Македонец се претставувал како хирург во Србија и измамил граѓани за над 100.000 евра
Полицијата во Белград уапсила државјанин на Македонија А. К. (42), поради сомневање дека, лажно претставувајќи се како хирург, заедно со повеќе засега непознати лица, ја довел оштетената во заблуда дека за парична надокнада итно ќе оперира член на нејзиното семејство кој наводно доживеал несреќа.Со тоа, како што се наведува во соопштението на Српското МВР, извршил кривично дело измама.Полицијата го уапсила непосредно по примопредавањето на парите и кај него биле пронајдени 16.650 евра и 150.000 динари.Се сомнева дека А. К. и лицата за кои се трага, во период од ноември минатата година до сега, на ист начин извршиле повеќе измами на територијата на Белград и на тој начин противправно прибавиле повеќе од 100.000 евра.На осомничениот му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде спроведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.
Македонија | пред 7 часа