Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ТЕНИС

media-libraryud02umlrg509fTjNQtW

Алкарас под знак прашање за Ролан Гарос: повредата може да трае со месеци

Повредата на Карлос Алкарас предизвикува сериозна загриженост пред претстојниот турнир Ролан Гарос, а најновите процени укажуваат дека закрепнувањето може да трае многу подолго од очекуваното.Шпанскиот тенисер веќе се повлече од турнирите во Барселона и Мадрид поради повреда на рачниот зглоб, додека неговото учество во Рим е речиси исклучено. Под знак прашање останува и настапот во Париз, што и самиот Алкарас го потврди.Иако сè уште нема официјална дијагноза, специјалистот за повреди на шака, доктор Марк Жувенспан, предупредува дека можните сценарија не се воопшто безопасни. Според него, постои сомнеж за воспаление на тетива или повреда на лигамент во зглобот – состојби што можат сериозно да влијаат врз играта на тенисерите.„Со зглобот нема гаранции. Може да се санира со терапија, но може и да трае многу подолго од очекуваното“, изјави тој, посочувајќи дека закрепнувањето кај ваквите повреди е непредвидливо.Докторот додава дека ваквите состојби често се измамни – почнуваат со болка, но подоцна може да остане постојана непријатност која трае подолг период.Проценките не се охрабрувачки, бидејќи закрепнувањето може да заврши за неколку недели, но во полош случај да се одолговлечи и повеќе од шест месеци, што остава неизвесност околу настапот на Алкарас на престижниот турнир во Париз.

Спорт | пред 14 часа

media-library40q7l6p9odpsbH3Si13

Падот на Олга Даниловиќ продолжува – Србија може да добие нова тениска лидерка

Најдобро рангираната српска тенисерка Олга Даниловиќ забележа пад од 18 позиции на најновата ВТА листа и моментално се наоѓа на 131. место со 569 бодови.Втора на листата меѓу Србинките е Лола Радивојевиќ, која се наоѓа на 142. позиција со 534 бода и наскоро би можела да стане најдобро рангирана српска тенисерка.Теодора Костиќ е на 164. место со 459 бодови, додека Миа Ристиќ се наоѓа на 265. позиција со 259 бодови.На врвот на ВТА листата останува Белорусинката Арина Сабаленка со убедливи 10.895 поени. Веднаш зад неа се наоѓаат Елена Рибакина и Коко Гоф, додека во првите десет се и Ига Швјонтек, Џесика Пегула, Аманда Анисимова, Елина Свитолина, Мира Андреева, Џасмин Паолини и Викторија Мбоко.

Спорт | пред 2 дена

media-librarypg94154cgf3k5IwBqcu

Нервозата го остави Меџедовиќ без најголемиот успех во кариерата

Српскиот тенисер Хамад Меџедовиќ е поразен од Андреј Рубљов во полуфиналето на турнирот од серијата 500 во Барселона, со резултат 3:6, 6:2, 6:2, по речиси два часа игра.Иако не влезе во мечот како фаворит, Меџедовиќ го започна натпреварот одлично и го доби првиот сет, покажувајќи сигурна игра и контрола на теренот. Во тој период, со исклучок на еден гем во кој се соочи со повеќе брејк топки, српскиот тенисер делуваше доминантно.Сепак, по првиот сет следеше целосен пресврт. Рубљов ја подигна играта, додека Меџедовиќ почна да прави повеќе грешки, да ризикува во неправилни моменти и да влегува во нервоза. Дополнително, имаше и вербален конфликт со судијата, по што неговата игра забележително опадна.Во третиот сет Меџедовиќ имаше уште една шанса за враќање кога стигна до две брејк топки на стартот, но не успеа да ги искористи. Потоа повторно падна во ритам и Рубљов сигурно го затвори мечот.Рускиот тенисер ќе игра во финалето против подобриот од дуелот меѓу Рафаел Ходар и Артур Фис.

Спорт | пред 4 дена

IMG_0656

Повредата на Ѓоковиќ го доведува под прашање неговиот настап во Мадрид

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ дополнително ги поттикна дилемите околу неговиот настап на претстојниот турнир во Мадрид, откако призна дека сè уште не е сигурен дали ќе може да се натпреварува.Иако моментално се наоѓа во шпанската престолнина и веќе тренирал во Марбеља, неговото учество на турнирот останува неизвесно поради физички проблеми со кои се соочува во изминатиот период.Во изјава за шпанските медиуми, тој посочи дека има желба да настапи, но нагласи дека конечната одлука ќе зависи од неговата физичка подготвеност. Додаде дека ќе направи сè што е во негова моќ за да биде подготвен, но дека во овој момент не може да даде потврда.Тенисерот, кој во моментов е меѓу водечките на светската ранг-листа, претходно ги пропушти турнирите во Мајами и Монте Карло поради повреда на рамото, што дополнително ја усложнува неговата состојба пред новиот предизвик.И покрај тоа што организаторите најавија негово учество, останува да се види дали ќе успее навреме да се опорави и да се појави на теренот во Мадрид.

Спорт | пред 5 дена

alkaraz-1

Алкарас влезе во „клубот 300“: до јубилејот стигна побрзо од Ѓоковиќ, Надал и Федерер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас ја запиша 300. победа во кариерата на АТП-турнејата, ставајќи се во избрано друштво на најбрзите до оваа бројка во современиот тенис.Јубилејната победа ја оствари во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло, каде што го совлада Александер Бублик. Со тоа, Алкарас до 300 триумфи стигна по точно 367 одиграни мечеви — ист број што бил потребен и на Џон Мекинро.Побрзо од Алкарас до „троцифрениот“ јубилеј од овој ранг стигнале само двајца: Џими Конорс (365 мечеви) и Род Лејвер (355). Зад него, според истата статистика, остануваат имиња како Иван Лендл и Рафаел Надал (по 373), како и Борис Бекер (374), што дополнително ја нагласува тежината на овој резултат.Алкарас ќе има можност веќе во сабота да ја запише и 301. победа, кога треба да игра против Валентан Вашероа, во обид да го продолжи победничкиот ритам во Кнежеството.

Спорт | пред 1 седмица

media-library8u0n1r73ftkn2IJqrgb

Синер продолжува со серијата победи на Мастерс турнирите – го чека стар ривал

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во полуфиналето на турнирот Монте Карло Мастерс, откако убедливо го совлада Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим со 6:3, 6:4.Синер го доби мечот по околу час и половина игра, без поголеми проблеми, правејќи по еден брејк во двата сета. Со оваа победа, тој стана еден од ретките играчи кои имаат врзано 20 победи на Мастерс турнирите по воведувањето на овој формат.Во полуфиналето, Синер ќе се соочи со Александар Зверев, а нивниот дуел привлекува големо внимание бидејќи се работи за еден од најнеизвесните парови во завршницата на турнирот.Интересно е што Синер е во серија победи и против Зверев, со подобар меѓусебен скор, што дополнително ја зголемува неговата самодоверба пред полуфиналето.Доколку го освои турнирот во Монако, Синер би можел да се врати на првото место на АТП листата.

Спорт | пред 1 седмица

medvedev1

Италијанецот Беретини го понижи Медведев: Рускиот тенисер доживеа катастрофален пораз во Монте Карло

На тенискиот турнир Мастерс во Монте Карло, Данил Медведев, еден од најдобрите тенисери во светот, доживеа една од најголемите катастрофи во својата кариера. Во второто коло, Италијанецот Матео Беретини го совлада со убедливи 6:0, 6:0, што јасно го покажуваше преовладувачкото влијание на противникот и слабата игра на рускиот тенисер.Медведев, кој беше седми носител на турнирот, не успеа да најде одговор на играта на Беретини. Италијанецот ја играше својата најдобра тениска варијанта, но впечатокот беше дека Медведев едноставно не можеше да се сопре, грешеше речиси на секој удар и со тоа му подаруваше поени на ривалот.Рускиот тенисер дури го скрши својот рекет во очај, но тоа не успеа да го „разбуди“ и да одигра барем еден достоен гем. По само 47 минути игра, Медведев беше вистински понижен на овој престижен турнир.Во следното коло, Беретини ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Фонсека и Риндеркнех.

Спорт | пред 2 седмици

media-library3sjkprtkcb3t8AuibU0

(Видео) Сабаленка ја прекина победничката беседа во Мајами: „Тоа не смее да се прави“

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја заокружи големата вечер во Мајами со нов трофеј, но вниманието по финалето го украде еден неочекуван момент – директното обраќање до навивачка која, според неа, ја преминала границата на спортското однесување.Сабаленка во финалето ја совлада Американката Коко Гоф со 6:2, 4:6, 6:3, одбрани титула и го комплетираше таканаречениот „Sunshine Double“. Сепак, во третиот сет се случи ситуација што ја исфрли од такт: при резултат 3:2, додека траеше размена, една гледачка извикала „аут“, што предизвикало реакција и на судијата, а Сабаленка реагирала бурно – по што добила опомена.Наместо инцидентот да остане зад неа, Сабаленка го спомена веднаш по мечот, среде победничкиот говор. Таа најпрво се обиде да ја најде навивачката во публиката, а потоа порача дека такво мешање во играта не е прифатливо, притоа признавајќи дека и самата не требало да реагира на начинот на кој реагирала.„Не знам каде сте... таа госпоѓа што викаше, што ‘навијаше’ топката да биде аут. Не требаше така да реагирам, ама... тоа не можете да го правите, знаете? Ајде да се согласиме дека и двете згрешивме, се извинувам“, рече Сабаленка.Подоцна, во разговор по финалето, таа повторно се осврна на нервозата што ја почувствувала во тој дел од мечот и нагласи дека не е горда на изговореното во жарот на моментот, но и дека ваквите довикувања од трибините не смее да станат „нормална“ појава.Сцената во Мајами е уште еден потсетник колку тенка може да биде линијата меѓу навивање и влијание врз натпреварот – особено во моменти кога мечот влегува во најкритичната фаза.

Свет | пред 3 седмици

IMG_0656

Ѓоковиќ без „прв тренер“: Не сум подготвен во оваа фаза да доведам некој сосема нов

Новак Ѓоковиќ по пласманот во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс изјави дека во моментов нема „прв тренер“ и дека не планира да назначи таков, затоа што не чувствува дека е подготвен, во оваа фаза од кариерата, да започне процес на целосно запознавање и градење нова соработка.По победата над Камил Мајхшак во второто коло, српскиот тенисер нагласи дека е мирен со ситуацијата и дека смета оти го има потребното за да функционира на турнирите без класичен шеф на стручниот штаб.„Немам никого кого би можел да го наречам прв тренер во овој момент. И јас сум во ред со тоа. Чувствувам дека го имам она што ми е потребно. Не мислам дека сега сум подготвен, во оваа фаза од кариерата, да доведам некој сосема нов и да поминам со него низ целиот процес на запознавање“, порача Ѓоковиќ.Иако наскоро ќе наполни 39 години, Ѓоковиќ истакна дека амбицијата да биде сè подобар на теренот не се менува, па отсуството на „прв тренер“, според него, не значи дека престанал да работи на напредок.„Недостигот на тренер не значи дека не се обидувам да ја подобрам играта или да иновирам, да најдам начини на и надвор од теренот да ја подобрам играта. Го правам тоа, доведов различни луѓе, поминав неколку недели анализирајќи и деконструирајќи ја мојата игра“, додаде тој.Во третото коло во Индијан Велс, Ѓоковиќ ќе игра против Американецот Александар Ковачевиќ.

Спорт | пред 1 месец

media-libraryjrkgfsovir1m8pARFa5

Карлос Алкараз е новиот шампион на „Австралија опен“, Ѓоковиќ застана на чекор до рекордот

Карлос Алкараз е новиот шампион на Австралија опен, откако во финалето во Мелбурн го совлада Новак Ѓоковиќ и ја спречи неговата мисија за освојување на рекордната 25. гренд-слем титула.Клучниот гем од мечот донесе жестока размена на удари, во која Карлос Алкараз успеа да ја искористи грешката на Ѓоковиќ и да ја преземе контролата. Српскиот ас возврати со препознатливата магија, напаѓајќи на мрежа по втор сервис и освојувајќи поен со два прецизни волеја, но потоа следуваше нова неизнудена грешка која му овозможи предност на Алкараз.По силен ритерн, Алкараз стигна до две меч-топки и ја искористи првата, со што го запечати триумфот и ја освои титулата на Австралија опен.Со овој триумф, шпанскиот тенисер уште еднаш ја потврди својата доминација на најголемата сцена, додека Ѓоковиќ остана без ново историско достигнување, и покрај силниот отпор и борбата до самиот крај на финалето.

Спорт | пред 2 месеци

media-librarypopvfer1oucscrp4H4F

Новак доминира во првиот сет: 6-2 против Алкараз во финалето на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ игра за својата 25. грен слем титула во кариерата, со што би поставил апсолутен рекорд во историјата на тенисот. Во финалето на Австралија опен во Мелбурн, Ѓоковиќ по првиот сет има водство од 1:0 против Шпанецот Карлос Алкараз, откако одигра импресивен воведен сет и славеше со убедливи 6-2.Ѓоковиќ рано го одзеде сервисот на противникот, целосно ја контролираше играта, делуваше самоуверено и стабилно од почеток до крај, а во финишот направи уште еден брејк со кој ја потврди доминацијата и го обезбеди првиот сет.Еден од навивачите на Ѓоковиќ привлече особено внимание со транспарент на кој имаше фотографија на Новак претставена како филмски плакат и порака: „Бегство од Алкараз“, што дополнително ја засили еуфоријата меѓу публиката.Ѓоковиќ со ваквиот почеток јасно најави дека е решен да испише нова страница во тениската историја и да ја освои титулата што би го издвојала како најуспешен грен слем шампион на сите времиња.

Спорт | пред 2 месеци

media-librarygbvv7qr8a1pr4wzMjDz

Ѓоковиќ по 11. пат во финале во Мелбурн, Алкараз му стои на патот

Финалето на Australian Open е закажано за недела со почеток од 9:30 часот, а за трофејот на првиот грен-слем турнир во сезоната ќе се борат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.Ѓоковиќ избори пласман во финалето по драматичен полуфинален меч во кој славеше со 3:6, 6:3, 4:6, 6:3 и 6:3, иако двапати беше во резултатска негатива. Со ова, српскиот тенисер уште еднаш ја потврди својата доминација и ментална цврстина на терените во Мелбурн.Негов противник во финалето ќе биде Алкараз, кој по исцрпувачка борба што траеше пет часа и 21 минута, во пет сета го совлада Александар Зверев, обезбедувајќи си место во мечот за титулата.Ова ќе биде 11. финале за Ѓоковиќ на Австралија опен, турнир на кој досега никогаш не загубил финален натпревар. Доколку триумфира и овој пат, тој ќе ја освои својата 25. грен-слем титула во кариерата, со што дополнително ќе го зацврсти својот статус како еден од најуспешните тенисери во историјата на спортот.Финалниот дуел меѓу Ѓоковиќ и Алкараз се најавува како судир на искуството и младоста, во меч кој привлекува огромно внимание од тениската јавност ширум светот.

Спорт | пред 2 месеци

media-librarygbu8e1iabj3d8dgQmFg

Австралиан опен со итно соопштение – променет распоредот

Австралиан опен издаде соопштение поради најавените високи температури за вторник, 27 јануари, кога се очекуваат скоро 40 степени.„Поради прогнозата за високи температури за утре, вторник, 27 јануари, направени се следните измени во распоредот. Организаторите одлучија порано да го отворат комплексот за програмата да започне пред најголемата топлина. Вратите ќе се отворат утре во 9:00 часот наутро. јуниорските натпревари ќе започнат во 9:00. Натпреварите на Margaret Court Arena започнуваат во 11:00 и се отворени за сопствениците на „Ground pass“ билети.“„Натпреварите на Rod Laver Arena ќе започнат во 11:30, каде што Арина Сабаленка ќе игра против Ива Јовиќ, а потоа следува Александер Зверев против Лернер Тиен.“Исто така, натпреварувањето на тенисерите во колички е одложено од вторник за среда.

Спорт | пред 2 месеци

IMG_0656

Ѓоковиќ по тешка битка во Шангај: „Публиката ме крена – неверојатна поддршка, и покрај бруталните услови“

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, им се заблагодари на навивачите за нивната поддршка во неговиот дуел против Германецот Јаник Ханфман и истакна дека било тешко да се игра поради влажноста на Мастерсот во Шангај, објави Српскиот ас се пласираше во осминафиналето на овој турнир од серијата 1000, откако денес го победи Ханфман со 4:6, 7:5, 6:3 во третото коло.„Како што реков претходно, условите се исти за сите. Брутално е, над 80 проценти влажност, ден по ден, сите мора да се справиме со тоа. За мене, можеби биолошки тоа е малку поголем предизвик. Јаник одигра неверојатен натпревар од самиот почеток. Една просечна игра од моја страна му беше доволна за да го освои сетот. Сервираше многу прецизно, беше тешко да се прочита неговиот сервис и силно ја удираше секоја топка“ рече Ѓоковиќ по натпреварот.Тој продолжи со својата анализа на натпреварот. Беше тешко да се игра против Ханфман.„Публиката ме крена, а на крајот од вториот сет почувствував дека станувам подобар во размените и подобро го читав неговиот сервис, тој почна да прави грешки. Почнав да удирам послободно. Во мојата кариера сум победил во многу вакви натпревари, во кои најчесто не бев подобар играч, туку едноставно храбро ја одржував играта“.На крајот, Новак уште еднаш им се заблагодари на навивачите за нивната поддршка. Неверојатно е да се биде тука и да се игра пред многу страсна публика.„Неверојатно е, поддршката што ја добивам, не можам да побарам повеќе – 38 години, играм на Мастерс, публиката го скандира моето име… Тоа е сон, им сум благодарен за тоаа“ ,нагласи српскиот тенисер. Ѓоковиќ ќе игра против Џауме Мунар од Шпанија во осминафиналето.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-07-at-09.34.06

Лина Ѓорческа освои прво место во Романија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше на турнирот во романскиот град Слобозија, со награден фонд од 40.000 долари. Таа во финалето ја совлада домашната претставничка Елена Бертеа со 2-1 во сетови (3:6; 6:3; 6:4), по два часа и 15 минути игра.Финалниот меч започна подобро за Романката, која со два брејка го освои првиот сет (6:3). Во вториот сет Бертеа поведе со 3:1, но тука започна големиот пресврт на Ѓорческа – со пет последователни гема ја доби делницата со 6:3 и изедначи на 1-1.Во решавачкиот сет Лина водеше со 4:2, но противничката израмни на 4:4. Сепак, Ѓорческа покажа цврстина во клучните моменти и со два добиени гема ја осигура конечната победа (6:4).Ова е 15. титула во поединечна конкуренција за Ѓорческа, која досега има одиграно 39 финалиња. Покрај тоа, во својата кариера таа има освоено и 47 титули во конкуренција на двојки.Со трофејот од Слобозија, Ѓорческа добива 50 ВТА поени и ќе напредува на светската ранг-листа.Македонската тенисерка следната недела ќе настапи на турнир во Букурешт, каде ќе се обиде да продолжи со одличната форма.

Спорт | пред 7 месеци

alkaraz-1

(Видео) Алкарас лут, покажа со прст кон камерите

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас изрази незадоволство поради тоа што нема приватност на тренинзите пред стартот на УС Опен.За време на загревањето на еден од споредните терени, Алкарас на својот агент му укажувал кон камерите кои ја снимаат секоја негова подготовка. „Сите терени се покриени со камери и микрофони, тоа ја нарушува подготовката на играчите“, смета Алкарас.Младиот тенисер коментирал дека камерите бележат сè, дури и доверливи разговори за ривалите, тактиката и подготовките, што, според него, создава дополнителен притисок.Алкарас својот настап на турнирот ќе го започне против Рејли Опелка, а целта му е да постигне подобар резултат од минатата година, кога беше елиминиран во второто коло од Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп.

Спорт | пред 7 месеци

novak-dzokovic-1

Новак конечно дозна кого би можел да добие во второто коло на US Open

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја доби појасната слика за својот пат на US Open, откако завршија квалификациите.Во второто коло го очекува дуел со победникот од мечот меѓу Американецот Закарија Свajда и Унгарецот Зомбор Пирош. Досега одиграле два меѓусебни дуела, и двата во корист на Свajда – во Каљари и на Ролан Гарос минатата година. Во квалификациите, Свajда беше подобар од Холмгрен, Жукаев и Хеслер, додека Пирош ги елиминираше Букије, Тиранте и Дакворт.Пред тоа, Ѓоковиќ најнапред ќе одигра премиерен меч на турнирот против Лернер Тијен, моментално 48. играч на светската ранг-листа. Дуелот е закажан за понеделник во 01:00 часот по средноевропско време и се очекува да биде посериозен тест во однос на потенцијалните ривали во второто коло.Интересно е што во половината од ждребот каде што се наоѓа Ѓоковиќ, главно има Американци, па не е исклучено речиси до завршницата да игра исклучиво против домашни тенисери.US Open започнува во недела, а Ѓоковиќ тргнува во поход по својата 25-та гренд слем титула.

Спорт | пред 7 месеци

alkaraz-1

Алкараз во финале на Мастерсот во Синсинати – дуел со Синер за титулата

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во финалето на Мастерсот во Синсинати, совладувајќи го Германецот Александер Зверев во полуфиналето со 6:4, 6:3.Младиот Шпанец по час и 45 минути игра обезбеди нов голем дуел со својот најголем ривал и актуелен број еден на АТП-листата, Јаник Синер.Првиот сет беше решен во седмиот гем, кога Алкараз ја искористи втората брејк топка и стекнатата предност ја одржа до крајот на сетот.Во вториот сет се виде кратка размена на брејкови – Алкараз прв му го одзеде сервисот на Зверев, но Германецот веднаш возврати. Сепак, завршницата целосно му припадна на Алкараз, кој уште двапати му го одзеде сервисот на противникот и рутински го приведе мечот до крај.Со оваа победа, Алкараз избори ново финале на Мастерс турнир, каде што ќе се соочи со Синер (понеделник, 21:00 часот). Италијанецот во второто полуфинале беше подобар од француското изненадување на турнирот, Теренс Атман – 136. играч на светот, со 7:6 (4), 6:2.

Спорт | пред 8 месеци

Screenshot-2024-08-05-at-12.36.45

Острите зборови на легендата Алкараз: „Да бидеме реални...“

Поранешниот тенисер број еден во светот Енди Родик го критикуваше тенисерот број три во светот, Шпанецот Карлос Алкараз.Карлос Алкараз годинава освои две грен слем титули (Ролан Гарос, Вимблдон), а Шпанецот беше мета на критиките на Енди Родик.„Карлос, да бидеме реални. Тој ја заврши сезоната на 6 декември, поминувајќи една недела на одмор на Карибите со пријателите пред да ги игра овие изложби. Тој веќе се одмори, играше и заработи многу пари. Во кој момент можеме да кажеме некому дека не ја врши својата работа за огромна плата?“ - рече Енди Родик.Следен предизвик за Алкараз ќе биде Австралија опен во јануари.„Сите сме возрасни, ова е бизнис. Она што не го прифаќам е кога велат: „Па, немав доволно долга пауза помеѓу сезоните“. Не сакам да го слушнам тоа во Австралија, ако нешто не му оди. Тоа е се. Не сакам да го слушнам тоа“, изјави Родик.

Спорт | пред 1 година

Нема фотографија

Синер чека одлука дали е легално да падне на допинг

Јаник Синер, италијанскиот тенисер го освои УС Опен со убедлива победа против Тејлор Фриц со 3:0 во сетови.Без разлика на титулата на УС Опен, Синера го очекува период на неизвесност кој во голема мера може да го одреди понатамошниот тек на неговата кариера.Да се ​​вратиме за момент на 10 март 2024 година, кога Синер првпат беше позитивен на клостебол, супстанца која се третираше како допинг. Осум дена подоцна, Синер беше позитивен по втор пат. Следеа две суспензии - 4 април и 17 април, но и двете беа укинати наскоро - првата, поради првиот позитивен тест, траеше само еден ден, додека втората траеше седум дена.Конечната одлука дојде по сослушувањето на 15 август, а беше објавено четири дена подоцна - на Синер му беше дозволено да продолжи да се натпреварува бидејќи „не бил позитивен на тестот поради невнимание или грешка“.Од тој момент започна рокот од 21 ден за жалби до Судот за спортска арбитража.Речиси веднаш по објавувањето на оваа информација, Светската антидопинг агенција (ВАДА) објави дека „внимателно ќе го разгледа случајот“ и дека „го задржува правото на жалба“.Времето минуваше, а од ВАДА немаше информација до 5 септември, кој беше ден пред истекот на рокот за жалба.Италијанскиот портал „Fanpage.it“ од Неапол, инаку еден од најголемите медиуми од оваа земја, го објави одговорот што го доби од ВАДА на прашањето што се случува со случајот на Синер:„Како што правиме со секој случај, внимателно ја испитуваме оваа пресуда и го задржуваме правото да поднесеме жалба до Судот за спортска арбитража, доколку е потребно.На прв поглед премногу лежерно со оглед на сериозноста на ситуацијата. И тогаш 6 септември помина без никаква помпа - ниту ВАДА ниту Агенцијата за тениски интегритет (ITIA), која првично најави дека Синер нема да биде суспендиран, не објавија никакви најави.Иако на почетокот чудно, набрзо стана јасно зошто нема информации.Имено, рокот за жалби пред Судот за спортска арбитража истече на 6 септември, но - за сите освен за ВАДА.Како што е наведено на сајтот на оваа антидопинг агенција, а во делот за жалби на пресудите кога се во прашање допинг спортистите, за нив важат посебни правила.Имено, ВАДА има право на жалба на казната 21 ден по првичната одлука, или 21 ден од моментот кога е комплетирано досието и ја има целата документација на случајот во нејзина сопственост.Конкретно, член 13.2.3.5 го наведува следново:„Крајниот рок за поднесување жалба на WADA е подоцна од:Дваесет и еден ден по истекот на рокот за жалби од други странкиилиДваесет и еден ден од приемот на комплетното досие во врска со донесувањето на одлуката.“Во суштина, ова остава можност ВАДА да го започне процесот на жалба на 29 ноември, под услов тие 21 ден да бидат доволни за да ги собере сите потребни информации. Од друга страна, доколку има потреба од повеќе документација или изостане некоја хартија, постои можност целиот случај да трае подолго од тоа.Сепак, поверојатно е дека целата ситуација ќе се реши и пред тој рок. Италијанските медиуми напоменуваат дека ВАДА одлучила да го почека понеделникот за да не се крева врева на УС Опен не само поради Синер, туку и поради останатите тенисери и дека може да очекуваме конкретни чекори и најава за финалето. исходот најрано во понеделник, 9 септември.

Спорт | пред 1 година

tenis-friz

Американците немаат освоено Грен слем повеќе од 20 години: Овој човек ќе има можност да стави крај на тениските маки

Веќе во полуфиналето на УС Опен беше јасно дека Американец ќе игра за грен слем титула. Се покажа, по пет сета и поразот од Френсис Тиафо, дека тоа ќе биде Тејлор Фриц. Јавноста на Соединетите Американски Држави сега се надева дека тој ќе стави крај на тениското страдање со двојна цена.Фриц е неискусен кога се во прашање финалињата. Никогаш не отиде подалеку од четвртфиналето на Грен слемовите. Сега, тој ќе има можност да направи повеќе добри работи за себе и за белиот спорт во својата земја.Верувале или не, Американците немаат освоено Грен слем од 2003 година кога Енди Родик триумфираше на УС Опен.Тоа беше нивната последна голема титула, иако силно влегоа во овој век.Ним им припадна првиот Грен слем трофеј во 21 век, бидејќи Андре Агаси го освои Австралија Опен.Фриц сега има шанса која никој ја немал во последните 15 години.Наспроти него е Јаник Синер, светскиот тенисер број еден. Нема да биде лесно, но со помош на среќата, публиката и брзањето што ја има, можеби ќе може да се надева на нешто. Се подготвува голема приказна.

Спорт | пред 1 година

tenis-pegula

Тениската милијардерка во финалето на УС Опен, го направи најголемиот успех на грен слем турнирите

Чехинката Каролина Мухова водеше со 6:1, 2:0 во полуфиналето на УС Опен, но Џесика Пегула на крајот успеа да ја победи со 1:6, 6:4, 6:2 и во финалето на УС Опен ќе игра против Арина Сабаленка.Пегула е шестата тенисерка во светот, а со пласманот во финалето на УС Опен го направи најголемиот успех во кариерата на Грен слем турнирите.Американката станала милијардер по раѓање, а вие се прашувате зошто?Мајката на Пегула е од Јужна Кореја, таа е родена во Сеул, а Тери и Ким Пегула ја посвоиле на петгодишна возраст. Така таа доби четворица браќа и сестра. Се проценува дека во моментов Тери Пегула е „тежок“ нешто повеќе од седум милијарди долари. Тери е сопственик на Бафало Билс од НФЛ, како и Бафало Саберс од НХЛ. Своето богатство го стекнал преку компанија за природен гас и во еден момент го продал за 4,7 милијарди долари.Колку сериозен играч Тери Пегула сведочи дека ги победил Доналд Трамп и Бон Џови во конкуренција за НФЛ тим.Често велат дека кога девојките избираат иден сопруг, бараат татко во него, а Пегула се вклопува во вистинско клише. Нејзиниот избраник Тејлор Гахаген е голем филантроп и неговото богатство се проценува на околу 2,9 милијарди долари. Таа најде љубов во работата на нејзиниот татко, што исто така не треба да изненадува.Таа во финалето ќе игра против Арина Сабаленка, која во второто полуфинале беше подобра од Ема Наваро со 6:3, 7:6 (2).

Спорт | пред 1 година

sabalenka1

Сабаленка: Жените заслужуваат да бидат платени како мажите

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка зборуваше на темата за еднакви парични награди во машка и женска конкуренција.„Од ТВ гледна точка, од гледна точка на билети, од секоја гледна точка, неправедно е жените да не заработуваат исто.Секако, момците секогаш ќе бидат физички посилни од жените, но тоа не значи дека не работиме толку напорно како тие. Жените заслужуваат да бидат платени исто колку и мажите“, изјави втората тенисерка во светот.Сабаленка ја направи најдобрата можна увертира пред почетокот на последниот грен слем сезонава во Њујорк.Белорусинката ја освои титулата во Синсинати откако ја совлада Американката Џесика Пегула.

Спорт | пред 1 година

Нема фотографија

Синер го победи Американецот и го освои Синсинати

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на Мастерсот во Синсинати.Со победата над Саша Зверев во полуфиналето, Јаник Синер се зацврсти како број 1 на светската листа, а во финалето се почести со нов трофеј.Синер го победи Френсис Тиафое со 2-0 во сетови за час и 36 минути игра, а резултатите беа 7:6, 6:2 за најдобриот играч на планетата.За Синер ова е петта титула оваа година и тој е убедливо најуспешен тенисер на АТП турнејата, па на УС Опен ќе дојде како фаворит бидејќи ја зголеми предноста пред Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.Ѓоковиќ во 2024 година не освои ниту еден грен слем турнир, но успеа да освои златен медал од Олимписките игри во Париз.

Спорт | пред 1 година

Нема фотографија

Го нема Новак, но ќе има спектакл: Каде и кога да се гледа финалето на Ролан Гарос?

Карлос Алкараз и Александар Зверев ќе се борат за титулата шампион на Ролан Гарос во недела на 9 јуни.Дуелот меѓу Шпанецот и германскиот тенисер нема да започне пред 14 часот и 30 минути, ќе се игра на стадионот „Филип Шатрие“, а преносот е обезбеден на каналот Еуроспорт 1 ХД.Тоа ќе биде меч меѓу трето и четвртопласираните тенисери на АТП листата, а последен пат се сретнаа во Индијан Велс годинава и Алкараз победи со 2:0.Сегашниот скор му оди во прилог на Зверев, бидејќи досега има пет победи против Алкараз, додека Карлос четири пати.Во полуфиналето на Ролан Гарос, Алкараз во пет сета беше подобар од Јаник Синер, додека Зверев го исфрли Каспер Руд со 3:1.Зверев никогаш не освои грен слем титула, иако играше во финалето на УС Опен и две полуфиналиња на Австралија Опен.Што се однесува до Алкараз, тој ја брка својата трета Грен слем титула во Париз, откако претходно ги освои Вимблдон и УС Опен.

Спорт | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања