Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ХРОМ

media-librarylf2i7e3pth3q5fvhxGr

Се поставува атмосферска канализација на ул.„Воин Драшкоци“ во населбата Хром

Општина Ѓорче Петров продолжува со активности за подобрување на комуналната инфраструктура на територијата на општината. Во тек е поставување на атмосферска канализација на улицата „Воин Драшкоци“ во населбата Хром, на делница во должина од еден километар со ширина на улицата од седум метри.Со реализацијата на овој инфраструктурен проект се решава долгогодишниот проблем со одведувањето на атмосферските води, што значително ќе придонесе за подобрување на условите за живот и зголемување на безбедноста за жителите во овој дел од населбата.Инвестициите во комуналната инфраструктура претставуваат основа за поквалитетно и побезбедно секојдневие на граѓаните. Општина Ѓорче Петров останува посветена на реализација на инфраструктурни проекти и во наредниот период ќе продолжи со активности за унапредување на условите во сите делови на општината.

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања