Mozzart продолжува со Театар на хуманост: Донација за „Банка за Храна“ носи билет за „Ивона, принцезата на Бургунд“
Mozzart ја спојува уметноста и хуманоста: со донација од 100 денари за Банка за храна, добивате бесплатен билет за претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“.На 17 април, Театар Комедија ќе биде дом на една вечер полна со емоции и магија. Елена Кузманов, Сергеј Димоски, Кристина Христова Николова, Мирјана Поповска Ристов, Кристина Ласовска, Ева Скeндеровска, Виктор Арсов, Роберт Ристов, Илија Илиоски и Александар Велјановски ќе ве поведат низ свет каде секој збор и секој поглед на сцената носи човечност.Секоја донација од 100 денари значи еден оброк за оние на кои им е најпотребно. Еден билет – една добрина. Една вечер – една надеж.Од четврток, 09.04.2026, во Бистро Комедија, секој работен ден од 10.00 до 13.00 часот, можете да донирате и да го земете вашиот билет.Бидете дел од оваа вечер каде сцената и добрината се претвораат во светлина што останува во срцата – затоа што вистинската уметност е онаа што дарува надеж. ПР
Магазин | пред 1 седмица