(Видео) „Супорт Кочани“ една година подоцна: Од иницијатива до столб на поддршка за погодените од трагедијата
Една година по трагедијата во Кочани, иницијативата „Супорт Кочани“ објави видео компилација од сите активности што ги реализираше во изминатиот период, помагајќи им на повредените и на семејствата на настраданите.Од првиот ден по несреќата, волонтерите работеа деноноќно за да одговорат на потребите на граѓаните. Организираа хуманитарни акции, собираа финансиски средства, креираа апликации за донации и изработија веб-страница преку која се координираше помошта. Дел од активностите беа насочени и кон здравствените установи, со донации за болницата, како и обезбедување креми и неопходни средства за третман на повредените.„20.03.2025 – На овој ден пред една година се роди иницијативата ‘Support Kocani’. Од идеја да се помогне, до организација која сè уште неуморно работи за подобро Кочани. Фала ви на сите кои на било кој начин помогнавте на засегнатите од трагедијата во Кочани. И на сите кои помогнавте ‘Support Kocani’ да опстои“, стои во нивната објава.Видео-компилацијата е потсетник за солидарноста која се мобилизираше по трагедијата, но и за континуираната борба на граѓанските иницијативи да ги ублажат последиците таму каде што институциите често доцнат или изостануваат.„Супорт Кочани“ денес претставува пример како од спонтан граѓански ангажман може да израсне организирана структура што носи конкретна помош и надеж.
Македонија | пред 1 седмица