Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВЕЛЈАНОВСКИ

media-library2ld2t4nf44ffdkjPT3I

Велјановски: Борбата против криминалот и корупцијата е наша клучна заложба и нема отстапување

Александар Велјановски, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Анализа на телевизија 24 каде се осврна на борбата против криминалот и корупцијата, за што истакна дека е клучна заложба на ВМРО-ДПМНЕ, а во изминатите нецели 2 години не отстапиле од таа цел.„Би го дефинирал како заложба на ВМРО-ДПМНЕ која што е уште од кампањата која беше за парламентарните избори и еден од пиларите за кои што се залагаше и го побара гласот и поддршката од страна на граѓаните во текот на кампањата, беше токму борбата против криминал и корупцијата и сметам дека во овие нецели две години од владеењето не отстапивме ниту еден милиметар, од тоа дека треба да се обезбеди право и правна држава кој што е еден од постулатите на ЕУ“, рече Велјановски и додаде:„Апсолутно сметам дека покажавме како политичка партија и како влада едно високо ниво на капацитет со тоа што дозволивме на некој начин и покрај тоа што судбината на јавниот обвинител зависеше директно од волјата на Владата и мнозинството во Собранието, тој имаше можност две години да покаже, докаже дека работи во расчистување на предметите коишто беа дел наследени, а дел отворени во негово време“.Според него, со назначувањето на новиот јавен обвинител, за кого нема забелешки во однос на неговата стручност и посветеност, ќе се интензивираат одредени предмети во наредниот период.„Не е ништо поразлично од она што е наша генерална заложба, а тоа е борбата против криминалот и корупцијата поради која и генерално ја добивме поддршката на изборите односно казната која што беше упатена кон СДС, која што на изминатите паралaмнтарни избори беше во рангот на статистичка грешка. Можеби се ова малку тешки зборови, но тоа го покажуваат бројките, и од парламентарните, подоцна претседателските избори и локалните избори“, вели Велјановски.На прашањето околу оставката на обвинителката Ленче Ристоска, тој кажа дека е нејзина одлука, а истата и самата ја образложила, а како што вели Велјановски може да се гледа на тоа како позитивен чекор, бидејќи според него, таа била остатокот од СЈО кое нанесе штета на правниот систем, правната држава и многу судбини во земјава.„Нема отстапување од нашите заложби и во однос на оставката, сметам дека обвинителката Ленче Ристоска си поднесе оставка, тоа е нејзина одлука, одлуката ја образложи. Дали се работи за еден маркетиншки моментум по таа изјава или реалност, еве има повторно надлежни органи кои би можеле повторно да направат истрага и да одлучат дали има вистина во нејзините изјави“, заклучи Велјановски.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynbu01n69ld20fY2IoK8

Велјановски: ДУИ секогаш кога губи прибегнува кон потпалување на меѓуетнички односи

Пратеникот Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ остро ја осуди изјавата на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, дадена за време на промоцијата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Тетово, Бајрам Реџепи, оценувајќи ја како опасна и штетна по меѓуетничките односи во државата.„Секогаш кога ДУИ губи, секогаш кога граѓаните ќе ги прочитаат нивните вистински коруптивни намери, тие прибегнуваат кон потпалување на меѓуетничките односи и загрозување на соживотот“, изјави Велјановски.Тој додаде дека ДУИ нема политички аргументи и визија, туку, според него, единствената нивна стратегија е деструктивноста и нарушувањето на соживотот меѓу граѓаните.Велјановски најостро ја осуди, како што ја нарече, „срамна и опасна“ изјава на Бектеши, во која тој, како што рече, „велича оружје и отворено ја оправдува војната од 2001 година, претставувајќи ја како политички капитал“. Според него, тоа претставува „скандал од невидени размери и директен удар врз меѓуетничките односи“.„Ова е класичен говор на омраза кој ја враќа Македонија во најтешките времиња. Наместо да зборуваме за иднината, некој повторно сака граѓаните да слушаат етнички провокации и поттикнување на поделби“, истакна Велјановски.Во своето обраќање, тој потсети на значењето на Македонците за Тетово, нагласувајќи дека „со векови наназад тие се дел од неговата историја, култура и идентитет“, и изрази уверување дека на претстојните избори, Македонците со својот „единствен и сплотен глас“ ќе одлучат за иднината на градот.ВМРО-ДПМНЕ побара од СДСМ јавно и веднаш да се огради од изјавите на Бектеши и да ја преиспита соработката со коалицискиот партнер ДУИ. „Секое молчење е соучесништво“, порача Велјановски, додавајќи дека „СДСМ со години е нем и покорен партнер на ДУИ, а секој нивен денешен молк значи дека станале партнери и во омразата“.Тој упати апел и до сите политички партии, организации и институции да го осудат, како што рече, „отворениот говор на омраза“, посочувајќи дека „во Македонија нема место за политичари кои својата кампања ја градат на закани, омраза и величање оружје“.„Нашата обврска е да ја изградиме Македонија како силна, праведна и европска држава – земја на мир и стабилност, а не на поделби и закани. Народот очекува јасна позиција, а ние ќе продолжиме да ја браниме Македонија од сите што сакаат да ја претворат во заложник на криминални и етнички поделби“, заклучи Велјановски.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања