Тирана го крена влогот: Албанскиот парламент го прогласи Иран за „државен спонзор на тероризам“
Албанскиот парламент денеска (18 март 2026) усвои резолуција со која Иран се прогласува за држава што спонзорира тероризам, а Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) се означува како терористичка организација.Документот бил предложен од Социјалистичката партија на Албанија и поминал на пленарна седница, во услови кога пратениците на Демократската партија не присуствувале на гласањето.Претседателот на пратеничката група на социјалистите, Таулант Бала, повикал резолуцијата да биде поддржана со образложение дека е поврзана со клучни прашања на меѓународната безбедност и со обврската државите да се спротивстават на тероризмот и на оние што, како што навел, го поддржуваат или толерираат.Во своето обраќање, Бала посочил дека борбата против тероризмот денес се гледа и како заштита на демократијата и владеењето на правото, како и како обид за зачувување на меѓународниот мир и стабилност. Тој нагласил дека Албанија, како членка на НАТО и кандидат за членство во Европската унија, има обврска да придонесува во колективната безбедност.Како дополнителен аргумент, било потсетено дека Албанија во 2022 година била цел на сериозен сајбер-напад врз државни институции, како и дека парламентот неодамна повторно бил изложен на нов сајбер-напад. Според изнесените ставови, целта на резолуцијата е јасна осуда на секоја форма на државна поддршка на тероризмот.
Свет | пред 1 седмица