Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

СВЕТСКА БАНКА

Svetska-Banka-1068x724

Светската банка предупредува: Војната во Иран закана за инфлацијата и храната

Светска банка изрази сериозна загриженост за економските последици од војната во Иран, предупредувајќи на ризици за раст на инфлацијата, губење на работни места и нарушување на снабдувањето со храна.Висок претставник на институцијата оцени дека кризата веќе има глобално влијание и бара координиран одговор.„Исклучително сме загрижени поради влијанието на војната врз инфлацијата, работните места и безбедноста на снабдувањето со храна“, изјави извршниот директор Паскал Донохо.Според него, Светската банка веќе е во директна комуникација со земјите членки за да се утврдат приоритетите во справувањето со кризата.„Во моментов се консултираме со многу влади за нивните потреби, а очекувам дека во следните неколку недели сликата ќе стане многу појасна“, изјави Донохо.Во меѓувреме, Светската банка најави ново партнерство со Меѓународен монетарен фонд и Меѓународна агенција за енергија, со цел координиран хуманитарен и економски одговор на последиците од конфликтот.Посебно ранливи, според проценките, се земјите од Азија и Африка, кои се најизложени на енергетски и ценовни шокови.Кризата предизвикана од војната во Иран веќе се одразува врз глобалните пазари, а институциите предупредуваат дека следните недели ќе бидат клучни за дефинирање на обемот на економските последици.

Свет | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања