Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВОДИЦИ

media-libraryd87p22ebs5ul3cqxLxS

Храброст на дело: Даниел Раевски влезе во Вардар за Водици и спаси човечки живот

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, јавно го пофали спасувачот Даниел Раевски за неговата храбра и навремена интервенција за време на централниот настан по повод Богојавление – Водици во Скопје, кога од студените води на Вардар беше извлечен давеник.„Има нешто во тоа што е од Бутел, има и во тоа што порасна во Таеквондо Клуб Бутел, има нешто и што сега вежба во Џудо клуб Радишани, а највеќе има во тоа што е храбро, чесно и добро момче! За Водици спаси човечки живот! Браво јунак! Браво Даниел!“, објави Костовски на социјалните мрежи.Раевски, кој е волонтер и спасувач на Црвениот крст, со брзи, прецизни и решителни реакции, успеа да интервенира и да помогне во извлекувањето на лицата кои се бореа со водата, покажувајќи исклучителна смелост и хуманост на дело.Иако градоначалникот упати јавна пофалба, дел од јавноста смета дека ваквиот чин заслужува и конкретно институционално признание, а не само убави зборови, па останува да се види дали Општина Бутел ќе преземе чекор и за официјално наградување на младиот спасувач.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarytjmd08mro50v1U0as0M

Драма на Водици во Скопје: Двајца учесници извлечени од Вардар откако почнале да се дават

За време на верската манифестација по повод празникот Водици, која се одржувала на кејот на реката Вардар во Скопје, дошло до драматична ситуација кога двајца учесници почнале да се дават во реката. Настанот се случил на 19 јануари 2026 година околу 12:30 часот, кога П.А.(20) од село Визбегово и Х.П.(27) од село Сопиште, кои влегле во водата како дел од манифестацијата, одеднаш западнале во опасност.Со брза интервенција на нуркачките тимови, двајцата биле извлечени од Вардар и веднаш им била укажана прва помош. Потоа, со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде што им била пружена понатамошна медицинска грижа.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryica78707p4eu73909iU

(Фотогалерија) Осветени водите на Охридското Езеро и Црн Дрим, Водици одбележани со силна порака за заедништво

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на свеченото одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид и Струга, каде што митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј ги освети водите на Охридското Езеро и реката Црн Дрим, положувајќи го светиот крст во нив.Голем број верници, водени од силната вера во благодатта на осветената вода и од вековниот обичај што го симболизира крштевањето на Исус Христос, учествуваа во светиот чин со молитва и надеж за духовно прочистување, здравје и благослов во текот на годината.Во Охрид, претседателката му честиташе на Мартин Гоџо, кој го извади светиот крст од водите на езерото, при што му подари пафта, невестински колан од Галичник од 19. век, упатувајќи му искрени желби за добро здравје, лична среќа и благосостојба.За време на одбележувањето на празникот во Струга, најсреќниот меѓу учесниците кои влегоа во осветените води на Црн Дрим, Петар Чакарески, од претседателката доби пафта, невестински колан од Битола од 19. век, како симболичен дар со желба за радост, здравје и животен напредок.Сиљановска-Давкова порача дека Богојавление – Водици носи силна и јасна порака за духовна обнова, заедништво и непоколеблива вера, нагласувајќи дека овој празник со векови обединува генерации верници и ги потсетува на вредностите што го зацврстуваат општеството.Фотогалериите погледнете ги тука:

Македонија | пред 2 месеци

media-library4cvqgu9hq1gn9exLeLO

(Видео) Скопје го одбележа Водици: Дарко Митровиќ најбрз до светиот крст

24-годишниот Дарко Митровиќ беше најбрз и успеа да стигне до светиот крст кој беше положен во осветените води на реката Вардар.На положувањето на чесниот крст му претходеше литија од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде претходно се одржа литургија. За вадењето на крстот од Вардар, беа пријавени околу 160 момчиња и едно девојче.Скопската православна епархија при МПЦ-ОА, како и секоја година, така и оваа го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на чесниот крст.

Настани | пред 2 месеци

media-libraryiudpe131bgc6eijlxDD

(Видео) По третпат Мартин Гоџо од Варош го вади крстот од водите на Охридско Езеро

Мартин Гоџо од Варош го фати светиот крстот што денеска, на празникот Богојавление Водици, беше положен во осветените води на Охридското Езеро. Светиот крст во езерските водите беше од градското пристаниште. Ова е втора година по ред како Гоџо го вади светиот крст, а третпат откако тој учествува во светиот чин.Тој беше најсреќниот меѓу стотиците верници кои влегоа во Охридското езеро. Откако го извади крстот, групата пред Гоџо извекуваше „Варош, Варош“, пеејќи ја „Во Јордание“.На свеченоста присуствуваа неколку илјади верници и туристи, а по крстот во осветените води на Охридското Езеро влегоа стотина верници.

Настани | пред 2 месеци

media-libraryujbknbfvhln91c9XJAe

Мицкоски со порака за Водици: Да ја градиме државата со чесност и солидарност

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, упати порака во која го истакна значењето на празникот како симбол на откровение, прочистување и духовна обнова. Тој нагласи дека водата, како извор на живот, претставува силен потсетник за потребата од духовна и морална чистота кај секој поединец и во општеството во целина.Според Мицкоски, Водици носи силна порака за верата, храброста и подготвеноста да се оди по исправниот пат, дури и тогаш кога тој е тежок и исполнет со предизвици. Осветувањето на водите и фрлањето на Светиот крст, како што посочи, не се само традиционален обред, туку и жива порака за доверба, пожртвуваност и надеж.Тој подвлече дека празникот нè потсетува на важноста на меѓусебното заедништво и на добрите односи меѓу луѓето. Во вакви моменти, граѓаните се собираат, си даваат поддршка и ја споделуваат радоста, покажувајќи дека заедницата е најсилна кога е обединета околу вредности што ги надминуваат личните разлики и интереси.Посебен акцент во пораката беше ставен на младите, за кои Мицкоски рече дека со својата смелост и вера се потсетник дека иднината се гради со карактер, воспитување и почитување на традицијата. Тој истакна дека заедничка обврска на сите е да се создаде средина во која младите ќе растат со силно чувство на припадност и одговорност кон општеството.На крајот, Мицкоски посака Богојавление – Водици да донесе духовна сила, трпение и мудрост, повикувајќи граѓаните да останат верни на вредностите што ги држат исправени и обединети, и да продолжат да ја градат државата со чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро.

Македонија | пред 2 месеци

siljanovska-davkova-1-1

Да го разбудиме божественото во себе: претседателката Сиљановска-Давкова со честитка по повод Богојавление – Водици

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод, монаштвото, свештенството и до сите православни верници.Во честитката, претседателката истакнува дека празникот Богојавление е симбол на духовно прочистување, надеж и обновување, со желба тој да донесе радост во срцата, светлина во душите и мир во умот на сите граѓани.Таа нагласува дека осветувањето на македонските води претставува можност за надминување на малодушноста и летаргијата и повик за поголема грижа за ближните и за заедницата, преку добродетелство, солидарност и емпатија.„Само со благост, внимание, солидарност и емпатија можеме да го разбудиме божественото во себе, покажувајќи ја вистинската човекова природа“, порачува Сиљановска-Давкова.Во честитката се посочува и дека светот се соочува со длабока криза и сериозни искушенија, поради што промената мора да започне од поединецот. Според претседателката, само морални и мудри личности можат да создадат силни заедници, чиј напредок и благосостојба нема да се темелат на туѓа болка и страдање.Таа повикува на сплотеност, меѓусебно почитување и споделување на материјалните и духовните богатства, со цел заеднички да се придонесе за достоинствена сегашност и благословена, просперитетна иднина.Честитката завршува со традиционалниот поздрав: „Бог се јави!“

Македонија | пред 2 месеци

262886969_215755700709339_3424351090063217574_n

Затворени улици и пренасочување на сообраќајот во Скопје за Водици

Поради одбележувањето на празникот Богојавление – Водици, денеска (19 јануари 2026 година) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, соопшти Министерството за внатрешни работи.Како што информираат од МВР, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за временo затворање на одредени сообраќајници, со цел непречено и безбедно одвивање на верските манифестации.Во централното градско подрачје за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“, на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со улицата „11 Октомври“, и тоа во двете насоки.Во општина Ѓорче Петров ќе бидат затворени повеќе сообраќајници, меѓу кои патниот правец од црквата „Свети Петар и Павле“, булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“, потоа улицата „Ѓорче Петров“ до улицата „Васил Чакаларов“, како и делницата од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата „Козле“, дел од улицата „Васил Чакаларов“ до железничкиот мост на реката Вардар.Во општина Аеродром, за сообраќај ќе биде затворен и локалниот пат кој води кон населените места Горно и Долно Лисиче.Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и да го прилагодат движењето согласно воспоставениот режим.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-01-19-at-12.31.14

Бог се јави! Се чествува Богојавление – Водици: Празник на осветените води и духовното обновување

Православните верници денеска го одбележуваат еден од најголемите и најзначајни зимски христијански празници – Богојавление, познат и како Водици. Празникот се слави уште од вториот век и има длабока духовна и симболична смисла, поврзана со осветувањето на водите и јавното објавување на Светата Троица.Според христијанското предание, на овој ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, по што Светиот Дух се јавил во вид на гулаб, а од небото се слушнал гласот Божји. Токму поради тоа, празникот се нарекува Богојавление, а во народот е познат и како Водици, поради големиот водосвет што го извршува црквата.И годинава продолжува вековната традиција на положување на Чесниот крст во осветените води. Во Скопје, Скопската православна епархија при Македонска православна црква – Охридска архиепископија го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар. Според информациите од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, за манифестацијата „Водици 2026“ пријавени се околу 160 учесници, кои ќе се обидат да го фатат светиот крст.Одбележувањето на празникот започнува со света архијерејска литургија, на која ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Стефан. По завршувањето на богослужбата, ќе следи богојавленска литија до реката Вардар, каде што ќе се изврши големиот водосвет и ќе се положи Чесниот и животворен крст.Богојавление свечено се одбележува и во Охрид, каде централната богослужба ќе се одржи во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“, по што литиите ќе се упатат кон Градското пристаниште. Таму ќе се одржи голем Богојавленски водосвет и ќе се положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Годинава, за првпат, водите ќе ги освети новиот митрополит Дебарско-кичевски, владиката г. Георгиј, а најавено е и присуство на Гордана Силјановска Давкова.Според народните верувања, оној што ќе го фати крстот ќе го следат здравје, среќа и благослов во текот на целата година. Чинот на фаќање на крстот симболизира соединување на човекот со Христа, а се верува дека по осветувањето водите добиваат лековита моќ.Во Република Македонија, согласно Законот за празници, Богојавление – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Македонија | пред 2 месеци

zagadeno-skopje-5

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици, затворање на повеќе улици

Министерството за внатрешни работи информира дека на 19 јануари 2026 година, понеделник, поради одбележувањето на празникот Богојавление – Водици, ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на повеќе сообраќајници во Скопје.Како што соопштија од МВР, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за временo затворање на одредени улици со цел непречено и безбедно одвивање на настаните поврзани со празникот.Во централното градско подрачје, за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со улицата „11 Октомври“, и тоа во двете насоки.Во општина Ѓорче Петров ќе бидат затворени повеќе сообраќајници, и тоа патот од црквата „Свети Петар и Павле“, булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“, како и улицата „Ѓорче Петров“ до улицата „Васил Чакаларов“. Дополнително, за сообраќај ќе биде затворена и трасата од црквата „Свети Пантелејмон“, преку улицата „Козле“, дел од улицата „Васил Чакаларов“, до Железничкиот мост на реката Вардар.Во општина Аеродром, сообраќајот ќе биде запрен на локалниот пат кој води кон населбите Горно и Долно Лисиче.Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници на терен, со цел одржување на јавниот ред и безбедност и избегнување на сообраќајни метежи.

Скопје | пред 2 месеци

siljanovska-vodici2925-1

(Фото) Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечено одбележување на празникот Богојавление – Водици во Охрид и во Струга

Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици во Охрид, каде поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г. г. Стефан ги освети водите на Охридското Езеро положувајќи го светиот крст во нив.Поттикнати од длабоката вера во божествениот благослов на осветените води, од вековната традиција која го симболизира крштевањето на Исус Христос и од желбата за духовна обнова, стотици верници учествуваа во светиот чин, славејќи ги заедништвото и љубовта како темел на нашето духовно богатство.Претседателката, на најсреќниот меѓу верниците, Мартин Гоџо, кој успеа да го фати светиот крст, му подари уметнички изработена резба. Таа му посака добро здравје, лична среќа и духовна исполнетост, истакнувајќи дека неговото постигнување го облагородува духот на храброст, надеж и посветеност, кои го красат овој возвишен празник.Продолжувајќи со чествување на празникот Богојавление – Водици, претседателката во Струга присуствуваше на црковната церемонија на осветување на водите и положувањето на светиот крст во реката Црн Дрим - свет чин, што го изврши неговото Блаженство г. г. Стефан. На Томче Голабоски, најсреќниот меѓу верниците кои влегоа во осветените води на реката, таа му подари рачно изработена резба, посакувајќи му живот исполнет со здравје, радост и благосостојба и истакнувајќи дека овој празник ја слави обновата на духот, заедништвото и вечната сила на вербата.

Македонија | пред 1 година

vodici-2025-ilinden-2

(Фото) Во општина Илинден светиот крст во рацете на Јовица Јаневски

По повод големиот христијански празник Богојавление (Водици) и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст, под покровителство на Општина Илинден. Годинава во водите на езерото кај хотелот Белви светиот крст го положија свештениците на црквата Св. Константин и Елена.Од пријавените 66 учесници најсреќен беше Јовица Јаневски кој со своето учество, голема желба и упорност, успеа да го фати светиот крст и видно возбуден и среќен го прослави чинот заедно со останатите верници кои учествуваа во скокањето. Тој на оваа манифестација учествува за прв пат.Покрај честитките за здравје, среќа и благослов во текот на целата година, најсреќниот Јовица, традиционално доби поддршка од градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Јаневски поддршка доби и од директорите на ЈКП „Водовод“ и ЈКП „Илинден“. Голема благодарност и до општествено одговорните компании кои учествуваа со свои подароци, ЗЕГИН и компанија „Атанасовски“.

Скопје | пред 1 година

skopje-vodici-2025-5

(Фото) Теодор Јовевски го извади Светиот крст од водите на Вардар во Скопје

Теодор Јовевски е момчето кое го фати светиот крст во водите на Вардар во Скопје.„Се надевам дека ќе ми донесе среќа“, кажа Теодор Јовевски кој го фати Светиот крст во Скопје.Тој за првпат се фрла во водите на Вардар на Водици оваа година.На положувањето на чесниот крст му претходеше литија од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде претходно се одржа литургија.Скопската православна епархија при МПЦ-ОА, како и секоја година, така и оваа го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на чесниот крст.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-01-19-at-12.31.14

Стефан Георгиевски од Ѓорче Петров го фати светиот крст во Влае

Денеска на пладне, жителите од општините Карпош и Ѓорче Петров, на заедничка манифестација на „Железниот мост” во населбата Влае, го одбележаа големиот христијански празник Богојавление-Водици. Локалната самоуправа оваа година ја поддржа оваа манифестација со 40.000 денари, а за безбедноста на капачите кои учествуваа во верската церемонија во водите на реката Вардар, се погрижи десетчлената единица за заштита и спасување од Општина Карпош. Покрај големиот број верници, на традицоналната манифестација, присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој беше придружуван од членовите на Советот на Општината.-Ова е голем празник за христијанските верници. Општина Карпош традиционално ја поддржува оваа манифестација,особено за граѓаните од Нерези и многу сум среќен што голем број верници се собраа денеска да го одбележиме овој голем празник за сите. На сите овогодинешни фаќачи на крстот во целата држава, им посакувам добро здравје и среќа и секоја година да се фрлаат во ладните води на реките и езерата, во знак на овој голем ден – накратко се обрати Јакимовски.Во духот на христијанската традиција, свештените лица од црквата „Свети Пантелејмон“ од Нерези и „Свети Петар и Павле“ од Ѓорче Петров, го положија крстот во реката Вардар, при што најголема среќа имаше Стефан Георгиевски од Новоселски пат, од општина Ѓорче Петров, кој прв дојде до оваа света реликвија. Инаку, според религијата се верува дека токму овој крст, ќе му донесе нему здравје и бериќет во претстојнава година. По завршувањето на манифестацијата, присутните граѓани и верници се упатија кон црквата „Свети Пантелејмон“, каде што ги чекаше пригодна славска трпеза.

Скопје | пред 1 година

ohrid-vodici

(Видео) Светиот крст од Охридското Езеро годинава во рацете на Мартин Гоџо од Варош

Мартин Гоџоски од Варош го фати светиот крстот што на празникот Богојавление Водици, денеска, беше положен во осветените води на Охридското Езеро.Тој беше најсреќен помеѓу неколкуте стотини капачи.Мартин светиот крст го фати и во 2022 година.

Македонија | пред 1 година

vodici-kiselavoda-4

(Фото) Илија Мелоски го фати Светиот крст во Кисела Вода

Илија Мелоски беше најсреќниот меѓу 50-те верници кои денес се обидоа да го фатат Светиот Крст во водите на базенот “Расадник”, кои претходно беа осветени. Од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тој доби икона и парична награда, а од повеќе општествено одговорни компании и повеќе други награди. Возобновената манифестација по повод празникот Богојавление- Водици од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, која од година во година станува се попосетена, и годинава започна со литија од храмот Св. Ѓорѓи, предводена од свештенството од храмовите во општина Кисела Вода, збогатена со песните од КУД “Китка”. Најсреќниот учесник што го извади Богојавленскиот Крст од водите, Илија Мелоски за себе и за најблиските посака здравје и среќа, а наградите одлучи да ги донира.-Бог се јави браќа и сестри! За мене и за сите православни верници ова е многу значаен и величествен ден, кога го славиме крштевањето како една од Светите тајни на Христијанството, го чествуваме зачетокот на човековото живеење во верата и прочистување на неговата душа. За мене посебен, бидејќи денес е мојот именден.Масовноста и сплотеноста на мојот народ која денес ја гледаме е само потврда за исправноста на одлуката што ја донесовме – да ја возобновиме традицијата во Кисела Вода за положување на Крстот во осветената вода.Ги поздравувам и им се заблагодарувам на сите кои денес најпрво беа дел од литијата што започна од храмот Св. Ѓорѓи, се заблагодарувам на свештенството кое го предводеше овој убав настан во духот на нашата вера и традиција и на КУД “Китка” кои со својата песна овозможија настанот да има уште потрадиционална и посвечена нота, им честитам на сите кои имаа храброст и се обидоа да го извадат Светиот Крст од водите. Посебна честитка до најсреќниот Илија Мелоски кој го фати Светиот Крст, му посакувам добро здравје, среќа и радост и од Бога благословена година за него и за неговото семејство, а ние заедно со неколку општествено одговорни компании се потрудивме да го запамети овој ден и по повеќе награди.Му благодарам и за големиот гест на овој исто така голем ден, наградите да ги донира на оние кои имаат вистинска потреба. Да сте ми здрави и живи, а следната година повесели и помасовни-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

474092367_616537197593466_1581666234605094733_n

(Фото) Матеј и Далибор се најсреќните верници кои први стигнаа до светите крстови во осветените води во Аеродром

Матеј и Далибор годинава се најсреќните верници кои први стигнаа до светите крстови во осветените води во Аеродром.Матеј од Горно Лисиче го фати крстот положен во Маркова Река, а Далибор во езерото во комплексот „Јасика".В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, им посака многу здравје и среќа на сите храбри учесници и им го честита големиот христијански празник на сите православни верници.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-01-19-130518

(Видео) Климент Танески од Ростуше го извади осветениот крст од водите на Радика

Климент Танески од Ростуше го извади осветениот крст од водите на Радика, што беше положен од епископ Антаниски, г. Партениј, по повод денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици.„Бог се јави. Навистина се јави. Пресреќен сум. Посакувам многу здравје, среќа и радост на сите и благосостојба во државава“, посака Танески.„Вадењето на светот крст од водите на Радика од страна на ростушанец нека биде за благослов на сите луѓе што живеат во овој крај, благослов за растење и развој на регионот. За многу години. Нека бог ја излее својата благодат за да има на земјата многу мир, многу љубов и меѓу луѓето добра волја“, порача владиката Партениј.Овој пат имаше рекордна бројка од околу 300 верници, кои учествуваа во извлекувањето на крстот од бистрите води на реката Радика, кои најпрвин присуствуваа на Божествена Литургија во храмот посветен на Пресвета Богородица во село Ростуше, со која чиноначалствуваше владиката Партениј.

Македонија | пред 1 година

vodici-centar-2

Герасимовски: Имаме обврска да се грижиме едни за други, Водици нека донесе мир, љубов и духовна сила на сите

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува честитки до сите граѓани кои го празнуваат големиот христијански празник Водици.„Нека овој ден ни донесе мир, љубов и духовна сила на сите. Денеска, повеќе од било кога, имаме обврска да се грижиме едни за други, да вложуваме во нашите општини и да работиме за заедничка добробит. 2025-та да ни донесе повеќе меѓусебно разбирање, повеќе солидарност и помош, бидејќи само така ќе изградиме држава во која ќе сакаме да живееме.На младиот Станислав Пашоски му честитам за храброста да го фати светиот крст во црквата Свети Јован Крстител во Капиштец и му посакувам многу здравје, среќа и мир на него и на целото семејство.Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление - Водици! Бог се јави!”, вели Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

Vodici-Ohrid_Venko

(Видео) Честитка на Филипче за Водици: Во духот на солидарноста да го унапредуваме општеството

Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име на сите православни верници им го честитам денешниот христијански празник Богојавление – Водици, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.„Му честитам на момчето Мартин Гоџовски, од населбата Варош, којшто денеска го фати крстот.Посакувам здравје, среќа, успех оваа година. Исто така и на сите коишто денеска скокнаа во ладните води на Охридското езеро по крстот. Тоа е знак дека имаат многу голема ментална и физичка сила.Овие празници секогаш треба да не потсетуваат да во име на солидарноста, работиме заедно, го унапредуваме општеството и создаваме подобри, еднакви можности за сите без дискриминација на ниту еден човек“, додаде Филипче.

Македонија | пред 1 година

07012025-Mickoski

Мицкоски: Да покажеме нескршлива волја во реформите и чекорите кои ќе обезбедат сигурност, стабилност и просперитет за граѓаните

„Во името на Владата и во мое лично име, на сите православни христијани им го честитам големиот празник Богојавление – Водици, денот кога го славиме Крштевањето на Господ Исус Христос во реката Јордан“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Како што се отворија небесата над Јордан, потврдувајќи ја светоста на овој чин, така и денес нека ни се отворат патиштата кон мир, разбирање и благослов. Овој свет ден нè потсетува на вредноста на верата, духовното единство и љубовта кон ближните. Затоа, да го негуваме духот на заедништвото, почитта и поддршката еден кон друг, ставајќи ги мирот и добрината во прв план.Нашето општество мора да се темели на меѓусебната почит и стремежот кон соживот. Нека оваа празнична свеченост нè потсети на нашата обврска да го чуваме и унапредуваме заедничкото живеење, прифаќајќи ја различноста како вредност која нè збогатува сите нас.Воедно треба да бидеме свесни дека промените за кои работиме и за кои сакаме да се случат зависат од сите нас. Иднината мора да биде заедничка и секој ден мора да покажеме нескршлива волја во реформите и чекорите кои ќе обезбедат сигурност, стабилност и просперитет.Посакувам срдечна прослава, семејна топлина и радост во овој убав празничен ден, а благодатта на денешното осветување да биде наша водилка низ животот“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova1

Сиљановска-Давкова: На овој светол и благословен ден, кога небото се отвора и Божјата светлина се спушта на Земјата, ви го честитам големиот христијански празник Богојавление ̶ Водици

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и до православните верници.„На овој светол и благословен ден, кога небото се отвора и Божјата светлина се спушта на Земјата, ви го честитам големиот христијански празник Богојавление ̶ Водици.Овој празник има длабоко духовно значење и особена симболика во нашата вера. Исусовото крштевање во реката Јордан не претставува само осветување на водата, туку чистење, духовна обнова и нов почеток. Богојавление е ден кога ја чувствуваме Божјата присутност во нашите животи, ден кога со отворено срце ја примаме љубовта и светлината којашто Бог ни ја дарува, потврдувајќи ја нашата верба во него.Денес кога го славиме Божјото откровение на Земјата, ние сме повикани да го покажеме најдоброто и најсветлото на овој свет. Оваа година нека биде година на обнова, љубов и заедништво, со Божји благослов, а овој празник нека биде поттик за сите нас со верба да продолжиме по патот на љубовта и правдата, да бидеме светлина за другите и да градиме поубав свет исполнет со милост и со сплотеност.Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Богојавление ‒ Водици. Бог се јави!“, се вели во честитката на претседателката.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-19-at-12.31.14

Бог се јави! Денес е Богојавление: Обичаите велат дека почнуваат деновите погодни за венчавки, а дома се носи света вода

Македонската православна црква и верниците денеска го слават големиот христијански празник Богојавление Водици. Водици се празнуваат на 19 јануари и тој е постојан празник, не се менува од година во година. Според христијанското предание, кога Христос имал 30 години, дошол на реката Јордан за да го крсти Свети Јован.Чувствувајќи дека Месијата е пред него, свети Јован го пречекува Исус со зборовите: „Треба да ме крстиш и дојди кај мене за да можам да те крстам“. Исус му одговорил: „Остави го сега, зашто треба да ја исполниме сета правда“. По тие зборови, Синот Божји влезе во Јордан. Тогаш небото се отвори над него и Светиот Дух се спушти на Исус во вид на гулаб. Во исто време, од небото се слушна гласот на Бог Отецот, кој вели: „Овој е мојот возљубен Син. Тој е по моја волја“.Иако, при крштевањето на Исус, Бог се јавил во три лица – Бог Отецот зборувал од небото, Бог Синот се крстил во Јордан, а Бог Светиот Дух, во вид на гулаб, се спуштил од небото на главата на Христос. Тој момент го претставува објавувањето на Богочовекот и воведувањето на Христос во месијанската мисија. Настанот на откровението на Богочовекот, според светите книги, се празнува како Богојавление. Исто така, Црквата ја воспостави Светата тајна крштение за секој човек. Со крштевањето се станува член на Христовата црква и душата се чисти од секој грев.На денот на Богојавление (пред Богојавление), како и на самиот празник, после литургијата се врши големо осветување на водата во храмот или во портата на храмот. Таа вода се зема и се носи дома. Се чува како чудотворно свето богатство. Никогаш не се распаѓа. Куќата е попрскана со неа за осветување и заштита од демони и други нечисти сили. Се пие во текот на целата година за исцелување и заштита од сите болести, очистување од лоши страсти и за простување на гревовите, очистување на душата и телото.Богојавлената вода порано ја пиеле трудниците за да се „отворат како небо на Водици“ и лесно да се породат. Оваа вода се истура и во бунарот за да се прочисти доколку некое животно падне во него. Во старо време се давале свети вода на болните кои не можеле да одат на причест во црква.Обичаи и верувањаНа Водици верниците се поздравуваат со зборовите „Христос се јави“ и се збогуваат со „Навистина се јави“.Како и за другите празници, така и за Богојавление има различни обичаи. Според вообичаениот календар денеска почнуваат деновите погодни за свадби.Пливањето за светиот крст и вадењето на крстот од реките и езерата е обичај што се одржува во многу наши краеви.

Македонија | пред 1 година

6caa832f-c66e-4bae-b482-256ca5424227

Васко Довлев е среќниот фаќач на светиот крст во Охрид

Чествувањата по повод празникот Богојавление – Водици започнаа утрово во 7 часот со богослужби во охридските парохиски цркви. Литиите од трите цркви „Св. Никола- Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Св. Георги од Горна Влашка Мала се сретнаа на плоштадот Св. Климент Охридски неколку минути пред 10 часот и се упатија кон пристаништето.Крстот во осветените води на Охридското Езеро беше положен од Светилникот на пристаништето.Васко Довлев од охридската населба Варош е среќниот фаќач на светиот крст во Охрид.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања