(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија
Премиерот Христијан Мицкоски од Виена упати повик до македонската дијаспора да размисли за враќање во земјата, инвестирање и активно вклучување во нејзиниот развој.На средбата со иселениците, како што соопшти, се разговарало за предизвиците, но и за можностите што ги има државата, при што бил потенциран значајот на дијаспората како „нераскинлив дел од Македонија“.Мицкоски ја истакна и потребата од продлабочување на односите со Австрија, нагласувајќи дека блискоста меѓу двете земји треба да се преточи во поголема економска соработка и нови инвестиции.„Како Влада, работиме посветено да создадеме стабилна и предвидлива бизнис-клима, која ќе ги охрабри ваквите чекори“, порача Мицкоски.Тој оцени дека ваквите средби се важни за градење доверба и заедништво, додавајќи дека економскиот развој и подобриот живот за граѓаните може да се постигнат со заеднички ангажман на државата, дијаспората и меѓународните партнери.
Македонија | пред 18 часа