Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СУДСКИПОСТАПКИ

3-2

Се сомничат за убиство, а добија куќен притвор: познати иницијалите на лицата осомничени за убиството во Железара

Кривичен суд се огласи за изречените мерки за лицата осомничени за убиството на докторот во Железара.“Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки за претпазливост против две лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со Убиството на лекар во населабата Железара, донесе решнија со кои: Предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје за опредлеување мерка краткотраен куќен притвор против Г.Д. и И.Д. за кои постои сомнение за кривичното дело Убиство од чл. 123 ст. 1 се прифаќа и им се определува 48 часовен куќен притвор”, велат од Кривичен суд.

Скопје | пред 2 години

merko-3

Уште едно обвинение против Мерко: ќе му се суди за несовесно работење

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга,на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа. Притоа, донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование, и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа предвидено во членот 109 од Законот.Така обвинетиот овозможил лицето да биде именувано на функцијата и да и се исплаќа плата како в.д. директор 19 месеци, со што на училиштето му била нанесена штета во вкупен износ на неосновано исплатените плати и придонеси.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-15-at-09.18.42

Ослободителна пресуда побара Менкиновски

Ослободителна пресуда за адвокатот Тони Менкиноски кој беше обвинет за нарушување на јавниот мир и ред на празникот Водици, откако го развиори знамето сонцето од Кутлеш во Охрид.На удењата, Менкиноски истакна дека не се чуствува за виновен бидејќи тоа не е спротивно на ниту еден меѓународен договор, ниту закон и подвлече дека сите оние во кои веруваат во македонската кауза ќе се потрудат да го вратат ова знаме како државен симбол на Македонија.Охридскиот суд донесе ослободителна пресуда поради недостаток на аргументи и за Александар Ѓурчев кој истакнал големо знаме со сонцето од Кутлеш на плоштадот кај Горна Порта во Охрид.

Македонија | пред 2 години

viber_image_2024-03-13_13-12-34-042

Таткото на убиената Вања останува во притвор, одбиена му е жалбата

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, донесе одлука по жалбата на обвинетиот А.Ѓ., изјавена против Решението за продолжување на мерката притвор, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“.Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната јавна седница на ден 13.03.2024 година, донесе Решение ВКЖ1-11/24, со кое жалбата на обвинетиот А.Ѓ., изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја одби како неоснована и го потврди решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ-223/24 од 01.03.2024 година.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

„Беса транс“ четири години не смее да превезува патници, газдата година и осум месеци во затвор

„Беса транс“ доби четиригодишна забрана за вршење дејност, а сопственкот на превозникот, Беким Хаџиу, доби 1 година и 8 месеци затвор. Оваа пресуда ја донесе судијата Ивица Стефановски. Според него, сопственикот и превозникот се виновни, бидејќи знаеле, а немале извод од лиценца која треба да ја издаде Министерство за транспорт и врски - а границата се поминувала со лажен документ. Пресудата не е правосилна, бидејќи обвинетите имаат право на жалба до Апелација.Адвокатот Асмир Алиспахиќ најави жалба на пресудата бидејќи според него, не може да се донесе ваква пресуда бидејќи не е исполнето битието на кривичното дело. Обвинетиот е осуден за фалсификување на документ, односно документ со кој автобусите на „Беса транс“ поминувале нелегално граница.„Со оглед на образложението, ќе се жалиме на пресудата. Ова кривично дело не е поврзано со несреќата која се случи во Бугарија. Ова е кривично дело во делот на работењето на правното лице 'Беса Транс'. Ако се направи компарација со други направени вакви сличаи, сметам дека во оваа ситуација, казната е превисоко одмерена“, вели Алиспахиќ Асмир, адвокат на „Беса Транс“ и сопственикот на превозникот, Беким Хаџиу.„Сите бевте сведоци на одлуката на судот и целосно беше прифатено обвинението. Она што можам да го кажам е дека ќе чекаме писмена одлука на судот, за да видиме што ќе преземеме понатаму. Обвинителството во обвинението посочува дека Министерството за транспрот и врски нема издадено извод од лиценца, тоа значи дека автобусот покажувал пред надлежните органи извод од лиценца, а за тој автобус воопшто немало“, вели обвинителот Владимир Милошевски.Овој предмет не е за причините за сообраќајната незгода, бидејќи тој случај се водеше во Бугарија.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Кривичен суд нема да го гони Рамиз Мерко - се прогласи за ненадлежен суд

Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Специјализираното одделение за организиран криминал и корупција ( КОК ) при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по обвинителниот предлог со КО бр. 27/24 против обвинетиот Р.М. (Рамиз Мерко) од Струга за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст.4 вв со ст.1, донесе решение со кое се огласува за стварно ненадлежно и предметот, по правосилноста на решението, ќе биде доставен на надлежно постапување во Основниот суд Струга.„Согласно чл. 32 од Законот за судови, Специјализираното одделение ( КОК ) е надлежно за Кривичните дела: Злоупотреба на службена положба од чл. 353 ст.5, Примање поткуп од значителна вредност од чл. 357 и Противзаконито посредување од чл. 359 од КЗ, извршени од избран или именуван функционер, службено лице или одговорно лице во правно лице.Имајќи го предвид наведениот член од Законот за судови, последните измени на Кривичниот законик објавен во СЛ. Весник бр. 188 од 07.09.2023 год., како и правната квалификација од обвинителниот предлог, односно ст. 4, судот утврди дека Спелцијализираното одделение за оргнизиран криминал и корупција не е надлежно за судење на кривични дела од чл. 353 ст.4 вв со ст. 1 како што Јавниот обвинител го поднел обвинителниот предлог, туку цитираните одредби од Законот за судови се однесуваат само на делото пропишано во став 5 од овој член.Со оглед на сето тоа стварната надлежност да постапува е судот со основна надлежност на чие подрачје е извршено кривичното дело.Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“, велат од Кривичен суд.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-06-01-at-10.48.15

Медицинарите не се криви што родилката од Дебар останала без три органи - ново вештачење презентирано во судница

Вештачењето нарачано од обвинетите во случајот за родилката Јилдз Ваепоска од Дебар, е со заклучок дека тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска немаат вина што пациентката остана без матка, јајник и бубрег. Вештачењето го работел Драге Дабески, кој кажа дека медицинските лица немаат пропуст во лекувањето на Ваепоска. Овој заклучок, тој посочува дека го донел врз основа на документацијата која ја имал на увид.Ова е второ вештачење во предметот. Првото беше на Сдуска медицина во кое стоеше дека има пропусти при породувањето на Ваепоска.„Вештачењето на Судска медицина покажува дека се пропуштени многу работи при операцијата и скоро е невозможно поинаку да размислуваме“, рече адвокатот Сашо Јанев кој ја брани Ваепоска.Родилката праша како лекарите и го спасиле животот, кога во коматозна состојба е префрлена во Клиничкиот центар во Скопје, каде имала нова операција.„Како ми го спасиле животот кога мене ме пратиле во Скопје и повоторно сум била принудена да влезам во операциона сала да се прави ревизија во Скопските клиники. Мојата битка траеше 14 дена во кома“, раша Ваепоска која кажа дека по комата не знаела како да застане на нозе.На следното рочиште, аргументите ќе ги судрат вештаците кои ги правеа двете вештачења. Не е познато дали струшкиот суд ќе даде наредба за супервештачење.Обвинетите се товарат дека при укажување лекарска помош примениле неподобно средство и начин на лекување, со што предизвикале влошување на здравствена состојба на родилката, поради што таа остана без јајник, бугрег и матка. Асани е поранешен директор на Струшката болница, а беше разрешен токму поради овој случај. На првото рочиште тој и останатите двајца лекари кажаа дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања