Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВАРДАР

puska

Пронајдена автоматска пушка во реката Вардар кај Гостивар

На 14 март 2026 година во 09:10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во реката Вардар е пронајдена автоматска пушка.Според пријавата, оружјето било забележано во водите на реката од страна на М.Б. од Гостивар.На местото ќе изврши увид екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv39caod9apsdbhZoT0L

ФК Вардар казнет по натпреварот ФК Башкими – еден меч без публика и 5.000 евра глоба

На вонредна седница на Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, меѓудругото е одлучено, ФК Вардар да биде казнет со еден меч играње без публика и глоба од 5000 евра поради лоша организација на мечот од 19. коло од ПМФЛ.„На вонредна седница на Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, донесени се следните одлуки:Поради слаба организација на натпреварот ФК ВАРДАР – ФК БАШКИМИ, навредливо и националистичко скандирање од страна на навивачката група на ФК Вардар и користење на недозволени пиротехнички средства, клубот ФК ВАРДАР се казнува со забрана на присуство на публика на еден натпревар и парична казна во износ од 5.000 евра.Дисциплинската комисија констатира дека одлуката на делегатот на натпреварот за изрекување опомена поради националистички скандирања е исправна, како и одлуката на судијата за привремен прекин на натпреварот“, велат од ФФМ.

Спорт | пред 1 месец

media-libraryv39caod9apsdbhZoT0L

(Видео) Вардар – Башкими заврши со скандал: Плукање кон судијата и упад на исклучено лице

Тензичен финиш и физичка пресметка го одбележаа натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Башкими во рамки на 19. коло од Првата македонска фудбалска лига, одигран на Тренинг-центарот на ФФМ. Инцидентот се случи во 87. минута, кога страстите целосно излегоа од контрола.Сè започна по старт на Матиќ, кој првично беше санкциониран со жолт картон. Набрзо, по бурна реакција и гестикулации, директен црвен картон доби играчот на Башкими со број 3, Реџеп Мурати. Стоперот на кумановскиот тим реагираше во неверување по исклучувањето, а тензијата дополнително ескалираше кога капитенот Алими се упати кон клупата, по што дојде до судир меѓу двете клупи.Во еден момент гостинските фудбалери го напуштија теренот, но подоцна се вратија и натпреварот беше довршен. Вардар на крајот славеше со 1-0.Од Фудбалската федерација на Македонија со официјално соопштение информираа дека директниот црвен картон бил доделен поради плукање кон главниот судија. Според ФФМ, арбитерот се наоѓал на околу еден метар од настанот, јасно го забележал чинот и без двоумење го исклучил играчот. Инцидентот бил потврден и од ВАР-судиите врз основа на јасен видео-доказ.Дополнително, Федерацијата информира дека претходно исклучено службено лице од клупата на Башкими недозволено влегло на теренот и започнало конфронтација со фудбалерот на Вардар, Бобан Николов. Според ФФМ, станува збор за крајно неспортско и недозволиво однесување, особено имајќи предвид дека лицето било исклучено уште во првото полувреме и немало право да се врати на теренот.Федерацијата наведува дека причината за конфронтацијата произлегува исклучиво од плукањето кон судијата и од недозволеното влегување на исклученото лице. Николов, по инцидентот, бил дисциплински санкциониран со жолт картон.Од ФФМ соопштија и дека претставник на Башкими може во секое време да го посети ВАР-центарот, да го прегледа видео-материјалот и да ја преслуша комуникацијата меѓу судиите и исклучениот играч.Натпреварот бил продолжен за дополнителни 10 минути поради изгубеното време, а главниот судија го означил крајот по истекот на надополнетото време. Прикажаното надополнување од +18 минути на телевизиските екрани, според Федерацијата, претставувало техничка грешка на продукцијата.

Спорт | пред 1 месец

izlea-reka

Вардар се излеа, сообраќајот кон Чегране пренасочен

Поради зголемените врнежи од дожд и топењето на снегот во повисоките предели, постои опасност од излевање на реките Вардар и Треска, предупредуваат надлежните служби.Поради излевање на Вардар од доцна синоќа се пренасочува и сообраќајот во гостиварско, информираат од АМСМ.- На 15.02 од 22:45 часот, поради излевање на река Вардар, сообраќајот на  регионалниот пат Гостивар – село Чегране е пренасочен од с. Чајле кон с. Старо Чајле кон село Форино, соопштија утрово од Авто-мото сојузот на Македонија.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytqmlvt60cm0cb7jMqeo

Кејот на Вардар добива нова градска плажа, спортски терени и фитнес-зони на отворено

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи објави фотографии од уредувањето на кејот на Вардар и најави создавање на безбедна градска плажа и реконструкција на спортските терени за фудбал, баскет и одбојка на песок.„Кејот на Вардар добива нов лик и нова градска плажа, отворена за сите генерацииСо засилено темпо течат работните активности за уредување на кејот на реката Вардар, простор каде секојдневно се рекреираат илјадници граѓани и кој претставува едно од најважните урбани јадра на Скопје.Кејот е меѓу моите клучни приоритети и уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, започнавме со темелно чистење, со што конечно Вардар повторно тече по своето природно и нормално корито.Денес, кејот го уредуваме со јасна визија за функционален и жив јавен простор.Се реконструираат спортските терени за фудбал, одбојка на песок и баскет, се поставува нова урбана опрема и се создаваат модерни фитнес-зони на отворено.Во рамки на овој проект опфатени се и спортските терени во Маџир Маало, кои целосно ќе се унапредат и ќе се вратат во служба на заедницата.На ова место градиме и современа градска плажа - безбедно, уредено и достапно катче за одмор, рекреација и дружење, кое ќе внесе нова енергија и живот покрај реката и ќе го доближи Скопје до европските урбани стандарди.Инвестирањето во спортот е инвестирање во здрави навики, здрави млади и силно општество.Искрена благодарност до министерот за спорт, Борко Ристовски, за поддршката и партнерскиот пристап, кои овозможуваат ваквите проекти да се реализираат брзо, квалитетно и во интерес на граѓаните.Ова, почитувани, е само почеток.Нашата визија е да создадеме современи, уредени и достапни спортски терени во сите општини на Град Скопје.Рамномерен развој, еднакви можности и активен, здрав живот за секој скопјанец, без разлика каде живее, остануваат наш врвен приоритет“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

media-library23tgipim1jgofb5JE4L

Навивачката сцена во црно: Комити-Скопје ја загубија својата легенда Чичо Коле

Навивачката група Комити-Скопје со длабока тага ја извести јавноста дека починал нивниот член Никола Јорданоски, познат меѓу навивачите како Чичо Коле.Од групата истакнуваат дека загубата е тешка и дека нема зборови што можат да ја ублажат болката која ја чувствуваат во овие моменти. Чичо Коле, како што наведуваат, ќе остане запаметен по неговата искрена и безрезервна љубов кон фудбалскиот клуб Вардар, по неговото постојано присуство на западната трибина, но и по бројните заеднички спомени и приказни што ги делел со навивачите низ годините.Посебно се истакнува и неговата улога како еден од иницијаторите за воспоставување на братските односи со навивачката група „Војводи“, што, според Комити-Скопје, претставува траен белег во историјата на навивачкото движење.Навивачката група упати искрено сочувство до семејството, роднините и најблиските на Никола Јорданоски.„Никола Јорданоски – Чичо Коле, засекогаш дел од нас“, порачуваат од Комити-Скопје.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-20.09.33

Пронајдено тело во Вардар кај Трубарево

Во водите на реката Вардар, во атарот на скопското село Трубарево, денеска било пронајдено и извлечено тело на машко лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.Како што информира МВР, на 24 декември 2025 година во 14:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 11:00 часот во реката Вардар е забележано тело, по што веднаш биле преземени мерки за негово извлекување.По извршената идентификација, утврдено е дека станува збор за П.С. (71) од Скопје, за кого еден ден претходно, на 23 декември 2025 година, било пријавено дека се оддалечил од својот дом и му се губи трагата.На местото бил извршен увид од надлежните служби, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

Скопје | пред 3 месеци

vardar-potraga

Безживотно тело извлечено од Варадар кај велешко село: на ова место и во минатото имаше повеќе трагични случаи

Безживотно тело, вчера (30 ноември) е пронајдено во водите на реката Вардар кај велешкото село Уланци. По дојава од граѓани, екипите на Територијалната противпожарна единица Велес излегле на терен и со едно возило и двајца пожарникари-спасители го извлекле телото од реката. Случајот веднаш е предаден на надлежните служби.Основното јавно обвинителство Велес потврди дека е издадена наредба за обдукција со цел утврдување на идентитетот на починатото лице и причината за смртта. Надлежната обвинителка Цветанка Богоевска изјави дека се преземени првичните истражни дејства и дека истрагата продолжува за да се разјаснат сите околности поврзани со настанот.Овој дел од реката Вардар во минатото бил место на повеќе трагични случаи. Во јули 2025 година, по шестдневна потрага, беше пронајдено телото на 16-годишната Теодора Б., која исчезна во водите на реката кај Уланци. Претходно, во јануари 2018 година, во истиот предел беше пронајдено и телото на 77-годишен маж со иницијали А.Н.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykvd9fut7fjoa5p4unqK

Бела пена од Вардар и во Зелениково

Утрово вознемирени жители на селото Таор во општина Зелениково видоа загрижувачка глетка, одводниот канал што се влива во реката Вардар беше покриен со густа пена.Инцидентот се случил веднаш по активирањето на пумпите за отпадните води од системот на Скопско Поле, што веднаш го вклучи алармот кај локалните власти за можно сериозно хемиско загадување на Вардар.Ситуацијата е потенцијално сериозна бидејќи овој систем ги собира отпадните води од широк појас кој ги опфаќа општините Гази Баба, Арачиново, Илинден и Петровец, регион каде што има и индустриски капацитети и земјоделски површини.За да се утврди што точно тече во Вардар, на барање на општината, екипи од Институтот за јавно здравје веднаш земаа мостри од водата и од сомнителната пена за хемиска анализа. Резултатите треба да покажат дали станува збор за детергенти, индустриски хемикалии или друг вид на опасен отпад.Случајот е пријавен и до Државниот инспекторат за животна средина.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarylqht9j2b6vh7ckYbkO2

(Видео) Се менува грдата слика во реката Вардар: механизација влезе да расчисти во центарот на Скопје

Со багери и механизација денеска започна расчистувањето на коритото на реката Вардар, кое во изминатите години беше преполно со пластика, отпад и наноси, најмногу во делот кај галиите во центарот на Скопје.Акцијата ја спроведува Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје, чиј тимови работат машински и рачно на терен.„Продолжуваат активностите со машинско и рачно чистење на коритото и косините на река Вардар. Екипи на ‘Улици и патишта’ Скопје и денес се активни. Рачно се отстранува насобраната пластична амбалажа и смет од косините, а багери и друга механизација го расчистуваат кабестиот и земјаниот материјал во централниот дел на кејот,“ соопштија од претпријатието.Во акцијата се вклучени сите расположливи екипи и машини на претпријатието, а чистењето ќе продолжи и наредните денови сè до целосно расчистување на кејот на Вардар.Реката Вардар со години претставува едно од најзагадените градски подрачја, особено поради отпадот што се задржува околу галиите и мостовите, а оваа акција е дел од пошироката кампања за генерално чистење на Скопје која ја најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 4 месеци

BRITANCI

(Видео)„Цунами од ѓубре во Вардар“! Млади туристи не можеа да го продолжат пловењето по реката

Млади туристи од Британија останаа комплетно изненадени по нивната авантура пловејќи по Вардар. На потегот од Желино кон Гостивар пловењето им беше оневозможено од, како што велат и самите „цунами од ѓубре во Вардар“.-Ќе се обидеме утре повторно од Скопје, буквално од тука, од ова место, не може да се продолжи по реката, велат тие во видеото што го снимија.фото: Инстаграм

Македонија | пред 7 месеци

screenshot-2025-08-09-090637

(Видео) Белгиец со гумен чамец по Вардар стана хит на Инстаграм

Белгиски државјанин, кој подолг период живее во Македонија и на своите профили на Инстаграм и Јутјуб редовно објавува видеа за својот престој, како и за секојдневниот живот во Скопје, неодамна објави ново видео што предизвика големо внимание.Во снимката, тој е прикажан како со гумен чамец плови по реката Вардар. Видеото за кратко време стана вирално, а за само неколку дена собра повеќе од 6.000 допаѓања на Инстаграм. Под објавата, бројни корисници од Македонија оставија хумористични коментари, шегувајќи се дека „станал радиоактивен“ или дека можел да закачи некоја бактерија.

Скопје | пред 7 месеци

20250808_211458

(Видео) Емоции и почит: „Комитите“ со транспарент за Карпалак

На вечерашниот натпревар меѓу Вардар и Пелистер, „Комитите“ ја искористија приликата да испратат силна и емотивна порака. На трибината, навивачката група развеа голем транспарент со натпис:„Прости ми моја најмила, сега јас сум ѕвезда деница. Карпалак, 08.08.2021“Со овој гест, навивачите на Вардар оддадоа почит на загинатите македонски бранители кај Карпалак, потсетувајќи дека спортот е и место за сеќавање и благодарност.Трибината, во комбинација со црвено-црните знамиња, создаде моќна слика што ги надмина рамките на фудбалот и се претвори во момент на национално сеќавање.

Спорт | пред 7 месеци

todora

Молат за помош да ја најдат 16-годишната Теодора Бабарчиќ која пред пет дена исчезна во Вардар

Најблиските на Теодора Бабарчиќ, 16-годишното девојче кое мината недела исчезна во водите на Вардар молат за помош. Нејзинот брат апелира до сите кои можат да се вклучат во потрагата.– Ги повикувам сите што се во можност да се приклучат на терен и да помогнеме заедно во потрагата по Теодора. Не треба ништо повеќе од добра волја и желба да се помогне. Мојот татко е веќе таму, кај село Уланци, Градско и ја координира потрагата бидејќи за жал, од институциите нема речиси никаква помош – објави братот на Теодора.За помош апелираат и други блиски роднини на Теодора.Девојчето е последно видено на 23 јули минатата недела и се бара помош за потрагата – и теренска и снимање со дрон по течението на Вардар кон Гевгелија.

Македонија | пред 8 месеци

vardar-1

Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар, објави 4NEWS.mk

И денеска продолжува потрагата по 16-годишното девојче кое беше повлечено од водите на реката Вардар, информираат од МВР.Спасувачките екипи се на терен и интензивно трагаат по исчезнатото лице.Надлежните информираат дека потрагата ќе продолжи сè додека девојчето не биде пронајдено, при што се ангажирани припадници на полицијата, нуркачи, Армијата и други служби за спасување.

Скопје | пред 8 месеци

Vardar

И денеска се трага по тинејџерот кој потона во водите на Вардар

Потрагата по 16-годишното дете кое вчера потонало во водите на Вардар кај селото Улаци, Градско, продолжува и денеска.Ангажирани се екипите на Специјалните единици на МВР, со чамец и тим за претраги во вода-нуркачи, како и Специјалните сили - Волци, припадници на Армијата. На терен има и тим од ДЗССВР Велес вчера информираше дека кај нив било пријавено дека две лица, на возраст од 16 и 26 години, паднале во водите на реката.26-годишната девојка била пронајдена жива и извлечена од водата, додека за 16-годишното дете сѐ уште се води интензивна потрага.

Македонија | пред 8 месеци

Vardar

Пронајдено тело на непознат маж во Вардар кај Велес – наредена обдукција

Во реката Вардар, на влез во Велес вчера напладне е пронајдено починато машко лице, чиј идентитет сè уште не е познат.„Известен е јавен обвинител и извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото НН лице ќе биде дадено на обдукција“, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.

Македонија | пред 8 месеци

vardar-komiti

Струга го „здроби“ Вардар на Арената

Вардар одново доживеа дебакл откако загуби од шампионот Струга со убедливи 1:4 на Националната арена во Скопје, со што за Вардар ова е голем удар откако пред шест дена загуби во Тетово од Шкендија со 4:0.Влајковиќ погоди за водство на Вардар од 0:1, а Вардар преку Босанчиќ израмни на 1:1. Пред крајот на првиот дел Кампаоре донесе водство за Струга од 1:2. Во вториот дел Кампаоре со втор гол и Кехинде ги поставија конечни 1:4.

Спорт | пред 1 година

deponija-vardar-1

(Видео) Депонија и ѓубришта на кејот на Вардар

На омиленото шеталиште на карпошани и скопјани, некој направил депонија.Шпорети, кревети, мувлосани теписи, рѓосани бојлери и тенџериња некој истурил покрај самиот кеј. Кој ова го дозволил и зошто седи несобрано - исто останува отворено прашање. Според Законот за сѐ што е покрај реката Вардар надлежен е Град Скопје.Грдата слика ја надополнуваат и расфрлени лименки, пластични ќеси, догорчиња и кутии од цигари.На потег се или треба да се надлежните а за домашната (не)култура и грижа за животната средина во друга прилика.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-08-31-at-20.11.20

(Видео) Комитите го бркаа Миленко Неделковски, реагираше и полицијата на натпреварот Вардар-Воска спорт

Со „Оди си Миленко“ - Комити на градски бараат промена на Миленко Неделковски од раководните структури на Вардар. Тој пак, ги слушаше бидејќи беше на една од клипите на арената „Филип Втори“, каде клубот играше натпревар против Воска спорт.Во еден момент, реагираше и полицијата бидејќи Комитите тргнаа да се симнуваат од трибините, за да одат кон Неделковски. Во тој момент, службениците направија кордон.

Спорт | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-10.05.17

(Видео) Еве како градот го загадува Вардар: цела скопска канализација директно во река

Скопјанецот и македонски артист Марко Џамбазоски, објави снимка од која се гледа како отпадни води се влеваат во Вардар. Тој посочува дека ова е начинот на кој, реката се претвора во канализација. Ова се случува бидејќи проектот за пречестителната станица финансиран од странски пари, никако да мрдне од место.„Еве како градот го загадува Вардар. Целата скопска канализација, непрочистена, директно во река. Еден од ретките европски градови кој во 21 век сè уште нема пречистителна станица, ама битно десетици години ја ветуваат“, напиша Џамбазоски.

Скопје | пред 1 година

221231-navivachite-na-shkendija-go-pogrebaa-vardar-vo-kovcheg-sudiite-i-delegatot-slepi-video

(Видео) Морбидни сцени од Тетово: Ковчег на трибините, се погребуваше Вардар, а судиите молчеа

Морбидни сцени имаше на натпреварот Шкендија-Вардар. Навивачите на Шкендија, на среде стадион во Тетово, донесоа и ковчег, а илустрираа и гроб на кој пишува „пекол“. Потоа, ковчегот со кој го симболизираа Варадар и имаше лого од клубот исцртан на него, го ставија во илустрираната дупка.Скандалозното однесување остана невидено од судиите и делегатот. Срамниот потег, засега не е осуден од никого, ниту пак има одговорност.Вардар претходно преку соопштение обвини дека навивачите фрлале тврди предмети кон гостинските фудбалери, а притоа обвини и за националистички испади на домаќините.

Спорт | пред 2 години

Screenshot-2024-03-04-at-22.53.23

Со тврди предмети фрлано кон фубалерите на Вардар во Тетово од навивачи на Шкендија - натпреварот без македонско знаме

„На натпреварот во Тетово, повторно бевме сведоци на срамни националистички испади, како и на употребата на тврди предмети упатени кон фудбалерите на Вардар“, реагира клубот на Вардар и додава:Сепак, тоа што најмногу не револтираше, беше отсуството на македонското знаме, кое според пропозициите на ФФМ е задолжителен декор кој мора да ги краси сите стадиони. Би сакале да посочиме дека за разлика од крајно нецивилизираното однесување на навивачите на Шкендија, сепак управата на тетовскиот клуб се потруди пред се околу приемот на нашата екипа, а потоа и во однос на смирувањето на страстите на трибините, но за жал не успеа.Како клуб реагиравме за неодамнешните идентични испади на стадионот во Чаир, сега реагираме за испадите во Тетово. Се прашуваме до кога?! Се прашуваме и ги прашуваме пред се надлежните институции, а потоа и сите останати чинители кои денес го претставуваат македонскиот фудбал.Затоа што немањето реакција, не е само одлика на непрофесионализам, туку и на согласност. Затоа да реагираме и да го вратиме мак-фудбалот на нормалните патеки#.

Свет | пред 2 години

285430095_682940696136426_8738520436969615114_n

(ВИДЕО) Комити со голем спектакл за роденденот, „гореше“ кејот на Вардар

Навивачите на Вардар, популарните „Комити” вчера приредија незаборавен спектакл во Скопје по повод нивниот 35-ти роденден.„Комитите” буквално го живнаа кејот на реката Вардар, каде запалија повеќе од 700 факели. Забавата продолжува, овој пат пред СЦ ,,Јане Сандански”, велат од навивачката група.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања