот убиен син не ја малтретирал жената. Таа за убиството дознала откако поголемиот внук ја информирал. По неа, сведочеше и соседот, кој ги видел телата на убиените. Обвинетата му кажала дека се борела со двајцата. Сведокот не знаел дали имало малтретирање, но потврди дека гледал полиција и Центар за социјални работи во домот на соседот со кој живелее куќа до куќа. Потври дека понекогаш пиеле алккохол со починатиот Јован, ама не знаел дали често пиел.

Македонија | пред 1 година

policiska-lenta

Обид за убиство во Гостивар, среде продавница за автомобилски делови

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 3 од Кривичниот законик.На 22 ноември, со пиштол кој го поседувал без дозвола, осомничениот се обидел да лиши од живот лице кое дошло во неговата продавница за автомобилски делови за да го поправи возилото.Околу поправката настанала вербална расправија меѓу нив, по што оштетениот го турнал осомничениот кон возилото со цел да го натера да му го поправи. Но, осомничениот влегол во куќата и револтиран го зел пиштолот “Црвена застава” со калибар 7,65 мм што го поседувал неовластено и испукал проектил кон оштетениот. Не го погодил, а куршумот завршил во вратата на возилото.Бидејќи постојат законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 1 година

oruzje

Оперативец од МВР по дома ис чувал куп муниција, нишани, чаури, пушки

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 од Кривичниот законик.Осомничениот, 51-годишник од Непроштено, вработен како виш оперативен работник во МВР, во домот и во уште една куќа во негова сопственост неовластено чувал огнено оружје, муниција и експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети.При претрес врз основа на судска наредба, полицијата пронашла ловна пушка (карабин), 14 парчиња муниција за карабин, дробилка, два оптички нишани, поголема количина на куршуми, чаури и проектили од куршуми од разни калибри, една кеса со барут, една шок бомба, една воздушка пушка „гамо“ со вградена оптика, пиштол „глок“ калибар 9 мм, две рамки со по 10 куршуми и други предмети за кои немал дозвола за поседување.

Македонија | пред 1 година

stef-dimovski-velesani-1

(Видео) Велешаните за трговија со дете и силување добија вкупно 31 година затвор: Слушавме алиби на обвинетите како никогаш претходно

Групата велешани кои сексуално злоупотребувале малолетничка, се осудени на затворски казни, освен еден обвинет кој доби условна осуда. Пет лица се осудени за „трговија со дете“, шест се осудени за кривично дело „силување“, а едно лице за „Прикажување на порнографски материјал на дете“. Вкупно 13 обвинети седнаа на обвинителна клупа, само еден обвинет призна вина. Пред почетокот на објавувањето на пресудата, обвинетите се бунтуваа против снимањето на медиумите и бараа да излезат надвор. Судечкиот совет рече дека Врховниот суд го дозволил снимањето и дека немаат намера да ги попречуваат снимателите: „Дали ќе останете или излезете е ваша работа, не можеме ние да одговараме за вашето однесување“.По ова, дел од обвинетите ја напуштија судницата, па влегоа кога камерманите излегоа. Највисоката казна е за обвинетиот Димовски кој доби пет години и шест месеци кој беше обвинет дека со закани врз жртвата која имала 15 години, овозможил на другите обвинети да вршат полови дејствија врз неа.1. Првообвинетиот Стефан Димовски доби казна затвор од пет години и шест месеци.2. Дејан Спасиќ кој има малолетно дете, судот го осуди на четири години и шест месеци.3. Димитар Наков кој има 27 години судот го осудува на четири години и шест месеци.4. Тино Илиевски кој има 24 години судот го осудува на четири години затвор.5. Савен Неделковски кој има 26 години го осудува судот на четири години.6. Александар Филиповски кој има 24 години го осудува судот на 1 година и шест месеци.7. Бојан Филиповски кој има 27 години судот го осудува на една година и шест месеци.8. Антонио Зогравски кој има 27 години судот го осудува на една година и шест месеци.9. Трајче Лазов кој има 28 години, судот го осудува на затвор од една година и шест месеци.10. Ристо Вељанов кој има 22 години, судот го осудува на една година и шест месеци.11. Кристијан Дончев судот го осудува 1 година и три месеци.12. Борче Коцев кој има 32 години, судот го осудува на условна казнаСудечкиот совет рече и: „Како никогаш претходно слушнавме алиби на обвинетите. Овој предмет има многу повеќе од една жртва“, па додаде:„Овој предмет покрена многу прашања, каде се движат малолетните деца, дали кокаинот е единствено нешто што ги прави среќни. Пред овој суд се изведоа многу докази. Техниките кои овие обвинети ги користат се со метод на “љубовник”, кога жртвата емоционално ќе се поврзе, се користат сите други методи“.Во овој случај, Обвинителството според Кривичен суд докажа дека во декември 2021 година осомничениот Димоски од Велес остварил комуникација со жртвата преку Инстаграм и по неколку дена континуирана комуникација, стекнал доверба кај неа, доведувајќи ја во заблуда да започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првоосомничениот го користел како закана да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед.Обвинителката Милица Гаврилова докажа дека првоосомничениот го принудувал детето – жртва во повеќе наврати да оди во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите, како што се наведуваше во соопштението за истрага, присуствувале осомничени и други машки лица, кои прво консумирале наркотична дрога и алкохолни пијалаци, па во таква состојба вршеле полови дејствија врз детето – жртва и користеле сексуални услуги, иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе.Диспозитивот нема да биде јавно објавен, за да се заштити детето-жртва.„Судот ја имаше во предвид помеѓу обвинетите и жртвата која била на возраст од 15 години. Судот го имаше во предвид дека сите биле неосудувани“, рече судечкиот совет при соопштување на одлуката.Според Кривичниот законик, за кривичното дело „трговија со дете“ се предвидува минимална казна од осум години. Според истиот член, став 3, тој што користи или овозможува на друг сексуални услуги, се казнува со најмалку осум години. За кривично дело „силување“ казната е најмалку три години. За „прикажување на порнографски материјал на дете“ казната е од три до пет години затвор.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-20-at-15.26.52

Казните за велешаните се ниски, ќе има жалба: Обвинителката ќе бара повисоки казни од Апелација за трговијата со дете и силувањето

Обвинителката Милица Гаврилова која ги гонеше велешаните за трговија со дете, силување и прикажување на порнографски материјал на дете, најави жалба во делот на изречените казни, уште пред писмено да биде испорачана пресудата. Според неа, казните се ниски и не се постигнува целта на казнувањето.„Обвинителството ќе го искористи своето законско право на жалба по добивање на писмениот отправок на одлуката“, велат кратко од Обвинителството за „Скопје1“.Ова доаѓа откако за трговија со дете на 15 години и силување, велешаните кои беа обвинети добија од 5 години и 6 месеци, па се до условна осуда. Судијката Даниела Димовска која ја изрече казната со судечкиот совет, рече дека ја земала во предвид возраста на жртвата (15 години) и возраста на обивинетите кои тогаш имале по дваесетина години. Притоа, посочи дека ги слушнала сите оправдувања на обвинетите па додаде: „Овој предмет има многу повеќе од една жртва“.„Овој предмет покрена многу прашања, каде се движат малолетните деца, дали кокаинот е единствено нешто што ги прави среќни. Пред овој суд се изведоа многу докази. Техниките кои овие обвинети ги користат се метод на 'љубовник', кога жртвата емоционално ќе се поврзе, се користат сите други методи“, рече судијката при изрекување на пресудата.Највисоката казна е за обвинетиот Димовски кој доби пет години и шест месеци кој беше обвинет дека со закани врз жртвата која имала 15 години, овозможил на другите обвинети да вршат полови дејствија врз неа.1. Првообвинетиот Стефан Димовски доби казна затвор од пет години и шест месеци.2. Дејан Спасиќ кој има малолетно дете, судот го осуди на четири години и шест месеци.3. Димитар Наков кој има 27 години судот го осудува на четири години и шест месеци.4. Тино Илиевски кој има 24 години судот го осудува на четири години затвор.5. Савен Неделковски кој има 26 години го осудува судот на четири години.6. Александар Филиповски кој има 24 години го осудува судот на 1 година и шест месеци.7. Бојан Филиповски кој има 27 години судот го осудува на една година и шест месеци.8. Антонио Зогравски кој има 27 години судот го осудува на една година и шест месеци.9. Трајче Лазов кој има 28 години, судот го осудува на затвор од една година и шест месеци.10. Ристо Вељанов кој има 22 години, судот го осудува на една година и шест месеци.11. Кристијан Дончев судот го осудува 1 година и три месеци.12. Борче Коцев кој има 32 години, судот го осудува на условна казна

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

„ Пред сопругата и двата сина извадил пиштол и започнал да пука кон него”, обид за убиство во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.На 14 ноември, околу полноќ, осомничениот во алкохолизирана состојба, го зел со автомобил оштетениот под изговор дека ќе разговараат и го однел во сопствениот дом. Пред сопругата и двата сина извадил пиштол и започнал да пука кон него. Му нанел повеќе повреди, по што сведоци го пренеле оштетениот во болница.Бидејќи постојат законски основи – опасност од бегство, можност дека ќе влијае врз сведоците или ќе го доврши обиденото дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 1 година

palevski-68

Не верувам дека Палчо ја убил Вања, особено за пари, рече сведокот Кираца Трајковска

Ексдиректорката на „Фершпед“, Кираца Трајковска, се појави како сведок на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Таа е мајка на Гоце Трајковски, кој бил во кумски релации со семејството Ѓорчевски, а биле присутни додека се трагало по девојчето. Раскажа како течела потрагата, кој со кого комуницирал, што се преземало и како се дошло до снимките од надзорни камери.Трајковска во судница даде и свое тврдење за обвинувањето дека Љупчо Палевски-Палчо ја убил Вања.„Не верувам дека Палчо ја убил Вања“, рече сведокот посочувајќи дека нејзина братучедка била омажена за обвинетиот.Сведочеше дека нејзиниот син Гоце одел по кафулиња, објекти – секаде каде имало камери за да бара снимки.„Ставил јакна и рекол јас сум инспектор за да ги земат камерите“, раскажа таа, па додаде: „Бидејќи два дена се бараше девојчето пешки, третиот ден гледаше движење на коли. И тој забележува дека има издувни гасови, и забележале кола (н.з. пред зградата). Сашо рекол нема шанси мене девојчето да влезе во оваа кола. Јас му ги проверував сите профили на Панче Жежовски, јас имам роднина од Велес тој ми ги пушти снимките. Јас се знам со Палевски, откога се ожени со братучетка ми. Порано немаше финансиски проблеми, ама сите сме имале падови и успони..“, додаде сведокот.Беше прашана дали семејството на Александар Ѓорчевски се познаваа со Палевски, на што одговори: „Кој Александар? Зоран? Или сите? - не можам да тврдам 100 отсто ама мислам дека не се знаеја со Палевски“.

Македонија | пред 1 година

palevski

Брат ми не го знае Палчо, а да имавме број од Бајден и на него ќе му се јавев, сведочи тетката на Вања за исчезнувањето на внуката

Оли Нешковиќ, тетка на убиената Вања и сестра на обвинетиот Александар Ѓорчевски, раскажа што се случувало во моментите кога девојчето било грабнато. Таа раскажа за очајните моменти, проверките по болници, барањата на помош и посочи: „не знам како да ви кажам, да имавме број на Бајден на Бајден ќе му се јавев“.„Се бараа снимки на камерите, се гледаше каде има менувачница, немаше камера која го фаќаше влезот на зградата. Гоце (сведок) беше присутен во станот, кога оние ќе видеа некоја снимка, ги гледаа на комјутерот на Зорица. После два дена довербата во полицијата, во институцииите изгубивме целосна доверба.Пред разводот Александар стана сопственик на станот на Наум Наумовски – Борче. Ако побарал пари, ќе сум му дала пари. Јас секогаш сум им помагала како што им помагам и денеска. Да, имаше зависности, има 25-6 години, тој си го реши тоа сам. Тоа беше зависност од дрога ама не некоја голема, сите знаеја за тоа“, рече сестрата на обвинетиот Александар.Тетката на Вања кажа дека не го познава Љупчо Палевски-Палчо. Ниту пак партијата „Десна“.„Јас ликот не му го знаев на господинот, додека не бев повикана на распит за брат ми, кога го приведоа. Не го знае ниту брат ми, различни кругови, различно се. Се беше многу чудно со полицијата, станот го посетија двајца-тројца полицајци, Гоце дојде и ми рече го викнал инспекторот Музафер и му рекол да го слика станот на Партизанска“, додаде сестрата на Александар.Судот беше заинтересиран за сведокот Гоце, па побара детали.„Гоце го познавам, тоа е старо кумство, моето семејство, на неговото, и мајка ми инсистираше Александар да му биде кум на Гоце во првиот брак. Јас Гоце го видов, подоцна Кираца ми рече и пишала на Зорица да дојде Гоце да помогне. Два-три дена пред да дознаат за Вања (дека е убиена), го виделе ‘цитроенот’, поради сомнителното движење. Гоце најде на Фејсбук дека ‘цитроенот’ е исчезнат. Гоце влегува во собата, се движи низ станот, и ни кажува дека ‘цитроенот’ сомнително се движи“, раскажа сведокот.14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, обвинети се пет лица.

Македонија | пред 1 година

aleksandar-gjorcevski-vanja-tatko

(Видео) Клучен сведок не се појави на судењето за убиството на Вања, каде сведочи дедото на Вања: Со Палевски не се познавам

Гоце Трајковски, пријател на Александар Ѓорчевски, не дојде на рочиштето на кое што требаше да дава исказ кој му ги дал снимките на велешката бензиска и како ги поврзал двете исчезнувања, на велешанецот Панче и малолетната Вања. Неговата мајка наведе дека сведокот од здраствени причини не може да се јави на закажната главна расправа, поточно тој имал паничен напад и висок крвен притисок. Зоран Ѓорчевски, дедо на убиената Вања и татко на Александар кажа дека нема информации за долг кој го има обвинетиот кон некого.„Мајка му на Александар плачеше и ми рече дека ја нема Вања. Во тој момент не се слушнав со Алкесандар, подоцна му се јавив. Ми рече ја нема Вања. Детали не ми кажа. Јас му кажав што и да треба јавете се. Ми рече дека ја нема Вања, не отишла на училиште. Ми рече да се јавам на мои пријатели, што мислам дека можат да помогнат, да побарам ако можат да помогнат. Се јавував во Грција, кај деловен партнер да прашам да нема некои информации, што можат да ми помогнат. Со фамилијата Трајковски сме кумови. Во контактите што ги имав со фамилијата знам дека и Гоце учествувал во истрагата, тоа ми го кажа ќерката ми која беше скоро цело време присутна таму“, рече Зоран Ѓорчевски, дедо на убиената Вања и татко на Александар.Беше прашан и за евентуално познанство помеѓу Палевски и Ѓорчевски.„Не го познавам Љупчо Палевски, не знам дали мајката и таткото на Зорица се познавале со него. Јас се знаев со нив, бевме и деловни луѓе сите имав контакт со родителите на бившата сопруга на Александар“, рече сведокот Зоран Ѓорчевски.Тој посочи дека неговиот син се лекувал од наркотици и зависност, но тоа било уште пред бракот со Зорица.„Да беше на лечење, се излечи, потоа стапи во брак и тоа е тоа. Со здравјето, имаше приблеми со зависноста, бевме на лечење, се излечи и се ожени потоа“, додаде сведокот.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања