Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ТУНЕЛ

media-library2l7nhscefh93dwOAC3D

Пробиен последниот тунел во изградбата на пругата Бељаковце- Крива Паланка, вели Ивановски

Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски на својот фејсбук профил објави дека е пробиен и последниот тунел од вкупно 15-те, во делот на изградбата на пругата Бељаковце- Крива Паланка.“Бележиме прогрес.Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15те од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија ( Бељаковце - Крива Паланка).Пробивањето на тунелите се смета за една и од поспецифичните градежни активности. А на овој проект оваа позиција е веќе завршена.И натаму моменталниот прогрес од страна на изведувачот не е според очекувањата но можам да соопштам дека најспецифичните сегменти од проектот полека се надминуваат и очекувам месеци на посериозна оперативна активност и видлив прогрес.Коридорот 8 е од стратешко значење за Македонија и за НАТО и како таков сериозно се работи на неговата изградба и поврзување на Јадранско Море со Црно Море”- објави Ивановски,

Македонија | пред 1 месец

media-libraryc4l796bfvtc40i05CgN

Делумно обновен сообраќајот низ Ла Манш – „Евротунелот“ сè уште со големи доцнења, илјадници патници заглавени со часови

Работата на санирање на дефектот во железничките линии меѓу Британија и Франција продолжи и во текот на ноќта, а дел од сообраќајот низ Евротунелот е повторно воспоставен. И покрај тоа, возовите на „Еуростар“ и „ЛеШатл“ и денес сообраќаат со повеќечасовни доцнења, јавува Би-Би-Си.Проблемите започнаа поради дефект на системот за електрична енергија и оштетени надземни кабли, во комбинација со застој на еден од возовите на „ЛеШатл“. Последиците беа хаос во пресрет на новогодишните патувања – илјадници патници заглавија на пероните и терминалите, дел од семејствата чекаа со часови во автомобилите, а имаше и возови што останаа под земја под Ла Манш без можност веднаш да продолжат.Според Би-Би-Си, најмалку десет возови на „Еуростар“ од и кон Лондон, Париз, Брисел и Амстердам беа откажани уште пред пладне. Компанијата им се извини на патниците и понуди враќање на средствата, промена на термин или е-ваучери. Дел од патниците сведочат дека чекале по шест до седум часа на станиците.„Гетлинк“, операторот на Евротунелот, информира дека сообраќајот моментно се одвива преку една линија, со доцнења и до пет часа. Оштетениот воз бил извлечен, а патниците се повикани да не поаѓаат кон станицата Сент Панкрас во Лондон доколку нивниот воз е откажан.Првиот воз на „Еуростар“ кон Брисел тргна нешто по 16 часот, но метежот продолжи и на патиштата – долги колони возила се формираа на автопатот М20 кај терминалот Фолкстоун.Иако дефектот постепено се отстранува, нормализацијата на сообраќајот ќе трае извесно време, а засегнатите патници сè уште бараат алтернативни начини да стигнат до своите дестинации во најгустата празнична сезона.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања