Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ХЕЗБОЛАХ

liban

Израел ликвидира две лица во Либан и покрај прекинот на огнот

Израелската војска соопшти дека во јужен Либан ликвидирала две лица кои, според нивните наводи, го прекршиле договорот за прекин на огнот и претставувале директна закана за безбедноста на израелските сили.Во објавено соопштение, армијата наведува дека лицата биле забележани во областа Салукија, откако ја преминале линијата на раздвојување меѓу територијата под контрола на израелските сили и остатокот од Либан, приближувајќи се кон воени позиции.Според истите информации, по нивна идентификација, бил преземен брз одговор, при што израелските воздухопловни сили извршиле напад со цел, како што се наведува, „елиминирање на заканата“.Десетдневниот прекин на огнот меѓу Израел и Либан стапи во сила минатиот петок, но и покрај тоа тензиите на теренот продолжуваат. Израелската војска во меѓувреме спроведува активности на уривање објекти во пограничниот појас, додека Хезболах соопшти дека возвратил со ракетни напади кон северен Израел, обвинувајќи за прекршување на примирјето.

Свет | пред 16 часа

media-librarygutech5lf6iicgoIt6C

Израелскиот министер за одбрана се закани: „Шефот на Хезболах ќе плати со живот“

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац упати остри закани кон раководството на Хезболах, наведувајќи дека неговиот врховен лидер „ќе плати со својот живот“, во контекст на тековните тензии на границата со Либан и кревкото примирје.Говорејќи на државната комеморација на гробиштата на планината Херцел во Ерусалим, Кац истакна дека Израел ќе продолжи со воените операции во Либан доколку тоа биде неопходно, со цел, како што рече, да се обезбеди безбедноста на северната граница и жителите на пограничните населби.Тој нагласи дека Хезболах одлучил да дејствува против Израел во служба на, како што ги нарече, иранските интереси, и дека поради тоа ќе сноси тешки последици. Во својата изјава додаде дека секој што ќе крене рака врз Израел ќе биде казнет и дека државата нема да се врати на состојбата пред нападите од 7 октомври.Кац изјави дека војската добила наредба да продолжи со дејствување со полна сила, како на копно, така и во воздух, со цел да се елиминираат заканите и да се уништи инфраструктурата на Хезболах во јужен Либан. Според него, израелските сили се распоредени во безбедносна зона во близина на границата и имаат задача да спречат прекугранични напади и други форми на воено дејствување.Како главна цел на операцијата ја наведе разоружувањето на Хезболах и воспоставување демилитаризирана зона во јужен Либан, сè до реката Литани. Додаде дека доколку либанската влада не ги исполни своите обврски, израелската војска ќе продолжи со воени активности.Изјавите доаѓаат во период кога Израел го одбележува Денот на сеќавање на паднатите војници, при што низ целата држава се одржуваат комеморации за илјадници жртви. Државниот врв порача дека земјата останува решена да продолжи со борбата и покрај големите загуби.

Свет | пред 1 ден

media-libraryvgjve5sogd29e31WJ3C

Израел: „Ќе употребиме целосна сила и за време на примирјето ако има закана од Хезболах“

Израелскиот министер за одбрана Кац изјави дека израелската војска ќе употреби „целосна сила“ во Либан, дури и за време на важечкото примирје, доколку нивните сили се соочат со закана од Хезболах.Во меѓувреме, либанската армија соопшти дека повторно е отворен патот и мостот меѓу Набатија и Хардали на југот од земјата, кои претходно беа оштетени во израелските напади.Дополнително, францускиот претседател Емануел Макрон утре во Париз ќе го прими либанскиот премиер Наваф Салам, соопшти неговиот кабинет, еден ден по убиството на француски мировник во Либан.

Свет | пред 2 дена

media-library0thc85kou8od1PX0rA1

Израелската армија тврди: Убиени 150 борци на Хезболах пред примирјето

Израелските одбранбени сили соопштија дека во последните 24 часа пред стапувањето во сила на договорот за прекин на огнот ликвидирале повеќе од 150 припадници на Хезболах.Во објава на Телеграм, ИДФ наведува дека во истиот период биле погодени околу 300 воени цели на повеќе локации во Либан, вклучително и командни центри и складишта за оружје.Според израелската армија, во нападите биле убиени и неколку команданти на Хезболах, а од таму порачуваат дека ќе продолжат со, како што велат, елиминирање на секоја закана за израелските цивили и војници.Овие информации доаѓаат непосредно пред стапувањето во сила на примирјето меѓу страните, во услови на засилени воени активности во регионот.

Свет | пред 3 дена

media-libraryapn3sue4kmql3YvYIoX

Хезболах предупредува: „Држиме прст на чкрапалото“ при прекршување на примирјето

Хезболах соопшти дека останува во висока готовност и дека „држи прст на чкрапалото“ во случај на, како што наведува, какво било „предавство или измама“ од страна на Израел за време на привремениот прекин на огнот во Либан.Организацијата поддржана од Иран наведува дека во периодот од 2 март до 16 април извршила 2.184 акции против израелски цели. Групата тврди дека продолжува да делува во рамки на сопствената стратегија на теренот, иако не учествувала во директните преговори за примирје.Примирјето беше постигнато преку посредство меѓу Израел и либанската влада, без директно учество на Хезболах во разговорите. Израелските власти, според претходните најави, се согласиле на привремен прекин на огнот, но истовремено нагласуваат дека нивните сили ќе останат распоредени во таканаречена „безбедносна зона“ на либанска територија.Од своја страна, Хезболах порача дека секое примирје мора да важи на целата територија на Либан и дека не смее да дозволи, како што наведуваат, израелско присуство или слободно движење на противничките сили во пограничните области.

Свет | пред 5 дена

liban

Иран го пофали „отпорот“ на Хезболах по примирјето во Либан

Иран изрази поддршка за постигнатото примирје во Либан, оценувајќи го како резултат на „отпорот“ на Хезболах и како дел од поширок дипломатски процес поврзан со разговорите со САД, посредувани од Пакистан.Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека Техеран го гледа примирјето како дел од пошироко разбирање постигнато преку дипломатски канали, при што нагласи дека Иран подолго време се залага за регионално смирување на тензиите.Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, оцени дека договорот е резултат на „издржливоста на Хезболах и единството на оската на отпорот“, термин со кој Техеран ги означува своите регионални сојузници.Исто така, командантот на единицата Кудс во рамки на Револуционерната гарда, Есмаил Кани, го нарече Хезболах „победник“, нагласувајќи дека договорот е последица на долготрајниот отпор и поддршката од Иран.Иранските државни медиуми го претставија примирјето како резултат на заедничкиот притисок на Техеран и неговите сојузници, тврдејќи дека дипломатскиот и воениот развој довел до прифаќање на привремен прекин на огнот од страна на спротивставените страни.

Свет | пред 5 дена

media-libraryo1d2c154dp434d5eiLf

(Видео) Израелската армија објави видео: „Уништивме 70 позиции на Хезболах за една минута“

Израелските одбранбени сили (Israel Defense Forces) соопштија дека уништиле околу 70 позиции на Хезболах во подрачјето на Бинт Џбеил во јужен Либан, по вчерашна операција на специјалните единици.Според израелската армија, единицата „Егоз“ извршила упад во населбата Аината, која ја опишуваат како борбен комплекс на Хезболах. Во текот на операцијата, како што се наведува, биле пронајдени поголеми количества оружје, меѓу кои ракетни фрлачи, автоматски пушки, гранати и противвоздушни проектили.Истовремено, единицата „Маглан“ на истото подрачје, според израелските тврдења, елиминирала повеќе оперативци на Хезболах.По завршување на пребарувањата, израелските сили соопштија дека во краток временски интервал биле уништени околу 70 инфраструктурни цели кои ги опишуваат како воени позиции на групата.

Свет | пред 6 дена

media-library0thc85kou8od1PX0rA1

(Видео) Израелската армија спречила напади и запленила оружје

Израелските одбранбени сили соопштија дека по изведени напади во јужен Либан е откриено складиште со оружје кое, според нивните тврдења, припаѓало на движењето Хезболах.Израелските одбранбени сили наведуваат дека идентификувале и спречиле два обиди на „терористички ќелии“ да изведат напади врз израелски војници. Според нив, во заедничка операција со израелските воздушни сили биле погодени и „елиминирани“ членови на овие групи.По акцијата, на теренот е пронајдена поголема количина вооружување, меѓу кое се наведуваат автоматски пушки, противтенковски проектили, ракетни фрлачи и подземно складиште со минофрлачки гранати.

Свет | пред 6 дена

media-libraryapn3sue4kmql3YvYIoX

Нова ескалација: Ракетни напади од Либан кон израелски градови

Хезболах соопшти дека утрово испалило серија ракети кон северниот дел на Израел, преземајќи одговорност за нападите врз повеќе населени места во близина на границата со Либан.Во објавата на Телеграм се наведува дека цел биле градовите Кирјат Шмона, Кфар Гилади, Мисгав Ам и Маргалиот. Нападот, според информациите, се случил во 8:45 часот по локално време.Од Хезболах порачаа дека „одговорот ќе продолжи сè додека не престане израелско-американската агресија врз нивната земја и народ“.Израелските власти засега не се огласиле за нападот.

Свет | пред 6 дена

media-libraryapn3sue4kmql3YvYIoX

Хезболах тврди дека извршил напади врз северен Израел

Хезболах соопшти дека денеска извршил серија напади врз израелски воени позиции и населени места на северот на Израел.Според соопштенијата на нивното воено крило, групата претходно во текот на денот истрелала ракетни салви кон Киријат Шмона и Мисгав Ам.Дополнително, тие тврдат дека вчера испукале ракета кон израелски борбен авион над западниот дел на долината Бекаа, наведувајќи дека тоа е одговор на, како што велат, континуираните прекршувања на примирјето од страна на Израел.Овие информации доаѓаат исклучиво од Хезболах и засега нема независна потврда од израелска страна.

Свет | пред 1 седмица

napad-liban

Хезболах изврши серија напади врз израелски позиции

Либанската вооружена група Хезболах соопшти дека извршила низа напади врз израелски воени позиции и сили.Според нивното соопштение, нивните борци со ракетни салви погодиле ново поставени израелски артилериски позиции во местото Бајада.Тие наведуваат и дека со дронови нападнале просторија за контрола на огнот во близина на упориштето Кфар Јалади, по што со ракети било гаѓано и населбата Мисгав Ам.

Свет | пред 1 седмица

media-librarycfubpv6eb7drcU99KXl

Хезболах со нови напади врз израелски цели

Либанската вооружена група Хезболах соопшти дека извршила нови напади врз израелски цели, користејќи ракети и дронови.Според нивните наводи, биле гаѓани позиции на Израелски одбранбени сили во населбата Адамит, како и група војници и воени возила во Метула, каде бил испратен рој напаѓачки дронови.Групата тврди дека со наведуван проектил и дрон погодила и тенк „Меркава“ во близина на пограничниот град Одаисех.Дополнително, како што наведуваат, уште еден дрон бил лансиран кон израелски војници во близина на училиште во Бинт Џбеил.Овие информации доаѓаат од Хезболах и засега нема независна потврда од Израел за обемот и последиците од нападите.

Свет | пред 1 седмица

media-library0phdan7spts11ioo87t

Лидер на Хезболах: Либан не смее да прави „бесплатни отстапки“ кон Израел

Лидерот на Хезболах, Наим Касем, ги повика либанските власти да не прават „бесплатни отстапки“ кон Израел, во пресрет на најавените преговори меѓу двете страни следната недела во Вашингтон.Во обраќање емитувано на телевизијата „Ал-Манар“, Касем остро ги осуди, како што ги нарече, „крвавите злосторства“ на Израел, повикувајќи се на последните воздушни напади врз Либан, во кои, според извештаите, загинале повеќе од 300 лица.Преговорите меѓу израелските и либанските претставници доаѓаат под притисок на Доналд Трамп, кој бара прекин на борбите. Ова прашање е дел и од поширокиот контекст на паралелните разговори меѓу САД и Иран што се одржуваат во Пакистан.Судирите ескалираа откако Хезболах на 2 март истрела ракети кон Израел, по што следуваа засилени израелски воздушни напади и проширување на копнената офанзива во јужен Либан.Според податоците, најмалку 1.888 лица загинале во израелските напади врз Либан, додека најмалку двајца Израелци биле убиени во ракетните напади на Хезболах.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху: Продолжуваме со нападите врз Хезболах

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, во видеообраќање до жителите на северот на Израел најави продолжување на нападите врз Хезболах и информираше дека Израел наскоро ќе започне директни преговори со Либан.Нетанјаху изјави дека во Либан нема примирје и дека нападите продолжуваат сè додека не се обезбеди безбедноста на израелските граѓани. Тој истакна дека историските успеси на Израел во регионот, вклучително и против „осовината на злото“ и Иран, довеле до промени во регионалната позиција на државата и подобрување на односите со држави со кои претходно немал официјални контакти.Директните преговори со Либан ќе имаат две главни цели: разоружување на Хезболах и постигнување „историски и одржлив мировен договор“ меѓу двете земји.

Свет | пред 1 седмица

netanjahu

Израел ја засилува офанзивата: ликвидиран висок функционер на Хезболах

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи да го напаѓа Хезболах каде што е потребно, откако Израелската одбрана сила (IDF) денес соопшти дека го убил Али Јусуф Харши, секретар на лидерот на Хезболах, Наим Касем.„Нашата порака е јасна: секој кој делува против израелските цивили ќе биде цел. Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах секаде каде што е потребно додека не ја вратиме целосната безбедност на жителите на северот“, напиша Нетанјаху на хебрејски на платформата Икс.Покрај ликвидацијата на Харши, Израелската одбрана сила изврши напади врз низа терористички инфраструктури во јужен Либан – премини кои се користат за пренос на илјадници оружја, ракети и лансери, складишта на оружје, места за лансирање и командни центри на Хезболах, додаде Нетанјаху, споделувајќи снимки од денешните напади на Израелската одбрана сила.„Продолжуваме да го напаѓаме Хезболах со сила, прецизност и решителност“, истакна премиерот.Борбите меѓу Израел и Хезболах продолжија и по постигнувањето на двонеделното примирје меѓу САД и Иран, кое Израел го оценува како заштита на покровителите на терористичката група. Вашингтон, Техеран, Ерусалим и земјите посредници имаат спротивставени ставови дали примирието се однесува и на судирите со Хезболах.Хезболах презеде одговорност за лансирање ракети кон северен Израел во своите први напади од почетокот на примирието, тврдејќи дека тоа било одговор на силниот израелски напад врз Либан вчера, кој го опишаа како кршење на примирјето. Иако Вашингтон и Техеран прогласија победа по постигнувањето на примирието, брзо се појавија пукнатини откако Израел започна со своите најтешки напади врз Либан, вклучувајќи го и централниот Бејрут, по приклучувањето на Хезболах кон конфликтот на почетокот на март.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Израелски одбранбени сили без докази обвинуваат: Хезболах користи амбулантни возила за воени цели

Израелски одбранбени сили изнесоа тврдење дека Хезболах „интензивно користи амбулантни возила за воени цели“, но притоа не презентираа докази што би ги поткрепиле овие обвинувања.Од друга страна, либански здравствени работници и официјални претставници претходно обвинија дека Израел намерно ги таргетира медицинските лица и здравствените установи во јужен Либан, вклучително и преку т.н. „двојни удари“, каде по првичниот напад следува втор напад насочен кон спасувачките екипи.Според податоци на Светска здравствена организација, во пет одвоени напади врз здравствени цели во јужен Либан биле убиени девет парамедици, а седум лица се повредени.Меѓународното хуманитарно право строго ги штити медицинскиот персонал, амбулантните возила и здравствените установи, а нивното намерно таргетирање може да претставува воено злосторство.Случувањата дополнително ја зголемуваат загриженоста за ескалација на конфликтот и почитувањето на основните правила на војување, особено во делот на заштита на цивилите и здравствените служби.

Свет | пред 3 седмици

liban

Израел навлегува подлабоко во Либан – Хезболах возвраќа со заседи

Израелската војска продира подлабоко во либанска територија од повеќе правци, додека Хезболах возвраќа со заседи и герилски напади, што ја прави операцијата сè поскапа и поризична.Израелските сили напредуваат по целата должина на границата од околу 120 километри, од западниот, централниот и источниот сектор, при што во одредени делови веќе се наоѓаат неколку километри внатре во Либан.Во исто време, Хезболах возвраќа со напади. Израелските медиуми јавуваат за сериозен безбедносен инцидент во раните утрински часови, додека евакуациски хеликоптери биле забележани како летаат над северен Израел и транспортираат повредени кон болници.Иако нема детална официјална потврда за последниот инцидент, израелската армија соопшти дека од почетокот на инвазијата во март загинале четворица нејзини војници.Хезболах тврди дека извршил заседа врз израелски сили во градот Тајбех, неколку километри внатре во Либан. Станува збор за стратешка, возвишена позиција која е клучна за достигнување до реката Литани – цел што ја поставила израелската операција.Свесен дека не може директно да ја запре напредната воена машинерија на Израел, Хезболах се потпира на герилски тактики, со што конфликтот добива дополнителна комплексност и цена на терен.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryvgjve5sogd29e31WJ3C

Хезболах тврди дека извршил серија напади врз северен Израел со дронови и ракети

Хезболах соопшти дека во текот на ноќта и раните утрински часови извршил серија напади со беспилотни летала и ракетни проектили врз позиции на северот на Израел, таргетирајќи воени цели долж границата.Во повеќе одделни соопштенија, групата наведува дека мета биле израелски војници и воени објекти во реоните Ханита, Авивим и Рас ал-Накура. Според нивните тврдења, нападите биле насочени кон собиралишта на војници и воени бази, при што била користена комбинација од дронови и ракетни проектили.Овие информации засега не се независно потврдени, а од израелска страна нема официјални податоци за евентуални жртви или причинета материјална штета.Нападите се случуваат во услови на зголемена напнатост во регионот, при што северната граница на Израел станува сè поактивно жариште во рамки на поширокиот конфликт на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 месец

bunker-hezbolah

Хезболах објави нови напади и цели во Израел

Либанската милитантна група Хезболах соопшти дека во текот на денот извршила повеќе напади врз израелски позиции, вклучително и со ракети и дронови.Во објава на Телеграм, групата тврди дека нејзини борци се судриле со израелски војници во близина на притворски центар во јужнолибанскиот град Хијам, при што биле употребени различни видови оружје.Хезболах наведува дека извршил ракетни напади врз израелски сили во населбата Шомера, на северот на Израел, како и во либанските села Одаисех и Тајбех.Дополнително, групата тврди дека во израелскиот град Кирјат Шмона употребила „рој“ нападни дронови насочени кон израелските војници.Овие тврдења засега не се независно потврдени од израелска страна.

Свет | пред 1 месец

liban1

Хезболах со ракетен напад врз израелски војници во јужен Либан

Хезболах соопшти дека испукал салва ракети кон група израелски војници во градот Киам, во јужен Либан.Во објава на социјалните мрежи се наведува дека израелските сили се наоѓале во близина на општинска зграда кога бил извршен нападот.Претходно во текот на денот, Хезболах информираше дека таргетирал друга група израелски војници, кои се наоѓале во шатор во пограничниот град Марун ал Рас, во областа Бинт Џбеил.Нападите доаѓаат во услови на зголемени тензии долж израелско-либанската граница, со ризик од понатамошна ескалација на конфликтот.

Свет | пред 1 месец

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Ракетни напади врз северен Израел: Хезболах со нови тврдења

Хезболах соопшти дека извршил серија напади врз израелски цели и израелски војници долж границата меѓу Либан и Израел.Либанската вооружена група тврди дека лансирала бараж ракети кон израелскиот град Кирјат Шмона, кој се наоѓа во близина на границата со Либан, како и два бранa напади врз градот Метулa во северен Израел.Според нивното соопштение, бил извршен и ракетен напад врз воената база Еин Зеитим во близина на израелскиот град Сафед.Хезболах исто така тврди дека двапати ги таргетирал израелските војници во либанското погранично село Одаисе, како и во одделен напад во пограничниот град Блида.Во уште една акција, според нив, биле нападнати израелски војници во близина на притворски центар во градот Кхиам во јужен Либан.Засега нема независна потврда за овие тврдења, ниту информации за евентуални жртви.

Свет | пред 1 месец

izrael-napadnat

Иран тврди дека со Хезболах извршил ракетен напад врз Израел

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека во координација со либанската вооружена група Хезболах извршила ракетни напади врз Израел.Според соопштението на военото крило на гардата, во нападите учествувале иранската морнарица и единици со беспилотни летала, во соработка со Хезболах, со кој Иран е сојузник.Информацијата ја објави иранската државна новинска агенција Тасним.По нападите се огласиле сирени за тревога во Тел Авив, во централниот дел на Израел, како и на подрачјето на окупираниот Западен Брег.Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета предизвикана од нападите.

Свет | пред 1 месец

media-library5hcfs60jsruodlaE65U

Макрон повика на воздржаност од Израел и Хезболах

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на воздржаност од Израел и од движењето Хезболах поради зголемувањето на бројот на раселени лица во Либан.Во објава на социјалната мрежа Икс, Макрон соопшти дека Франција испраќа 60 тони итна хуманитарна помош за населението погодено од борбите, во координација со Обединетите нации и хуманитарни организации.Тој го повика Хезболах да престане со нападите од територијата на Либан кон Израел и да го предаде оружјето на либанската армија.Во исто време, Макрон нагласи дека Израел мора да го почитува суверенитетот на Либан и да покаже воздржаност, додавајќи дека Израелците и Либанците имаат „исто право да живеат во мир и безбедност“.

Свет | пред 1 месец

izrael-vojska

Израелскиот министер за надворешни работи: Хезболах се приклучи на војната под притисок од Иран

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека во изминатата недела Израел бил цел на повеќе напади од либанското движење Хезболах отколку од Иран.Саар соопшти дека во Западен Ерусалим се сретнал со специјалната координаторка на Обединетите нации за Либан, Жанин Хенис, при што разговарале за безбедносната состојба во регионот и за ескалацијата на конфликтот.Тој изјави дека Хезболах се приклучил на војната по, како што тврди, притисок од Иран.„Ја образложив нашата одлука овој пат да не ги евакуираме жителите од северните заедници и ја нагласив нашата посветеност да ги заштитиме. Истакнав дека распоредувањето војници во пограничната област е клучно за спречување евентуален упад на копнените сили на Хезболах и напади врз израелските граѓани и населени места“, изјави Саар.Тој додаде дека слабеењето на Хезболах е заеднички интерес и за Израел и за Либан.„Нагласив дека Хезболах го започна нападот врз нас и дека никој од меѓународната заедница не презема чекори да го запре, освен нас“, изјави израелскиот министер за надворешни работи.

Свет | пред 1 месец

IMG_7814

Хезболах тврди дека извршил ракетен напад врз централниот дел на Израел

Либанското движење Хезболах соопшти дека извршило ракетен напад врз цел во централниот дел на Израел, тврдејќи дека била погодена сателитска комуникациска станица на израелската армија во долината Ела.Според соопштението на групата, објектот се наоѓа на околу 160 километри од границата и бил цел на масовен напад со, како што се наведува, софистицирани ракети.Хезболах тврди дека со нападот била гаѓана инфраструктура што ја користи израелската војска за сателитска комуникација. Засега нема независна потврда за обемот на штетата или за евентуални жртви.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања