Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВИДЕО

media-library50mkk5dmmv25fBfgKnF

(Видео) Очекувала пајаци во Австралија, а ја „пречека“ небото: илјадници лилјаци во кадар што ги „заледи“ социјалните мрежи

Американка која веќе четири години живее во Австралија доживеала сцена што, како што самата признава, не ја очекувала ни во најлудите замисли – небо „покриено“ со огромно јато лилјаци. Наместо стравот од пајаци, кој често оди рака под рака со стереотипите за Австралија, овојпат шокот дошол од височина.Кендал Вилер (27), родум од Тексас, редовно објавува видеа од секојдневието во новата татковина, а во моментот престојува во Квинсленд. Во снимка објавена на 24 февруари, таа се снима на балкон во самрак, по што камерата се врти кон хоризонтот – и открива стотици, можеби и илјадници лилјаци кои минуваат низ небото, создавајќи призор што многумина го споредија со сцена од хорор филм.Видеото брзо се проширило на социјалните мрежи и собрало над 218 илјади прегледи, како и илјадници реакции. Коментарите се движеа од воодушевување и шеги до искрена вознемиреност, а дел од корисниците веднаш понудија и објаснување дека најверојатно станува збор за таканаречените „летечки лисици“ – големи овошни лилјаци карактеристични за тој дел од Австралија.Според податоци од здруженија за заштита на дивиот свет во Квинсленд, „летечките лисици“ се меѓу најголемите лилјаци во светот, а во оваа австралиска држава живеат четири вида: црна, сивоглава, мала црвена и очилеста летечка лисица. Иако знаат да бидат бучни и впечатливи кога се движат во големи групи, тие имаат важна улога во природата – помагаат во опрашување и во расејување семиња.Истовремено, експертите предупредуваат дека мал дел од лилјаците може да пренесуваат болести на луѓето, па затоа се препорачува со нив да ракуваат само обучени и вакцинирани лица. Вилер, пак, заклучува дека животот во друга земја носи и чудесни моменти и предизвици, а најтешка, како што вели, останува далечината од најблиските – и покрај тоа се труди секојдневно да ги „фати“ необичните искуства што ѝ ги нуди Австралија.

Настани | пред 1 седмица

Нема фотографија

(Видео) Снимка од птичја перспектива: Река од луѓе се упатува кон гробиштата каде што ќе биде погребан Навални

Снимка од воздух која ја објави агенцијата „Некста“ покажува колку луѓе денеска дојдоа во предградието на Москва за да му кажат последно збогум на неодамна починатиот опозициски лидер Алексеј Навални.Долга колона во која има илјадници луѓе, како што проценуваат новинарите на Новаја Газета, се движи од правец на црквата на иконата на Богородица во областа Марино на периферијата на Москва кон гробиштата Борисовски. Претходно во црквата се одржа богослужба на која присуствуваа родителите на Навални, Људмила и Анатолиј, како и околу 300 луѓе кои можеа да влезат во црквата. Сите што останаа пред црквата запалија свеќи, носеа свеќи и го скандираа името на починатиот опозиционер, но и незамисливи пароли како „Путин е убиец“, „Русија без Путин“ и „Русија ќе биде слободна“.Во текот на вчерашниот ден, како и целото утро во делот на Москва каде што се одржува погребот, забележливо е големо присуство на полицијата. Претходно беа објавени видеа на кои се гледа дека единиците опремени да ги разбијат демонстрациите ги опколија гробиштата, а независните медиуми во Русија исто така пишуваа дека на покривите се распоредени снајперисти.Потсетуваме, Алексеј Навални почина откако, како што соопштија затворските власти, се онесвестил по утринската прошетка во затворската колонија, по што неуспешно бил реанимиран. Навални отслужи 30-годишна затворска казна, меѓу другото, за, како што е наведено во една од пресудите на рускиот суд, за основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности, а беше познат и како остар критичар на Кремљ и Рускиот претседател Владимир Путин.

Свет | пред 2 години

janeva-frier

ВИДЕО: Катица Јанева снимена во фризерски салон, иако е на боледување

Специјаланта јавна обвинителка Катица Јанева е снимена додека се разубавува во фризерски салон. Снимките покажуваат како Јанева најпрво ја мие косата, а потоа се фенира.Локацијата каде е снимена Јанева засега е непозната, а снимките се објавени на фејсбук профил кај девојка која била во истиот фризерски салон. Засега не е познато ниту кога е снимено видеото. Девојката која го снимила видеото, тоа го правело скришно, за да не ја откријат.Кај корисникот кој ги објави снимките пишува дека живее во Париз, Франција, а дека потекнува од Скопје.Јанева користи боледување издадено од матичен лекар. Таа не се појавила на своето работно место од минатиот понеделник, кога и поднесе оставка, а истовремено, ги уапсија Боки 13 и Зоки Кичеец.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања