Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ТАВ

media-libraryeda27hubepi17n5vpvf

(Фото) МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани

Денеска на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид успешно беше реализирана симулациската вежба „Сигурен хоризонт 2026 – двојна закана“, во организација на Секторот за полициски работи од општа надлежност при Бирото за јавна безбедност, во соработка со ТАВ Македонија.На вежбата присуствуваа директорот на Бирото за јавна безбедност, Александaр Јанев и заменик генералниот директор за операции на ТАВ Македонија, Перо Лупевски, како и претставници од повеќе институции вклучени во системот за безбедност и управување со кризни состојби.Симулациската вежба се спроведе согласно Националниот план за постапување во вонредни состојби предизвикани од незаконско постапување против безбедноста на цивилното воздухопловство и имаше за цел тестирање на подготвеноста и координацијата на сите надлежни служби во услови на сложени безбедносни закани.Сценариото на вежбата опфати повеќе фази, вклучително и диверзија со импровизирана експлозивна направа во ВИП зоната, координиран терористички напад со заложничка криза во терминалната зграда, активирање на кризен штаб, како и синхронизиран одговор на специјалните единици, евакуација, преговори и неутрализација на сторителите, проследени со медицинска интервенција и стабилизација на состојбата.Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александaр Јанев истакна дека ваквите вежби се од исклучително значење за безбедносниот систем.„Целта на оваа вежба е сеопфатно тестирање на системот за одговор во услови на сложени безбедносни закани, преку симулација на реални сценарија. Преку вакви активности ја проверуваме оперативната подготвеност на полициските службеници, нивната способност за брза и ефикасна реакција, како и нивото на координација и комуникација меѓу сите инволвирани субјекти“, потенцираше Јанев.Заменик генералниот директор за операции на ТАВ Македонија, Перо Лупевски, нагласи дека безбедноста на патниците и персоналот е врвен приоритет.„Денешната симулациска вежба на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ ја потврди високата подготвеност на безбедносните служби на ТАВ Македонија и одличната координација со Министерството за внатрешни работи.Преку вакви вежби ја зајакнуваме способноста за брза и ефикасна реакција во услови на сложени безбедносни предизвици.“, изјави Лупевски.Со реализацијата на вежбата беа тестирани капацитетите за брза реакција, интер-институционалната координација и комуникација, како и способноста за ефикасно управување со кризни ситуации, со посебен акцент на заштита на патниците, персоналот и аеродромската инфраструктура.МВР се заблагодарува на сите учесници кои учествуваа во подготовката и реализацијата на вежбата, ТАВ Македонија, Противпожарната служба и службата за итна медицинска помош при ТАВ Македонија.Министерството за внатрешни работи и ТАВ Македонија и во иднина ќе продолжат со заеднички активности и вежби, со цел континуирано унапредување на безбедноста и подготвеноста за справување со сите видови закани.

Македонија | пред 4 дена

skopski-aerodrom

Визер почнува со продажба на авиобилети за Барселона, Лион и Штутгарт од скопскиот аеродром

По денешната средба меѓу генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, и управниот директор на Визер, Роланд Тишнер, билетите за трите нови авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје до Барселона, Лион и Штутгарт се официјално во продажба на веб-страницата на Визер.Денес, 17-ти декември, генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и Роланд Тишнер, управен директор на Визер одржаа состанок на Меѓународниот Аеродром Скопје, по што официјално го објавија почетокот на продажбата на авиобилетите за трите нови авиолинии што ќе бидат достапни од Меѓународниот Аеродром Скопје, до Барселона, Лион и Штутгарт од следната летна сезона.Патниците на скопскиот аеродром, од 2025 година можат лесно да стигнат и да ја истражуваат Барселона, раздвижениот град познат по својата уникатна архитектура, богата историја и живописна култура; Лион, познат по својата кулинарска извонредност и историска значајност и задолжителна дестинација за љубителите на храна и љубителите на културата; и Штутгарт, познат по автомобилската индустрија и прекрасните паркови, кој нуди спој на современост и традиција; додека гостите од овие европски градови можат да ја истражуваат природата, историјата и кулинарството на Скопје и Северна Македонија.„Како ТАВ Аеродроми, воодушевени сме што можеме да го објавиме враќањето на Барселона како дестинација за одмор од скопскиот аеродром од 3 мај 2025 година, на која ќе сообраќа Визер, особено затоа што тоа беше најпосакуваната рута од нашите патници. Дополнително, освен до Барселона, Визер следната година ќе ги воведе и Лион и Штутгарт како нови дестинации од скопскиот аеродром, што ќе биде предност за сите бидејќи со ова се проширува мрежата на дестинации од скопскиот аеродром, мапата на авиолинии на Визер, како и опциите за патување за секој авантурист. Преку ова проширување на мрежата на авиолинии, со нетрпение очекуваме и целиме кон понуда на поголема удобност и подобрување на поврзувањето за нашите патници со светот“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.Новите авиолинии од/до Барселона и Лион ќе бидат оперативни почнувајќи од мај 2025 година, нудејќи им на патниците возбудливи можности да ги истражуваат енергичните европски градови по пристапни цени во претстојното лето. Директните летови до/од Штутгарт почнуваат да сообраќаат од септември 2025 година.„Овие нови авиолинии од Скопје ја истакнуваат нашата посветеност да нудиме удобни и достапни опции за патување за нашите патници“, изјави Роланд Тишнер, управен директор на Визер Унгарија. „Возбудени сме што можеме да ја диверзифицираме нашата мрежа и да го поврземе Скопје со популарните дестинации како што се Барселона, Лион и Штутгарт. Овие нови конекции ќе им овозможат на патниците да истражуваат нови возбудливи локации и да се впуштат во незаборавни авантури, истовремено нудејќи им можност на туристите од Западна Европа да ги откријат скриените убавини на Северна Македонија.“Резервациите за трите нови дестинации достапни од Меѓународниот аеродром Скопје се отворени од денеска, летовите ќе започнат на 3-ти мај 2025 година (Барселона) и ќе сообраќаат секој вторник и сабота, на 1-ви мај 2025 година (Лион), со летови закажани за вторник, четврток и сабота, додека летовите до Штутгарт ќе започнат да сообраќаат на 29-ти септември 2025 година, со летови три пати неделно, во понеделник, среда и петок.Летовите до новите дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје може да се резервираат на официјалната веб-страница на Визер и преку мобилната апликација на авиокомпанијата. Основните цени почнуваат од само 24,99 евра за Штутгарт и 29,99 евра за Лион. Летовите од Скопје до Барселона се достапни по цени од 31,99 евра.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања