Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ХАРИ ПОТЕР

media-libraryp92hsmpb32b46flHiFZ

(Видео) Трејлерот за новата „Хари Потер“ серија урна рекорди: над 277 милиони прегледи за 48 часа

Првиот трејлер за претстојната серија „Хари Потер“, продукција на HBO, постави нов рекорд на гледаност и за само 48 часа собра повеќе од 277 милиони прегледи на различни платформи. Со тоа, промотивното видео стана најгледаниот трејлер во историјата на HBO и стриминг-сервисот HBO Max, надминувајќи го претходниот рекорд повеќе од двојно.Серијата е нова телевизиска адаптација на романите на Џ. К. Роулинг, а првата сезона го носи насловот на првата книга. Премиерата е најавена за декември 2026 година, со сезона од осум епизоди што треба да го отвори новиот пристап кон веќе легендарниот свет на магијата.Приказната се враќа на самиот почеток: единаесетгодишниот Хари Потер на својот роденден дознава дека е примен во школата за магија Хогвортс, по што започнува неговото воведување во светот на волшебништвото, пријателствата и опасностите што ќе го одбележат неговото растење.Главните улоги ги добива нова актерска екипа: Доминик Меклафлин како Хари Потер, Арабела Стентон како Хермиона Грејнџер и Аластер Стаут како Рон Визли. Во професорските улоги се најавуваат и познати имиња, меѓу кои Џон Литгоу и Џенет Мектиер.Продукцијата ја предводи Франческа Гардинер, додека режијата ја потпишува Марк Мајлод. Креативниот тим најавува дека серијата ќе биде поверна на книгите од филмските адаптации, со повеќе простор за развој на ликовите и подетално градење на приказната.Иако објавата на трејлерот предизвика огромна еуфорија кај фановите ширум светот, реакциите не беа едногласни. Дел од јавноста ја пречека најавата со поделени ставови, особено околу изборот на одредени актери и повторното отворање на франшизата, што уште пред премиерата ја става серијата во центарот на културните дебати.

Свет | пред 1 ден

1884326310634995f28747a071845422_v4_big

Почина актерот кој го играше Хагрид во филмовите за Хари Потер

Почина актерот Роби Колтрејн, кој го играше Хагрид во филмовите за Хари Потер.Познатиот актер, кој го одбележа детството на многу генерации, не напушти на 72 години.Актерот неодамна бил тешко болен, како што пренесуваат странските медиуми.„Роби веројатно ќе биде најдобро запаметен во следните децении како Хагрид... улога што им донесе радост на децата и на возрасните, а за Хагрид тој добиваше куп пораки од обожавателите секоја недела повеќе од 20 години“, рече неговиот агент.Foto: Profimedia

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања