Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

УРНГАРИЈА

media-libraryu6a3mq1f4knr2NjXDmu

Од инсајдер до главен предизвикувач: Кој е Петер Маѓар, кој е најголема закана за власта на Виктор Орбан

До пред неколку години, името на Петер Маѓар беше познато само во тесни политички кругови во Унгарија. Денес, тој е најсериозниот предизвикувач на долгогодишната власт на Виктор Орбан, благодарение на скандал што ја разниша владата и ја отвори вратата за неговиот брз политички подем.Пресвртницата дојде во 2023 година, кога Маѓар објави тајна аудиоснимка од неговата поранешна сопруга, Јудит Варга, тогашна министерка за правда. На снимката, таа зборува за наводно мешање на власта во корупциски случај – обвинувања што предизвикаа политичка експлозија и го катапултираа Маѓар во јавноста.Од функционер од среден ранг, Маѓар за кратко време се претвори во лидер на движењето „Тиса“, кое стана прибежиште за разочарани гласачи од различни политички табори. Во пресрет на изборите, неговото движење бележи сериозен раст и се наметнува како реална закана за владејачката Фидес.Потенцијалната победа на „Тиса“ би значела крај на 16-годишната доминација на Орбан, но и можна промена на курсот на Унгарија кон Европската унија, со намалување на тензиите со Брисел и дистанцирање од Москва.Сепак, Маѓар останува контроверзна фигура. Неговото минато во системот на Фидес, остриот стил и обвинувањата од поранешни соработници отвораат дилеми и кај дел од опозицијата. Критичарите го опишуваат како „тежок карактер“, но истовремено признаваат дека токму таков профил можеби е неопходен за да се соочи со моќната политичка машинерија на Орбан.Неговиот подем е засилен и од личната приказна – по разводот со Варга и политичките судири, Маѓар реши јавно да се спротивстави на системот во кој со години бил дел. Таа трансформација, од инсајдер во критичар, му донесе кредибилитет кај дел од гласачите кои го гледаат како човек што го познава системот одвнатре.И покрај организациските проблеми и внатрешните тензии во движењето, „Тиса“ успеа за кратко време да изгради мрежа на поддржувачи и да мобилизира десетици илјади луѓе.За неговите поддржувачи, Маѓар не е само политичар, туку симбол на можноста за промена. За противниците – ризик и непредвидлив фактор.Како што се приближуваат изборите, останува клучното прашање: дали овој „бунтовник од системот“ ќе успее да ја прекине ерата на Орбан – или ќе биде уште еден неуспешен обид на унгарската опозиција.

Свет | пред 1 седмица

orban-tramp1

„Тајниот адут“ од Вашингтон во Будимпешта: Ванс носи порака од Трамп пред унгарските избори

Политичката сцена во Унгарија дополнително се вжештува во пресрет на парламентарните избори, откако во Будимпешта пристигна висока американска делегација со јасна порака на поддршка за премиерот Виктор Орбан.Американскиот потпретседател Џеј-Ди Ванс допатувал во понеделникот навечер, при што посетата се толкува како сигнал за меѓународна поддршка од претседателот на САД, Доналд Трамп, за неговиот политички сојузник во Унгарија. Неговото пристигнување доаѓа само неколку дена пред изборите што се оценуваат како едни од најнеизвесните во последната деценија.Според најавите, Ванс треба да се сретне со Орбан во вторник наутро, а потоа да одржи говор на собир насловен „Ден на унгарско-американското пријателство“ во спортскиот парк МТК во главниот град. Пред тргнувањето од воената база „Ендруз“ кај Вашингтон, Ванс посочил дека разговорите ќе опфатат широк спектар теми – од билатералните односи, до клучни глобални прашања, вклучително и состојбата во Европа и војната во Украина.Во центарот на унгарската кампања сè поизразено се поставуваат надворешнополитичките теми, при што Орбан настојува да ги одржи блиските врски не само со Трамп, туку и со рускиот претседател Владимир Путин – линија што одамна предизвикува полемики во рамките на Европската унија.Паралелно со тоа, анкетите на независни истражувачки институти упатуваат дека опозицискиот бран би можел сериозно да се засили околу движењето предводено од Петер Маѓар, конзервативен, но проевропски ориентиран политичар. Неговата партија „Тиса“ за релативно кратко време мобилизираше значаен број гласачи и ја доведе во прашање долгогодишната доминација на владејачката структура.Сепак, провладините проценки и понатаму предвидуваат победа на коалицијата Фидес–КДНП, додека во јавноста расте впечатокот дека овие избори ќе бидат тест и за домашната политичка архитектура на Орбан, и за неговата надворешнополитичка ориентација.Во ист контекст, се наведува и дека американскиот државен секретар Марко Рубио, кој во средината на февруари ја посетил Будимпешта, дополнително ја потврдил американската наклонетост кон унгарската влада, оценувајќи дека успехот на Унгарија е и успех на САД.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања