Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ХОЛИВУД

media-library1mcocmm86gps0xNOW3C

Форбс ја објави листата за 2025: Адам Сендлер најплатен актер, Том Круз веднаш зад него

Форбс ја објави најновата листа на најплатени холивудски актери за 2025 година, а на врвот се најде американскиот актер и комичар Адам Сендлер, со проценета заработка од околу 48 милиони долари.Според објавените податоци, рангирањето опфаќа 20 актери, чии вкупни приходи за изминатата година достигнале 590 милиони долари, што уште еднаш ја потврдува доминацијата на големите студиски продукции и платформите за стриминг во современата филмска индустрија.Сендлер, кој во последните години повторно ја зацврсти својата позиција преку соработки со големи продукции и проекти на Нетфликс, во 2025 година работеше како продуцент и актер на „Happy Gilmore 2“, продолжение на култната спортска комедија од 1996 година. Воедно, тој се појави и во филмот „Џеј Кели“ заедно со Џорџ Клуни, каде што ја толкува улогата на лојален менаџер на филмска ѕвезда, улога што му донела и номинација за „Златен глобус“ за споредна машка улога.На второто место се најде Том Круз со 46 милиони долари, најмногу благодарение на филмот „Mission: Impossible – The Final Reckoning“, осмото продолжение од популарниот акциски серијал. Трет е Марк Волберг со 44 милиони долари, додека четвртата позиција ја држи Скарлет Јохансон со 43 милиони. Во топ-пет влегува и Бред Пит со 41 милион долари.Меѓу првите десет, според листата, се најдоа и Дензел Вашингтон (38 милиони долари), Џек Блек (28 милиони), Џејсон Момоа (28 милиони), Даниел Крег (27 милиони) и Мили Боби Браун (26 милиони). Дополнително, Мили Боби Браун е посочена како најмладата личност што некогаш влегла на оваа листа, на 22-годишна возраст.Во текстот се нагласува дека проценките за заработка се изработени врз основа на индустриски податоци и интервјуа, а наведените суми се пресметани по одземање на трошоци како хонорари за агенти, менаџери и адвокати.

Магазин | пред 2 седмици

media-library3r4tq1d340v0aUmfPEl

(Видео) Од ѕвезда на „Никелодеон“ до живот на улица: судбината на Тејлор Чејс го шокира Холивуд

Видео што деновиве се прошири на социјалните мрежи прикажува поранешен детски актер како живее како бездомник на улиците на Лос Анџелес, предизвикувајќи силни реакции во јавноста и меѓу неговите поранешни колеги.Станува збор за Тејлор Чејс, американски актер кој во младоста се прослави на каналот Никелодеон, најмногу по улогата на Мартин Кверли во популарниот ситком Ned’s Declassified School Survival Guide.На видеото, кое го снимила случајна минувачка, Чејс одговара на прашање дали некогаш глумел за „Дизни“, по што појаснува дека бил дел од „Никелодеон“ и дека имал улога во споменатата серија. Снимката брзо се прошири и предизвика бран емотивни реакции.Особено погодени беа неговите поранешни колеги од серијата, меѓу кои Даниел Кертис Ли, Девон Веркхајзер и Линдзи Шо.„Не можам многу да направам, но би сакала да разговарам со него, да му покажам љубов и да го погледнам во очи. Ми недостига Тајлор, толку многу го сакам Тајлор“, изјави Шо.По објавата, социјалните мрежи беа преплавени со коментари во кои корисниците изразуваат тага и загриженост, но и критика кон филмската индустрија. Дел од нив посочуваат дека Холивуд често остава длабоки последици врз младите актери, особено оние кои рано се соочуваат со слава и притисок.Покрај „Ned’s Declassified School Survival Guide“, Тејлор Чејс има улоги и во серијата Everybody Hates Chris, како и во филмот Good Time Max.Случајот повторно ја отвори дебатата за заштитата на детските актери и за тоа што се случува со нив откако ќе исчезнат од светлината на рефлекторите.

Свет | пред 3 месеци

media-library4sstom8nlttuchY0kmv

Македонска режисерка во срцето на Холивуд: Тамара Котевска на маса со Дикаприо, Дел Торо и елитата на филмската индустрија

Македонската документаристка Тамара Котевска се најде во ексклузивно друштво во Холивуд, на приватен ВИП-настан rezervиран само за триесетина водечки имиња од филмската индустрија. Како членка на Американската филмска академија и гласач за Оскарите, таа беше единствената документарна авторка поканета на ручекот организиран по повод новиот филм на Пол Томас Андерсон „One Battle After Another“.Настанот ја собра актерската и продукциската елита, меѓу кои Леонардо Дикаприо, Бенисио дел Торо, Тијана Тејлор, Чејс Инфинити и Реџина Хол. Гостите разговарале за снимањето, за соработката со Андерсон и за тековната оскаровска трка.Во неформалниот дел од средбата, Котевска имала подолг разговор со Дикаприо, кој – како што вели таа – веднаш се сетил на „Медена земја“ и на нивната фотографија од 2020 година, направена за време на оскаровските номинации. Тој покажал посебен интерес за нејзиниот нов глобално наградуван документарец „Приказната за Силјан“.Интерес за филмот пројавиле и Бенисио дел Торо и Тијана Тејлор, особено поради темите за отпор, правда и борба против неправеден систем.„Да се градат односи и пријателства низ годините со холивудските ѕвезди кои ми биле најголемо влијание како дете да се посветам на филмската магија е како некаков чуден сон кој од секогаш се чинел недостижен. Но, кога си таму со нив во истата малечка просторија, делиш оброк заедно и гледаш колку се тоа обични луѓе кои минуваат низ истите трауми, искушенија, несигурности и притисоци со секој нов филм како и сите ние останатите филмаџии на планетава, тоа е едно особено чувство кое ги руши сите предрасуди и бариери дека нешто е невозможно да се достигне, вели Котевска.“

Магазин | пред 3 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Кејт Бланшет, Виго Мортенсен, Спајк Ли – Холивуд во Ватикан на покана од папата Лав XIV, вљубеник во филмот

Папата Лав XIV, познат по својата страст кон филмската уметност, ќе ја отвори вратата на Ватикан за некои од најпознатите имиња на современото кино. На 15 ноември, американскиот папа ќе биде домаќин на посебен настан на кој ќе присуствуваат ѕвезди како Кејт Бланшет, Адам Скот, Виго Мортенсен, Крис Пајн и славните режисери Спајк Ли и Џорџ Милер, авторот на сагата „Лудиот Макс“.Меѓу гостите ќе бидат и актерите Алисон Бри и Дејв Франко, како и режисерите Гас Ван Сент и Тони Кеј. Настанот, што го организира Ватиканската канцеларија за култура, е дел од Светата година на Католичката црква и има за цел да ја продлабочи врската меѓу духовноста и уметноста.Од Ватикан соопштуваат дека папата сака „да го продлабочи дијалогот со филмскиот свет и да ги истражи можностите што уметничката креативност ги нуди за мисијата на Црквата и промовирањето на човечките вредности“.Ова не е првпат поглаварот на Римокатоличката црква да се приближи до холивудските имиња. Во јуни, легендарниот Ал Пачино имаше приватна аудиенција со папата Лав XIV, а само неколку дена пред најавениот настан, тој го пречека и Роберт Де Ниро со неговите деца. Де Ниро изјави дека средбата била „многу лична и емотивна“, особено откако папата примил слика од неговиот покоен внук Лео.Папата, кој потекнува од Чикаго, во неколку наврати ја сподели својата љубов кон филмот, откривајќи дека негови омилени наслови се класиците „Прекрасен живот“, „Моите песни, моите соништа“, „Обични луѓе“ и „Животот е прекрасен“.Настанот наречен Холивуд во Ватикан претставува редок културен дијалог меѓу духовноста и светот на филмот – нешто што, како што наведуваат од Ватикан, папата Лав XIV го смета за „мост меѓу верата и уметноста“.

Магазин | пред 4 месеци

677z381_9306941

Почина холивудската актерска легенда Доналд Сатерленд

Холивудската актерска легенда Доналд Сатерленд после долго боледување денеска на 88 години почина во неговиот дом во Мајами.Веста за смртта на „Твитер“ ја објави неговиот син, глумецот Кифер Сатерленд.Лично мислам дека е еден од најважните актери во историјата на филмот. Тој никогаш не се плашеше од улога, добра, лоша или грда. Тој го сакаше тоа што го правеше и го правеше она што го сакаше, и никогаш не може да се бара повеќе од тоа. Имаше добар живот, напиша 57-годишниот Кифер.https://twitter.com/RealKiefer/status/1803837822677225581?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1803837822677225581%7Ctwgr%5Ecbcedaca9e5748bcacae1dce2105b2579c7549ee%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fscena%2Ffilm%2Fpochina-holivudskata-legenda-donald-saterlend%2FДоналд Сатерленд роден е во Канада на 17 јули 1935 година, а неговата кариера траеше повеќе од 50 години. Некои од најзабележителните улоги на Сатерленд вклучуваат нетипични воини од филмовите како што се „12-те жигосани“, „M*А*S*H“ и „Златo за смелите“. Неодамна, тој глумеше во американската телевизиска серија Dirty Sexy Money.Сатерленд глумеше во многу филмови и серии, а еден од најголемите успеси го постигна со епскиот филм Новеченто на Бернардо Бертолучи, како и со драмата „Обични луѓе“ (1980), режисерско деби на Роберт Редфорд.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-03-10-at-10.35.24

Зошто Гвинет Палтроу е најбизарната личност во Холивуд - на денот кога се роди Исус Христос објави нешто што ја згрози јавноста

Актерката често ја шокира јавноста со своите постапки.Познатата актерка Гвинет Палтроу годинава наполни 50 години и традиционално објави своја фотографија на која е целосно гола.Имено, Гвинет секоја година на својот роденден објавува по една ваква фотографија на својот Инстаграм. На овој начин Гвинет покажува дека го прифаќа своето тело и процесот на стареење и дека има голема самодоверба.Својот акаунт на споменатата социјална мрежа често го користи за совети на другите. Актерката сака да снима видеа во кои ги открива своите искуства, па еднаш зборуваше за промените со кои се соочува нејзиното тело откако сфатила дека влегува во менопауза.Освен што споделува совети за женска грижа, актерката е застапничка и за многу чудни трендови во благосостојбата, кои често се критикувани од експерти.Сепак, најголемо внимание привлече кога го започна својот бизнис.Гвинет Палтроу го создаде својот бренд, наречен „Goop“ во 2008 година. Интересно е што на таа страница често може да се видат чудни производи кои воопшто не се евтини.Еден таков производ беше комплет за реплика за машкост. Овој производ се вика „Clone a Willy“ и чини 40 евра.„Овој сет ви овозможува да создадете точна, вибрирачка реплика на вашата машкост за да може вашата сакана да „ужива со вас“ дури и кога не сте наоколу“, се вели во описот на производот.Најбизарниот производ дизајниран од Палтроу е миризливата свеќа која се вика „Ова мириса на мојата вагина“.Гвинет Палтроу го создаде својот бренд, наречен „Goop“ во 2008 година. Интересно е што на таа страница често може да се видат чудни производи кои воопшто не се евтини.Цената на свеќата е околу 75 евра, а е опишана како „забавна, убава, секси и прекрасно неочекувана“.Гвинет ја запрепасти јавноста кога си купи вибратор како божиќен подарок. Ова, очекувано, наиде на осуда од јавноста, бидејќи се работи за голем празник, денот на раѓањето на Исус Христос, па затоа американските читатели ја осудија Гвинет.

Магазин | пред 2 години

524761

(ВИДЕО) Џим Кери: Морам да заминам од Холивуд пред на некого да му мавнам шлаканица

Актерот Џим Кери зборуваше за својата одлука да направи пауза од Холивуд, истовремено шегувајќи се на сметка на драмата помеѓу Вил Смит и Крис Рок на доделувањето на Оскарите.Промовирајќи го својот нов филм „Sonic the Hedgehog 2“, Џим Кери за „ЕТ“ изјави:„Морам да заминам од овде пред на некого да му мавнам шлаканица. Искрено чувствувам дека има многу важни работи кои сум ги игнорирал затоа што толку долго бев зафатен“.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања