Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВРЕДИ

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

Алтернатива се приклучи кон ВЛЕН: Процесот на обединување не запира

Процесот на обединување на ВЛЕН сега влезе во фаза на смели и неповратни одлуки. Она што се сметаше за политичка неопходност сега добива конкретна форма како резултат на консолидираната волја за изградба на единствен, заеднички и репрезентативен субјект, велат од ВЛЕН.„Одлуката на Алтернатива да се придружи на новиот политички субјект ВЛЕН, само го потврдува она што веќе им е јасно на сите што го следеа овој развој одблизу. Процесот на обединување започна и не запира. Дури и другите составни субјекти на ВЛЕН, како што се Движењето БЕСА, Демократското движење и АА, кои го направија овој чекор претходно и ги суспендираа своите тела, покажуваат политичка зрелост и висока свест за неопходноста од оваа консолидација.Секој чекор што се презема во оваа насока докажува дека ВЛЕН се движи самоуверено кон консолидација во единствена партија, како јасен одговор на барањето на Албанците за единство, сила и достојна застапеност. Токму поради оваа причина, овој процес го следат со надеж Албанците и со загриженост оние кои со години ја третираат застапеноста како нивна приватна сопственост.Обединувањето на ВЛЕН произлегува од долгогодишната потреба на Албанците за обединета, достоинствена и одговорна застапеност. Денес станува сè појасно дека иднината им припаѓа на оние кои имаат визија и храброст да ја изградат, а не на оние кои остануваат врзани за старата логика“, се вели во соопштението,.

Македонија | пред 1 седмица

grubi-41

Вреди: Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна е Артан Груби на кого овие првите додека беше во бегство лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ“, велат од ВЛЕН.„Вистина е дека Артан Груби не е ‘обичен’ поранешен функционер, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата подвижна архива на една партиска шема што со години се криеше од јавноста. Кога “црната кутија” еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот.Затоа во ДУИ владее паничен страв. Заплетот влегува во фаза во која соопштенијата и пресовите на ДУИ повеќе не вршат работа, туку фактите. Институциите почнуваат да копаат по вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа буџетските пари.Дали стравот од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува и ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги, тера некого да користи мафијашки методи на заплашувања? Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби? Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите“, прашуваат од ВЛЕН преку соопштението.

Македонија | пред 1 месец

234001336_371435821012609_5349251136558521544_n

Вреди: Стравот во Мала Речица е страв од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата архива на една партиска шема што со години се штитела од јавноста. Кога црната кутија еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот, велат од „Вреди“.Според нив, куќниот притвор не е олеснување. Тоа е, како што велат, знак дека приказната влегува во фаза во која зборовите на ДУИ повеќе не важат, туку фактите.„Институциите почнаа да ја копаат вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа парите. И токму затоа ДУИ денес е во паника.Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен. Тие не се плашат од мерката, туку од тежината на она што Груби го носи со себе. Бидејќи тој беше таму каде што се решаваше сè. Таму каде што се договараа работите „под маса“. Таму каде што се кроеше моќта и се делеа интересите.Затоа стравот во Мала Речица не е случаен. Тоа е страв од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува. Кога ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги. И кога ќе стане јасно дека Груби не е само товар за ДУИ, туку потенцијална искра што може да ја запали целата нивна конструкција“.Ова, додаваат од коалицијата, не е крај. Според нив, ова е почеток на процес што може темелно да ја разниша конструкцијата изградена околу Али Ахмети.

Македонија | пред 1 месец

media-library1j8f21kriq3g4ritDgs

ВРЕДИ: Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде, кој се ќе оди курбан заедно со него допрва ќе видиме

„Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв за тоа што не знаат за што се е подготвен да прозбори Артан“, соопштија денеска од ВРЕДИ.„Откако катастрофално изгуби ДУИ на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Влада, на Артан не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови.Но кој се ќе оди курбан заедно со него допрва ќе видиме“, се вели во соопштението

Македонија | пред 1 месец

grubi-41

ВРЕДИ до ДУИ: Првото нешто што треба да го направи овој „СПАК“ е да побара екстрадиција на Артан Груби

ДУИ во Чаир помпезно го најавува формирањето на „локален СПАК“ (Албанско специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција), како да ја „откриле Америка“. Но, прашањето што веднаш се поставува е дали овој СПАК ќе го истражи и сопственото раководство или е само уште еден театар за измама на граѓаните, се вели во денешното соопштение на коалицијата Вреди.Според коалицијата Вреди, корупцијата има познати лица како што се Фатон Ахмети, поради сомневања за злоупотреба на средства во Фондот за здравствдно осигурување (ФЗО), Арбер Адеми, како министер за образование со отворени случаи за злоупотреба, Бујар Османи, за случајот „Пациент“ и „многу други кои денес седат во раководството на ДУИ како недопирливи“, се наведува во соопштението на Вреди.Вреди, се потенцира во соопштението, го поздравува овој „СПАК“ на ДУИ и сугерира дека, ако е навистина за акција, а не за спектакл, треба да ги започне истрагите токму со овие имиња.„Првото нешто што треба да го направи е да воспостави комуникација со СПАК на Албанија и да побара екстрадиција на Артан Груби, симбол на ароганција и злоупотреба на моќ. Ако овој ‘СПАК’ е сериозен, нека се обиде да ги истражи сопствените недопирливи. Само тогаш граѓаните ќе веруваат дека транспарентноста не е фасада, туку реалност. Дотогаш, ова останува потсмев, „”СПАК за фејсбук’, а не за правда“, велат од коалицијата Вреди.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypeve7cqoqul55gXGKJd

„Вреди“ за „Сејф сити“: Човечкиот живот нема цена и не може да се релативизира со политички пресметки

Системот “Безбеден град“ е прашање на јавна безбедност, на заштита на животите на граѓаните и на воспоставување ред во сообраќајот. Кога зборуваме за “Безбеден град“, не зборуваме за камери или казни, туку за човечки животи, велат од „Вреди“„За побезбедни патишта, каде што никој не го губи својот татко, син или сестра поради туѓа неодговорност. За „Вреди“, човечкиот живот нема цена и не може да се релативизира со политички пресметки или дневни интереси. Затоа, законот за имплементација на системот „Безбеден град“ сега влегува во собраниска процедура, како неопходен чекор кон зголемување на безбедноста на патиштата и заштита на граѓаните.Во исто време, сакаме јасно да нагласиме дека секој акт што ќе го издаде Министерството за внатрешни работи, без оглед на начинот на поднесување, ќе биде подготвен и доставен на јазикот утврден со Законот и Уставот, гарантирајќи целосно почитување на јазичните права на граѓаните, вклучително и на албанскиот јазик“.„Вреди“ ги повикува народните пратеници да го видат овој закон надвор од дневната политика и да гласаат за граѓаните, за нивната безбедност и за животот, бидејќи, како што велат, безбедните патишта се заедничка одговорност и општ општествен интерес.

Македонија | пред 2 месеци

evra

ВРЕДИ: 350 илјади евра кај апелационен судија не се инцидент, туку доказ за заробена правда

„Одлуката на Судскиот совет да му го одземе имунитетот на Апелациониот судија, Ѓоко Ристов, за привремено да го отстрани од функцијата и да му изрече мерка куќен притвор е важен чекор. Но, овој чекор не го затвора прашањето, напротив, го отвора уште повеќе затоа што кога ќе се открие дека кај Апелациониот судија има 350 илјади евра за кои се сомнева дека се нелегални пари, ова не е индивидуален скандал. Ова е лицето на заробената правда“ соопштија утринава од Коалицијата ВРЕДИ.ВРЕДИ потсетува дека „Ристов, заедно со нон грата судијата Енвер Беџети, беа дел од одлуките што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков, симболот на заробената држава. Во истиот контекст, Артан Груби, бегалец од правдата, исто така беше санкциониран нон грата. Тука нема случајност. Има шема. Има штит. Има чадор“.„Затоа, главното прашање не е само што ќе се случи со Ристов. Прашањето е кој го заштитил Ристов, а кого Ристов заштитил. Граѓаните имаат право да знаат во колку случаи Ристов и Беџети дејствувале, во колку случаи одлучувале за притвор, финансиски гаранции, одложувања или застарувања и кои конкретни одлуки доведоа до ослободителни пресуди, бегство од одговорност или тивки „амнестии“ за моќни луѓе. Куќниот притвор не смее да се претвори во удобен одмор, додека системот продолжува со истото. Истрагата мора да оди до крајот на синџирот, со целосна контрола на одлуките, следење на имотот и конкретна одговорност, со имиња и презимиња“ – велат од ВРЕДИ.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Според досега пребројаните гласови од повторените избори за градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани има убедливо водство пред противкандидатот Невзат Бејта, покажуваат податоците објавени на официјалната страница на Државната изборна комисија.Иако резултатите сѐ уште не се конечни, од изборниот брифинг, како и од увидот во податоците на ДИК, може да се заклучи дека кандидатот Валбон Лимани, кој настапува со поддршка на коалицијата поврзана со Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција, има значајна предност во однос на Невзат Бејта, кандидат на коалицијата ВРЕДИ.Според последните објавени бројки, при обработени над две третини од избирачките места, Лимани освојува над 60 проценти од гласовите, додека Бејта останува на околу 30 проценти поддршка. Во Гостивар досега се преброени гласовите од 100, од вкупно 121 избирачко место, со излезност од над 71 илјада гласачи.Валбон Лимани по професија е доктор, а во минатото ја извршуваше функцијата претседател на Советот на Општина Гостивар во периодот кога Арбен Таравари беше градоначалник. Подоцна, по заминувањето на Таравари во извршната власт, Лимани ја презеде и функцијата вршител на должност градоначалник. На редовните локални избори во октомври минатата година, Лимани не успеа да обезбеди победа, откако му недостигаа само 21 глас за да го помине потребниот цензус, иако освои значително повеќе гласови од кандидатот на тогашната коалиција ВРЕДИ.Неговиот противкандидат Невзат Бејта е долгогодишна политичка фигура во Гостивар. Тој беше градоначалник на општината во два мандати како кандидат на ДУИ, а се обиде да освои и трет мандат, но на тие избори загуби од Арбен Таравари. Бејта во минатото ја извршуваше и функцијата пратеник во Собранието како кандидат на ДУИ.Од Државната изборна комисија најавуваат дека конечните резултати ќе бидат соопштени по целосното пребројување на сите гласачки места, по што ќе биде јасно дали водството на Лимани ќе се претвори и во официјална победа на повторените избори за градоначалник на Гостивар.

Македонија | пред 2 месеци

bekim-sali-3199

Сали и Хоџа во фотелјите на Меџити и Муртезани

Во Собранието пристигнаа предлогот за новите министри од Коалицијата Вреди, информираа од кабинетот на претседателот на законодавниот дом Африм Гаши.Новите министри треба да дојдат на местото на сега избраните градоначалници, Изет Меџити, кој беше прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање и на министерот за европски прашања Орхан Муртезани.Поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа е предложен за министер за екологија, а актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали треба да го замени Орхан Муртезани, кој се очекува да биде разрешен на следната собраниска седница.За седницата за избор на нови министри нема пропишан рок во деловникот.Дали ќе има промена во ресорот здравство но и во други министерства ќе се знае по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи на 6 декември во Кавадарци.

Македонија | пред 3 месеци

bekim-sali-31

ВРЕДИ ја финализира листата: Сали за прв вицепремиер и евроинтеграции, Хоџа во животна средина, Бакиу во здравство

По неколкунеделни интензивни разговори, коалицијата ВРЕДИ ја усогласи листата на функционери што ќе му ја предложи на премиерот Христијан Мицкоски за пополнување на испразнетите позиции во Владата. Според извори од партијата, кадровските решенија се договорени и се чека финалната потврда од Мицкоски.Беким Сали е предвиден да ја преземе функцијата прв вицепремиер и министер за евроинтеграции. Мухамед Хоџа ќе го води ресорот животна средина, додека Башким Бакиу треба да стане нов министер за здравство на местото на Азир Алиу.Алиу, пак, по заминувањето од Министерството за здравство треба да ја преземе директорската позиција во Агенцијата за електронски комуникации.Дополнително, Орхан Муртезани е номиниран за амбасадор на Република Северна Македонија во Брисел.Промените стануваат потребни по изборот на Изет Меџити за градоначалник на Чаир, со што неговите дотогашни функции останаа празни.Доколку премиерот ги одобри предложените имиња, очекувањата се дека до крајот на неделата документите ќе бидат доставени во Собранието и ќе започне постапката за избор на новите министри.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhb04ksaevr2232Vspet

ВРЕДИ без нови ресори: Еден човек ќе биде и вицепремиер и министер, потврди Мицкоски

По заминувањето на Изет Меџити од Владата и преземањето на градоначалничката функција во Чаир, премиерот Христијан Мицкоски денеска појасни дека нема да има проширување на владиниот состав и дека ресорите под ВРЕДИ ќе останат непроменети.Тој нагласи дека не се планира отворање нови министерства ниту ангажирање дополнителни функционери, туку дека исто лице ќе ги извршува двете функции – вицепремиер и министер.„Нема да има нови ресори, ВРЕДИ нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер“, рече Мицкоски.Премиерот додаде дека одлуките се веќе договорени во рамки на владејачката коалиција.„Можам да кажам дека оваа недела ќе се знаат имињата. Но она што е сигурно е дека политичките партии коишто ја сочинуваат коалицијата ВРЕДИ, оние ресори, оние портфолија коишто досега беа во Владата ќе ги задржат. Така што, тука нема да има дополнителни промени, нема да има дополнителни сектори. Тоа во рамки на нашата заедничка коалиција е договорено“, изјави тој.Во однос на кадровските решенија, Мицкоски посочи дека очекува имињата да ги достави во понеделник, откако ќе биде донесена конечната одлука, додавајќи дека станува збор за личности чии имиња веќе кружат во јавноста.

Македонија | пред 4 месеци

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВРЕДИ: ДУИ го газеа европскиот пат со промена на КЗ отворајќи пат за враќање на Груевски и ослободување на Мијалков

ВРЕДИ одговори на прес конференцијата на ДУИ.„Две недели по дебаклот на локалните избори и две недели по објавувањето на Извештајот за напредокот од Европската комисија, ДУИ и Арбер Адеми се разбудија од зимски сон за да го изразат својот наводен загрижен став за европскиот пат. Иронијата е длабока: со половина раководство на црните листи за висока корупција, тие излегуваат и држат прес-конференции за европски напредок, напредок што самите го блокираа со години. Уште поапсурдно е што на локалните избори, ДУИ отворено се здружи со нај анти-НАТО и анти-ЕУ партијата во државата – Левица на Апасиев, во Гостивар, Тетово и Струга. Кога им требаше власт, Европа беше заборавена. Денес, кога ги загубија општините и влијанието, одеднаш се сетиле на ЕУ! Вистината е дека тие го газеа европскиот пат кога го променија Кривичниот законик спротивно на предупредувањата од нашите стратешки партнери, отворајќи му пат за враќање на Никола Груевски и овозможувајќи ослободување на Сашо Мијалков”, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.За ВЛЕН, европскиот пат е есенцијален, суштински и за него не се преговара.

Македонија | пред 4 месеци

vesna-janevska

ВРЕДИ до министерката Јаневска: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Остра реторика меѓу министерката за образование Весна Јаневска и тетовскиот градоначалник Билал Касами кој доаѓа од владината коалициска ВРЕДИ. На една недела по вториот круг од локалните избори ВРЕДИ со остар тон:,,Тоа што не знае албански јазик не треба да ја фрустрира Јаневска”.Вчера, за време на заеднички јавен настап, министерката Јаневска, неколку пати незадоволно реагираше од комуникацијата на албански јазик на градоначалникот на Касами, со новинарите од медиумите на албански јазик...Наместо да се чувствува лошо што г-дин Касами зборува македонски како и албански, додека таа – и покрај тоа што живее во повеќејазична средина – не знае ниту еден збор на албански јазик, министерката Јаневска реагираше затоа што не разбираше албански јазик Поради оваа причина, ВЛЕН изразува жалење за ваквиот пристап на министерката Јаневска кон албанскиот јазик и во оваа прилика нагласуваме дека таков став е во спротивност со духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институци”, велат од ВРЕДИ.Од ВРЕДИ оценија дека потегот на Јаневска е спротивен на духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институции.Според коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ, едно демократско и мултиетничко општество, кога дури и странски дипломати кои престојуваат во нашата земја две или три години учат неколку зборови на албански, да бидеш министер, па дури и министер за образование, а да не знаат ниту еден збор од јазикот на сограѓаните Албанци и да реагираат на употребата на албанскиот јазик, ова , велат е тешко да се преведе во услови на коегзистенција, граѓанство и почитување на другите во едно мултијазично општество.

Македонија | пред 4 месеци

media-library84h253pgngf1duV5Mie

Претеничката Салиу тврди:Беким Сали наскоро ќе биде премиер на Албанците во Северна Македонија

Пратеничката Имерлије Салиу од коалициската ВРЕДИ, на социјалните мрежи напиша дека премиер на Албанците во Македонија.,,Господинот, Беким Сали за кратко ќе биде премиер на Албанците во Северна Македонија”, напиша Салиу објавувајќи заедничка слика.За Сали, портпаролот на ВРЕДИ изјави дека тој ќе биде новиот прв вицепремиер кој доаѓа на местото на Изет Меџити кој е избран за градоначалник на Чаир.ВРЕДИ не ја исклучија можноста и за министерството за животна средина да номинираат друг кандидат.Премиерот Христијан Мицкоски одговори дека има добро мислење за Беким Сали, но тоа не значи дека Влен ќе добие два ресора.Сали е актуелен пратеник и поранешен министер за здравство во периодот од јануари 2022 до февруари 2023 година.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarye5rr6edbo4dpaGGM1tK

Нема договор со ВЛЕН за наследникот на Филипче да го замени Меџити во Владата, тврди Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека лично го познава Беким Сали, но дека нема никаков договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВРЕДИ за кадровски промени во Владата.„Јас кажав дека го познавам Беким Сали и дека имам мислење како личност. За структурни промени во Владата не сме збореле. Подготвен сум да зборувам. Но дека имаат нешто договорено со ВМРО-ДПМНЕ – нема такво нешто,“ изјави Мицкоски.Изјавата на премиерот следи откако на прес-конференција портпаролот на коалицијата „ВРЕДИ“, Дритон Сулејмани, потврди дека Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити на функцијата прв вицепремиер, откако Меџити реши да ја преземе градоначалничката функција во Чаир.Сали беше министер за здравство од 2022 до 2023 година, кога на таа позиција го наследи Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

Од „ептен голема грешка“ до повлекување: Мемов по критиките кон ВРЕДИ, сега тврди дека зборувал во лично име

Портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов, денеска појасни дека неговата вчерашна објава на Фејсбук за поддршката меѓу партнерите во владата на локалните избори претставува негов личен став, а не официјален став на партијата. Мемов нагласи дека изборниот успех на ВМРО–ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на меѓусебната поддршка и дека владините партнери треба да продолжат заеднички во ист политички правец и по завршувањето на изборите.Вчерашната објава на мојот фејсбук профил во однос на поддршката помеѓу партнерите во владата на локалните избори е мој личен став  и не изразува став на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.Гледам дека оваа моја лична објава предизвика внимание, но и негативни реакцииПобедата на овие локални избори што ја остварија ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на нашата  взаемна поддршка во сите општини во Македонија, што е потврда на имплементацијата на конзистентните политики на владата во изминатиот период.По локалните избори владините партнери треба да продолжат во ист правец, затоа што зацртаните политички цели за овие избори се остварени, појаснува Мемов.Во претходната објава Мемов упати остра критика кон коалициониот партнер ВРЕДИ. Ги обвини дека тие ја изиграле ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не го поддржале Орце Ѓорѓиевски.,,ВРЕДИ го изигра ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhb04ksaevr2232Vspet

Заврши ерата на ДУИ?

Коалицијата ВРЕДИ по завршувањето на вториот круг од локалните избори соопшти дека резултатите претставуваат „јасна пресуда на народот“ против, како што наведуваат, оние кои 23 години го држеле албанскиот народ како заложник на лаги и измами.„Изборите што ги нарекоа ‘референдум’ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено“, велат од коалицијата.Од ВРЕДИ истакнуваат дека двата изборни круга потврдиле драматична промена во албанското гласачко тело и „пад на ДУИ од политичката карта на Северна Македонија“.„По две децении манипулација, оваа партија стана мала структура, без поддршка и без политички легитимитет. Ова не го кажува ВРЕДИ, туку слободниот глас на Албанците“, се наведува во соопштението.Во првиот круг, коалицијата освои победи во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце, додека во вториот круг триумфирала во Боговиње, Дебар, Струга, Долнени и Тетово.„Овие победи не се случајност, тие се отворено отфрлање на старата политика и потврда на вербата во новата“, нагласуваат од ВРЕДИ.Во партиското соопштение се наведува дека Албанците јасно знаат кој работи, а кој измамува, кој дели, а кој обединува, истакнувајќи дека ова гласање означува крај на една ера и почеток на „нова визија за албанската политика“.„ВРЕДИ го чита овој резултат како почеток на политика на одговорност, мерена со работа, понизност и почит кон граѓанинот. Нема да зборуваме за губитниците, бидејќи Албанците веќе проговорија“, стои во завршниот дел од реакцијата.

Македонија | пред 4 месеци

bujar-osmani

„Бујар Османи е 20 години на функции без проекти за Чаир“ - Вреди порачува, „Чаир ќе избере човек кој ги познава проблемите и ги решава“

Коалицијата „Вреди“ обвини дека Бујар Османи и ДУИ стравуваат од пораз во Чаир и дека, како што наведуваат, граѓаните нема да поверуваат во нивните „лажни приказни“.„Османи е свесен дека неговата политичка кариера без конкретни резултати и проекти овој пат ќе заврши. Тој не е кандидат кој работел за Чаир, ниту пак помогнал на жителите на општината во изминатите 20 години. Секогаш бил присутен само кога имал личен политички интерес,“ стои во соопштението.Во него се додава дека Османи не придонел ниту за други албански општини. „Фактите се јасни: беше осомничен во предметот ‘Пациент’ и доби амнестија за незаконски набавки. Треба да одговори кому му должи за таа амнестија. Како министер за здравство има повеќе негативни извештаи од Државниот завод за ревизија за незаконско трошење милионски суми. Како министер за надворешни работи потроши 120 милиони денари за Самитот на ОБСЕ без соодветна документација, а заедно со Артан Груби го поддржа влезот на МТЕЛ и на српските казина во земјава,“ наведува „Вреди“.Во соопштението се истакнува дека Чаир не заслужува кандидат кој две децении живее од политички функции, без работа за граѓаните. „На 19 октомври Чаир ќе избере човек кој ги познава проблемите и ги решава, а не политичар кој се појавува само за да си ја пополни биографијата. Османи нека објасни зошто, иако целата своја кариера бил министер, не обезбеди ниту еден проект за албанските општини и не придонесе за изградба на улици, булевари, градинки или училишта во Чаир и западниот дел на државата,“ се вели во реакцијата.

Скопје | пред 7 месеци

taravari-vredi-koalicija-h

ВРЕДИ: Со законот за правична застапеност, го враќаме достоинството на Албанците кои не се декор во оваа држава

Владиниот коалициски партнер ВРЕДИ се пофали дека со Законот за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите заедници во државната и јавната администрација, кој ќе биде донесен на владина седница, ќе биде затворена историската рана, со што ќе го напарават она што ДУИ не го направила 22 години.„Речиси три децении, Албанците во оваа земја беа недоволно застапени, угнетени и свесно занемарени од институциите кои требаше да им служат на сите подеднакво. 30 години, институционалната дискриминација стана систем, додека гласот на Албанците се слушаше само како број на гласови, а не како сила која го заслужува местото што го заслужува. Но, времето на неправдата завршува. Во текот на претстојната недела ќе се пишува историја во Владата на Република Северна Македонија. ВЛЕН, со храброст и одговорност, заклучува една од најсуштинските точки од Охридскиот договор, Законот за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите заедници во државната и јавната администрација, кој ќе биде донесен на владина седница“, велат од ВРЕДИ.Во партиското соопштение велат дека ова не е политички чин, туку чин на правда.„Овој закон, врз основа на Амандманот VI од Уставот, ја прави соодветната застапеност законска и институционална обврска, а не повеќе лична желба или лажно броење од страна на партии кои лажат цел народ. Институциите ќе бидат обврзани да обезбедат фер застапеност, без дискриминација, почитувајќи ја компетентноста, интегритетот, транспарентноста и инклузивноста. Она што ДУИ не го направи 22 години со неограничена моќ, ВЛЕН го постигнува во првите месеци од владеењето. Тие го продадоа Охридскиот договор, ние го спроведуваме по закон! Со оваа одлука, ВЛЕН ја враќа рамноправноста во темелите на државата и ги носи Албанците таму каде што отсекогаш заслужувале да бидат, во центарот на институциите, а не на периферијата на статистиката. Со оваа историска одлука, ВЛЕН не прави само реформа, туку го враќа достоинството на Албанците“, велат од ВРЕДИ.Нагласуваат дека Албанците не се декор во оваа држава, туку се нејзиното јадро и темелот врз кој се градеше соживотот.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_2106ll

ВРЕДИ обвинува: Апасиев е во служба на Данела и ДУИ, коалицијата на срамот е официјализирана

ВРЕДИ во соопштение ги обвини ДУИ, Апасиев и Данела дека се во „коалиција на срамот”.„Кога мислевме дека ДУИ не може да падне пониско, еве го најсрамниот сојуз во политичката историја на земјата: ДУИ, Данела Арсовска и Димитар Апасиев, сите заедно, против ВЛЕН и против Албанците од Чаир“, велат од ВРЕДИ.„Апасиев, човекот познат по навреди, омраза и клевети против Албанците, сега стана партнер на ДУИ во обид да ја спаси Данела и да го одржи стариот режим на Блерим Беџети во живот. Ова е сојуз на лицемерие, низок интерес и длабока паника пред промената што доаѓа од ВЛЕН.Чаир е нападнат со сите средства: политички, а сега идеолошки, преку трио кое не дели ниту вредности ниту принципи, туку само страв од губење. ДУИ одлучи да направи сојуз со најголемиот антиалбанец во земјата, само за да го запре моментумот на ВЛЕН.Но, тие нема да можат да го спречат тоа. ВЛЕН е гласот на народот, тоа е волјата на мнозинството и тоа е иднината која се приближува со сигурни чекори. Ниту Апасиев, ниту Данела, ниту ДУИ не можат да го спречат овој ураган на промени што започна од Чаир!“, пишува во соопштението на ВРЕДИ.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_5383

Пратеничката Мимоза Муса го напушти Таравари

И Мимоза Муса, пратеничка од Алијанса за Албанците од крилото на Арбен Таравари преку својот Фејсбук профил соопшти дека останува дел од коалицијата ВРЕДИ. Ова значи дека Таравари останува со што останува без уште еден пратеник.,,Пред една година, на 8 мај, ја добив довербата од над 107.000 Албанци како пратеник на Алијансата за Албанците, на листата на коалицијата Влен. Овој мандат не е само бројка, тој е глас на народ кој е уморен од повеќе од 20 години владеење на ДУИ и кој постојано бара промени. Минуваме низ тежок политички период и со право многу поддржувачи, пријатели и соработници прашуваат: Со кого е пратеничката Мимоза Муса”, напиша Муса.Таа ветува дека нема да ја изневери довербата од гласачите.,,Нема да ја изневерам довербата што ми ја дадовте. Не сум тука поради лични интереси, туку да му служам со достоинство и одговорнист на секој гласач кој веруваше во оваа мисија. Промената започна и ние ќе продолжиме понатаму”, вели Муса.ВРЕДИ и даде целосна поддршка на пратеничката Мимоза Муса, кој, велат, покажала висок политички и институционален интегритет во чувствителен период.

Македонија | пред 10 месеци

WhatsApp-Image-2025-05-18-at-14.49.34

Пратеникот Сулејмани го напушти Таравари, ВРЕДИ ќе имаат 10 пратеника

Пратеникот Салим Сулејмани поднесе оставка од сите партиски функции во Алијансата за Албанците на Таравари, како и од функцијата пратеник во Собранието.Тој наведува дека неговиот политички ангажман произлегол од чувство на одговорност и желба за вистинска промена, а не од лична амбиција, а учеството во коалицијата ВРЕДИ било мотивирано од потребата за соочување со неуспесите на ДУИ и нивната злоупотреба на власта.Сепак, вели, во последниот период дошло до сериозно отстапување од првичните принципи, особено по приближувањето на Алијансата на Албанците до ДУИ во пресрет на локалните избори.„Ова политичко сојузништво е прекршување на нашите ветувања и недостојно претставување на Албанците. Не можам да бидам дел од Алијанса што прави компромиси со луѓе кои се спомнати на меѓународни црни листи поради сериозни афери“, нагласува Сулејмани.Според изборната листа на коалицијата ВРЕДИ од парламентарните избори, во Петтата изборна единица, по Салим Сулејмани, кој ја напушти пратеничката функција, следна е Валбона Адили-Емини, кадар на движењето Беса. Ова значи дека ВРЕДИ ќе имаат 10 пратеника, но и дека Таравари сега ќе вреди четири пратеници кои според Деловникот не можат да формираат пратеничка група.

Македонија | пред 10 месеци

koalicija-vredi-89786

Не се враќаш кај народот туку на црната листа, не излегуваш туку ја предаваш Владата, му вели Меџити на Таравари

Изет Меџити, лидерот на Демократското движење и еден од предводниците на коалицијата „Вреди“, реагираше остро на одлуката на Арбен Таравари и неговото крило од Алијансата за Албанците да ја напуштат владината коалиција. Во објава на Фејсбук, Меџити напиша дека Таравари не ја напуштил Владата – туку ја предал.„Ти не донесе промени. Не се враќаш кај народот – се враќаш на црната листа. Не излегуваш од Владата, туку ја предаваш“, истакна Меџити во својот пост.Тој додаде дека, според него, Таравари претставува разочарување за секој Албанец кој гласал со надеж за промена. Меџити порача дека коалицијата Влен ќе продолжи со борбата за промени и ги повика сите активисти, поддржувачи и гласачи кои се чувствуваат изневерени и изоставени да им се придружат.Од друга страна, Арбен Таравари синоќа по состанокот во Тетово соопшти дека неговата партија ја напушта Владата и преминува во опозиција. Тој изјави дека, иако лани ја донеле промената во албанскиот политички блок по две децении, промените кои граѓаните ги очекувале не биле реализирани, поради што тие секојдневно се соочувале со критики.

Македонија | пред 10 месеци

taravari-ahmeti

Ахмети: Чекорот на Таравари е храбар, разбра дека оваа Влада е антиалбанска

„Европски фронт, на чело со ДУИ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори“, изјави Али Ахмети.Тој посочи дека ќе бидат повикани сите партии од коалицијата, при што ќе се разгледа целата ситуација.Ахмети ја цени одлуката на Таравари да се одвои од ВЛЕН.„Секако, го цениме храбриот чекор на Таравари, кој многу порано разбра дека оваа Влада не е ништо повеќе од антиалбанска Влада, бидејќи дојде на власт со антиалбанска платформа. Сè уште не е изградена никаква стратегија. Господинот Таравари ми се чини дека рече: 'јас не сум роден во влада', и во моментот кога ќе стане неприфатливo, може да си замине. Но, ова се прашања на Таравари, тоа не се прашања на ДУИ, ниту на Европскиот фронт, тоа се внатрешни прашања што господинот Таравари треба да ги менаџира“, рече Ахмети.Таравари повеќе не е дел од ВРЕДИ, бидејќи другите лидери од оваа коалиција одбија да излезат со посебни листи за општински советници, како што побара тој.

Македонија | пред 10 месеци

taravari-vredi-koalicija

Меџити и Таравари ја растурија „калимерата“, а и коалицијата

Коалицијата Вреди смета дека одлуката за настап со одделни советнички листи за советници на Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари е донесена во интерес на ДУИ чија суштина јавноста многу бргу ќе ја разбере, рече претседателот на Демократското движење и вицепремиер во Владата Изет Меџити, по состанокот на лидерите и високи функционери на оваа коалиција. Вреди не го исклучила од коалицијата Таравари, туку тој, според Меџити, се самоисклучил. Вели дека оваа постапка на Таравари значи и проблем во Владата, но засега нема одговор дали ќе бараат негово разрешување од министерската функција во здравство.„Јасно е дека преговорите имале за цел разединување на коалицијата 'Вреди' и враќање од клиничка смрт на ДУИ. Колкава била цената на оваа операција и дали вредело сето тоа, ќе се дознае многу брзо“ рече Меџити.На ова врати Арбен Таравари.„За жал, знаев дека и овој момент ќе биде вклучен во долгата серија што започна. Предлагам сите да се фокусираат на заедничката мисија на благосостојбата на општеството. Тоа не значи дека тргнуваме по различни патишта и одеднаш стануваме непожелни. Заморната политика на обвинувања и озборувања е стара и повеќе не држи вода. Среќен сум и благодарен за секоја личност или партија со која сме соработувале. Сакам да ги зачувам овие добри чувства и нема да станам плен на провокациите на оние кои сакаат политички спектакл“, вели Таравари.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања