Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ТРАМП САД

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

Европа му врти грб на Трамп: Сè повеќе држави одбиваат учество во војната

Сè поголем број европски држави одбиваат да им помогнат на САД во воените операции против Иран, продлабочувајќи ги тензиите меѓу Вашингтон и европските сојузници и отворајќи сериозни прашања за единството во НАТО.Според информации на Reuters, Франција и Италија им се приклучиле на Шпанија во забраната за користење на нивната инфраструктура за американско-израелските воени операции, што претставува јасен сигнал за дистанцирање од актуелната стратегија на Вашингтон.Овие одлуки доаѓаат во период на веќе зголемени тензии, откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно ги шокираше европските сојузници со изјави за преземање на Гренланд, а сега јавно ги критикува поради одбивањето да се вклучат во конфликтот.„Државата Франција не дозволи прелет преку својата територијa на авиони кои летаа кон Израел натоварени со воена опрема. Франција беше МНОГУ НЕКООПЕРАТИВНА во врска со ‘Месарот од Иран’, кој беше успешно елиминиран! САД ќе го ЗАПАМЕТАТ ова!!! Претседател ДЏТ.“, напиша Доналд Трамп.Дополнителен удар за Вашингтон пристигна и од Полска, која одби да ги распореди своите системи „Патриот“ на Блискиот Исток.Полскиот министер за одбрана Владислав Косинијак-Камиш соопшти дека приоритет останува заштитата на националниот воздушен простор и источниот крил на НАТО.„Овие системи се користат за заштита на полскиот воздушен простор и источниот крил на НАТО, по тоа прашање ништо не се менува и нема никаков план за нивно преместување“, изјави Косинијак-Камиш.Меѓу најгласните критичари на американско-израелската операција е шпанскиот премиер Педро Санчез, кој ја оцени акцијата како кршење на меѓународното право и одби да дозволи користење на воени бази и воздушен простор за овие операции.Италијанската премиерка Џорџа Мелони исто така јасно се дистанцираше од воената ескалација, потенцирајќи дека Рим нема намера да влегува во конфликт.„Италија не е во војна и не сака да оди во војна“, изјави Џорџа Мелони.Според информациите, Италија дури одбила да дозволи слетување на американски воен авион во базата Сигонела на Сицилија, дополнително нагласувајќи го јазот меѓу европските престолнини и Вашингтон.Серијата одбивања сигнализира сè поизразено дистанцирање на Европа од воената политика на САД на Блискиот Исток и отвора нова фаза на несогласувања во рамките на западниот сојуз.

Свет | пред 2 часа

Screenshot-2025-07-06-at-11.01.57

(Видео) Трамп: „Ќе се погрижиме за нив“ – бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 50, исчезнати десетици деца

Бројот на загинати од катастрофалните поплави што го зафатија Тексас во саботата навечер се искачи на најмалку 50 лица, додека потрагата по десетици исчезнати деца продолжува, соопштија локалните власти.Најтешко погоден е округот Кер, каде што животите ги загубиле 43 лица, а дополнителни седум жртви се потврдени во три други окрузи, пренесува AFP. Силен пороен дожд во петокот предизвикал надојдени води од реката Гвадалупе, кои го зафатија поширокиот регион.Особено трагична е ситуацијата во летниот камп Camp Mystic, каде 27 девојчиња сè уште се водат како исчезнати. Градскиот управител на Кервил, Далтон Рајс, изјави дека бројот на исчезнати може да биде и поголем.Властите информираат дека најмалку 237 луѓе се спасени, од кои над 100 со хеликоптер, додека водата почнува да се повлекува.На новинарско прашање околу федералната помош, претседателот Доналд Трамп кратко изјави: „Ќе се погрижиме за нив“, без да навлезе во детали.Поплавите се сметаат за една од најсмртоносните природни катастрофи во поновата историја на Тексас, а надлежните служби и понатаму се на терен во обид да ги најдат исчезнатите и да обезбедат поддршка за погодените семејства.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-02-11-at-07.55.15

(Видео) Трамп потпиша извршна наредба: Се враќаме на пластичните сламки, оти ми се кршат хартиените

Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која сака да ги охрабри американската влада и потрошувачите да купуваат пластични сламки.„Враќаме пластични сламки“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа додека ја потпишуваше наредбата.Претходникот на Трамп, демократот Џо Бајден, предложи еколошки мерки за намалување на потрошувачката на пластика за еднократна употреба, поставувајќи цел да се елиминира употребата на пластични прибор, вклучително и сламки, во одделенијата и федералните агенции до 2035 година.Но, Трамп сега ги забранува хартиените сламки, тврдејќи дека тие „не работат“ и се несигурни и повикува на враќање на пластичните алтернативи.„Ги користев многу пати и понекогаш се кршат. Ако нешто е жешко, не траат долго - понекогаш само неколку минути, па дури и секунди. Тоа е смешна ситуација, затоа се враќаме на пластичните сламки“, додаде тој. (Хартините сламки не се познати по тоа што експлодираат, уред.)Трамп ја минимизираше загриженоста за животната средина, велејќи: „Мислам дека пластиката нема премногу да влијае на ајкулата додека таа поминува низ океанот џвакајќи сè пред неа“.Противењето на Трамп за хартиените сламки датира од 2019 година, кога лансираше сопствен бренд на пластични сламки. „Мислам дека имаме поголеми проблеми од пластичните сламки“, рече тогаш Трамп. „Имате мала сламка, но што е со чиниите, обвивките и сè друго, што е многу поголемо и направено од истиот материјал?Наредбата ги менува напорите на поранешниот претседател Џо Бајден целосно да ја елиминира пластиката за еднократна употреба, вклучително и пластичните сламки, во федералната администрација до 2035 година. Оваа мерка беше дел од извршната наредба на Бајден за поттикнување на индустријата за чиста енергија и одржливост преку федералните операции.Според Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP), луѓето произведуваат 430 милиони тони пластика годишно, од кои само 9% успешно се рециклираат. За разлика од хартијата, на пластиката и требаат векови за да се распадне.„Загадувањето со пластика може да ги промени живеалиштата и природните процеси, намалувајќи ја способноста на екосистемите да се приспособат на климатските промени, директно влијаејќи на човечкото живеење, производството на храна и социјалната благосостојба“, наведува УНЕП на својата веб-страница.Кристи Левит, директорка на кампањи против пластика во еколошката организација Океана, изјави за US News дека Трамп оди „во погрешна насока кога станува збор за пластика за еднократна употреба“. „Светот се соочува со криза со пластично загадување и повеќе не можеме да игнорираме една од најголемите закани за нашите океани и планетата“, рече таа.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања