Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ХАРИ СТАЈЛС

media-libraryrghkitqrlkr5ebIrDx5

(Видео) Хари Стајлс им одговори бакна маж во живо

Поп-ѕвездата Хари Стајлс во најновото издание на „Saturday Night Live“ се осврна на обвинувањата за т.н. „queerbaiting“ и тоа на начин што веднаш го крена студиото на нозе – со бакнеж со маж пред публика, во живо.Во монологот Стајлс со иронична дистанца зборуваше за периодот во кој дел од фановите, следејќи го неговиот сценски стил и јавен имиџ, го обвинуваат дека намерно остава нејаснотии околу сопствената сексуалност за да привлече внимание. Тој, пак, ја сврте целата тема во комедија – потсетувајќи дека никој не може да знае „сè“ за него само од она што го гледа однадвор.Кулминацијата дојде во скеч поврзан со неговиот нов албум, при што на сцената му се придружи комичарот и актер Бен Маршал. По кратка размена на реплики, Стајлс му пријде и го бакна Маршал, а потоа целата сцена ја „запечати“ со поента на сопствена сметка – дека токму тоа, во рамки на шегата, е „queerbaiting“.Во истата епизода беше споменато и дека Стајлс неодамна го објави својот четврти соло-албум „Kiss All the Time. Disco, Occasionally.“, а во изјава за медиуми зборуваше за поголема отвореност и подготвеност да им каже „да“ на нови искуства – пристап што, барем на сцената на „SNL“, го претвори во централна порака и во главна шега на вечерта.

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryuqdk8eefocr43fKi656

Зејн Малик реагира за цени на билетите на турнејата на Хари Стајлс

Долгогодишните гласини за нарушени односи меѓу Зејн Малик и неговите поранешни колеги од One Direction повторно се актуелизираа. Овојпат во центарот на вниманието се најде Хари Стајлс, и тоа поради најавата за неговата нова светска турнеја и цените на билетите, кои предизвикаа бурни реакции меѓу обожавателите.Стајлс на крајот на јануари на Instagram најави голема турнеја и нов албум, а кратко потоа започна продажбата на билети за концертите, вклучувајќи рекордни 12 настапи во Лондон. Цените се движеле од 50 евра до над 450 евра за седење, додека билетите за стоење чинеле од 166 до 322 евра, а VIP пакети достигнувале и над 800 евра.Токму на тие цени Малик за време на својот настап во Лас Вегас суптилно реагираше со порака дека се надева „дека билетите не биле прескапи“, што многумина го протолкуваа како директна намера кон Стајлс.Во меѓувреме, обожавателите масовно изразуваа незадоволство, а некои ги опишаа цените како „безчувствителни“ и „експлоататорски“, истакнувајќи дека едноставно не можат да си ги дозволат.Критиките продолжија и откако Стајлс најави дека ќе донира по едно евро од секоја продадена карта во фонд за помош на млади музичари и помали концертни простори, што некои го оценија како недоволно во однос на високите цени на билетите.Стајлс засега не се огласил за коментарите на Малик, но нивниот однос со години привлекува внимание на јавноста. По заминувањето на Малик од One Direction во 2015 година, односите меѓу членовите на групата наводно биле напнати, со повремени јавни прозивки. Сепак, заедничкото појавување на погребот на Лијам Пејн во 2024 година сугерира дека барем делумно ги закопале војничките секири.

Магазин | пред 2 месеци

Harry-Styles

(ВИДЕО) И Хари Стајлс погоден в лице со тврд предмет

Хари Стајлс беше погоден со предмет во лицето додека настапуваше во Виена неодамна.Од видеото споделено на интернет од концертот на стадионот Ернст Хапел се гледа како Хари оди на сцената, кога во еден момент тврд предмет го удира во лицето.Откако бил погоден од предметот, пејачот можел да се види како се грчи од болка држејки се со раката во пределот на лицето каде беше удрен.Миријам, обожавателка од Германија која беше на концертот во Виена, рече дека пејачот бил погоден откако ја испеал Sign Of The Times, првата песна на бис.-Сè држеше за лицето. Изгледаше дека има голема болка. Изгледа како да мораше да се повлече во бекстејџот, а потоа се врати кај публиката и продолжи со настапот, рече таа.Хари Стајлс (29) беше погоден и со букет цвеќе за време на концерт во Кардиф минатиот месец. Слична непријатност доживеала и поп-ѕвездата Бебе Реџа која била удрена со мобилен телефон во лицето додека настапувала во Њујорк, а претходно за време на настапот била погодена и американската кантри пејачка Келси Балерини. Овој тренд дојде и на блаканот.Неодамна и спрската пејачка позната како Бресквица за време на една песна беше погодена директно во лицето.

Магазин | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања