Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ

sudija

Народот очекува правда и одговорност, Судски совет и ЈО да се фатат за работа, да ја разрешат судијката Алексовска Стојановска и да ја истражат нејзината работа, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Одговорност за неказнивоста на криминалците мора да има. Оние кои што дозволија криминалците, наместо во затвор, слободно да се шетаат по улиците мораат да понесат одговорност“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Таквата неказнивост на криминалците од правосудните органи, доведе тие да се чувствуваат посилни и над законот, и да газат се пред себе.Таков е и случајот со возачот убиец, кој пред некој ден ја усмрти младата девојка на Партизанска, која уредно поминувала на семафор на зелено за пешаци.Дента, наместо во возилото кое го управувал без возачка дозвола, требал да биде во затвор ако судијката Даниела Алексовска Стојановска постепела согласно закон. Па, наместо во поправен дом, возачот кај кој била пронајдена значителна количина на дрога, го испратила во затвор.Возачот убиец кој ја усмртил младата Фросина Кулакова бил фатен за трговија со дрога и истиот, по ниту еден основ не можел да биде ослободен од затвор и пратен во поправен дом.Оттука, упатуваме порака до Судскиот совет, конечно да се фати за работа и веднаш да ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска, која го ослободила од затвор возачот убиец.Исто така, го повикуваме и Јавното обвинителство да отвори истражна постапка за истата судијка и да утврди како и зошто досудила таква одлука.Обвинителството и судството немаат веќе време за трошење, народот очекува да се фатат за работа и да го спроведуваат законот, па така и да ја оправдаат платата што ја добиваат од парите на граѓаните.Народот очекува правда и одговорност.

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

Трулиот судски систем носи жртви, затоа бараме реформи кои СДС ги кочи, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Трулиот судски систем носи жртви, затоа бараме реформи кои СДС ги кочи“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Смртта на Фросина можеше да биде избегната, ако трулиот правосуден систем го ставил возачот кој ја усмрти зад решетки за дело кое претходно го сторил, наместо во поправен дом.Возачот кој ја усмртил младата Фросина Кулакова претходно бил осуден за кривично дело трговија со дрога, но судот, наместо да досуди казна затвор, досудил истиот казната да ја помине во поправен дом. Истиот, не бил малолетен кога бил осуден, и според тоа не можел по ниеден основ да оди во поправен дом, туку морал да одлежи казна затвор.Тоа што наместо во затвор, тој бил упатен во поправен дом, резултираше со трагичната сообраќајка чиј причинител е.Овој случај како и многу други до сега, покажува зошто се потребни реформи во судството. Одговорност мора да има на сите нивоа.Воедно го повикуваме ЈО и судот во овој случај да постапуваат со максимална посветеност, будност и внимание. Граѓаните, а и ВМРО-ДПМНЕ очекува возачот до добие најстрога казна.

Македонија | пред 1 година

market-3

Народот добро знае дека СДС го зголемија ДДВ на храната, оставија празен буџет, скапотија и двоцифрена инфлација, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС кои го зголемија ДДВ на прехранбените производи од 5% на 10%, без никаква грижа и срам, сега упорно глуми загриженост и бара истото да се укине“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Пустошот кој што го оставија за седумгодишното владеење, ни со магично стапче не може да се среди за седум месеци.Ако некој е виновен за цените на производите, тоа се единствено СДС. Цените на производите се зголемија во време на СДС и скапотијата е директна нивна последица која ВМРО-ДПМНЕ ја наследи.Наместо да работат во интерес на државата и на граѓаните, СДС седум години работеше за приватни бизнис интереси на поединци во нивните редови, како Зоран Заев и сегашниот нивен претседател, Венко Филипче.Додека народот осиромашуваше, Заев и Филипче енормно го зголемија нивното богатство. Додека народот се мислеше како да го помине месецот, Заев и Филипче не оставија бизнис во кој што не влегле. И се тоа се разбира, од парите кои што, наместо во државата и кај граѓаните, завршуваа во нивни џебови.СДС не направи ништо за да ја подобри состојбата на економски план, да ја раздвижи економијата која директно влијае на животниот стандард на граѓаните и да ја намали инфлацијата, која во време на нивно владеење беше двоцифрена. Наместо тоа, исклучиво работеше за богатење на нивната елита, а граѓаните одвај врзуваа крај со крај и беа оставени сами на себе.СДС го остави државниот буџет празен и на колена, а институциите девастирани.Но, тоа време заврши. Сега граѓаните имаат Влада која што се грижи за нивните и интересите на државата.Владата на ВМРО-ДПМНЕ за неколку месеци го запре слободниот пад на економијата и на историско ниво ги зголеми странските инвестиции, ја намали инфлацијата на ниво од 3.5%, додека раст на економијата во 2024 година е 2,3%.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно води грижа за стандардот на граѓаните, зголеми плати и пензии и презема активни мерки за намалување на цените на производите, како последната новогодишна кошничка во која се најдоа на 1000 производи со намалени цени.

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Дали веледрогеријата Пановски прави вештачка криза на Онкологија за да го уценува македонското здравство?

ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение за недостигот на лекови на Онкологија. Сведоци сме во јавноста, дека веледрогеријата Пановски која има огромни профити со управувањето на цените за лековите на грбот на луѓето болни од рак, создава вештачка криза години наназад, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Оваа веледрогерија, која е во сопственост на таткото на Ирина Пановска, која токму Венко Филипче ја има поставено за директорка на Клиниката за Хематологија од 2022 година, до сега има земено неверојатни 35 милиони евра тендери, само од Клиниката за онкологија и радиотерапија. Веледрогеријата Пановски, инаку блиска до Венко Филипче, секоја година само од Онкологија земала над 12 милиони евра годишно”, стои во соопштението.Секоја година, велат од владеачката партија, првите два до три месеци, има недостаток на терапија за лицата болни од рак, а токму истата веледрогерија секоја година набавува лекови по екстремно високи цени, знаејќи дека луѓето кои се тешко болни, ќе мораат да ги набават овие лекови за тие цени.„Мафија на смртта не е само политички термин, туку реалност која ги уништува животите на македонските семејства веќе три децении. Со тоа што Филипче, преку СДС, ја брани веледрогеријата Пановски, се поставуваат неколку прашања:1. Дали оваа вештачка криза се создава само за да се купуваат лекови по енормно високи цени од веледрогеријата Пановски?2. Дали Венко Филипче мора да одговори дали ја поддржува оваа веледрогерија во кризата и дали тој стои зад истата?3. Колкави се вистинските екстра заработки на фармацевтската мафија?4. Кој профитира на страдањата на болните”, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ и ја повикуваатјавната обвинителка и целокупниот правосуден систем, да преземат итни и решителни мерки за да се стави крај на оваа долгогодишна неправда.„Овие луѓе во корелација, тргуваат со животите на луѓето и мора да бидат изнесени пред правдата. Не смееме да дозволиме, овие луѓе да си играат со животите на граѓаните и да се богатат врз здравјето на истите”, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-dv

ДУИ единствено се загрижени за спас од кривична одговорност на криминалците во нивните редови, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„ДУИ се свесни дека со нив е завршено. Реториката на ДУИ е веќе видена и прочитана“, реагира ВМРО-ДПМНЕ и додава:Нашите сограѓани Албанци не паѓаат на таквите реторики на ДУИ, затоа што знаат дека ДУИ, единствено за што се загрижени е да ги спаси од одговорност пред правосудните органи криминалците во нивните редови.Тоа најдобро го отсликува случајот со нивниот, сега веќе поранешен, висок партиски и државен функционер во бегство, Артан Груби.Македонските граѓани многу добро знаат дека додека ДУИ 22 години на власт овозможи привилегии и богатство на високите нејзини функционери и на нивните роднини и пријатели, обичните Македонци, Албанци, Турци, Роми егзистенцијата ја бараа по западно европските држави.Реториката на ДУИ, со која се обидува да поттикне некаква политичка тензија и меѓуетничка нетрпеливост, нема да помине. Затоа што сите знаат, а најдобро албанските сограѓани, дека стекнатите колективни права во државата не се и никогаш не може да бидат загрозени.Единствени кои се чувствуваат загрозени се поранешните државни функционери од редовите на ДУИ кои се огрешиле пред законот, затоа што знаат дека Македонија се трансформира и дека правна држава и одговорност за сите ќе има.

Македонија | пред 1 година

KATOLICKI_BOZIK_21122019-e1577190409946

Христовото раѓање дава смисла на човештвото и вербата за подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба, вели ВМРО-ДПМНЕ

“Христовото раѓање е празник кој дава смисла на нашето човештво и вербата за подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Да се насочиме кон добрите дела и хуманоста, бидејќи тие се темелите на христовата вера.ВМРО-ДПМНЕ посакува празничните божиќни мигови, да ги исполнат вашите домови со топлина, мир и хармонија. Нека се пренесе гласот дека Христос е роден.Да ги споменеме и сите оние кои страдаат и да им помогнеме. Да правиме добри дела и да подаваме рака на секого. Без оглед на разликите, едни со други треба да си бидеме потпора во животот. Само така ќе покажеме дека сме силни и сме фактор во општеството.Само со труд, работа и верба во Бога, да придонесеме за подобрување на животот на сите граѓани во Македонија.Нека е честит и вековит празникот Божиќ.Да е вечна Македонија!Христос се роди! Навистина се роди!

Македонија | пред 1 година

dejanco-eftimov

Членовите на Судски совет прават параван зад кој се затскриваат многу други постапки, вели Ефтимов

„Во минатото видовме дека има сомнежи дека во одредени постапки имало и фалсификување на записници од самото работење на Судскиот совет, а со тоа покрај целокупното воспоставување на системот на контрола и надзор над работењето на судиите кои тие треба да бидат капата на правосудниот систем кој треба да ги мониторираат работењето на судовите и судските инстанци тие се предмет на обвинувања дека кај нив постои несоодветно постапувања и неприменување на законите“, истакна државниот секретар во министерството за правда Дајанчо Ефтимов на денешната трибина насловена „Негативниот годишен извештај за работата на Судскиот совет и потребата од реформи во правосудниот сектор во Македонија“.Ефтимов продолжи и додаде:„Со овој извештај всушност станува збор за еден статистички извештај во кој можат да се видат само бројки и податоци во однос на постапувања на предмети каде немаме никакво суштинско решавање на проблемите и воспоставување на систем на надзор и контрола за подобрувања на состојбите во правосудниот систем“, кажа Ефтимов.Ефтимов посочи дека членовите во Судски совет прават параван зад кој се затскриваат многу други постапки и додаде:„И да не постои овој извештај целата македонска јавност, а и меѓународна заедница е свесна што се случува и на очи на целата јавност имаме факти и докази за конкретни случаи што истите не преземаат за воспоставување на владеење на правото во Република Македонија“, укажа Ефтимов.Ефтимов потенцираше дека на секој треба да му е јасно дека е подложен на законите и за истото ќе одговара.„Доколку сакаме во Република Македонија да имаме владеење на правото тогаш секој еден поединец кој е во овие органи треба да има јасна претстава дека и највисоките правосудни органи се подложни на законите и позитивните законски прописи и истите ќе одговараат пред законот и Уставот на Република Македонија. Сето она што е вметнато во самиот извештај е отсликување на состојбата“, дециден е Ефтимов.Ефтимов истакна дека реакцијата на поединци во правосудните органи е всушност лична заради нивна вмешаност во нешто што направиле.„Реакцијата од страна на поединци во правосудните органи дека се врши мешање на властите во правосудството е всушност кај оние кои се засегнати лично бидејќи направиле нешто што не треба да го направат, тие се свесни за тоа и затоа оној одбранбен механизам на противење на реформи во правосудниот систем го ставаат под тезата дека тоа е мешање во судската власт“, заклучи Ефтимов.

Македонија | пред 1 година

zaev-filipce

За да останат ден повеќе на власт, дуото Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во криминалите, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во нивните криминали. Знаејќи за криминалите, СДС не поведуваше постапка за Груби, поради тоа што власта ќе им паднеше“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДС, преку дуото Заев и Филипче, му овозможија на Груби да си прави криминал во Лотарија.Груби не можел без поддршката од СДС да го прави овој криминал.Молчејќи и не преземајќи никакви мерки, СДС се соучесници во криминалот, со цел да останат уште некој ден плус на власт.Да не беа Заев и Филипче, криминалот на Груби и ДУИ, немаше да биде возможен.Груби и ДУИ, Лотарија ја имаа претворено во приватна фирма, преку која делеле тендери и пари.Очајните обиди на СДС да го прикријат криминалот, им се удри од глава.Затоа, граѓаните ги прочитаа нивните деструктивни обиди за останување на власт и ги казнија на изборите.ВМРО-ДПМНЕ седум години зборуваше за криминалот на Груби. Правда и одговорност мора да има!

Македонија | пред 1 година

drzavna-lotarija

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

„Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра“, вели Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и додава:Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведените проверки никаде не може да се пронајдат.Над 400.000 евра е криминалот, со набавка на разна компјутерска опрема и телевизори, за кои е потпишан прием, а при извршување на попис не се пронајдени воопшто.За ваквиот криминал кој е документиран, истражен и за кој се покренати постапки за неколку месеци по преземањето на власта, не може да не знаеле СДС.СДС знаеле, но молчеле и им одговарало Груби и ДУИ да крадат, за тие што подолго да останат на власт.Сега откако се излегува на површина, каде се СДС да го осудат Груби и да го повикаат да се врати?Наместо осуда на Груби, гледаме како смислуваат разни приказни.Приказните се единствено нешто кое им и остана. А одговорноста е таа која доаѓа.

Македонија | пред 1 година

sednica-co-sdsm-1

СДС беа креатор на двоцифрената инфлација која го изеде стандардот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Во време на СДС за мега реформа беше што се фалеа дека поефтиниле цените на раковите, школките и октоподите, а се зголемија цените на брашното, шекерот и лебот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:СДС нема право да зборува за цени на производи затоа што тие беа креатор на двоцифрената инфлација, која го изеде стандардот на граѓаните.СДС беше и партијата која ги покачи платите на функционерите додека платите на работниците се намалуваа.И на сето ова кога ќе се додаде енормниот криминал кој ортачки го правеа со ДУИ станува сосема јасно зошто Македонија ја клекнаа на колена.Сега поефтинија цените над 1100 производи, и тоа ќе продолжи.СДС на овој начин ни кажува дека е против намалените цени за граѓаните.Државните институции ќе излезат на терен и треба да се казнат сите оние кои печалат на грбот на граѓаните. И тоа е разликата од фунцкионирањето на законите сега споредено со времето кога СДС ја ограбуваше државата.

Македонија | пред 1 година

grubi-41

Груби не правел ниту една работа без одобрение на Ахмети

„Груби е олицетворение на криминалот и корупцијата на ДУИ и нивниот партнер, СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Самиот Груби, многу пати во јавноста има кажувано дека ниту една работа не ја прави без одобрение на неговиот лидер, Ахмети.Кога дојде момент за одговорност, Ахмети се откажа од својата десна рака Груби, но да потсетиме дека Артан Груби, не е било кој, туку поранешен прв вицепремиер во криминалната Влада на СДС и ДУИ.Ахмети и Груби, ја користеа моќта да глумат шерифи и да си ја водат државата како да е во нивна сопственост.Затоа и граѓаните ги казнија на изборите, а и по новите анкети се гледа дека уште долго ќе бидат во опозиција. Доаѓа време на правда и одговорност мора да има!

Македонија | пред 1 година

sednica-co-sdsm-2

СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби, СДС мисли дека ќе избега од правдата, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС со секој изминат ден тоне во сопственото политичко мочуриште, СДС се губи на политичката мапа а рејтингот им е во слободен пад 5 спрема 1 според анкетите“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДС тоне по рејтингот, но и покрај тоа се обидува да го спаси и заштити Артан Груби. Дури и Али Ахмети и ДУИ се откажаа и оградија од Груби, а СДС продолжува да го штити само поради тоа што се нивни асистенти и соработници.Падот на рејтингот на СДС е директен резултат на молкот и распространеторста на криминалните шеми со ДУИ, но и покрај тоа СДС грчевито го штити Груби и не го повикува на одговорност пред правдата.Крајот на ДУИ започна со ставањето на црна листа на САД, најпрво со Рамиз Мерко, а потоа и со Артан Груби. Се сруши и митот за Ахмети дека ниту се чесни, ниту се борат и ги штитат своите луѓе ниту пак дека се можат и се недопирливи.Артан Груби е извршител на ДУИ и Ахмети а негови соучесници и асистенти се СДС.Центарот на политичкиот криминал на СДС се Заев, Ковачевски, Филипче Спасовски.Криминалните банди и фамилијарните кланови владееја и ја наметнуваа својата волја како сакаат и каде сакаат, а МВР под раководство на Спасовски не се спротивставуваше и дозволуваше хаосот да завладее додека беззаконието царуваше.СДС ја окупираше државата во соработка со корумпирани судии и обвинители бирани во Струмица и Зајас, додека фамилијарните кланови под закрила на Ахмети и Заев со своите криминални делувања го уништуваа системот.СДС делуваше во координација на ДУИ а Груби беше извршител, 7 години овие деструктивни сили го заробија системот и ја уназадија државата.СДС дозволи криминалот и корупцијата да напредува додека народот осиромашуваше.Артан Груби, СДС и ДУИ мислат дека од правдата ќе побегнат но засолниште за криминалците и сите оние што го прекршиле законот нема.Одговрност мора да има. Место за криминалци во политиката нема.ВМРО-ДПМНЕ ќе ја извади државата од темната етапа во која ја доведоа СДС и ДУИ.ВМРО-ДПМНЕ напорно работи да обезбеди напредок, инвестиции и подобар животен стандард за граѓаните.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

СДС наместо да продуцира со лаги за Тошковски, нека направи анализа зошто на анкетите губи 5 спрема 1, порача ВМРО-ДПМНЕ

„СДС наместо да се занимава со измислени теми за Панче Тошковски нека направи анализа зошто губи 5 спрема 1 на анкетите и зошто огромното мнозинство сметаат дека партијата нема никаков капацитет на промени“, порача ВМРО-ДПМНЕ и додава:Одговорот лежи во Венко Филипче, Зоран Заев, Димитар Ковачевски. Додека СДС ја занимава јавноста со измислени теми, тие не сфаќаат дека станаа гума за спасување на Артан Груби, Ахмети и ДУИ.Толку да се секираше за себе колку што се секира за ДУИ и Груби, можеби ќе одговореа зошто не се оградуваат од криминалот на Ковачевски во истиот случај за кој се сомничи и Артан Груби. Односно како може Груби да бил лопов според СДС, ама неговиот шеф во таа влада Ковачевски да е крив.Таквата лицемерна политика СДС ги носи на дното на сите анкети кои мерат рејтинг.

Македонија | пред 1 година

grubi-523

СДС наместо секој ден да прави аматерски сценарија и приказни за Груби да го повикаат да се соочи со правдата, бара ВМРО-ДПМНЕ

„СДС да и соопштат на јавноста со што толку многу се задолжија кај ДУИ и Груби што и покрај сите факти и докази се уште жестоко го бранат Груби“ бара ВМРО-ДПМНЕ и додава:.Врската помеѓу СДС и Груби не е ништо повеќе од класична шема на системски криминал во кој СДС и ДУИ ги искористиле државните институции и ги претвориле во механизам за заштита на соптвените криминали.И Дуи и СДС и сите знаат дека Лотарија била перална на пари, а Груби правел милионски криминал но молчеле за да не падне владата, молчеле за да опстане коалицијата и да продолжат со криминалот, корупцијата и тендерите во четири очи.СДС наместо како аматерски сценаристи секојдневно да смислуваат сценарија и приказни за Груби во кој не веруваат ниту малите деца да го повикаат на одговорност.Зоран Заев, Венко Филипче, и Димитар Ковачевски знаеле за криминалот на Груби но го толерирале и не го гонеле, за да купат ден повеќе, и да продолжат со криминалот на штета на граѓаните.После 7 години, позади плаштот на реториката која ја проектираа СДС-ДУИ како „гарант за реформи, прогрес и институционална правичност“ на површина излезе грубата вистина за СДС како свесни соучесници со ДУИ во најбруталниот грабеж на Македонија.Институционалниот хаос кој произлезе од СДС-ДУИ ја доведе Македонија до крајна точка на економска, правна и морална деградација.СДС поради политички конформизам не само што го амнестирале Груби туку и овозможиле континуитет на грабежот.СДС и ДУИ се партнери во криминалот.Груби како десна рака на Ахмети и втор човек во владата на СДС-ДУИ е симбол на аморален субјект толериран од СДС заради личен профит.Бегството на Груби е очајнички обид и признавање на вина за случувањата во Лотарија.Одговорност за целосниот колапс на системот мора да има.Време е за одговорност, работа и посветеност.Време е да се врати интегритетот на институциите, да се унапреди демократијата и завладее правото и правдата.

Македонија | пред 1 година

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

Со што ги држи Груби СДС, зошто се заробеници на сопствената глупост?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„И кога ќе сфатат дека сите ќе одговараат сакале тие или не“, прашува ВМРО-ДПМНЕ и додава:Зошто СДС се заробеници на сопствената глупост, корупција и зависност од ДУИ и не ја поздравуваат акцијата против Груби и бандите од подземјето, и со што толку ги држат и уценуваат истите, за да мора вака антидржавно да се однесуваат?И кога ќе се опoравите и ќе сфатите дека нема како до сега и сите ќе одговараат, критикувале и ги бранеле вие или не?

Македонија | пред 1 година

VenkoFilipceSDSM

Филипче е најлошиот министер за здравство во историјата на Македонија со низа скандали и афери како Онкологија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС треба да се срами бидејќи здравството беше во кома кога нивниот претседател Венко Филипче беше министер за здравство“, вели ВМРО-ДПМНЕ во ееакција на прес-конференција на СДСМ и додава:„Венко Филипче беше најлошиот менаџер и министер за здравство во историјата на Македонија.СДС треба да знае дека нивниот претседател Венко Филипче додека беше владин функционер и министер за здравство остави девастирана област.Последиците од СДС и ДУИ во здравството се огромни, катастрофални и штетни.Деструктивните политики на СДС и ДУИ го уништија македонското здравство, во време на СДС и ДУИ имаше бројни скандали во здравството како историскиот скандал на Онкологија.Во време кога Филипче беше министер за здравство, неговото катастрофално менаџирање во здравството ги остави болниците без медицинска опрема, клиниките и болниците во долгови и дефицит на медицински кадар.Mандатот на Филипче беше преполн со големи афери, сомнителни тендери, корупција, и скандали со пациенти.Крахот на македонското здравство во време на Филипче, СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите.Филипче имаше низа на афери и скандали во здравството особено во време на пандемијата како скандалот со набавката на кинеските вакцини.Филипче како министер за здравство за време на корона пандемијата ја стави Македонија на 5-то место на светската листа со најголем број на жртви.На Филипче кој е прв човек на СДС кога беше министер му се случија модуларна болница во Тетово, Дурмо турс, корона пандемија, Онкологија, скандалот со набавката на кинеските вакцини и ова се случаи кои Филипче дозволи да резултираат со 14 мртви во Тетово, а во несреќата Дурмо Турс 15 мртви.СДС со Филипче е само продолжена рака на Заев кои освен тендери и ставање пари во џеб ништо друго не ги интересираше.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги санира штетите од владеењето на СДС и ДУИ во здравството и е посветена на подобрување на условите за работа во интерес на граѓаните#.

Македонија | пред 1 година

skopje-zagaden-vozduh-magla-3

Единствено освежување денес во воздухот во Македонија е фактот што СДС од опозиција отвори очи и виде дека не сработеле ништо за животната средина, вели ВМРО-ДПМНЕ

СДС вети, дека ќе обезбеди чист воздух во македонските градови. Имаа апсолутна власт, претседател, влада и градоначалници и успеаа да не сработат ништо за животната средина и почистиот воздух.Последиците од нивната неработа, ги гледаме денес. СДС донесе некаква листа на желби, наречена план, но заборави да сработи нешто и планот остана нереализиран.И додека, по медиуми зборуваа за колку сакаат чист воздух, СДС не заборавија на првата седница на нивната влада, да ги намалат давачките за петрол кокс, па фирмите на Заеви, да можат да остваруваат екстра профит, на штета на загадениот воздух и здравјето на луѓето. СДС го направи горивото за Заеви поевтино, за сметка на тоа, сега Струмица е најзагаден град во Македонија? Дали вредеше да му го зголемиме профитот на Заев, за сметка на здравјето на струмичани?Во 8 години власт, СДС не сакаше да го донесе Законот за индустриски емисии. Зборуваа за разни бајки, ни објаснуваа што се не знаат или што се не можат, но прст не мрднаа во насока на контрола на загадувачите. Тоа не е само забелешка во сите ЕУ извештаи, тоа е обврска кон нашите деца.Зарем треба да се потсетиме дека СДС направи се што беше во нивни раце да го распарчи и уништи системот за централно греење во Скопје.После 8 години власт на СДС, испораката на природен гас низ Македонија, не мрдна ни милиметар. Природен гас не донесоа низ цевка ни во Велес, ни во Тетово, ни во Прилеп, ни во Битола, ни во Неготино...Преку Фондот за иновации СДС испра милионски суми, кои требаше да придонесат за почист воздух. Дали некој во СДС, следи што придонеле средствата кои ги даваа на свои блиски од Фондот за иновации поврзани со повикот за почист воздух? Колку е почист воздухот заради тие милиони евра?Зборуваа за зелени површини, а го укинаа проектот Засади ја својата иднина со кој се засадија милиони дрвца. Го запуштија системот за брза реакција на пожари, ги покрадоа Македонски шуми.Програмата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери за справување со проблемот на загадениот воздух се преточува во акција. Дефинирани се мерки и акции, дефинирани се надлежни институции и рокови.Загадениот воздух не е проблем што може да се реши за едно попладне, еден месец или една сезона. Загадениот воздух не е проблем што може да го реши еден човек или една институција. Оваа Влада посветено работи да го заврши својот дел од работата.Борбата со загадениот воздух бара вклучување на сите чинители, државните институции, индустријата и граѓаните. Планската програма за почист воздух се вградува во планот за работа на секој државна институција. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја започна борбата со овој горлив проблем кој што го наследивме од СДС и кој ги убива нашите најблиски.Ги повикуваме сите чинители, да го дадат својот придонес за почист воздух.Секој од својот двор, од својот ауспух, од својот оџак да започне со грижата за сопственото здравје и здравјето на своите комшии. Заедно низ тешка и посветена работа ќе стигнеме до почист воздух, позелена Македонија и здрави деца.Граѓаните на Македонија не ги зачувува фактот дека вест на денот за СДС е што во опозиција видоа дека како власт не работеле ништо корисно.Соопштение од Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ

пред 1 година

sednica-co-sdsm-1

Криминалните шеми од епски размери на СДС и ДУИ системски го уништија енергетскиот сектор, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС кои, до пред шест месеци, седум години системски го уништуваа енергетскиот сектор, сега најдоа да зборуваат за проблеми кои навремено се детектирани и се работи на експресно решавање на проблемите“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Испадот да РЕК Битола од мрежата е директна последица на неправилното, несоодветно и криминално одржување на блоковите од страна на криминалните СДС и ДУИ.Новото раководство во ЕСМ и РЕК Битола веднаш го детектираа проблемот и се работи на санирање и решавање на проблемите. Блоковите на РЕК Битола за брзо ќе бидат вратени во работен процес и приклучени на мрежа.Ја потсетуваме јавноста дека ваквите проблеми во енергетскиот сектор се последица, исклучиво, на криминалното работење на СДС и ДУИ.Тоа веќе го потврдуваат и надлежните институции кои покренаа и обвинение против првите лица на РЕК Битола за сторен криминал во вредност од шест и пол милиони евра.И тоа не е единствениот криминал во енергетскиот сектор. Надлежните институции каде и да чепнат во енергетиката, особено во РЕК Битола ќе најдат криминал.За време на седум годишниот период на нивно владеење, СДС и ДУИ преку криминалните шеми од епски размери, ЕСМ од профитабилно претпријатие го донесоа во состојба на загубар.Затоа СДС, кои системски го уништија РЕК Битола и енергетскиот сектор, сега да не глумат лажна грижа. Новите раководства во сите енергетски претпријатија посветено работат на стабилизирање на енергетскиот сектор, а РЕК Битола за кратко време, веднаш по санирањето на проблемот, воедно наследен од претходно, ќе биде вратен во функција.

Македонија | пред 1 година

sdsm-novo-rakovodsvo

7 години СДСМ не направи ништо за да го намали загадувањето, напротив решија да бидат измеќари на лоповлукот на ДУИ, врати ВМРО-ДПМНЕ

„СДС продолжува со лаги, 7 години не направи ништо за да го намали загадувањето, напротив решија да бидат измеќари на лоповлукот на ДУИ“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ и додава:СДС продолжува со лаги и манипулации за да го прикрие својот неуспех во последните 7 години.СДС, која имаше целосна власт со убедливо мнозинство цели седум години, не направи ништо за да го подобри животот на граѓаните. Наместо да се фокусираат на решавање на проблемите со загадувањето, инфраструктурата, здравството, образованието, платите и пензиите, тие одбраа да бидат слуги на ДУИ и на Артан Груби, вовлекувајќи ја државата во корупција и институционален колапс.СДС имаа 7 години власт и убедливо мнозинство да носи закони, амандмани, мерки, не само за загадувањето туку и за подобар живот, стандард, повисоки плати и пензии, подобра инфраструктура, здравство, образование, поквалитетен живот. Но тие одлучија дека треба да се измеќари на ДУИ и на Артан Груби и да се впуштат во лоповлук и да соучествуваат во уништувањето на институциите и банкротот на државата, секако сето ова под знамето на Европскиот фронт.Денес, со цел да манипулираат, нудат популистички амандмани за кои знаат дека се неизводливи, надевајќи се дека ќе го потценат народот.Сега лажно нудат амандмани знаејќи дека се неизводливи, повторно обидувајќи се да го потценат народот. СДС не само што не се менува туку тоне во својот карактер исполнет од личности кои се дел од сите лоши работи кои ни се случуваа како држава сите изминати 7 години.Податоците се фрапантни – изминатите години, под власта на СДС, беа обележани со масовно иселување на Македонците, Албанците и останатите граѓани на државата.Според последните истражувања тоа биле години со најмногу раселени Македонци во историјата, што значи СДС има направено егзодус на Македонците, но заедно со ДУИ и на Албанците и останатите. Погледнете ги бројките, фрапантни се.Ова јасно покажува дека СДС не само што не се промени, туку продолжува да тоне во својот карактер исполнет со неспособност, корупција и сервилност кон криминалните кругови.Оттука, не им порачуваме да се засрамат, знаеме – оперирани се од срам, немаат образ, туку ќе им порачаме: ќе видите на следните избори со вакво однесување што ќе ве снајде од народот. Престанете да го потценувате и престанете да сте слуги на ДУИ и на матните политичко-криминални кругови на вашата партија.ВМРО-ДПМНЕ има план за долгорочно решение на загадувањето, преку конкретни мерки и капитални проекти. За тоа, за жал, е потребно време, посебно од ситуација каква што е наследената од СДС и ДУИ. Но ние работиме посветено на оваа тема. Загаденоста е клучен и приоритетен проблем на државата и мора да се реши.ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од СДС, останува посветена на реални, долгорочни и одржливи решенија за подобар живот на сите граѓани. Продолжуваме да работиме за чист воздух, модерна инфраструктура, квалитетно образование и здравство, и за економски раст кој ќе овозможи достоинствен живот за сите.

Македонија | пред 1 година

Zaev-Filipce

Филипче и Фани се левиот и десниот џеб на Заев, блиски соработници и слуги, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Трансферот на Фани Каранфиловска од Фондацијата Отворено општество во СДС е доказ дека тоа е едно исто, и тоа се едни исти луѓе блиски соработници на Заев уште од времето на Шарената револуција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Фани Каранфиловска не е и не може да биде ново лице и да донесе нова енергија во СДС затоа што таа работеше да го донесе Заев на власт кој пак ја уназади, осиромаши и уништи Македонија.Филипче и Фани се продолжена рака на Зоран Заев и верни партнери уште од времето на Шарената револуција.Филипче и Фани се доказ дека со партијата СДС раководи Заев, за тоа знаат и се свесни и членовите на СДС.Луѓето на Филипче и Фани Каранфиловска се истите луѓе на Заев кои се синоним за криминал, корупција и уназадување на Македонија.Каранфиловска Пановска не го осуди бегството и не го повика Груби да се врати и да се соочи со правдата.Каранфиловска Пановска кога ја повикува судската власт да суди по закон и Устав, треба да знае дека на обвинителите бирани во Струмица и Зајас им се влошуваше здравјето кога требаше да гонат криминал, дека 6 месеци ЈО ја опструира правдата, обвинителите наместо да соработуваат со институциите бараат начин да ескивираат а Љупчо Коцевски 6 месеци не отвори ниту еден случај.Каранфиловска Пановска наместо да манипулира со јавноста да се посвети на консолидација на СДС.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ одговара на сите безбедносни ризици и најави бескрупулозна борба со криминалот и корупцијата.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ демонстрира одговорност, посветеност и работа.

Македонија | пред 1 година

fani-sdsm

Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ потфрли во сите свои ветувања, се случува сериозно уназадување

Во изманатите шест месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, освен сериозно потфрлање во сите нивни ветувања, ништо друго не гледаме. Покажуваат елементарна неспособност да ја водат државата и институциите ништо а има сериозни намери и тенденции, системот на владеењето на правото, безбедноста да се води единствено согласно партиските интереси, посочи заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во емисијата „Само интервју“, на Канал 5 телевизија.Се случуваат голем број политики и процеси кои значат уназадување, истакна Каранфилова Пановска, додавајќи дека во собранието со предлог законот за јавни набавки се укинува контролата, тука е и сетот измени на закони за образованието, со кои се нарушува инклузивноста на образовниот процес, се спречува можноста од дискриманција, се ограничува начинот на средношколско здружување.-И трета работа, која поминува незабележана, а е многу потресителна, е што во изминатите 6 месеци имаме 20 смртни случаи на бебиња и деца. Кога последен пат сте слушнале за вакви цифри?, нагласи Каранфилова Пановска.Таа нагласи дека од клучно значење за едно демократско општество е почитување на поделбата на власта критикувајќи ги недемократските тенденции на премиерот.-Не може да се случува премиерот Мицкоски од собраниска говорница да се заканува на граѓаните, па да преземе улога и на јавен обвинител, улога на судија, улога на министер за внатрешни работи, рече Каранфилова Пановска во Само интервју на Канал 5 Телевизија.

Македонија | пред 1 година

grubi-ageler-4

Лефков: СДС знаеле за криминалот на Груби од црната листа и од Лотарија, не реагирале за да не падне владата

„СДС знаеле за криминалот на Груби од црната листа и од Лотарија, не реагирале за да не падне владата“, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДС се виновни што Артан Груби со години ја крадел државата и влијаел врз судството. Соучесник во криминалот му бил Димитар Ковачевски, претходникот на Венко Филипче.И МВР под капата на СДС знаеле за криминалот на Груби. Со години немало никаква реакција од институциите под капа на СДС, затоа што раководството на таа партија сакало да остане на власт по секоја цена.И Венко Филипче знаел дека Груби е корумпиран, но не презел ништо.ВМРО-ДПМНЕ со години зборува за криминалот на Груби, но СДС дозволија тој да метастазира до невидени размери.СДС се целосно виновни за грабежот кој го приреди Груби.Во СДС ништо не е сменето истите луѓе кои беа на позиции додека Груби крадеше, на чело со Филипче повторно се таму.СДС треба јавно да го осудат Груби и Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

grubi-auddi

Артан Груби да не се пазари и да не бега, да се врати во Македонија и да си докаже пред суд колку е чист како солза, му порача ВМРО-ДПМНЕ

„Артан Груби е епицентарот на сите скандали и афери изминатите години. Нема скандал а да не се поврзува со името на Груби“, му порача ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Како кула од карти се сруши наративот на ДУИ дека се борат за ЕУ и зелени агенди. Артан Груби и врхушката на ДУИ, блиски соработници на Али Ахмети под превезот на демократија, правда и зелени агенди се борат исклучиво за да го заштитат крупниот капитал стекнат на криминален начин.Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија за да докаже колку е чист како солза.Груби веднаш откако се најде на црната листа на САД, а потоа и во центарот на кривична постапка за милионски криминал ја напуштил државата по ставањето на црната листа на САД а пред отпочнување на кривичната постапка против него.8 милиони евра е криминалот во АД Лотарија на Македонија во кој главната улога ја имаат Артан Груби како вицепремиер и Пeрпарим Бајрами како директор на Лотарија.Артан Груби да не се пазари и доколку е чист како солза како што самиот тврди, да се врати во Македонија и да си докаже пред суд доколку има храброст.Одговорност за милионскиот криминал кој го направил Груби мора да има.Одговорност за корупцијата и криминалот во пандемиски размери на СДС и ДУИ мора да има.Време е за унапредување на демократијата, владеење на правото и правдата.

Македонија | пред 1 година

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

СДС и ДУИ се борат за контрола на судството, Груби кој е на црна листа земал мито за да влијае врз судски процеси, вели ВМР0-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ го партизираа судството, функционерите на СДС и ДУИ ги злоупотребувале функциите од позиција на политичка моќ поради сопствени лукративни причини“, велат од ВМР0-ДПМНЕ и додаваат:Борбата на СДС и ДУИ е борба за контрола на судството, за заштита на крупниот капитал кој што го стекнале на криминален начин.Корупцијата, партизацијата, непотизмот, кронизмот како и протекционизмот цветаа во време на СДС и ДУИ, додека довербата во судскиот систем беше 2 %, а владеење на правото и правдата за СДС и ДУИ ниту како поим не постои.Доказ за тоа е Артан Груби, тоа го кажува објаснувањето на Американскиот Стејт департмент за неговото ставањето на црната листа. Груби влијаел врз судски процес и за тоа земал мито.Груби ја користел позицијата на вицепремиер и висок функционер на ДУИ, за лично да се богати од мито и корупција.Таквото делување е синоним за начинот на работа на СДС и ДУИ. Делувањето на СДС и ДУИ и нивната борба за власт под превезот за демократија, владеење на правото и правдата е всушност борба на СДС и ДУИ за заштита на нивните функционери од криминалните активности и заштита на крупниот криминал стекнат на коруптивен и криминален начин.СДС и ДУИ се разоткриени, за таквото делување одговорност мора да има.Времето на „како до сега’’ заврши.Време е за сериозна борба против криминалот и корупцијата.Време е за системски решенија за трансформација на судските органи во независни, транспарентни и одговорни субјекти.Време е за демократија, владеење на правото и правдата во Македонија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ангелевска: Криминалните шеми на СДС и ДУИ беа цунами во областа на енергетиката

На денешната трибина “Криминалите во РЕК Битола и нивните последици” свое обраќање имаше и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Ангелевска , која зборуваше за тема што ги засега сите граѓани, тема којашто е една од по чувствителните и по контроверзните а тоа се криминалите во РЕК Битола, кои испливале на површина поради криминалното и корупциското владеење на СДС во енергетскиот сектор, а за кои е сведок и македонската јавност.„Зошто дошло до тоа прво и основно нестручно несовесно работење менаџирање и буквално јас многу често на говорница во собрание кажував оваа влада на СДС и ДУИ беше цунами во енергетиката вакво безмилосно раководење незнаење ,некогаш дури се прашував дали тоа го прават од незнаење или го прават и намерно ,а можеби има и намера“, изјави Ангелевска.Пратеничката даде свое видување за производствената струја и како таа влијае врз целокупната економија во државата со оглед на несовесното владеење на СДС и ДУИ додека биле на власт и целиот хаос којшто го оставиле со нивните криминални шеми.„Така да сето тоа влијаело на производната цена, еден куп вработени коишто беа околу 1000 ми се чини нека ме поправи, стручни луѓе кои години работеа во комбинатот беа деградирани префрлани на пониски места беа носени нови кадри кои не соодвестуваа според потребите на работното место“, рече Ангелевска.Исто така таа се осврна и на коруптивните скандали кои ги направиле СДС и ДУИ додека биле на власт и направи компарација за тоа во каква состојба е наследен ЕСМ а во каква состојба е доведен, односно дека нивните “експертски вештини“ го ставиле само во долгови и загуба.„Двете фирми што се пријавија на јавниот тендер, едната беше формирана два дена пред јавниот повик, другата во текот на јавниот повик ,фирми на кои не им се знае ни седиште ни адреса ни телефон ,фирми оформени за да се испумпуваат пари од АД ЕСМ. Сега да споменеме како го презедоа пред 7 години, го презедоа претпријатието со над 20 милиони евра добивка, и многу важно да се каже платени сите средства кон добавувачите, значи нула обврски и успеаја да го доведат до 80 милиони евра загуба“, вели Ангелевска.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања