Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ТРИПУНОВСКИ

IMG_4901

Трипуновски: Доделени 56 договори за поддршка на локални настани и саеми

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска 05.07.2024 година додели 56 договори за поддршка на локални настани и саеми.- Од 2008 година, нашата посветеност за поддршка на локални настани и саеми неверојатно порасна. Она што започна со еден корисник сега се прошири на 56 одобрени договори, покажувајќи ја различноста и богатството на македонските земјоделски традиции. - изјави Трипуновски.Некои од локалните манифестации имаат голем континуитет на одржување како што се: Деновите на кочанскиот ориз и македонскиот мед до иновативните нови саеми како Саемот на автохтони сорти везенка и науката во функција на развојот, секој настан ја одразува нашата длабоко вкоренета страст за земјоделството и руралниот туризам.- Во новиот концепт се предвидени поголема финансиска поддршка, вклучување повеќе млади луѓе, зајакнување на положбата на жените во руралните области и поттикнување на културниот туризам. Заедно, имаме за цел да ги подигнеме земјоделството на завидно ниво во Македонија и да го подобриме руралниот живот. - заврши Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4887

Трипуновски на средба со Масимилиано Паолучи, директорот на Светска банка во Македонија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска одржа работна средба со Масимилиано Паолучи, директорот на Светска банка во Македонија и д-р д-р Теклу Тесфаје виш економист за земјоделие во канцеларијата на Светска банка во Македонија.Разговаравме за проектот „Модернизација на земјоделството“ кој е финансиран од Светска банка, ме известија за статусот на имплементацијата и текот на активностите како и за застојот со кој што се соочиле при реализацијата на проектот. - изјави Трипуновски.Двете страни изразија спремност за понатамошна успешна соработка со цел реализација на планираните, но и започнување на нови заеднички проектни активности.Јас ќе сторам се за да помогнам во имплементацијата на проектот „Модернизација на земјоделството“ и истиот да биде финализиран што поскоро бидејќи македонските земјоделци заслужуваат модерни и квалитетни услови за работа. - заврши Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4782

Трипуновски: Со мелничарите и откупувачите на јачмен и пченица разговаравме за изнаоѓање на решение за откупната цена

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска одржа работна средба со млинарите и откупувачите на јачмен и пченица.На средбата се разговараше за откупната цена на јачменот и пченицата, но и во која насока ќе се движи откупот на житните култури.- На самиот почеток на откупот на јачменот и пченицата остварив состанок со производителите и со откупувачите на јачмен и пченица се со цел изнаоѓање на прифатливо решение за откупната цена која што ќе биде во корист и на производителите, но и на откупувачите. - изјави Трипуновски.Министерот Трипуновски информираше дека веќе во понеделник е закажана уште една средба каде што дополнително ќе се разгледаат можностите за изнаоѓање на идеално решение за за годинешниот откуп на јачмен и пченица.- Потребно е овие средби да се одржат многу порано, но за жал тие не се оствариле, затоа од следната година сите проекции и решенија ќе се дискутираат многу порано и ќе имаме јасно утврдени откупни цени пред почетокот на откупот, а не работите да се решаваат во последен момент.Мојот фокус останува на македонските земјоделци и грижата за нив, за тие да го добијат тоа што го заслужуваат! - заврши Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

Tripunovski-24.09.2022

Трипуновски: Заедно со земјоделците и откупувачите договориме откупната цена на младиот компир да не биде под 20 денари за килограм

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во општина Босилово каде што земјоделците од овој регион веќе неколку дена протестираат заради падот на откупната цена на младиот компир.- Заедно со мене на протестот присуствуваа и неколку откупувачи и заедно со земјоделците разговаравме за можно решение и се договоривме во наредните 10 дена откупната цена на младиот компир да не биде под 20 денари за килограм, а потоа се договоривме да оствариме уште една средба се со цел да го средиме и останатиот дел од пазарот. - изјави Трипуновски.Трипуновски успеа да ги собере откупувачите и земјоделците на едно место и заеднички да се договорат за условите и можностите за понатамошниот тек на откупот на млад компир.- Денес постигнавме договор кој не е идеален, но е преодно решение во овие тешки моменти кои ги наследивме од Владата на СДС. Во иднина ние како Влада предвреме заедно со земјоделците и откупувачите ќе креираме мерки и стратегии за да немаме повеќе вакви несакани ситуации. - заврши Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

Tripunovski-24.09.2022

Трипуновски: Ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на својата facebook страна објави дека ги потпишал првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.Во својата објава Трипуновски вели: „Почитувани земјоделци, штотуку ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, нека е аирлија!“Трипуновски во неколку наврати ја алармираше јавноста дека во Република Македонија постојат договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост кои истекуваат оваа година, но на истите не им е овозможено продолжување и дека Николовски го кочи продолжување со образложение дека се потребни законски измени на законот за земјоделско земјиште.Сепак на крајот успеавме да го реализираме нашиот предлог за разрешница на овој проблем по многу побрза и поедноставна постапка, наспроти тврдењата на министерот Николовски кој постојано, од непознати причини, тврдеше дека се потребни измени на законот за земјоделско земјиште и дека со анексирање на договорите не се решава овој проблем. Со ова само се докажа дека Николовски повторно ве лаже како што тоа го прави изминативе 7 години. - дополни Трипуновски.Позитивно е тоа што овој голем проблем доби решение и засегнатите земјоделци конечно ќе можат да ги продолжат своите договори согласно законските регулативи. Со ова Трипуновски покажа дека ќе биде предводник во промените и решавањето на проблемите во македонското земјоделство.ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе биде на страната на македонските земјоделци, доколку ние не го изнесовме овој проблем во јавноста, СДС и Николовски никогаш немаше да ги продолжат овие договори на вредните македонски земјоделци или пак тоа ќе го правеа селективно и повторно земјоделското земјиште ќе завршеше кај луѓе што не се земјоделци или истото ќе го трансформираа за плантажи со фотоволтаици.ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе може гордо и со крената глава да биде помеѓу светиниколчани и сите земјоделци во Република Македонија.“ - заврши Трипуновски во својата објава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Трипуновски: Системите за наводнување се руинирани и неисчистени

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство денес е во работна посета на општина Чешиново-Облешево каде што оствари средби со земјоделците од овој регион исто така го посети и системот за наводнување на земјоделските површини.,,Изминатиов период откако Љупчо Николовски најави дека ќе има вода за сите во кочанскиот регион добив многу пораки од земјоделците кои ме известија дека во реалноста ситуацијата и не е така розова. Состојба со системите за наводнување е катастрофалната, каналите се руинирани, стари, неисчистени и нефункционални. Повторно и оваа година водата ќе биде проблем за оризопроизводителите, а со тоа се доведува под знак прашалник и новата производна сезона.” - изјави Трипуновски.,,Дена неподготвени влегуваме со сезоната за наводнување говори и фактот дека за чистење на доводните канали за наводнување е потрошено само 30 работни часови со една машина. Со ова ќе имаме лош старт на наводнителна сезона со што ќе се пролонгираат роковите за засејување на оризовата култура и наводнувањето преку цела наводнителна сезона ќе се одвива со потешкотии.Потребно е многу работа во секторот земјоделство министре Николовски, особено во делот на водостопанството, вие овие 7 години ги преспавте и ништо не сработивте. Единствено добро е тоа што наскоро вие ќе си заминете, а на ваше место ќе дојдат луѓе кои посветено и искрено ќе работат за доброто на македонските земјоделци, тие ќе имаат вистински партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ!” - заврши Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Трипуновски: Од 2019 година до денес не е извршено порибување со Охридска пастрмка со што сериозно го загрозува рибниот фонд

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипиновски денес е во работна посета на Охрид каде што го оствари средби со Здружение на Ловци Охрид и Здружение на риболовци Свети Апостол Петар - Охрид.Денеска сум на работна посета во охридскиот регион, само што завршив со средбата со рекреативните риболовци од Охрид. Констатацијата е повеќе од загрижувачка, Охридското Езеро веќе од 2019 година до денес нема извршено порибување на Охридската пастрмка, контролата и заштитата на езерото практично и да не се спроведува, а од друга страна немаме ни концесионер ниту за рекреативен ниту за стопански риболов. - изјави Трипуновски.Трипуновски потсети за еден телефонски разговор кој излезе во јавноста каде што практично се правеше нарачка како да се остави Охридското Езеро на милост и немилост на сите рибокрадци и на нелегален риболов.Познатиот бренд Охридска пастрмка се помалку го има затоа што државата изминативе не води никаква грижа. Она што го ветивме пред рибарите е дека по 8ми мај, по завршувањето на изборниот процес и формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваме сериозен фокус во заштитата и обновата на овој рибен фонд, односно управувањето со езерото да биде согласно законската регулатива. - заврши Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Трипуновски: Бројот на тутунари драстично опаѓа, СДСМ го уништи тутунопроизводството

,,Денеска се исплатени субвенциите за тутун на 14.300 тутунопроизводители.Ова ќе беше добра вест се додека не ја погледнеме статистиката за тутунот и тутунопроизводителите.Во 2023 година имаме 17.587 тутунопроизводители, а субвенции добиле само 14.300, односно 3.287 тутунопроизводителите не добиле субвенции, а вкупниот број на тутунопроизводителите е намален за неверојатни 5.851 во споредба со 2016 година кога сме имале регистрирано 23.438 тутунопроизводители.Дополнително количината на откупен тутун во 2023 година изнесува 14.8 милиони килограми или за 10.4 милиони килограми помалку споредбено со 2016 година кога вкупно биле откупени 25.2 милиони килограми тутун.Сите овие негативни статистики за бројот на тутунопроизводителите и количината на откупен тутун си имаат и негативен финансиски удел, односно само по основ на извоз на тутун во 2023 година имаме неверојатни 70 милиони евра помал девизен приход во споредба со 2016 година.Ова се “успешните“ земјоделски политики на Николовски и СДСМ, низ статистиката гледаме како се уништува македонското земјоделство и како секој ден се повеќе се намалува бројот на земјоделците во Македонија.”, изјави Цветан Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Трипуновски: Николовски ангажира лица за политичка кампања преку МЗШВ на терет на државата

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, денес на својата фејсбук страница објави документ каде што се гледа дека министерот Љупчо Николовски ангажирал повеќе лица на договор на дело за периодот од февруари до мај.,,Николовски привремено вработува фотограф, снимател, графички дизајнер, лице за односи со јавност, лице за логистичка поддршка на Министерот на терен, и сите овие лица се вработени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што ќе добијат по 76.000 денари.Прашањето е едноставно: дали Николовски со државни пари си вработува лица за политичка кампања за СДС во предизборниот период?”, напиша Цветан Трипуновски, на својот фејсбук профил

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Трипуновски: Со СДС на власт имаме 16.5 милиони килограми помалку извезено јаболко

Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку фејсбук објава извести за катастрофалните политики на СДСМ во делот на овоштарството.Трипуновски направи споредба помеѓу 2016 и 2023 година за количините на извезено јаболко и годишните девизни приливи по тој основ. Бројките се катастрофални и се само дополнителен доказ за негрижата на СДСМ за македонските земјоделци.,,Јаболкото е најизвезуваното овошје од Македонија од кое се остварува годишен девизен прилив од над 20 милиони евраНо, со СДС на власт денес имаме:16,5 милиони килограми помалку извезени количини во 2023 во споредба со 2016 (Извор: ДЗС)7,6 милиони евра помал девизен прилив во 2023 споредено со 2016 (Извор: ДЗС)”, објави Цветан Трипуновски на својот фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Трипуновски: Рекорден трговски дефицит во 2023 година во износ од 436 милиони евра

,,Рекорден трговски дефицит во 2023 година во износ од 436 милиони евра ‼️Еве како СДС го уништува македонското земјоделство, Македонија со СДС стана земја увозно зависна од храна‼️Негрижата за македонските земјоделци и тотално погрешните земјоделски политики на СДС ги примора земјоделците да го напуштат полето, а со тоа македонските граѓани да јадат увозни земјоделски производи, Македонија од земја извозник стана земја увозник на храна под власта на СДС.Земјоделците ќе имаат вистински партнер во новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ и заедно ќе го вратиме македонското земјоделство во онаа препознатлива состојба, а Македонија повторно ќе биде земја извозник на храна!" , објави Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, на својот фејсбук профил.

Македонија | пред 2 години

Tripunovski-30-08-2019-mediumi

Трипуновски: 8,2 милиони евра помал девизен прилив и 3,9 милиони литри помалку извезено вино во 2023 година

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку facebook објава соопшти дека Република Македонија има загуба од 8,2 милиони евра девизен прилив во 2023 година заради помалата извезена количина од 3,9 милиони литри вино во споредба со 2016 година.,,Стоп на манипулациите на СДС ‼️Ова се вистинските факти за извозот на флаширано вино и вкупното производство на вино во Македонија ‼️3,9 милиони литри помалку извезени количини во 2023 во споредба со 2016 Извор: ДЗС8,2 милиони евра помал девизен прилив во 2023 поради намалените извезени количини споредено со 2016 (согласно просечната извозна цена за 2023 година од 2,09 €/л)21,6 милиони литри помалку произведени количини на вино во 2022 во споредба со 2016", вели Цветан Трипуновски.

Македонија | пред 2 години

Tripunovski-24.09.2022

Трипуновски: 10,36 милиони килограми помалку извезени количини тутун

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку facebook објава соопшти дека Република Македонија има загува од 70 милиони евра девизен прилив во 2023 година заради помалата извезена количина од дури 10.36 милиони килограми тутун.,,Стоп на манипулациите на СДС‼️Ова се вистинските факти за извозот и количините на откупен ТУТУН изразени преку бројки‼️10,36 милиони килограми помалку извезени количини во 2023 во споредба со 2016 (Извор: ДЗС)70 милиони евра помал девизен прилив во 2023 поради намалените извезени количини споредено со 2016 (согласно просечната извозна цена за 2023 година од 6,78 €/кг)10,4 илјади тони помалку откупени количини во 2023 во споредба со 2016 (извор: ГЗИ и ДИЗ)", вели Трипуновски.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Земјоделците од Радовиш повторно ќе останат без вода за наводнување заради лошото менаџирање со браната Мантово

,,Се соочуваме со сериозна криза во управувањето со водните ресурси, исклучително важни за земјоделското производство. Катастрофалното менаџирање на браната Мантово од страна на АД Водостопанство ја доведува до знак прашалник новата производна сезона за земјоделците од Радовишкото Поле.Браната Мантово, со својот капацитет од 49,5 милиони м3 вода, треба да обезбеди најмалку 6 милиони м3 за наводнување на земјоделските површини, но во овој момент сме далеку од таа количина и земјоделците имаат на располагање околу 2.6 милиони м3 вода што сериозно го загрозува производството и егзистенцијата на земјоделците од овој регион.Затворачот на браната Мантово со години беше оставен без потребниот и редовен сервис и заради неажурноста на АД Водостопанство не се санираше виталниот дел на браната, и дополнително неконтролираното испуштање на вода денес донесе браната Мантово да биде скоро на својот биолошки минимум.Време е за одговорност и заштита на нашите водни ресурси и одржливост на земјоделското производство. Не смееме да дозволиме заради неажурноста на власта и претпријатието да трпат македонските земјоделците.", вели Цветан Трипуновски.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Трипуновски со докази: Николовски повторно лаже, донел и потпишал решение за престанок на важност на договорот

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку facebook статус објави документи на кои се гледа дека е издадено решение за престанок на договорите за закуп на земјоделско земјиште потпишано од министерот Николовски, за кои Николовски тврди дека МЗШВ нема донесено вакви решенија.,,Уште една лага на министерот Николовски!Тврдењето дека нема раскинато договори за земјоделско земјиште не е точно. Вистината е дека Николовски носи решение за престанок на договорите за закуп на земјоделско земјиште.Јас секогаш зборувам со факти и докази, па така еве еден од многуте раскинати договори на земјоделците за кои министерот Николовски вели дека не постојат.Заради негрижата на актуелната власт многу земјоделци нема да можат да аплицираат за субвенции токму заради раскинатите договори од страна на Николовски", вели Цветан Трипуновски.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Трипуновски: Барам да се направи анекс на договорите како што дозволува ДКСК

„Денес сум на работен состанок со земјоделците од Овчеполието, поточно во општина Свети Николе.Денеска ќе разговараме за еден проблем за кој што се дигна голема галама, а немаше потреба од такво нешто, односно станува збор за продолжување на договорите кои што истекуваат согласно претходните склучени договори.Најголем дел од земјоделците имаат поднесено речиси сите уредно барање за продолжување, меѓутоа гледаме дека министерот и Владата сакаат да ја префрлат топката дека техничкиот министер го кочи процесот, дека собраниската комисија исто така, меѓутоа она што сакам јас денеска да го пренесам на земјоделците и вас на медиумите дека постои многу елегантно решение без притоа да се прават било какви измени на законот, а тоа е дека согласно поднесените барања од страна на земјоделците министерот по претходна одлука на Влада може да склучи договор за непосредна спогодба и во овој период иако се наоѓаме во предизборието.Јас пред мене го имам и дописот од ДКСК и од 2016 и од 2019 година каде што сакам да цитирам дека не постои законска пречка да бидат овие договори продолжени без притоа да се преголема политика, а земјоделците да се нервираат.Имено, на прашање дали постои законска пречка во овој период да се склучуваат вакви договори, одговорот од ДКСК е следниот: од денот на донесување за одлука за распишување на избори до завршување на изборот на пратеници и изборот на Влада на Република Македонија НЕ ПОСТОИ законска пречка да се донесе одлука за давање согласност за склучување договори за земјоделско земјиште. Значи повторувам не постои законска пречка.Се поставува прашањето зошто актуелниот министер Николовски, зошто целата Влада го користи овој период да се дига паника помеѓу земјоделците, да се малтретираат и едноставно да бидат загрижени за својата производна сезона. Решението е овде, јас и вчера во текот на вчерашниот ден се обратив до медиумите и кажав дека решението е многу елегантно. Не знам зошто се прави паника и се прави политика од целава работа. Дали ова наликува на онаа паника која што ја направија со проблемите со патните исправи?Претпоставувам дека се они само креатори на една нереална ситуација која што сакаат да ја искористат за политички цели“, вели Цветан Трипуновски

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Трипуновски: Нудиме брзо решение за спорните договори за земјоделското земјиште

„Само и единствено заради решавање на егзистенцијалната судбина на повеќе од 200 земјоделски семејства кои ја потпираат својата економија на субвенциите, следејќи ја состојбата со поднесените барања за продолжување на закупот на земјоделското земјиште, предлагам конкретни решенија за брзо и едноставно надминување на состојбата.Во име на вистината, до денес, во Собранието, има доставено два предлога кои се однесуваат на измени на Законот за земјоделското земјиште и двата предлога не го решаваат настанатиот проблем и се однесуваат за уредување на сосема друга материја.Затоа што сум длабоко убеден дека креаторот на проблемот не може да биде и дел од неговото решение, нудам полесно и побрзо решение за проблемот на земјоделците. За надминување на ситуацијата предлагам две решенија:1. Владата да донесе одлука за давање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба (согласно член 39 од Закон за земјоделското земјиште), по поднесени барања за започнување на постапка од земјоделци во законски предвидениот рок за продолжување на договорите, а врз основа на претходно обезбедено мислење од страна на Државната комисија за спречување на корупција што и било пракса во минатото (Мислење од ДКСК бр. 12-262/2 од 25.01.2016) и2. Измена на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2024 година со која ќе се утврди дополнителен рок за поднесување на апликација за директни плаќања на оваа категорија земјоделци кои побарале во законски предвидениот рок да им се регулира правото на користење на земјоделско земјиште врз основа на веќе постоечки договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.Иако министерот во минатото, немал законски пречки за склучување на предметните договори, за кои барањата за продолжување на закупот биле доставени пред донесување на одлуката за распишување на изборите, тој не делувал навремено, па денес е создаден сериозен проблем, за кој овие два предлога се единственото конструктивно и брзо решение за остварување на правото за субвенции во 2024 година за оваа категорија на земјоделци“, вели Трипуновски.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Трипуновски: Се поделиле 2.5 милиони евра државни пари без притоа да се изврши било каква контрола

„Денеска продолжуваме со конкретни докази за криминалот од 2.5 милиони евра.Во 2022 година Љупчо Николовски прави директен упад во системот, односно по прецизно прави паралелен систем со тоа што преку министерството носи програми со кои директно го дерогира системот кој е законски востановен во рамките на ЕУ, и покрај тоа што овие програми се во надлежност на Платежната агенција.Повторувам дека Платежната агенција е орган која врши исплата на финансиски средства на претходно распишани јавни повици по програми, но Николовски си носи свои нови Програми преку министерството со кои врши исплата на огромни сума на пари.Само во 2022 година исплатени се над пола милион евра или поточно на 59 апликанти им се исплатени по 10.000 евра, или вкупно 590.000 евра, додека во 2023 година на 86 апликанти за мали винарии исплатени се средства во висина од 800.000 евра, во 2023 за програмата вински дестилати исплатено е на 12 апликанти во вредност од 56.000 евра, и истата 2023 година по програмата за неживотинско на 113 апликанти исплатени се финансиски средства во висина од 1.100.000 евра.Но, да одиме по ред.Најсимптоматично во целиот овој процес е тоа што еден од лицата на три члена комисија која давал согласност кои правни и физички лица да добиваат финансиски средства преку МЗШВ е тогашниот претседателот на партиската комисија за земјоделство од СДСМ, Гоце Георгиевски.Георгиевски како еден од членовите на комисијата имал задача да го прави изборот на корисниците на овие програми, да ја следи нивната имплементација и да врши контрола. Но, до денеска не постои документ дека е извршена било каква контрола, ниту дали се имплементирани средствата кои што се земени од страна на државата.Втор спорен момент е тоа што Георгиевски бил тој кој што одлучува, а истовремено бил партиски претседател на комисијата за земјоделство на СДСМ, и тоа е што при изборот на корисниците нема воспоставен никаков систем на критериуми, односно како се распределувале средствата и на кои лица, единствен услов бил прв дојден прв услужен, што законски не смее и не може да биде услов за добивање на финансиски средства од државата.Третиот спорен момент е што во 2023 година фирмата Агростратус на таткото на Гоце Георгиевски кој е раководител на сектор за рурален развој во МЗШВ каде што се објавуваат овие програми, добива согласност за добивање на финансиска поддршка.Од првиот документ кој што го имам денес со мене е решение за распределба на средства на корисници за јавен повик број 14-1360/5 од 03.03.2023 каде што стои и името на фирмата на која што е сопственик неговиот татко, а дополнителниот документ е овој документ каде што се докажува дека истата фирма била комплетна за да добие средства од самото министерство.Само за споредба иста таква фирма за мала винарија ЃИ ЕМ ЕН од Кавадарци, се одбива уште на самиот почеток. Но, не и  фирмата на таткото на Георгиевски, фирмата Агростратус.Со ова само се потврдува дека Николовски овие програми и овој упад во системот го направил само за делење на државни пари на партиски лица и лица блиски до власта.Мора да има целосна истрага, случај по случај да се види како е можно едно семејство, односно двајца сопружници да добијат финансиска помош од по 10.000 евра, а другите да се одбиени? Како може услов за добивање на државни пари да биде единствениот критериум прв дојден прв услужен?Како може да се поделени 2.5 милиони евра државни пари, а да нема никаква контрола?На владата на СДСМ им е полна устата со проевропски вредности, но во која друга држава се дерогира системот само за да се поделат 2.5 милиони евра без притоа да има соодветни критериуми или да има соодветна контрола кој и зошто добил финансиски средства?На крајот од оваа прес конференција, сакам да потенцирам дека јас не сум против малите производители на храна и малите семејни винарии, кои во иднина сериозно ќе ги поддржиме, но сум против лагите, криминалот и делењето на државни пари по партиски клуч“,  вели Трипуновски

Скопје | пред 2 години

cveta-1-29032022.jpg

Споредбено од март минатата година, лебот е покачен за 110, маслото за јадење за 70, шеќерот за 40 и брашното за 50%, вели Трипуновски

Ова е уште еден показател дека актуелната власт не бира средства и начин како да се луксузира на државен трошок, додека граѓаните не можат да врзат крај со крај, додека рафтовите во маркетите се полупразни, некои производи и ги нема веќе се дефицитарни, сега гледаме дека актуелната власт се луксузира, па се обидува да се вади, а напротив уште толку потонуваат во лагите, вели Цветан Трипуновски, претседател на републичката комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство во интервју во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.Трипуновски рече дека зголемувањето на цената на прехранбените производи е резултат на не навремените мерки, потенцирајќи дека владата и претседателот Пендаровски знаеле дека ќе започне руската инвазија врз Украина.Пендаровски кажа уште пред шест месеци дека знаеле дека ќе има дестабилизација на регионот и оттогаш наваму ништо не преземале за да превенираат одредени ситуации за да се заштитиме колку што можеме со навремени мерки. Но, како резултат на таа ненавремена реакција ние денеска имаме поскапување на основните прехранбени продукти за многу голем процент. Она што вадев како статистика лебот од март минатата година и до март оваа година е покачен за 110 проценти, маслото за јадење е покачено за 70 проценти, ако во март минатата година било 62 денари и го имало во доволна количина денеска е над 100 денари и го нема речиси на рафтовите во маркетите, брашното е за 50 проценти покачено, шеќерот за 40 проценти, а за нафтените деривати воопшто да не зборуваме, кажа тој.Трипуновски вели дека владата не прифаќа ниту еден предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа го става во знак прашалник прехранувањето на нацијата.Оваа влада го доведува во сериозен знак прашалник прехранувањето на нацијата на нашата држава. Ситуацијата е алармантна и навистина сум зачуден од игнорантскиот однос од владата на сите наши предлози кои што ги даваме за да се заштити она што може да се заштити, и да се спаси она што може да се спаси, истакна Трипуновски.Трипуновски нагласи дека во 2016 година државата имале околу 80.000 хектари засеани површини со пченица, од кои што се извадило реколта од околу 306 илјади тони, односно како што посочи тој потреба како држава е од 310 до 330 илјади тони на годишно ниво, додека во 2021 година државата имала 10.000 хектари помалку пченица во државата од кои што се собрани околу 246 до 250 илјади тони, односно за некои 60 до 80 илјади тони од тоа што ни е потребно.Пет години е СДСМ на власт, а ние речиси секоја година имаме некаква криза, и ние изминатите години неколку пати сме апелирале и сме давале предлози како да се заштитиме односно да ги имаме основните производи во доволни количини и да се трудиме да ги извезуваме од нашата држава. Неколку пати изминатиот период правев анализа само да ја доловам на јавноста ситуацијата во кој што не доведе владата на СДСМ. Во 2016 година сме имале околу 80.000 хектари засеани површини со пченица, од кои што сме извадиле реколта од околу 306 илјади тони, значи нашата потреба како држава е од 310 до 330 илјади тони на годишно ниво, во 2021 година ние имаме 10.000 хектари помалку пченица во државата од кои што се собрани околу 246 до 250 илјади тони. Тоа е за некои 60 до 80 илјади тони од тоа што ни е потребно како држава, потенцираше тој.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања