Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СУДСКИПРЕДМЕТИ

Messenger_creation_AC54AD5D-AE99-4C6E-9B52-C83B0BAF6418

Истрага против дилер на марихуана во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.„При претрес во домот на осомничениот, во рамките на оперативна полициска акција, пронајдени се 126,95 грама марихуана во поделена во 85 зипер ќесички подготвени и наменети за натамошна недозволена продажба. Исто така, од осомничениот 37- годишен тетовец се одземени и парични средства во вкупен износ од 71.700 денари за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога.Бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик дека осомничениот би можел да го повторува делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, велат од Основното јавно обвинителство Тетово.

Македонија | пред 1 година

palco-palevski-141

Палевски: На овие снимки кои се манипулирани и не се веродостојни, јас себеси не се препознавам

Љупчо Палевски-Палчо тврди дека последен пат со другите обвинети се видел во мај, а не ден пред да биде грабнат и убиен Панче Жежовски. Според него, датумите на снимките кои ги презентираше обвинителството се манипулирани. Тој тврди дека на снимките не се гледа дека тој има микрофон на него, не коментирајќи го делот дека носи слушалка.„Овие материјали кои денес беа презентирани, не се веродостојни и се манипулирани, манипулирани се датите, јас во присуство на тројцата сообвинети сум бил прв и последен пат на петти мај, не на 22.11.2023 година. Комоцијата на обвинителството во презентирање и наметнување на лажни докази, како на пример дека на црната јакна се гледа црн микрофон на јакната, во ноќен режим камери, тоа е невозможно. Јавното обвинителство е претворено во медиумски деск. На овие снимки кои се манипулирани и не се веродостојни, јас себеси не се препознавам, вели Палевски.Тој посочи и дека не е возможно да нема ДНК во возилото „Рено кангу“ ако тој бил во него.„Невозможно е да управувам 120 км со возило, а да не оставам ниедна ДНК во возилото. Во исто време, кога сум патувал од Белград кон Турција во „ренџ ровер“ сум оставил 7 примероци на ДНК. Следи мојата одбрана и се надевам судот ќе ми дозволи целосно да ја изведам за да ги демантирам лагите на Јавното обвинителство“, рече Палевски.Обвинетиот посочи и: „И токму затоа пристигнаа нови докази за учеството на МВР и на ЈО дека од првиот ден, од 5 декември 2023 година се во тек со оружјето“.

Македонија | пред 1 година

obvineti

Снимки пред убиството на Жежовски: Палевски со слушалка, другите со мотороли - се собрале во домот на Велибор Манев

Снимки од домот на обвинетиот Велибор Манев во Велес, покажуваат што правеле тој, заедно со Љупчо Палевски-Палчо и Влатко Кешишов, вечерта на 21.11, односно ден пред да биде киднапиран и убиен Панче Жежовски. Според Обвинителството, ова се моментите кога се планирала реализацијата на грозоморниот чин.20:57 минутиВелибор Манев пристигнува пред неговиот двор. Од возилото излегува лице и влегува во куќата. Обвинителката тврди дека тоа е обвинетиот Боре Видески со неговото возило „шкода“.По неколку минути, од возилото „Рено кангу“, од совозачката врата излегол обвинетиот Влатко Кешишов кој исто така влегол во куќата. По него и обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо.22:26 минутиИзлегува Влатко Кешишов во дворот од куќата на Манев и се прекрстува држејќи ранец во раката, а потоа става нешто во возилото. Потоа, со „Реното кангу“ излегува на улица, а Манев со возило „мерцедес“.По 20-тина минути...Велибор Манев се враќа со „мерцедесот“ од местото каде што бил и повторно заминува. Во 22 часот и 43 минути Манев ги носи двете туби кон „кангуто“, кое во тој момент е паркирано на улицата.22:40Обвинителката посочува дека се гледа Палевски со црна слушалка во увото, како со Боре Видески излегуваат на улица. Кешишев се упатува кон „Реното кангу“, другите чекаат. Видески во раката држи радиостаница, односно „моторола“ и ја тестира. Радиостаница имаат и Велибор Манев и Влатко Кешишев. Од снимките, обвинителката вели дека се гледаат и микрофони закачени на Палевски, Манев и Видески.Велибор Манев и Жежовски се соседиЧетворицата тргнуваат пешки, токму во правецот на куќата каде живеел Жежовски, тврди обвинителката презентирајќи ги снимките.22:56 минути Обвинителката презентирајќи снимки вели дека се гледа како Кешишев се враќа пешки од правецот од кој претходно замина пешки. Две минути подоцна „Реното кангу“ оди кон останатите обвинети.По околу 30-40 минути...Се забележува како „Реното кангу“ се паркира пред „Шкодата”. Од него излегуваат Кешишев и Палевски, кој зборува на микрофон што го држи во десната рака. Потоа од правецот од Велес, доаѓаат Велибор Манев и Боре Видески.  Тројца влегуваат внатре додека Кешишев се упатува кон „Рено кангуто“, зема кеса и туба и влегува во домот на Манев.На следна снимка се гледа како сите четворица излегуваат од куќата на Велибор Манев и се качуваат во „Реното кангу“. Се враќаат, па пак излегуваат утрото на 22.11 во 06:33 минути. Ова е денот кога е убиен Жежовски.Панче Жежовски првично се водеше како исчезнат, додека неговото запалено возило „Цитроен“ беше пронајдено кај Бразда, близу местото каде била закопана Вања. Жежовски беше пронајден закопан кај Рудник, на патот Велес–Скопје, убиен со пиштол.

Македонија | пред 1 година

bajrami

Од Лотарија платени 400.000 евра за простории кои не биле ниту користени - нова пријава за избеганиот Прпарим Бајрами од ДУИ

Ексдиректорот на Државна лотарија, Прпарим Бајрами од ДУИ, доби нова кривична пријава. Тој се гони за изнајмување на деловни простории по цена за метар квадратен, најмалку два пати повисока од реалната пазарна цена. Во склучениот договор пак, не биле запазени посебните услови од јавниот повик, односно објектот е со поголема површина од бараните услови и не било опфатено дворното место кое претставувало посебен услов во повиокот.„Исто така, деловните простории не биле адаптирани за намената од договорот, односно, објектот – деловните простории требало да бидат реновирани и реконструирани при што за истото пријавениот предвидел и отпочнал Јавна набавка со износ од 1.300.000 евра за реновирање и реконструкција, што би претставувало дополнителен трошок за Државна лотарија. На тој начин, пријавениот П.Б. во својство на директор на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА склучил договор за закуп на деловни простории кои не биле адекватни за потребите на Државна лотарија и за цена за м2 која е повисока од пазарните цени. По склучување на договорот за закуп на деловни простории од страна на пријавениот иако истите не биле користени од страна на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА согласно намената од договорот за закуп, АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА на правниот субјект ХЕЈ ДООЕЛ Скопје му исплатила 24.636.045 денари.“, стои во пријавата од Финансиската полиција.Од Обвинителството посочуваат дека постапуваат по пријавата.„Основното јавно обвинителство Скопје ја прими и веќе постапува по пријавата. Со оглед дека осомничениот се уште е недостапен на органите на прогонот и по него се трага со национална и меѓународна потерница, ќе се преземат други дејствија за испитување и прибирање докази“, вели оБВИНИТЕЛСТВОТО..

Македонија | пред 1 година

trgovija-so-deca

Шест лица под истрага за трговија со луѓе

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за борба против криучарење мигранти и трговија со луѓе при МВР реализираа акција во која се лишени од слобода две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Трговија со луѓе. Имено, предметот беше оформен во ОЈО Тетово во ноември минатата година, кога на првоосомничениот му била изречена мерка притвор поради семејно насилство, по преземените дејствија е утврдено дека станува збор за кривично дело „Трговија со луѓе“, по што истиот е препратен на надлежност во ова обвинителство. Врз основа на сознанијата и обезбедените докази донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против шестмина осомничени за кривично дело Трговија со луѓе.Првоосомничениот во текот на деветгодишна брачна заедница со жртвата, ја злоупотребил својата положба и со својата сопруга постапувал на особено понижувачки и суров начин, воспоставувајќи целосна контрола врз неа. Тој, со употреба на сила и сериозна закана, извршувал физичко и психичко насилство над неа, континуирано нанесувајќи ѝ телесни повреди и заканувајќи се по нејзиниот живот и животите на членовите на нејзиното семејство, по што започнал да ја принудува на сексуална експлоатација по пат на проституција заради стекнување на парична корист и наркотична дрога. Претставувајќи ја како своја пријателка, првоосомничениот, во периодот од септември 2023 година до 20.11.2024 година, во повеќе наврати ја принудил својата сопруга да дава сексуални услуги во угостителски објекти во Тетово и Гостивар, во нивниот семеен дом, како и во семејните куќи на корисниците на сексуалните услуги. Тој стапувал во контакт со останатите осомничени – корисници на услугите, го договарал местото, како и надокнадата која била во пари или соодветна грамажа на наркотична дрога – кокаин. Додека жртвата била со корисниците, првоосомничениот имал целосна контрола, следејќи ја понекогаш и преку видео повик, а потоа откако ќе му ги дадела парите или дрогата, ја претепувал, ја горел со цигари и ѝ нанесувал тешки повреди од кои со денови се опоравувала.Во однос на определување на мерки за обезбедување на присуство, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција имајќи ги предвид околностите и тежината на стореното дело на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи определување на мерка притвор за четворица осомничени, додека двајца веќе се наоѓаат во притвор. Судијата го прифати предлогот и определи мерка притвор за сите лица, која мерка за двајца осомничени ќе се применува по нивно пронаоѓање.За кривичното дело што му се става на товар на првообвинетиот, согласно Кривичниот законик запретена е казна затвор во траење од најмалку четири години, додека за корисниците на сексусалните услуги е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.

Македонија | пред 1 година

Habib-Bunaku-960x573-1

За убиството на Буњаку во Чаир: Две лица ги криеле пиштолите, по тројца се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта меѓу 10 и 11 февруари во скопската општина Чаир.Постапка е поведена и за уште две лица за дејствија на помагање по извршување на кривичното дело, затоа што по настанот сокриле два пиштоли, помагајќи на дел од осомничените да не бидат откриени.На критичниот ден, на паркинг на улицата „ Втора Македонска Бригада“, по претходна вербална расправија поради сообраќајно недоразбирање кај поликлиника Чаир, започнала вооружена престрелка меѓу две групи, при што првоосомничениот 28-годишник, со употреба на огнено оружје, со умисла го лишил од живот оштетениот Хебиб Буњаку и го довел во опасност животот на уште едно лице. Уште петмина осомничени исто така директно учествувале во престрелката, возвраќајки со дејствија на помагање и соизвршителство во убиство и обид за убиство. Последните двајца осомничени, по престрелката сокриле два од пиштолите користени во оружениот инцидент.Надлежниот јавен обвинител предложи мерка притвор за двајца осомничени за дејствија на убиство и обид за убиство, како и мерка куќен притвор за уште еден од осомничените. Притвор е предложен и за двајцата осомничени за кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело.По три лица полицијата се уште трага. Се преземаат и натаму дејствија за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 1 година

IMG_6897

На татко и се заканила дека ќе го убие, дете удрила со нога во стомак - велешанка оди во притвор

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 24-годишна велешанка која во изминатите неколку дена извршила повеќе кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144, Насилство врз дете од член 201-а, како и Предизвикување општа опасност според член 288 од Кривичниот законик.Делата ги извршила последователно така што најпрво на 10.02 при вршење семејно насилство му се заканила на сопствениот татко дека ќе го убие. Влегла во неговиот дом кршејќи ја вратата, па кога не го нашла, се упатила кон автобуското стојалиште каде го затекнала оштетениот и му упатила отворени закани со намера да го вознемири и да го заплаши.На 12.02 осомничена е дека извршила физичко насилство врз дете родено 2011 година, така што најнапред започнала вербална расправија, а потоа детето го удрила со нога во стомакот. Нешто подоцна истиот ден се појавила пред домот на оштетените со стап во раката и им се заканила на девојчето и нејзината мајка дека ќе ги убие, со што кај нив предизвикала чувство на несигурност, загрозување и страв.Исто така, на 14.02 го забележала девојчето во дворот на семејната куќа и започнала да фрла камења кон оштетената. Девојчето побегнало, а осомничената продолжила да фрла камења кон паркинг простор каде имало паркирани возила и ученици кои чекале превоз. На тој начин предизвикала значителна опасност за животот и телото на присутните и оштетила два автомобила.Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат дека осомничената би можела да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, но и поради опасноста да ги повтори кривичните дела или да ги изврши делата со кои се заканува и кои вклучуваат противправни дејствија и закани кон 13-годишно девојче, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот на обвинителството и ја определи притворската мерка за осомничената.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-38-8270PM

Обид за убиство во Чаир: 25-годишник пукал кон пешак, кого претходно го испрскал поминувајќи во вир со автомобил, поради што се скарале

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.На 17 јули, во вечерните часови во Чаир, осомничениот со мотор со голема брзина поминал покрај оштетениот и уште едно лице кои се движеле пеш и ги испрскал со вода насобрана на асфалтот. Застанал и му се извинил само на сведокот, додека со оштетениот најпрвин започнал да се расправа, а потоа и физички размениле неколку удари.Осомничениот најпрво избегал, но потоа ги пречекал во близина на детската градинка “Фидани” и со пиштол испукал еден куршум кон оштетениот, нанесувајќи му огнострелна повреда во десната страна на градниот кош и оштетувајќи му неколку органи. Сторителот веднаш повторно се дал во бегство.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а притворската мерка треба да се применува по неговото лишување од слобода. МВР постапува за пронаоѓање на осомничениот.

Скопје | пред 1 година

Grabez-pistol

Прилепчанец ограбил стан во Скопје: се бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради сомненија дека сторил кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.Сомненијата укажуваат дека делото го сторил во соизвршителство со уште едно лице кое е идентификувано и по кое се трага.На 23 јули, во временски период меѓу 12 и 13 часот, двајцата со провалување насилно влегле во стан на булеварот “Трета македонска бригада” и одзеле лаптоп компјутер, рачни часовници и други предмети во вкупна вредност од 38.000 денари.За осомничениот 35-годишник од Прилеп кој веќе е лишен од слобода, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои очигледно укажуваат на опасност од бегство.

Македонија | пред 1 година

koronavirus-1

Има ли саботажа со исклучување на коморите за реагенси во ИЈЗ: обвинителството отвори случај

„По информациите во јавноста дека на Институтот за јавно здравје вчера било намерно исклучено напојувањето со електрична енергија на коморите во кои се чуваат реагенсите за испитување на заразни и незаразни болести, Јавното обвинителство итно оформи предмет по допрен глас за да испита дали во конкретниот случај има обележја на кривично дело“, велат од Обвинителството и додаваат:Поради сериозноста на можните штетни последици врз здравјето на луѓето што евентуално би биле предизвикани од еден таков чин, како и можноста да станува збор за кривични дела против државата како што се диверзија или саботажа, дежурните јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со истражители од истражните центри на обвинителството, излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија.Се прибира документација, се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат сознанија за настанот и се прават сите неопходни проверки, а за исходот од преземените дејствија јавноста ќе биде известена.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-01-at-19.00.04

Го убиле со калашников, по кратка караница - страотни детали за крвопролевањето во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица затоа што постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.Тројцата браќа од селото Дебреше, на 23 јули, со умисла и од безобзирна одмазда лишиле од живот еден соселанец со кого имале подолготрајни недоразбирања.На критичниот ден, најпрво настанала физичка пресметка меѓу еден од браќата и жртвата. По тепачката, осомничениот ги повикал и своите браќа, кои револтирани од домовите зеле огнено оружје – калашников и пиштол. Сите тројца со автомобил “Волво” со швајцарски регистарски таблички се упатиле кон куќата на оштетениот.Кога го пронашле, пукале кон него и со пиштолот и со автоматската пушка, нанесувајќи му повеќе огнострелни повреди од кои жртвата веднаш починала.По настанот тројцата осомничени беа задржани во краткотраен 48-часовен притвор со цел да се извршат сите вештачења. Со поведувањето на истрагата, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и основан страв дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците кои евентуално би било потребно да се сослушаат.Categories

Македонија | пред 1 година

darko-k

(Видео) Каевски дојде за да му судат: со лонгета, успеа да стигне на судење за спортските ваучери

Ексдиректорот на Агенцијата за млади и спорт обвинет за направена штета врз државниот буџет од пет милиони евра, се појави на судење. Тој минатиот пат отсуствуваше поради операција на ногата и судењето се одложи, а сега, со лонгета дојде во судот.Покрај Каевски на обвинителна клупа ќе седнат и директорот на АМС, Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски.Обвинителката Лидија Раичевиќ ги обвини дека направиле штета од над пет милиони евра е сторена во случајот со ваучерите на Агенцијата за млади и спорт.Случајот се отвори откако Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе иницијатива до надлежниот обвинител дека постои сомнеж во доделувањето на спортските ваучери од страна на раководни лица од АМС. Веднаш потоа јавниот обвинител поднесе обвинителен предлог против 12 луѓе за кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и за „несовесно работење“.Судењето го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Лидија Раичевиќ.

Македонија | пред 1 година

asm-raicevic-sudenje-kaevski-mojsoski

Каевски оперирал тетива, па не дојде на судење: Обвинителката решена да одговара со другите за штета од 5 милиони евра

Откако на првото рочиште не се појави првообвинетиот Дарко Каевски судењето за спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт се одлага за 9 јули. Авокатот на Каевски, Петре Шилегов кажа дека неговиот клиент е на домашно лекување откако му бил извршен оперативен зафат на тетивата. Покрај Каевски на обвинителна клупа ќе седнат и директорот на АМС, Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски.Обвинителката Лидија Раичевиќ ги обвини дека направиле штета од над пет милиони евра е сторена во случајот со ваучерите на Агенцијата за млади и спорт.„Случајот по многу нешта е специфичен, особено поради бројот на обвинетите, поради природата на кривичното дело, поради настаните кои се случувале и особено поради штетата која што е настапена, многу висока, изнесува над 5 милиони евра, рече таа.Случајот се отвори откако Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе иницијатива до надлежниот обвинител дека постои сомнеж во доделувањето на спортските ваучери од страна на раководни лица од АМС. Веднаш потоа јавниот обвинител поднесе обвинителен предлог против 12 луѓе за кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и за „несовесно работење“.Судењето го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Лидија Раичевиќ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања