Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

VMRO

mickoski-1

Мицкоски: Ќе го испитаме потеклото на имотот на сите политичари, ќе почнеме од мојот па се до последниот во земјава

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Маврово – Ростуше истакна дека претстојниот период е предизвикувачки и дека граѓаните треба да одлучат во каква држава сакаат да живеат дали во понижена, ограбена и криминална или во земја каде ќе се гради иднината на идните поколенија. Мицкоски истакна дека 15 јули е шанса  граѓаните да си ја вратат  државата на правите патеки со глас за ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ и да се направат проекти за секој граѓанин од програмата „Обнова“.- Пред нас е исклучително предизвикувачки период. Најпрвин имаме околу 10 дена кампања што ни преостанаа и 2 дена молк до денот кога ќе треба да излеземе и да одлучиме во каква Македонија сакаме да живееме. Дали оваа Македонија која што е понижена, омаловажена, опљачкана каде што граѓаните се чувствуваат во сопствената држава граѓани од втор ред, каде што срамот, декаденцијата и поразите се секојдневие или Македонија која што ќе биде татковина за сите без разлика нивната етничка, без разлика на нивната политичка припадност,  верска определба или политичка неопределба.  15 јули е денот кога треба да ја избереме иднината за нашите деца за поколенијата кои што ќе дојдат по нас но истовремено ќе треба и да го обелиме образот на нашите предци  кои што животите ги дале за ова денеска што ние го живееме, истакна Мицкоски.Тој кажа дека политичарите за да бидат пример треба да почнат од себе   и да го  почитуваат уставот и законите. Исто така Мицкоски предочи дека  мора да има силен правен систем кој ќе проверува потекло на имот на политичарите и да се почне од него па потоа со сите политичари вклучително и Зоран Заев и да се истражи  како е возможно со политичка професија да се градат хациенди, станови и да се возат луксузни автомобили. Ќе провериме од прв до последен посочи Мицкоски.- За да биде подобра нашата држава овој пат политичарите треба да почнат самите од себе. И затоа јас велам правда, почитување на законите, почитување на уставот и тоа да биде безусловно. Затоа што без правна држава, без да бодат почитувани законите нема да има ниту добра економија, ниту добра здравствен систем, ниту добро земјоделие, ниту добро образование нема ништо. Прв и основен столб денеска на една модерна современа држава е да има функционален правен систем. А за да има функционален правен систем треба да почнеме од почеток . А ја велам еве почнете од мене , јас првиот ќе бидам доброволец кој што ќе се пријави во новата влада соодветна агенција да го провери неговиот имот и имотот на неговото семејство. На моето семејство, да провериме дали соодветствува со моите приходи, дали можеби нешто сум подскрил . дали имало нешто алашвериш . Ако има подготвен сум да одговарам. Ама втор ќе биде Зоран Заев па и неговото семејство ќе го провериме. Ќе ги провериме сите политичари да видиме кој безмилосно го  крадел сопствениот народ и кој се богател на маката на народот. Сите политичари да докажат од каде им е стекнат капиталот. Да видиме како е тоа возможно да се градат хациенди, станови да се возат скапи возила, да се летува на јахти во монденски зимовалишта. Се ќе провериме од првото до последното појасни Мицкоски.Мицкоски кажа дека ВМРО – ДПМНЕ со своите експерти и во соработка со граѓаните и нивните идеи има програма кога нуди 1.000 проекти кои ветуваат 25 % просечни плати, 20 % поголеми пензии во еден мандат, 640 милиони субвенции за земјоделците, унапредено образование со најмалку еден универзитет во првите 1.000 на Шангајската листа, најнизок данок од 8 % , 1.000 км нови патишта и т.н. Мицкоски увери дека во обновата има политики и проекти буквално за секој граѓанин.- Предвидовме минимум 25 % повисоки  просечни плати за еден мандат со јасна методологија и јасен алгоритам како а не гола  реторика и филозофија. Таму во програмата  предвидовме до 20 % поголеми пензии во еден мандат, предвидевме 640 милиони евра во еден мандат субвенции за земјоделците, таму предвидовме најмалку 1 универзитет во првите 1.000 според листата на Шангај а сега немаме ни во првите 2.000. Предвидовме најнизок данок за работодавачите од 8 % во Европа, предвидовме 0 данок за луѓето до 29 години.  Најмалку 1.000 км нови реконструирани локани и регионални патни правци. Предвидовме во нашата преодна стратегија 18 % ДДВ за угостителите до крај на 2021  на го намалиме на 10 %. Предвидовме ослободување од онаа симболична помош за месеците април и мај и продолжување на истата до август. Има 1.000 проекти и политики буквално за секого рече Мицкоски.Мицкоски ги повика граѓаните на 15 јули  да излезат во што поголем број  и  препорача  да се почитуваат сите здравствени препораки пропишани за денот на гласањето и да го заокружат бројот 14 за држава спротивна од таа што на нуди Заев а тоа е понижена , држава на  лаги криминал и корупција туку за Македонија горда, достоинствена и економски просперитетна.- На 15 јули рано наутро од 7 часот да се заштитиме најпрво а потоа рамо до рамо еден по еден да излеземе и  да го заокружиме реден број 14 бројот пред името на маестро Дурловски бројот што ќе донесе историска најголема победа за коалицијата „За Обнова на Македонија“ која што ја предводи ВМРО- ДПМНЕ. Јас ве повикувам на 15 јули тоа да го сторите масовно. За онаа втората не онаа понижената, излажаната, омаловажената Македонија туку онаа втората горда, достоинствена чесна, честита каква што е Македонија земја на домаќини, домаќинки чесни, верни луѓе, не Македонија на  неранимајковци, луѓе кои што не ја говорат вистината, истакна Мицкоски.

пред 5 години

siljanoska

Силјановска Давкова: Нема датум за преговори со ЕУ, се изморив од прослави, а не е време за славење

Професор Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1 на дебатата во телевизија 24 се осврна на патот на Македонија кон ЕУ.„Преговарачката рамка не значи датум за преговори. Таа се концентрира на три моменти, принципи, суштина и процедура. Членките на ЕУ откако ќе ја разгледаат имаат право да укажат и да дадат забелешки“, рече Силјановска.Професорката објасни дека со преговарачката рамка не се враќа македонскиот јазик и не станува официјален во ЕУ, тоа што документот е на македонски станува збор за вообичаен пристап треба да се преведе на јазикот на државата.„Има фази јазикот да стане официјален. Сега станува збор за легитимирање на јазикот. Кога ќе ги завршиме преговорите прво ниво е договор, второ правна регулатива број 1 од 1958 година, а  јазиците стануваат службени кога ќе се прифатат амандмани на правната рамка од 1958 и повторно е потребен консензус. Незнаење и на јазичната политика на ЕУ дека само во Европскиот парламент има јазичен мултилингвизам, дури и во Судот за правдата францускиот е службен, во Европската банка англискиот е службен, значи дури по завршување на преговорите кога ќе се соочиме со регулативата од 1958 година тогаш ќе стане официјален“, објасни професор Силјановска.Според Силјановска „нема крај на радоста по не знам кој пат се радуваме“, рече таа и додаде „имам слика на Заев со Димитров, Османи, Анѓушев како ја дочека веста за датум на преговори“.„Се изморив од прослави, не е време за славење зошто овие избори ќе бидат важен критериум за односот кон нас во рамки на првиот кластер“,  рече Силјановска.Она што ме  загрижува, рече Силјановска, и посочи на Коѕијас кога во еден документ вели дека Грција се води од националните интереси, а не од евроинтеграциските аспирации на соседот. Се надевам работите во од, ќе добијат друга димензија, кажа Силјановска. 

пред 5 години

mickoski

Мицкоски: Земете си ги подароците бидејќи тие се купени со ваши пари, а потоа завртете им го грбот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во рамките на кампањата „За обнова на Македонија“ се обрати пред жителите Македонски Брод.Тој им сугерираше да не потклекнуваат и да не им веруваат на подароците од власта што ги добиваат пред изборите со лага дека се работи за помош.„Сепак, земете си ги подароците бидејќи тие подароци се купени со ваши пари. Тоа е арачот на народот. А потоа завртете им го грбот и покажете им го тилот и пратете ги на темната страна на политичката историја на нашата преубава Македонија. Тие не заслужуваат ништо повеќе од тоа, завртете им го грбот“, порача Мицкоски.Пред присутните нагласи дека неговата партија има читанка (како што ја наречена изборната програма), од 360 страници, со план како да се зголемат платите за минимум 25 проценти од просечната во рок од еден мандат.„Минимум 4 милијарди инвестиции домашни и странски. За секој оној што ќе вработи млад човек до 29 години – нула данок. Ќе реновираме болници, докторите да си ги вратиме дома. Да не бидеме извозници на здравствени работници. И 640 милиони евра субвенции за земјоделците и гарантиран откуп. И многу други работи ќе најдете во оваа читанка. Затоа масовно излезете и поддржете ја програмата за обнова на Македонија“, повика во Македонски Брод лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/1482053268665055/

Слајдер | пред 5 години

Mickoski-11

Мицкоски од Пласница: Точно знаеме како до 25 % повисока просечна плата во еден мандат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Општина Пласница порача дека ова не се обични избори, ова се избори во кои многу внимателно треба да заокружиме за онаа коалиција која ќе ни гарантира и ќе не убеди каква иднина сакаме да имаме, во каква држава сакаме да живееме. Амбиентот во кои се случуваат овие избори е многу поразличен од вообичаениот амбиент кога се случуваат парламентарните избори. За мене не постои дилема туку на 15 рано наутро ќе излезам и ќе заокружам пред редниот број 14 затоа што се одлучува за иднината на мојата земја за иднината на моите два сина но се одлучува и за иднината на мојот народ на сите кои живеат во оваа наша преубава татковина Македонија.Убеден сум во овие 360 страници наречени проект Обнова кои се внимателно направени. Главен приоритет во нашата програма е економијата јас сум апсолутно свесен секаде каде ќе поминете низ Македонија луѓето ќе видат политичар прво што им доаѓа на памет е дека Сега овој дојде да лаже да го подржиме и после да краде. Така завршуваат сите разговори во Македонија затоа што 30 години тонеме во ова политичко мочуриште кое за жал генерации политичари не го убедија нашиот народ да го убедиме во спротивното. Јас сум убеден дека по 15 јули и овие што не веруваат во тоа ќе се убедат дека можело поразлично, дека има политичари кои стојат до зборот. По 15 јули политичарите ќе ги слушаат граѓаните а потоа преку проекти ќе ги решаваат проблемите. Политичарите се ништо повеќе од обични чиновници платени со народни пари. Заврши времето кога политичарите се елита во државата, истакна Мицкоски.Христијан Мицкоски заклучи дека овие последни 3 години се најлоши. Не ги амнестираме ни грешките што во претходните влади ги правеше ВМРО-ДПМНЕ, иако имаше многу добри работи. Но ние учевме од нашите грешки. Внимателно го слушав секој еден од вас внимателно слушав што ме мачи што ве тишти и кога ќе ја добијам можноста да не ги повторувам тие грешки. Од тие грешки да извлечам поука и да се корегирам како претседател и да ги поучам луѓето што ќе бидат во парламентот и што ќе вршат одредени функции да не ги повторуваат истите тие грешки. Учевме овие 30 месеци, не беше лесно имаше многу критика но како велат критика од татко мајка брат сестра не боли туку те прави посилен.Тука пред вас ви велам дека овие 4 години мандат можеби ќе биде најдобриот мандат, затоа што точно знам како до најмалку 25 проценти повисока просечна плата во еден мандат. Само за илустрација нашиот политички противник во 2016 ветуваше живот па 30.000 денари просечна плата и што ли уште не. Во април оваа година просечната плата е 25.800 денари. Во мај 2017 година пред точно 3 години кога ја преземаа владата просечната палта беше 22.800 денари. Со сиот интервенционизам со целата репресија што ја прават врз работниците и работодавачите успеаа само 3000 денари да ја зголемат просечната плата. Да ве потсетам претходната вада од 12.000 денари просечната плата ја зголеми на 22.800 денари и тоа без владин интервенционизам туку со раст на продуктивноста и извозот, вети Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Сега ќе го видите Заев како ја става раката на срцето и ќе ви вети 34.000 денари, а заборавил претходно што ветувал. Него му требаа 3 години за да ја зголеми платата за 3.000 денари, а сега за 4 години мандат ќе ја зголемеле за 9.000 денари. Ете тоа ќе биде новото ветување на Заев. Но убеден сум во мудроста на граѓаните. После 10 години за прв пат не може да излезете Европа зошто ни ја затвори границата поради пандемијата. Од пред некој ден не можеме да ја напуштиме државата. Нема безвизен режим сето тоа било попусто поради неспособноста на овие политички измамници ние денес сме на дното на Европа, предупреди Мицкоски.Ветуваме најмалку 20 проценти покачени пензии и враќање на старото законско решение. Најмалку 1000 километри реконструирани локални и регионални патни правци. Најнизок данок во Европа од 8 проценти, 0 проценти данок за вработување на млади до 29 години. Да си ги вратиме децата дома. Празна е Македонија, не само селата сега и градовите се празни. Немате со кого здраво да направите. За земјоделците се предвидени најмалку 460 милиони евра субвенции и загарантиран откуп и за лекарите реконструиран и реновиран здравствен систем. Коа ја составувавме програмата во здравството со академик Кедев и доцент доктор Николов многу време посветивме како таа да изгледа. Заедно со професор Силјановска, Каракамишева, Спасеновски, Климовски, и со професор Славески, Андреевски, Лазаров со многу претставници на реалниот сектор. Како да имаме универзитет во првите 1000 во светот. Ние чуда не ветуваме не сме волшебници тоа е невозможно, им се обрати Мицкоски на жителите на од Општина Пласница.Маестро Дурловски е човек кој е сакан дома а почитуван надвор од Македонија. Пред неговите изведби без зборови останува публиката во западно европските земји Америка, Канада, Австралија. Човек што си ја љуби Македонија. Кој си ги почитува соседите, граѓаните. Затоа заокружете го бројот 14, истакна Мицкоски.  

Слајдер | пред 5 години

ok-vmro-dpmne

ВМРО ДПМНЕ Охрид: СДСМ и Георгиески продолжуваат и понатаму да се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да работат

Со СДСМ и Константин Георгиески селото Лескоец остана без инвестиции и ветените проекти. Безобразно е Георгиески да лаже дека извршиле комплетна реконструкција на Домот на култура во Лескоец кога сите знаат дека тоа беше проект од претходната локална власт преддводена од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата од ОК ВМРО ДПМНЕ.Тоа е лесно проверливо и може да го види Георгиески во потпишаниот договор за рекоснтрукција на Домот за култура во МЗ Лескоец.Зошто не се донесе отпочнатиот урбанистички план за Лескоец според кој ќе се овозможеше издавање на одобрение за изградба на спортската сала?Средствата Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги имаше обезбедено, а сегашната власт веднаш ги пренамени истите во други цели.За ваша информација и локалната и централната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Лескоец инвестираа над 2 милиона евра во инфраструктурни проекти.СДСМ за Лескоец знесе најповеќе лаги, а ветените проекти останаа нереалзирани.СДСМ и Георгиески продолжуваат и понатаму да се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да работат одговорно и посветено за потребите на граѓаните.Со Обновата доаѓаат и проектите во Лескоец, се вели во реакцијата од ОК ВМРО ДПМНЕ.

Актуелно | пред 5 години

mizrahi

Мизрахи: Ќе донесеме еднаквост меѓу сите

Рашела Мизрахи, кандидат за пратеник на листата на кандидати од 2 ИЕ денеска пред Музејот на македонската борба се осврна на тоа дека мора да се победи омразата која постои.„Често пати се слуша призвук на антисемитизам во Република Македонија. За мене малку погласно од јануари годинава. Моето семејство е дојдено во Република Македонија по прогонот во 1492 од Шпанија, значи старо скопско семејство. Никогаш не се чувствував поинаква, никогаш не ми беше спомнато зошто моето е вакво или онакво, или дали сум поинаква која е мојата верска или национална припадност. Напротив се чувстував како една од сите и сеуште се чувствувам исто“, рече Мизрахи.Таа даде и одговор и објаснување за тоа што е антисемитизам. Мизрахи кажа „кога ќе се спомне антисемитизам веројатно помислувате на Втората светска војна и оние 6 и пол милиони жртви Евреи, си помсилувате на Аушвиц, Треблинка ги занемаруваме сите останати жртви и тие треба да се споменат не само Евреите“.Мизрахи рече дека занеа „антисемитизам е она кога омразата и гневот ќе преминат во лудило, а лудилото ќе премине во пандемија“.„Зошто е важно да зборуваме за антисемитизам, затоа што во основа е омраза која ги поткопува темелите на демократијата и им се заканува на слободните граѓани. Тоа значи дека антисемитизмот не ги афектира само Евреите, ги афектира сите затоа велиме дека тој почнува со Евреите, но никогаш не завршува со нив. Јас сум длабоко благодарна на сите оние кои изреагираа на оние бурно инсценирани политички нападите врз мене се надевам ќе го вратиме ритамот на живот во кој сите сме еднакви“.

пред 5 години

donev

Донев и одговори на Шекеринска: Плажата е дадена под концесија во време на СДС за помалку од 50 илјади денари годишен закуп, Коста лошо ве информирал

Радмила, нити нешто знаеш нити нешто конкретно си сработила во твојата очајна политичка кариера. Плажата е дадена под концесија во време на СДС и градоначалникот Ацо Петрески за помалку од 50 илјади денари годишен закуп. Другар ви Коста лошо ве информирал. Единствено што знаете е да ширите пропаганда, невистини и злоба. Додека вие и вашите полтрончиња метастазиравте во транзицијата, ние младите од Охрид бевме скромни и чесни деца од родители стечајци во фирмите кои криминално ги приватизиравте.Родители кои останаа без работа во време кога требаше да не извадат на прав пат и школуваат. Не знаевме што е годишен одмор на море ама преубав и доволен ни беше нашиот Охрид и воопшто не жалиме. Додека вие ја цицавте државата и граѓаните уште од време на Бранко, ние одевме трнлив но чесен пат и денес сме тука со чисто лице и без товар, напиша на својот профил Сашо Донев од ОК ВМРО ДПМНЕ.Донев во својата објава додава:Затоа врати се Скопје и не проповедај на терен кој проплакал од вас. На 15ти јули е правиот момент за конечно да ве пратиме на буништето на историјата каде одамна веќе припаѓате, заедно со сите транзициски политичари и профитери од вашето неславно минато, напиша Донев на ФБ.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10220922395707334&set=a.1233635078696&type=3&theater

Македонија | пред 5 години

image-01-07-20-12-40

Бакраческа: Наши приоритети се -чист воздух, соодветен третман на отпад, чиста вода борба со урбаната бучава, урбанизам за луѓе и климатски промени

Ние сме патриоти и го сакаме својот народ. Сакаме младите да растат тука и да растат здрави, а по нас да оставиме здрава и чиста животна средина. Подобрувањето на квалитетот на животната средина е прашање на опстанок на младите во Македонија. Затоа, со граѓаните сакаме да направиме Договор за здрава и чиста животна средина, истакна прес-конференцијата на Д-р Грација Бакраческа, кандидат за пратеник во ИЕ5.Приоритетите на програмата за Обнова на Македонија се: чист воздух, соодветен третман на отпад, чиста вода и речни текови, борба со урбаната бучава, зазеленување на македонските градови и планини, урбанизам за луѓе и климатски промени.Инспекцискиот надзор во животната средина ќе овозможи строг и правичен инспекциски надзор над сите загадувачи на животната средина.Со цел намалување на урбаното загадување на воздухот, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да ги имплементира следните проекти: поддршка за воспоставување јавен транспорт на чисти горива, природен гас и на електричен погон; субвенции за такси превоз без емисија на цврсти честички и без бучава (природен гас и електромобили); поддршка на локалните самоуправи при изградба на велосипедски патеки, пешачки зони, зони на смирен сообраќај; и поддршка за бесплатен јавен градски и државен превоз за сите ученици и студенти.Со спроведување на строг инспекциски надзор над градилишта во делот на емисии во воздух, вода и во отпад се стремиме кон креирање на градилишта без штетни емисии.Со проектот Зазеленување - зелена Македонија се планира засадување 2.000.000 садници од автохтони неалергени видови годишно во руралните и во планинските предели и 500.000 садници во урбаните средини годишно. Секое семејство најмалку еднаш годишно ќе има можност да добие садница и да ја засади на локација по сопствен избор, во својот двор или на јавен простор.Проектот Урбанистичко планирање за Зелена Македонија во соработка со ЕЛС ќе значи: работа по принципите на зелени градови, зелени маала, зелени улици со зелени згради; поддршка при донесување урбанистички планови со 30% зеленило на ниво на маало, детален и генерален урбанистички план; задолжителна обврска за стратегиска оцена на животната средина и кумулативното влијание врз животната средина од планска документација и градежна активност; и донесување законска и подзаконска регулатива за одржување на јавното зеленило и на зеленилото во приватните парцели.Затоа на 15 јули да одбереме обнова. Обнова за здрава животна средина, нови работни места, повисока додадена вредност на нашиот труд и можност за извоз на знаење и на производи.Број 14 за чист воздух, чиста вода и соодветен третман на отпад.14 за заштита на животната средина!14 за обнова на Македонија, истакна прес-конференцијата на Д-р Грација Бакраческа, кандидат за пратеник во ИЕ5.

Актуелно | пред 5 години

vmro

Лазаров: Намалување на ДДВ за угостителство и туризам од 18 на 10%, средства за помош на фирмите и ослободување на истите од нивно враќање

На денешната прес конференција ќе промовирам дополнителен сет на мерки и политики кои се дел од преодната стратегија која што ВМРО-ДМПНЕ ќе ја спроведе во првите 100 дена од формирањето на новата Влада за поефикасно справување со здравствено-економската криза во државата, истакна Дарко Лазаров, претседател на Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.Практично, мерките кои ќе ги презентирам денес се однесуваат на поддршка на приватниот сектор и реалната економија со цел амортизирање на економските последици од кризата и многу поважно јакнење на економските фундаменти на државата.Во таа насока, првиот сет на мерки предвидува:-         Продолжување на субвенционирањето на плати за вработените во приватниот сектор за месеците јуни и јули во оние компании кои бележат пад на приходите за повеќе од 30% во изминативе два месеците. Дополнително, ќе се разгледа можноста и потребата од продолжување на оваа мерка и за месец август.Всушност, на овој начин ќе се овозможи зачувување на повеќе работни места кои во моментот се сериозно загрозени поради продлабочување на самата криза.-         Целосно ослободување на компаниите од обврската за враќање на средства по основ на мерката за субвенционирање на плати за месеците април и мај независно од финансиските резултати кои што компаниите ќе ги остварат на крајот на годината.Практично, со ова ослободување ќе се обезбеди сериозен финансиски импулс за компаниите во процесот на целосно ревитализирање на нивните бизнис активности во периодот после кризата.-         На крајот третата мерка во овој сет на мерки се однесува на отворање на нова бескаматна кредитна линија во износ од 10 милиони евра преку Развојната Банка на Македонија која ќе биде наменета за поддршка на сите компании кои имаат финансиски проблеми и проблеми со нарушена ликвидност како последица од кризата.Дополнително, се предвидува сериозна поддршка за секторот Туризам и Угостителство како сектори кои се најпогодени од кризата.За таа цел, ќе бидат имплементирани неколку мерки:-         Прво, намалување на ДДВ од 18% на 10% за секторите угостителство и туризам, мерка која што практично ќе важи до крајот на 2021 година.-         Ослободување или намалување на надоместокот за лиценци, такси и дозволи за угостителските субјекти до крајот на 2020 година.-         И можеби најзначајната мерка за поддршка на туризмот е субвенционирање на трошоците за одмор во домашните туристички капацитети, во износ до 40% (или во висина до 12.000 денари) за сите граѓани кои остваруваат месечни приходи, односно плата не поголема од 20.000 денари.Со оваа мерка вистински ќе се поддржи туризмот и домашните туристички капацитети, но истовремено ќе се обезбеди поддршка и за туристичките агенции преку кои ќе може да се прават самите аранжмани.Понатаму, Вториот сет на мерки во делот на поддршката на приватниот сектор се однесува на јакнување на конкурентноста на македонската економија со посебен фокус на преработувачката индустрија и извозниот сектор како сектори кои имаат најголем потенцијал за поттикнување на македонската економија и забрзување на економскиот раст и развој на земјата во пост-кризниот период.Во таа насока Поддршката за јакнење на конкурентноста на индустријата предвидуваме:-         Поддршка во форма на неповратни грантови за инвестиции во набавка и инсталирање на нови машини и опрема;-         Поддршка за инвестиции во форма на купување лиценци или франшизи за производство;-         Поддршка за инвестиции во градење на нови производни линии или подобрување на постоечките производни процеси;-         Поддршка за воведување нови бизнис и организациски модели;-         Поддршка за воспоставување на современи менаџмент системи за квалитет и стандардизација.Дополнително, предвидуваме Поддршка за јакнење на човечките ресурси и инвестиции во човечки капитал во домашните производни компании-         Таа поддршка ќе биде во форма на поддршка во форма на покривање на дел од трошоците за организирање на специјалистички обуки за инженери и технички персонал во производните одделенија, поддршка за менаџерски обуки со цел стекнување на нови менаџмент алатки за поефикасно управување на самите компании, како и поддршка за организирање на коучинг и менторинг програми со можност за ангажирање на странски консултантни и експерти;На крај почитувани, не помалку важна е Поддршката за извозните компании која е базирана на повеќе конкретни мерки во форма на:-         Неповратни грантови за барање на нови партнери и пазари; како и за инвестиции поврзани со отпочнување на извозен процес на компании кои немаат претходно извозно искуство;-         Реформирање и зајакнување на институционалните капацитети за поддршка на извозот-         Реформирање на Развојната Македонска Банка (РМБ) во Македонска извозна и развојна банка која ќе обезбедува поддршка за извозно ориентирани домашни компании-         Градење мрежа на извозни промотори кои ќе работат со домашните компании во поддршка на извозот на одделни странски пазари;-         Менување на моделот за привлекување на СДИ со таргетирање на конкретни странски компании од одредени сектори кои ќе имаат најголеми потенцијални ефекти за домашната економија. Кога зборуваме за ефекти од странските инвестиции за домашната економија не мислиме само на висината на инвестицијата и бројот на работни места, туку многу повеќе на висината на плати што ќе ги исплаќаат странските компании на домашните вработени и степенот на ангажираност на домашните компании во нивните ланци на снабдување;-         Целосно усогласување на царинските стапки на ниво на соодветните стапки на ЕУ за одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко-напредни производи. Со тоа ќе се зголеми атрактивноста на земјата за привлекување на компании кои произведуваат технолошко напредни производи, истакна Дарко Лазаров, претседател на Комисијата за економија на ВМРО- ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

zaev-mickoski

ВМРО ДПМНЕ: Мириса на пораз - Заев панично побара од Мицкоски поддршка за вмровски пратеници

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва на ТВ дуелот на Телевизија 24 самиот си го најави поразот на претстојните парламентарни избори. Заев во паника побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ поддршка од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за формирање влада, на што Мицкоски му одговори дека нема пазари за ВМРО-ДПМНЕ, на изборите на СДСМ му следи најголем пораз досега.Имено, Заев изјави дека цената на ДУИ да Албанец биде премиер не може да ја прифати и затоа, без поддршката од актуелниот владин партнер панично побара помош од ВМРО-ДПМНЕ.- Сум спремен со ВМРО-ДПМНЕ и сум спремен да отстапам со разговор со нашите пратеници 13  пратеници на господинот Мицкоски или колку ќе му требаат за 61 пратеници тој да формира малцинска влада или ќе бараме од него да отстапи 6 или коллку ќе ни требаат нас за да може да формираме малцинска влада. Никој не смее под уцени да преговара, изјави МицкоскиНа тоа Мицкоски одговори дека  ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи идната влада и постојат други кои што се дел од коалицијата „Можеме“ а кои што се дел од пратеничките листи и самите изразуваат желба во иднина да ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.- Математиката не ви е добра страна. И оваа математика е добра за општинските организаии на СДСМ, но после 15 јули на ВМРО-ДПМНЕ нема да му требаат повеќе од 1 или 2 пратеници за да формира влада, а има повеќе кои овој изборен период сакаат да ги поддржат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Слајдер | пред 5 години

nikoloski-1

Николоски со порака до Заев: Не ги троши украдените пари за пи-ар стратегии, ќе ти требаат после избори за адвокати тебе и на твоите пајташи

Ќе победиме во Струмица и во цела 4 ката. Прави Зоран Заев анкети како што правиме ние и знае дека дебело губи и на ниво на држава и во четвртата изборна единица и затоа слушам со овие украдени пари кои што ги краде од сите вас тука порано ги крадеше само од Струмица затоа што беше најкрими градоначалник кој што градот било кога го имал, сега ги краде од цела држава. Со тие украдени пари ангажирал една ПИ-ар агенција од Србија да му помага што да прави во четвртата изборна единица и седнале во Скопје, па им објаснуваат што е четвртата изборна единица кои има таму, кои се проблеми итн. Ама ја утнале работата Скопје е во првата изборна единица, не е во четвртата изборна единица, Струмица е во четвртата изборна единица, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во изборна единица 4 директно од општина Струмица.Николоски го повика Заев да не ги троши украдените пари бидејќи како што рече тој ќе му требаат за адвокати после избори и тоа за поприличен број на адвокати и него и неговите пајташи.Да го повикам од овде да не ги троши парите, ќе му требаат адвокати после избори и тоа за поприличен број на адвокати и него и на пајташиве негови. Пи ар агенции во четврта изборна единица не поминуваат, на струмичко поле, на гевгелиско поле, на прилепско поле, пи-ар агенции не поминуваат. Мотика треба, работа треба. Тие таму се незадоволни, несреќни, со испукани раце, со солзи во очите, таму пи-ар стратези не поминуваат за џабе. Зоран Заев не ги троши за џабе украдените пари, вели НиколоскиВе повикувам на масовна на огромна излезност на 15 јули сите заедно да ставиме крај на овие три години ненародна власт. Знаете дека изборите беа закажани за 12 април основна причина зашто ги одложивме беше пандемијата со корона вирусот. Кога се разговараше за нов датум за избори првата работа која што ја побара ВМРО-ДПМНЕ и ја доби беше добри здравствени протоколи кои што ќе гарантираат на секого кој што ќе излезе на гласање дека здравјето ќе му е заштитено и дека не треба да стравува за сопственото здравје. Тие здравствени протоколи ги имаме и ве молам да ги испочитувате и масовно да излезете на гласање за да на 15 јули ја направиме промената, додаде тој.Николоски истакна дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, е во тоа што СДСМ сака луѓе со свиткана кичма,  а ВМРО-ДПМНЕ сака горди Македонци.Тие сакаат вие да седите дома, ние сакаме вие да излезете и да одлучите. Тие сакаат луѓе со свиткана кичма ние сакаме горди македонци. Тоа е суштинската разлика, изјави Мицкоски.Николоски нагласи дека во проектот Обнова за Македонија сериозен дел е посветен на владеење на правото.Во  нашата програма обнова на Македонија имаме сериозен  дел кој што е посветен на владеење на правото. Ќе ги промениме законите за парнична и процесна постапка, за да не може три месеци судијата да заборава да свика рочиште па да почнуваат од почеток судењата. Да не може некој  поротник намерно да се става пред пензија па да стигне до  некаде судењето па да се враќа назад. Да не може по фиока да се чуваат предмети, да не може да се уценуваат луѓе. И да не може  тие што се во бизнис криминална коалиција со било кога да им се завлекуваат судењата. На тоа ќе ставиме точка, имаме добар тим кој што ќе  ја направи таа работа, посочи Николоски.Втора работа. Потекло на капитал, секој што се занимавал со  јавна функција во овие 30 години да си  го докаже потеклото на капиталот и богатството кое што го има. Да видиме кој како  заработил. Ако  може да докаже со среќа да му  е чесно го заработил ако не може како што е редот во секоја нормална европска држава 70 % да си го оданочи од државата да си  оди назад кај  народот тоа што е украдено и плус кривично да си одговара.Николоски рече дека петти ден по ред го повикува Заев да излезе да каже дали може да го докаже потеклото на своето богатство и капитал и на своето семејство.Пет дена го повикувам Зоран Заев да излезе и да каже дали е во можност да излезе и да си го докаже потеклото на имотот потеклото на богатството на неговото семејство кое што во овие 18 години колку што е вкупно на власт стана најбогато семејство во Македонија и најбогато  семејство на Балканот. Пет дена го повикувам пет дена не дава одговор затоа што одговорот е јасен.  Ние тој закон ќе го донесеме и има да се испита на секого на кој  начин и како  се стекнал  со богатството, истакна тој.Николоски посочи дека на Струмица и требаат две работи и тоа расчистување од криминалот и ослободување на народот.На Струмица повеќе од било кој друг град во Македонија и требаат две работи. И треба расчистување со криминалот и ослободување на народот.Крајот им доаѓа. Вие ќе им го напишете крајот на 15 јули. Ништо не им можат да не им се плашат. Да не им  паѓаат  на уцени на поткупи на притисоци. Тоа да им кажете од сите нас тука. Да не им се плашат,  да се ослободат заеднички  да ја ослободиме Струмица од криминалот и корупцијата, нагласи Николоски од струмичкиот плоштад. https://www.facebook.com/NikoloskiA/videos/645400092722610/?v=645400092722610

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Амнестија на криминалот нема да има, залудно Заев се радува дека со новиот закон нема да се истражуваат неговите криминали

Заев знае само да гази по правото. Заев го интересира криминалот, рекетот и личното богатење, а не почитувањето на закони. Заев и СДСМ се синоним на криминалот. Корупцијата и криминалот им се работи кои ги прават за добро утро. Заев и СДСМ го заробија правосудниот систем, а од ветуваните право и правда нема ништо. Има само извитоперено право и извитоперена правда по теркот на Заев. Тоа не е ниту право, ниту правда, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.За три години СДСМ само газеше по правото, газеше по законите, газеше по Уставот. За три години СДСМ гази по народот.Заев и СДСМ направија само народот да види што е Луи Вутон обвинителство и трас-трас судство.ВМРО-ДПМНЕ е различно и тоа ќе го видат граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ кога зборува за право и правда, мисли на право и правда засновани на почитување на процедури, закони и Устав.Заев покажаа единствено дека може повеќе криминал, може повеќе корупција и може само порази. Заев и СДСМ не знаат за ништо друго. Доцна е Заев и СДСМ да зборуваат за закони и нивно почитување. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

пред 5 години

image-30-06-20-12-34

Петкоска: Ќе изработиме нова Национална стратегија за развој на туризмот со акциски план за 10 години и нејзина целосна имплементација

На развојот на туризмот како значаен сектор за Охрид и Македонија му е посветено посебно внимание во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.Континуираното зголемување на бројот на туристи преку градење на нов модел за развој на туризмот и нови туристички понуди и форми на туризам, јакнењето на маркетинг капацитети со цел промоција на Македонија како атрактивна туритичка дестинација и зајакнувањето на човечките ресурси во секторот туризам и угостителство, се нашата главна цел и стратешки приоритет, истакна на денешната прес-конференцијата на Лидија Петкоска, кандидат за пратеник во ИЕ5.Се обврзуваме за јакнење на развојниот потенцијал на туризмот. Во соработка со домашните факултети за туризам и угостителство, како и реномирани експерти во оваа област, ќе изработиме нова Национална стратегија за развој на туризмот со акциски план за 10 години и нејзина целосна имплементација. Исто така, со вклучување на јавноста и туристичкиот сектор ќе изработиме студија за развој на алтернативни форми на туризам и ќе го одредиме начинот на кој тие ќе се развиваат и унапредуваат во период од 5 години.Се обврзуваме и за воспоставување на критериуми за организација на дестинацискиот менаџмент како главен развоен продукт на туризмот, со што ќе се приклучиме кон светските движења. Практиката на издвојување на средства за финансирање на тур-операторите која се покажа како одлична мерка за привлекување на странските тур-оператори ќе продолжи и во иднина, но нудиме и нови начини на субвенционирање на целогодишен туризам и субвенционирање на недоволно развиените туристички потенцијали.Со цел мотивирање и поддршка на развојот на еколошко одговорни угостителски капацитети, предвидуваме субвенционирање на угостителските капацитети кои врз основа на соодветни критериуми би добиле статус Зелени хотели.ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за привлекување на бренд-имиња во угостителството, хотелиерството и трговијата, со цел привлекување на краткотрајни посети од соседството и пошироко. Притоа, ќе вложиме напори за отворање на аутлет центар по примерот на голем број држави.Свесни дека само со квалитетна понуда, нашата земја ќе може да им конкурира на другите држави во намерата за привлекувње на што поголем број туристи, ќе востановиме стандарди и насоки за подобрување на категоризацијата на сите туристички објекти.Со воведување на алатката е-визиторс ќе ги генерираме туристичките, статистичките и економските податоци, кои се неопходни, за да ги следиме показателите за развојот, напредокот и унапредувањето на туризмот и врз нивна основа ќе ги надградуваме целите и политиките за континуиран туристички развој.Бројот 14 за атрактивен и модерен туризам!14 - за јакнење на развојниот потенцијал на туризмот!14 - за континуиран туристички развој на Охрид и Македонија!15 јули - за коренита Обнова на Македонија, истакна истакна на денешната прес-конференцијата на Лидија Петкоска, кандидат за пратеник во ИЕ5.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе обезбеди поевтини мобилни услуги

Македонија не смее да продолжи да стагнира. Граѓаните очекуваат државата да тргне напред.       ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија, на кој се обврзуваме. Граѓаните имаат потреба од намалени цени на мобилни услуги, во таа насока ќе отпочнеме постапка за влез на трет мобилен оператор во Македонија. Што ќе доведе до понуда на услуги со поголем квалитет и понатамошно намалување на цените во мобилната телефонија и мобилниот интернет, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во 2020 и 2021 ќе продолжи намалувањето на цените на услугите кои граѓаните на Македонија ќе ги добиваат во роаминг во државите од Западен Балкан, а од 2022 цените на тие услуги ќе бидат еднакви со цените на услугите кои се обезбедуваат во Македонија по примерот на RLAH (Roam Like At Home). Ќе се направат напори да се потпишат спогодби и со останати држави, а особено со државите членки на ЕУ.Ќе иницираме формирање на професионално тело за саморегулација на медиумите, под закрила на АВМУ, со учество на релевантните медиумски организации. Намерата на ова тело ќе биде да ја намали потребата за ангажирање на другите државни институции, како судовите или обвинителството, во спорови кои произлегуваат во медиумската сфера. Телото би било репрезентативно на различните новинарски здруженија и медиуми, и преку јавни седници би давало мислење за претставки поднесени од страна на граѓани, носители на јавни функции, стопанственици... кои сметаат дека одреден медиум ги прекршил етичките правила на известувањето кога објавил вест за подносителот. Новинарите кои се соочуваат со тужба, исто така, ќе можат да побараат мислење од телото. Политичките партии кои го поддржуваат формирањето на телото би ги повикале своите претставници да ги почитуваат неговите одлуки, и да се воздржат од судско гонење на новинари доколку телото утврди дека новинарот постапил етички и коректно во известувањето.Дополнително за медиумите ќе се заложиме за ослободување од прекумерна регулација.Зоран Заев изминативе години докажа само дека може повеќе да краде, да рекетира и да се богати. Мора да ставиме крај на овој грабеж. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

пред 5 години

mickoski-3

Мицкоски: Нема да има привилегирани политичари, обновата значи и еднаквост спрема законот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со носителот на изборна единица 6, Дафина Стојаноска го посетија населеното место Јегуновце и остварија средба со жителите. Од таму Мицкоски порача дека за две седмици обновата на Република Македонија ќе започне. На 15-ти јули ќе ги стаса казната од народот СДСМ и Зоран Заев.„Изминативе 30 месеци поминав 100-тици илјади километри низ нашата мала но достоинствена, горда татковина. Разговарав со илјадници сограѓани, учев од нив за маката, за тешкиот живот, а тоа се гледа и во нивните очи. Не треба многу човек да е аналитичен, само е доволно да го погледа човека во очи и тогаш во таа длабочина на човечкиот поглед можете се да видите. Може да го видите тешкиот живот но и разочараноста од политичките елити. Велат вие ќе дојдете, ќе заминете, но пак се ќе остане исто, што ќе се менува за нас. Многумина доаѓаа, ветуваа , но за жал ништо не исполнија, или многу малку испорачаа. И токму тоа е велам нашата мотивација за да се фатиме за оваа работа“, појасни Мицкоски.Мицкоски додаде дека дојде моментот кога треба да се бори, да се бори за подобро утро за идните генерации за да останат во преубавата Македонија.„Заврши времето кога политичарите ќе бидат привилегирани. Заврши времето кога политичарите ќе бидат привилегирана каста и нивните семејства. Политичарот треба да биде тука долу со народот и тоа ќе биде првата лекција која што идните народни избраници од Коалицијата „За обнова на Македонија“ ќе ја добијат на 16-ти јули, заедно со читанката наречена „Проект – Обнова“. Тоа ќе биде првата лекција која што ќе мораат да ја знаат. Нема веќе канцелариски политичари, туку заедно со народот ќе бидат за да учат, а тоа што ќе го научат од народот ќе треба да го спроведат“, нагласи Мицкоски.Мицкоски посочи дека секој оној кој што ќе биде дел о Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој што ќе има некаква задача, кој што ќе треба да одработи нешто за народот ќе треба да ја знае првата лекција од „Проект – Обнова“. Политичарите треба да се жртвуваат за сопствениот народ. Политичарите треба да го водат народот, а не да се кријат позади него.„Програмата многу внимателно ја создававме, збор по збор, реченица по  реченица, пасус по пасус и тоа со часови, денови и ноќи, заедно со партиските комисии, заедно со многу експерти кои што не се партиски определени кои што се од земјава и кои што се од странство. Заедно со вас претпоставувам ќе се сетите за оние разговори за Македонија, кога заедно со вас ги пишувавме овие 360 страни наречен „Проект – Обнова“. И за секого има по нешто. И на него се обврзуваме на многу работи. Се обврзуваме на најмалку 25%повисоки просечни плати во еден мандат. Се обврзуваме на најмалку 20% повисоки пензии во еден мандат за пензионерите и враќање на старото законско решение. Се обврзуваме на најмалку  1000 километри реконструирани патни правци локални и регионални. Се обврзуваме за младите најмалку еден Универзитет кој што ќе биде на Шангајската листа меѓу првите 1000. Се обврзуваме на реновирани студентски домови, на еден студентски град. А, за земјоделците најмалку 640 милиони евра субвенции и загарантиран откуп во еден мандат“, нагласи Мицкоски.Мицкоски за крај од средбата на граѓаните од Јегуновце вети по победата на ВМРО-ДПМНЕ  ќе започне обновата на Македонија. Македонија по 15-ти јули ќе стане подобро место за живеење.

Слајдер | пред 5 години

siljanoska-1

Силјаноска- Давкова: Заштита на човековата средина ни е приоритет , се обврзуваме за еколошки градови и намалување на загаденоста

Носителката на изборна единица 1 Гордана Силјаноска – Давкова од пред спортската сала „Борис Трајковски“ во населба Карпош порача дека ВМРО- ДПМНЕ ги разгледала  сите барања од граѓаните и од разни организации кои се всушност инкорпорирани во програмата „Обнова“. Таа додаде дека како носител на изборна единица 1 ќе се залага за заштита на една од темелните вредности а тоа е заштита на човековата средина.„Во уставот на Република Македонија една од темелните вредности е заштитата на човековата средина. Но тоа декларативно убаво звучи. Во реалноста повеќе наликуваме на ова зад нас на депонијата. Пред мене се барањата и предлозите за подобра животна средина на Еко планета„ истакна Силјаноска- Давкова.Дополнително Силјаноска - Давкова истакна дека ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ сериозно се залага за еко држава со огромен број на проекти кои ќе бидат со сигурност реализирани.„ За да зборуваме за еко -планета ние прво треба да создадеме еко град, еко држава,па тогаш ќе имаме право да бидеме дел на еко платената. За жал далеку сме од тоа но мислам дека добро граѓаните треба деновиве да погледаат што се случува зад нас. Зошто? Зошто јас сум уверена дека набрзо оваа депонија ќе ја нема а зад неа ќе се вратат прекрасните слики од моето детство на шумата крај Вардар„ кажа Силјаноска – Давкова.На крај Силјаноска – Давкова потенцираше дека ВМРО- ДПМНЕ е одговорна партија и партија која го слуша гласот на народот и граѓаните  дека скоро сите  идеи и сугестии се инкорпорирани во самата програма воедно и оние за заштита на човековата средина.„Не можам а да не кажам дека овие барања и предлози се веќе вградени во програмата„ Обнова за Македонија“ на ВМРО- ДПМНЕ. Значи доаѓа еко времето, доаѓа свеста дека ние сме дел од природата и дека природата е постара од нас и дека мора да живееме во хармонија со неа оти пукајќи по неа си пукаме себеси„ појасни Силјаноска – Давкова.

пред 5 години

2Nikoloski

Николоски до Заев: Ајде на ТВ дуел да ги спротивставиме програмите и концептите

Денеска сме во посета на Дојран, стар и нов Дојран, понатаму Валандово, Богданци, околните населени места, ќе одиме во Удово, Пирава, ќе одиме во Стојаково и во останатите населени места од овој регион да поразговараме со луѓето за она што се нивни потреби, нивни маки, Истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Но, во исто време да ја презентираме и програмата проект Обнова на Македонија. За овде можам да кажам дека има огромен потенцијал за развој на туризмот, кој што за жал не се развива во изминатиот период и треба многу да направиме, пред се во делот на субвенционирање на оние кои што се занимаваат со туризам, се со цел да можат да дадат подобри услуги кои што ќе можат да привлечат поголем број на туристи.Исто така формирање на бренд Македонија, или бренд Macedonia кој што треба да ја брендира нашата држава, со цел што повеќе туристи да доаѓаат. Знаете дека имаше едни претходни времиња во кој што туризмот силно растеше, а за жал во овие години туризмот стагнира.Понатаму, издвојување на секторот туризам, од министерството за економија и спојување со министерството за култура, со што би се формирало ново министерство кое што би се викало министерство за култура и туризам по примерот на најразвиените светски дестинации, односно најразвиените држави во светот кои што се занимаваат со туризам, за да може да се стави целосен фокус на развојот на туризмот. Тоа е нашето основно ветување во следниот период.Ќе направиме многу за Дојран, многу испуштени прилики имаше изминатиот период кои што ќе ги поправиме. Она кое што нема да го дозволиме е приватизација на водата, знаете дека градоначалникот на Дојран сакаше да ја приватизира водата, знаете дека луѓето се кренаа не референдум и не го дозволија тоа. остануваме цврсто посветени на тоа ветување дека нема да дозволиме приватизација на водата.Ќе ми дозволите оттука од Дојран, слушнав дека пред мене тука бил и мојот против кандидат во четвртата изборна единица Зоран Заев, јавно да го повикам од Дојран да излеземе овие денови на ТВ дуел за да ги соочиме нашите аргументи во однос на четвртата изборна единица, да слушнат граѓаните кој што направил, а што не направил за четвртата изборна единица, а во исто време да ги слушнат нашите идеи, концепти и програма како би можеле на најдобар начин да се претставиме, но и да се соочиме еден со друг, за да можат граѓаните да изберат.Значи, јавно од Дојран го повикувам Зоран Заев на ТВ дуел на кој што ќе можеме да ги спротивставиме нашите програми и концепти за граѓаните јасно да можат да направат разлика и да дадат поддршка на Коалицијата за обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и бројот 14, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 5 години

Nikoloski29.06.2020

Николоски: Добив поддршка од Иванов, ќе ја направиме Македонија економски силна, а народот национално горд

Потпретседателот и носител на изборна единица 4 Александар Николоски денеска е во посета на Валандово и валандовскиот регион.Николоски оствари неформална средба и со поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов од кој што доби поддршка за предвремените парламентарни избори.-Денес сум горд што добив поддршка од Претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов мојот професор од студентските денови од кого научив многу за политиката која сега ја применувам е најчесниот и најискрен Претседател кого Македонија го имала. Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротистави на националното обезличување на Македонија. Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања. Денес во неговото родно Валандово разговараме за иднината на Македонија. Ќе ја направиме економски силна, а народот национално горд. Заедно ќе победиме во четворката и во цела Македонија, напиша Николоски на својата официјална фејсбук страница.

Актуелно | пред 5 години

image-29-06-20-12-43

Бакраческа: ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на подобрување на кадровската екипираност во здравството

На Охрид и Македонија им е потребно квалитетно и модерно здравство. Затоа ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на подобрување на кадровската екипираност во здравството. Се обврзуваме за континуиран раст на платите на лекарите, стоматолозите, средниот медицински персонал и техничкиот и административниот персонал. Предвидуваме континуиран раст на вредносната капитација кај матичните лекари и стоматолози, како и ревизија на медицинските и стоматолошките пакети; рационализирање на работното време на матичните лекари, зголемување на ефикасноста и ефективноста како и оптимизација на процесите со помалку администрација. Ќе ја коригираме казнената политика, која ќе се пресметува како процент од личниот доход. Временската рамка е 5% во 2022 година и 5% во 2023 година, истакна на денешната прес-конференцијата на Д-р Грација Бакраческа, кандидат за пратеник во ИЕ5.ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за ревидирање и проширување на мрежата за секундарна здравствена заштита кај медицинари и стоматолози. Предвидуваме зголемување на основната капитација за осигурено лице кај матични лекари и стоматолози. Ќе го подобриме моделот на плаќање на избраниот лекар и стоматолог.Веднаш по доаѓањето на власт на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Министерството за здравство ќе пристапи кон изработка и реализација на програма за континуирана медицинска едукација со бесплатни едукации и пренос на знаење на здравствените работници, стоматолозите и фармацевтите.ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за решавање на проблемот на специјализантите со утврдување на достоинствена минимална плата на специјализантите и платени дежурства; кариерен план и план за специјализација, преку кој ќе се подобри преносот на знаење со менторство; ќе се подобрат условите во установите каде што се врши специјализацијата; бесплатна имунизација за специјализантите и студенти на медицина во втората половина од студиите. Ќе се обезбеди вработување за тројцата најдобри студенти од секој медицински факултет во земјата. Ќе се стимулираат и кофинансираат нови ПЗУ водени од млади лекари.На здравството му е потребна обнова за поефикасна борба со коронавирусот.За изборот на 15 јули граѓаните се едногласни. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија.Бројот 14 за потполна верба во јавното здравство.14 затоа што најважно е здравјето на граѓаните.14 за обнова на Македонија, истакна Бакраческа.

Македонија | пред 5 години

vmro

Доктор Стојаноски: Во првите 100 дена ќе дадеме бонус плата за сите лекари и припадници на МВР

Заштитата на здравјето и подигнувањето на квалитетот на здравствените услуги за граѓаните, ќе биде еден од нашите основни приоритети во периодот што следува. Како држава, во моментов, според сите параметри од релевантните и реномирани европски и светски институции, сме оценети како земја која што се уште се води како ризична зона во однос на исходот од справувањето со корона кризата, истакна Синиша Стојаноски, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1 и претседател на комисија за здравство.Постои голема веројатност за нов бран на КОВИД-19 кој што се очекува од месец септември.Оттука, мошне е важно да имаме влада која е посветена и знае како да се справи со потенцијалните предизвици.ВМРО-ДПМНЕ со Преодната стратегија за првите 100 дена влада, се обврзува на зајакнување на капацитетите на јавното здравство. Државата и граѓаните никогаш повеќе нема да се соочат со хаосот во секторот на здравство.Во првите 100 дена ќе формираме национално координативно тело за здравствена дејност, како и целосно нов концепт за функционирање на болниците.Ќе се зајакнат целокупните  болнички капацитети, со акцент особено на инфективните одделенија во земјата, во насока на тоа да го дочекаме подготвени новиот потенцијален пик на корона вирусот.Предвидуваме комплетно спроведување на дигитализација и аплицирање на концептот Е-здравство, односно здравство без хартија.Дополнително во насока на подобра координација и ефективно функционирање, ќе биде извршено интегрирање и реорганизирање на клиниките во Кампусот „Мајка Тереза“ како и клиничките болници ширум државата.Ќе имплементираме целосно нова методологија за тестирање, која ќе опфати тестирање на критични точки, со мобилни тимови на терен, тестирање по случаен примерок, серолошки тестови за откривање на граѓани кои стекнале имунитет на вирусот, како и зголемено широко тестирање на контактите на заболените со Ковид 19.Со цел зајакнување на капацитетите на јавното здравство, планираме вклучување на младите лекари и специјализанти во борбата против Ковид 19.Во првите 100 дена сите здравствени работници ќе добијат еднократна надокнада од 50% од нивниот личен доход, како награда за справување со корона кризата. Исто така во првите 100 дена вработените на Инфективна клиника и ГОБ „Осми септември“ ќе добијат дополнително една плата како бонус за натчовечките напори кои ги вложуваат во борбата со вирусот.Награда за својот труд ќе добијат и вработените во МВР, кои неуморно се бореа во справување со последиците од кризата со вирусот.За да се обезбеди применето и споредбено искуство од други земји, ќе повикаме и искусни тимови на колеги од странство, кои врз база на своето успешно искуство во справување со корона вирусот, ќе ни помогнат во справувањето со кризата и кај нас.Ќе биде извршено модифицирање на протоколите за работа на угостителските објекти. Дополнително ќе се изработат протоколи за заштита и во другите дејности како: спортски сали, фитнес центри, внатрешните делови на рестораните и стопанските дејности, кои во моментот не функционираат, а се со цел постепено отворање и ставање во безбедна функција и на овој бизнис сектор.Помош ќе има и за компаниите, со цел да не се јават нови кластери, како тие во конфекциите во Штип.За таа цел се предвидени средства за дезинфекција, маски, како и помош при безбедно спроведување на процедурите за транспорт на работници и за превентивен скрининг на вработените.Време е да ставиме крај на руинирањето на здравствениот систем!Време е за обнова!Исправи се Македонијо! Одбери обнова, истакна Синиша Стојаноски, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1 и претседател на комисија за здравство.

Македонија | пред 5 години

Blagica-Lasovska

Отворено писмо од Ласовска, до Заев

Отворено писмо од Благица Ласовска, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ до Зоран Заев. Во писмото се вели:Ова отворено писмо го пишувам првенствено како жена, мајка, слободен граѓанин на нашата Македонија.Ова писмо го пишувам по згрозувачкиот атак врз Тамара која учествуваше во видеото кое е дел од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, а кое доаѓа од еден ист центар, чиј ракопис лесно се познава.Посипаа мизогинија, сексизам, шовинизам врз Тамара, и око не им трепнува, во исто време кога устите им се полни со Европа, вредности, магии.И затоа вам Ви се обраќам г-дин Заев, затоа што инспиратор на ваквите напади врз интегритетот врз жената сте токму вие, и за се' понатаму, ќе ве сметам лично одговорен за ваквото варварство.И не само затоа што веројатно со воодушевување ја гледате таа драма со која се гази по женските слободи, туку и поради тоа што не преземате ништо за да го осудите истото.Да не заборавиме дека во Ваше време полицајка се само повредуваше во “Пајак”, затоа што беше немоќна поради хибридниот режим да се спротивстави. Да го споменувам ли антисемтизмот посипан во 21 век врз Рашела Мизрахи чии перјаници денес се блиску до вас во оваа кампања.Тргнавте во атак врз дваесетина години возрасна девојка, затоа што немате што друго да понудите.Атакот врз Тамара е ваш срам, и пример за тоа каков однос имате кон жените во Македонија. И иако тие закани, навреди, и сексизам изгледаат многу бучни по социјалните мрежи, тие се израз на немоќ, доказ за паника и чувството на страв од пораз. И колку погласно се обидувате да атакувате врз жените толку поголем ќе ви биде поразот.Билбордите на кои сте сликани со женски кандидати не ве прави почитувачи на правата на жените туку секојдневниот однос кон нив.И да, очекувам да се извините, поради срамот и атакот на социјалните мрежи од вашите активисти врз млад човек, жена. Тоа е и ваш срам.А Тамара, и сличните како нејзе ќе останат во Македонија, и ќе продолжат со бунтовноста, затоа што за правата на жената постојано се бори, во секој час во овој ден, и насекаде.Иво Андриќ ќе напише “жената стои, како капија, на излезот како и на влезот на овој свет”, очигледно со овој атак врз жените вие излегувате и се пензионирате од светот на политиката. 

пред 5 години

janusev-2

Јанушев: Со обновата предвидовме над 100 милиони евра поддршка за земјоделците годишно

Во посета на Штип денеска беше носителот на изборната единица 3, Игор Јанушев каде кажа дека луѓето се уморни од сите сивила што ги донесе СДСМ и се подготвени за промена и потенцираше дека граѓаните добро ја препознаат понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.„Она што го гледаме огромната поддршка од народот која што ја добиваме во пресрет на изборите . Луѓето едноставно се уморни доста и е од сите сивила од сите мочуришта во кој што не внесоа СДСМ и Зоран Заев. Она што исто така можев да го видам од разговорот на луѓето е дека веќе ги препознаваат понудата и проектите која што ја имаме дадено кон нив. Имавме интересни разговори пред се во однос на земјоделието. едноставно граѓаните се желни за примени бидејќи знаат дека само со ВМРО-ДПМНЕ државата може да оди напред“, истакна Јанушев.Јанушев како носител на изборната единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека ветувањата дадени пред земјоделците ќе бидат исполнети и дека земјоделците се ставени во фокусот на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова за Македонија“.„Она што ние го ветивме пред земјоделците е континуирано најмалку 100 милиони евра субвенции поддршка  за нив но и многу други проекти кои што ќе овозможат пред се подобро искористување на ИПАРД фондовите, но исто така помош при маркетингот на нивните производи. Но она што е најбитно и она што е најкруцијално за сите земјоделци е впрочем навремената исплата на субвенциите а тоа ние како ВМРО ДПМНЕ го ветуваме и тоа за нас ќе биде завет, тоа за нас ќе биде аманет за да можеме да го направиме во следниот 4 годишен период“, рече Јанушев.Дополнително Јанушев додаде дека планирано е завршување на сите проекти воедно и инфраструктурни како патишта и слично кои беа запоставени од СДСМ. Носителот на изборна единица 3, Јанушев дополни дека во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде секој граѓанин без исклучок.„Но она исто така што е многу битно е за градот Штип поврзувањето и конечно завршувањето на експресните односно патиштата кои што го поврзуваат Штип, дали е тоа со Кочани дали е тоа со останатите градови кои што во целиот овој период и повеќе години буквално ништо не направија“, истакна Јанушев.„Знаете дека е таква ситуацијата и со Клиничката болница. Овде сме ќе бидеме со граѓаните бевме во целиот овој период од 2 ипол – 3 години со граѓаните и понатака ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за доброто на сите. Буквално битен ни е секој еден човек. И во следните 4 години ќе се потрудиме ниту еден човек да не биде заборавен и буквално секој еден граѓанин да биде приоритет“, нагласи Јанушев.видео: ВМРО ДПМНЕ

пред 5 години

stoilkovski-2

Стоилковски:Заканите по живот се мафијашка порака од Заев?

Дали ова зад мене е централата од каде што се упатуваат повици со закани за ликвидација на Боки 13. Пред само неколку дена тој кажа дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви, пораки во време додека тој дава исказ пред  Јавен обвинител и поднесува кривична пријава?Заканите кон Боки 13  една недела откако тој на суд, пред целата јавност кажа дека милионите од Рекет завршиле кај браќата Заеви, се мафијашки пораки на Заев до Боки 13, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Боки 13 е човекот кој што сите го видоа како ја носи чантата Луј Витон полна со рекетирани милиони, и самиот тој кажа дека токму тие милиони завршиле кај Зоран и кај Вице Заеви.Затоа ли исказот на Боки 13 наместо да заврши веднаш и да се започне со постапка, завршувањето на неговиот исказ е закажан за 3 јули, односно после цела недела откако се упатени заканите.Се остава ли простор, за дополнителни закани, за упатување на пораки, правно кажано за влијание врз пријавувачот среде исказ за да се предомисли и да ги сокрие вистините, за кој што тој одлучил да зборува?!Се остава ли простор повторно да се сокрие вистината, кој стои зад Рекет и кои се нарачателите на најголемиот скандал во Македонија, за кој што веќе има правосилна пресуда за извршителите?!Никој веќе не верува дека шоуменот Боки 13 е креатор, творец и извршител на милионски рекет. И дека зад тоа нема политички силни фигури, со злоупотреба на државни институции и функции.Уште што треба да се случи за Русковска и Јовевски да се симнат од скутот на Зоран Заев?Ова е грдата слика за мафијашкото милје во земјава на чие чело се наоѓа врхушката на власт, која што ја има заробено Македонија повеќе од 3 години.Македонија повеќе не може да прави компромиси со криминалот, рекетарските здруженија и мафијашките кланови на забеганото СДСМ.СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

vlado-misajlovski

Мисајловски на средба со пензионерите: Обновата на Македонија ќе донесе за 20 проценти повисоки пензии за пензионерите

Носителот на изборна единица 2 и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денес оствари седба со пензионерите од општина Бутел, каде што истакна дека во изборната програма Обнова за Македонија е предвидено зголемување на пензиите.ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш се грижело за пензионерите, секогаш биле приоритет и се надевам дека со новата програма „Обнова за Македонија“ набрзо тоа ќе го почувствуваат со зголемување на вашите пензии, вели Мисајловски.Мисајловски ја побара поддршката од пензионерите повикувајќи ги да излезат и да дадат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и обновата на Македонија, за заедно да ја променат оваа власт.Сакам да ве замолам сите вас да излезите на 15 јули и да ни дадете поддршка. Да издржиме и да ја промениме оваа власт, бидејќи спротивно нема да се зголемат пензиите, нема да се даваат оние субвенции кои што се давале претходно. Во нашата програма посебно како целна група се предвидени проекти за вас пензионерите. Но, јас не ве гледам само како пензионери, туку како луѓе кои што можете да ни дадете шанса за ние помладите да работиме за вас.фото: Архива

пред 5 години

image-26-06-20-12-30

Петкоска: Посебен фокус ќе ставиме на олеснување на процедурите за микро-бизнисите и малите и средни претпријатија

Цврстата определба да ја исправиме македонската економија која освен од власта беше погодена и од пандемијата е нашиот врвен приоритет! Силна економија не може да се замисли без заедничка соработка и силно партнерство помеѓу државата и бизнис-заедницата и поддршка на истата преку креирање на поволни услови за водење бизнис, истакна на денешната прес-конференција на Лидија Петкоска, кандидат за пратеник во ИЕ5.За таа цел, се обврзуваме најпрвин да го подобриме правниот систем, за да ги намалиме правните бариери – непотребните закони, бројните правила и процедури, како и големиот број парафискални давачки кои го ограничуваат бизнисот и истовремено ги зголемуваат трошоците.Дополнително се обврзуваме да ја зголемиме транспарентноста во постапките и да ги намалиме процедурите за добивање на разни лиценци кои ги издаваат државните институции.Посебен фокус ќе биде ставен на олеснување на процедурите за микро-бизнисите и малите и средни претпријатија, за што ќе биде изработен и бесплатно промовиран каталог на економски закони кои се важни за нивното работење.Зголемувајќи ја флексибилноста на пазарот на труд ќе ја унапредиме ефикасноста на претпријатијата, што ќе значи зголемена сатисфакција кај вработените, посебно кај новите родители и вработените кои се стремат кон доедукација и доусовршување.Работодавците ќе добијат можност за пробно ангажирање на нововработени со цел да оценат дали се соодветни за понуденото работно место, а ќе ја разгледаме и можноста за ангажирање за сезонска работа за средношколци и пензионери. На тој начин ќе се намали недостатокот на работна сила, а ќе се зголемат можностите за дополнување на семејните буџети.Младите ќе ги развијат работните навики, одговорноста, етиката и моралот, а работоспособните пензионери ќе го продолжат работниот век без да ги загубат своите пензии.Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за континуирани реформи за подобрување на бизнис-климата во согласност со препораките на Светска банка, со што ќе го вратиме имиџот кај странските инвеститори кои на нашата земја ќе гледаат како на следна дестинација за бизнис-инвестиција и отворање на нови работни места.15-ти јули е блиску, а изборот никогаш полесен!14 за силен и конкурентен бизнис-сектор!14 за силна и стабилна економија!14 за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија!14 за обнова на Охрид и Македонија, истакна на денешната прес-конференција на Лидија Петкоска, кандидат за пратеник во ИЕ5.фото: ВМРО ДПМНЕ 

пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања