Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ТАЛАТ ЏАФЕРИ

Нема фотографија

Џафери- Река: Македонија и Албанија имаат одлични меѓусебни односи и заедничка стратешка цел-членство во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го прими на проштална средба амбасадорот на Република Албанија, Н.Е. Фатос Река.На средбата, разговараа за односите меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, кои се карактеризираат со искрено пријателство и меѓусебно разбирање без отворени прашања.Премиерот Џафери му се заблагодари на амбасадорот Река за искрениот придонес во унапредувањето на билатералната соработка меѓу двете соседски земји, особено во областа на економијата, зголемувањето на трговската размена и во реализацијата на инфраструктурните проекти кои ги поврзуваат Северна Македонија и Албанија.Двајцата соговорници истакнаа дека двете земји, како сојузници во НАТО и земји чија заедничка цел е членството во Европската Унија, споделуваат исти вредности и даваат придонес во унапредувањето на регионалната соработка, што е гаранција за безбеден и стабилен регион.Премиерот Џафери, во знак на благодарност, му врачи на амбасадорот Река признание за неговата професионална посветеност и придонес во унапредувањето на соработката меѓу Северна Македонија и Албанија, и му посака добро здравје и натамошен личен и кариерен успех каде и да го води неговиот професионален пат.

Македонија | пред 2 години

talat-dzaferi33

Џафери: Сеќавањата од Холокаустот ги чуваме од заборав

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се обрати на одбележувањето на 81 година од Холокаустот на македонските Евреи, на локацијата на поранешен скопски Монопол, каде за време на Втората светска војна, започнала депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор во Треблинка.Воедно, владината делегација, предводена од премиерот Џафери, оддаде почит и положи цвеќе пред Споменикот на 7144 депортирани македонски Евреи.Овој настан во Скопје е дел од тридневната Комеморативна програма 1943-2024, во организација на Еврејската заедница во државава и на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, што се реализира под слоганот „Сеќавање- 11 Март, Холокаустот на македонските Евреи“ и на истиот, покрај претставниците од еврејската заедница, присуствуваа и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претставници на Собранието и Владата на Република Северна Македонија, како и претставници на дипломатскиот кор во земјава.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Средба на премиерот Џафери со ДКСК: Поддршка во реализација на надлежностите и изградбата на праведно општество за сите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со новоизбраната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Татјана Димитровска и со членовите на новиот состав на Комисијата.Средбата се реализираше на барање на претседателот на Владата, Џафери и на неа тој истакна дека Комисијата ја има поддршката во реализацијата на законските обврски.На средбата беа споделени ставови на претставниците на Комисијата, за континуиран процес на развој на ДКСК, со цел зајакнување на нејзиниот статус, како и за ефикасно спроведување на законските надлежности во делот на спречување корупција.Заеднички е изразена согласност дека, владеењето на правото е еден од клучните приоритети за сите граѓани на Република Северна Македонија и на патот на државата кон Европската Унија. И дека во таа насока, потребни се заеднички, консолидирани напори од сите страни, правосудната, законодавната и извршната власт, како и широко од општествената јавност, за постигнување на очекуваните резултати.Во однос на актуелната тема за организацијата и спроведувањето на претстојните претседателски и парламентарни избори, заеднички се истакна дека е потребен фокус од сите политички субјекти, учесници во изборниот процес, кон спроведување транспаренти, фер и демократски избори според европски стандарди и пракси, посебно што Република Северна Македонија аспирира кон натамошни исчекори во евроинтеграцискиот процес, за скорешно членство во Европската Унија.Премиерот Џафери, на претседателката на Комисијата, Димитровска и на присутните претставнички, го честиташе Меѓународниот ден на жената, 8 Март, истакнувајќи ја важноста на споделената одговорна улога, во изградбата праведно и правично општество за сите.

Македонија | пред 2 години

Dzaferi_Forina_8

Џафери за Денот на учителот од Форино: Да се биде учител е мисија и одговорност

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска по повод Денот на учителот, го посети Основното училиште „Форина", во неговото родно село, Форино, Гостивар.Премиерот Џафери, во своето обраќање пред наставниците и учениците, им го честита денешниот Ден на учителот, посочувајќи дека на овој ден им се оддава почит на учителите кои ја извршуваат најблагородната професија, тоа е образувањето и воспитувањето на идните генерации. Денешниот ден, како што посочи премиерот Џафери, е потсетување на отворањето на првата училница со настава на албански јазик во Корча, со што се поставени темелите на албанското образование.Премиерот Џафери, во своето обраќање, ја потенцираше улогата на учителите во образовниот процес како и во надградување на знаењето на учениците, што е важно за иднината на младите, но и за напредокот на општеството.„Ова е посебен ден кога се сеќаваме на денот на отворањето на првата училница на албански јазик во нашата историја. Оддаваме почит до сите што се живи, и се меѓу нас, за придонесот што го имаат дадено. Денес, ја уживаме можноста во која младите генерации имаат избор од повеќе универзитети на кои се одвива настава на албански јазик, односно, Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот на Југоисточна Европа, кој е основан на приватно-јавна иницијатива. Сите тие високообразовни установи имаат една заедничка цел, а тоа е да се развие високата академска мисија на албанскиот јазик. Ова нека биде пример и стимул за учениците кои ги започнуваат првите чекори на стекнување знаење, да целат кон тоа дека еден ден, некој од нив ќе може да го заземе моето место овде, но и местото на сите од нас“, порача премиерот Џафери.Во своето обраќање, премиерот Џафери, посочи и дека особено радува фактот што за разлика од минатото, денес учениците во ова училиште учат во нов и современ објект.

Македонија | пред 2 години

XHAFERI-1

Средба Џафери- Хаџијев: Црноморската економска соработка нуди можности за продлабочена економска поврзаност меѓу Европа и Азија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денес оствари средба со генералниот секретар на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка, Асаф Хаџијев.Премиерот Џафери изрази задоволство од продолжувањето на воспоставениот дијалог со Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка и во новото својство како претседател на Владата, потврдувајќи ја неговата убеденост дека дипломатијата на секое ниво на власта, било да е парламентарна или извршна, е неопходна во сегашниот сложен меѓународно-геополитички контекст, и истата придонесува во намалувањето на тензиите, градењето на доверба и наоѓањето решенија.Премиерот го истакна значењето на организацијата за Црноморската економска соработка и изрази задоволство од придобивките од досегашното четиригодишно членство на Северна Македонија, кое не значи само членство во структурите на организацијата, туку нуди можност и за продлабочена економска поврзаност меѓу двата континенти, како и трите различни региони - Балканот, Кавказот и Црното Море.Во таа насока, се осврна на клучните стратешки проекти кои придонесуваат за поголема поврзаност и интегрираност на регионот, а со тоа носат и нови економски придобивки за земјите, како на пример Коридорот 8, кој го поврзува Јадранско со Црно море.Генералниот секретар Хаџијев, му го честиташе на премиерот Џафери стапувањето на новата функција, изразувајќи задоволство и очекување за натамошен континуитет во воспоставениот добар и редовен дијалог со Џафери како претседател на Собранието.Хаџијев истакна дека, поради својата географска локација, Северна Македонија е клучна земја за Црноморската економска соработка, а членството во НАТО и започнатата интеграција во ЕУ даваат значајна дополнителна, политичка и безбедносна димензија која е добредојдена за зголемена економска динамика.

Македонија | пред 2 години

20230521153725

(ФОТО) Џафери се пожали оти не му бил тапациран столот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во прилог во вестите на Канал 5 се пожали дека канцеларискиот стол од неговиот кабинет е оштетен и дека треба да се тапацира.- Треба ли да се тапацира?...Треба..., рече Џафери и рече дека таквите реквизити „треба да се вратат од каде што се должат“Со тоа собранискиот спикер сакаше да покаже дека ги има истите проблеми со МАНУ, Врховниот суд, Македонски народен театар, бибилиотека Свети Климент Охридски и други институции чие одржување е запуштено.

Македонија | пред 2 години

talat-dzaferi33

Талат во обид да ја спаси кариерата на Ковачевски стана и уставен судија, вели ВМРО-ДПМНЕ

Талат Џафери и неговите ортаци од антимакедонската СДС врска немаат со Устав, право, закони и демократија. Единствено што знаат е да ги погазуваат и кршат, вели ВМРО-ДПМНЕ„Се потврди дека антимакедонската СДС има уплав од соочување со народот. Се потврди дека заедно со Талат Џафери ќе направат се за да го избегнат референдумот на кој народот ќе каже што мисли за штетниот договор со Бугарија.Знае антимакедонската СДС дека народот во огромно мнозинство е против изворот на асимилаторската и негаторска политика насочена кон Македонија, па заедно со Талат Џафери се претворија во уставни судии и самоволно одлучија да го толкуваат и газат Уставот. Прават се само за да не го слушнат народот и да му ја спасат кариерата на Ковачевски. Но во очајот и нервозата уште повеќе се заплеткаа.Референдум за поништување на Законот за ратификација на Договорот со Бугарија е во согласност со чл.24 од Законот за Референдум, и не е во спротивност со Уставот. Ова референдумско прашање не го менува Договорот, туку се спори Законот за ратификација со кој тој се прогласува за важечки.Очигледен е стравот на власта предводена од Ковачевски. Со ваквиот кукавички потег тоа само го потврдија. Може да бегаат, но нема да избегаат од народната казна. Народот никој не го поразил. Од народната казна никој не се спасил, па ни антимакедонската СДС, ни Ковачевски“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev9

Апасиев го испрати Џафери во затвор

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека Џафери направил грешка при одбивањето на иницијативата за референдумот.„КАДЕ ИСПОГРЕШИ НЕУКИОТ СИЛЕЏИЈА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ПРИ ОДБИВАЊЕТО НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ?1. Спикерот не е надлежен да се впушта во мериторно оценување на иницијативата за распишување референдум, туку може само да ја цени нејзината „УРЕДНОСТ“ од формално-правен аспект.2. Спикерот не може сам, без претходно МИСЛЕЊЕ од две собраниски комисии, да одлучи за уредноста на иницијативата.3. Спикерот, доколку смета дека иницијативата е неуредна, прашањето го префрла на ПЛЕНУМОТ на Собранието, поради тоа што само тоа има уставна и материјална надлежност да цени дали истата ќе продолжи или ќе запре.4. Единствено СОБРАНИЕТО (на пленарна седница), а не спикерот, е надлежно да одлучи ad meritum за уредноста на поднесената граѓанска иницијатива - преку носење на подзаконски правен акт наречен „Заклучок“ (а не „Известување“). Дури тогаш можеш да го известиш подносителот!5. Толкувањето дека Уставот не дозволува менување на ратификуван меѓународен договор се однесува исклучиво само на МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ДОГОВОР, а никако на билатерален! Argumentum a fortiori, дури и Влада, а комоли пак Собранието, може да го раскине овој договор со Бугарија.6. Со овој ultra vires акт на самоволие, кога спикерот се става во положба на уставен судија, сторил кривично дело „СПРЕЧУВАЊЕ НА ИЗБОРИ И ГЛАСАЊЕ“ казниво по чл. 158, ст. 1 од Кривичниот законик, со запретена затворска казна од минимум три години (за што правниот тим на Левица ќе процесира соодветна пријава во ОЈО).7. Кој ти беше правен советник во случајов (Јетон или друг), нека ти ги врати ПАРИТЕ, оти нема појма од животот!8. Можно е да те бомбардираме и со сто други иницијативи, со различни референдумски прашања, од типот: „Дали сте за тоа бивши амнестирани терористи да можат да извршуваат највисоки државни функции во Република Македонија?“... “, вели Апасиев.

Коментари | пред 3 години

talat-dzaferi

Во четврток ќе се одлучува дали Џафери ќе го станат од претседателското столче

Во четврток на 30 јуни во Собранието на Република Македонија се очекува да се одржи пленарната седница за интерпелацијата на претседателот на Парламентот Талат Џафери поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.Џафери на денешното пленарно заседание потврди дека оваа пленарна седница ќе се одржи во четврток.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата интерпелацијата за Џафери ја поднесоа на 30 мај, по што претседателот на Собранието запазувајќи го рокот во Деловникот одговори на неа и ја закажа седницата на која ќе се расправа. Опозициската партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и пред поднесувањето на интерпелацијата рекоа дека не очекуваат таа да биде изгласана и Џафери да замине од оваа фукција, но оти сепак сметаат дека тој треба да одговара пред граѓаните за својата работа.

Македонија | пред 3 години

dzaferi-ohrid-2

ЕУ треба да одговори на прашањето „Каде оди Европа денес?“, вели Џафери

Ви благодарам на можноста да на овој Форум бидам еден од говорниците како претседател на Собранието. Ги поздравувам сите учесници во мое лично име и во име на пратениците, нормално како поранешно воено лице кое ги доживеало физички и практички дисолуцијата и распадот на СФРЈ, и како лице кое практично ги видел и ужасите на војната во Косово, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери на Преспа Форум за Дијалог 2022.„Секако, за жал нашата 2001-ва тука е исто така индикатор дека сите не вразуми и верувам дека се вразумивме и без дилема, на покана на мојот хомолог да се направи посета, без двоумење, беше потребно директно на лице место да се информирам за тоа за кое нашето Собрание претходно усвои Декларација за поддршка и осуда, фактички за поддршка на Украина, на украинскиот народ и институции, и за осуда на неоправданата агресија на Руската Федерација врз Украина.Заради фактот што сите ние сме носители на одлуки треба да бидеме директно информирани со последиците на тоа што е денеска војната во Украина, заради фактот што директното непознавање на тоа што е ефектот на една вооружена војна резултираше со тоа што на Западен Балкан војните да се завршат без осуда и без дефинирање на направените злосторства како последица на војната. И, несомнено, и во мое лично име и во име на институцијата, и во име на граѓаните на Северна Македонија, беше безрезервната поддршка на украинските институции, на народот на Украина, дефинирајќи ги јасно последиците кои имавме прилика директно да ги видиме на лице место и дека не е ништо друго освен еден класичен геноцид кој се случува пред очите наЕвропа и пред светот воопшто.Историскиот контекст на сличностите. Периодот по Втората светска војна се заокружува со усвојување на три меѓународни договори, и тоа Јалта, Техеран и Потсдам, што во геополитичката слика во тоа време, направи еден џеб со поранешната СФРЈ, како неутрална зона која требаше да биде линијата на разграничување помеѓу истокот и западот.Војната во Украина и личи на таа историска тенденција, со одбивањето на Русија за граничното приближување на Западна Европа и непостоењето на истата гранична линија со Русија и тенденција е Западен Балкан да биде тој вакуум кој ќе го дели истокот и западот. Ние како држава која од 1991 навака, помеѓу распадот на Југославија и нашето отцепување оттаму, во Собранието усвоивме резолуција за определба на нашите стратешки цели и определби за зачленување во НАТО и ЕУ и на постојан начин работела овие цели и стремежи да се остварат. Поради таа причина, Собранието, Владата, граѓаните, со поддршка од над 80% прифатија да се промени името на државата за да може да исполниме еден од условите за да бидеме членка на НАТО, иако другите услови беа претходно исполнети.Нашето патешествие кон ЕУ започна во 2004 година со поднесувањето на барањето и на прашалникот, 2005 со добивање на кандидатскиот статус и во однос на НАТО сме во слична седумнаесетгодишна маратонска постапка и трка за да се исполнат услови, што за наша среќа, сите извештаи од 2019 досега, дури и порано од Комисијата на ЕУ се дека Северна Македонија ги исполнила сите услови за да биде дел од Унијата и за отворање на преговорите, за жал, поради билатерални историски причини, историја која не можеме да ја промениме, таа е фактографија која се случила и нема како да се промени. Поради таа причина, мислам дека сите ние, посебно ЕУ треба да одговори на прашањето „Каде оди Европа денес?“, односно “Quo vadis Europa hodie?”, поради фактот дека не треба да се дозволи билатералните прашања да бидат предуслов и пречка за отворање на преговорите и за исполнување на европските определби за да бидеме полноправна членка. И така, во срцето на Европа, во Германија и Франција, пет години по Втората светска војна си подадоа меѓу себе рака на помирување за да градат Европа на мирот, сигурноста и геополитиката, мислам дека е време истото да се случи и во 2022 година, на следната конференција на ЕУ на 23 јуни, која што ја очекуваме и ние“, вели Џафери.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања