Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ЗАКОН ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

media-libraryaa5iea4dec8g4jzZFOw

Автономијата на универзитетите не е загрозена, вонредно студирање ќе има, а во академијата нема да се вработуваат само деца на богати, рече Јаневска

Министерката за образование Весна Јаневска тврди дека новиот предлог закон за високо образование е резултат на темелна евалуација и широка дебата, а не, како што вели, наметнато решение од институциите.„Законот нуди повеќе можности за личен развој на професорите и студентите. Решенијата се засновани на темелна евалуација и ќе овозможат поефективно исполнување на одредбите од Болонскиот процес и програмите на ЕУ“, изјави Јаневска.Таа потенцира дека подготовката на законското решение не се одвивала зад затворени врати, туку преку јавни дебати кои придонеле за подобрување на текстот.Во однос на критиките, министерката ги оцени како неосновани тврдењата дека со новиот закон се нарушува автономијата на универзитетите или дека ќе се создаде систем во кој ќе студираат и напредуваат само деца од побогати семејства.„Се справивме со лажни вести дека ќе нема вонредно студирање или дека ќе се вработуваат само деца на богати. Сите кои работеа на законот знаат дека тоа не е вистина“, рече Јаневска.Таа предупреди дека политичкото спротивставување на реформите може да биде пречка за развојот на високото образование, нагласувајќи дека е потребно единство во спроведувањето на реформската агенда.Како клучни предности на новиот закон, Јаневска ги посочи воведувањето меритократија преку јасни показатели за истражувачка продуктивност, поголема интернационализација, соработка меѓу универзитетите, како и мерливост на квалитетот и подобри услови за студентите.Според неа, целта е создавање систем што ќе овозможи стекнување повисоки знаења и ќе го подигне квалитетот на високообразовните програми во земјата.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryj0me57nr0uu00uTeiFL

Законот за високо образование нема да се повлекува, вели Јаневска

Во предлог-законот за високо образование се вметнати повеќето од забалешките кои стигнаа од засегнатите, а са кусо ќе влезе во владина процедура.„Законот за високо образование веќе е во крајна фаза, за релативно кратко време ќе биде пуштен во владина постапка. Многу од забелешките кои беа изнесени се вметнати и ќе бидат дел од законот. Некои забелешки не се оправдани, на пример за отчетноста на факултетите“, рече денеска министерката за образование Весна Јаневска, пред конференцијата за финансиска писменот на учениците.Таа категорично отфрли целосно повлекување на законот, затоа што според неа, мала група професории барале негово повлекување.„Во однос на повлекување на законот, само мала група професори бараат повлекување, претпоставувам од страв дека нема да можат да ги сполнат законските барања. Тие имаат две можности, сериозно да се фатат за работа, а второто е да останат подолго време во едно звање, да почекаат да се потрудат и да одат на повисоко ниво“, додаде Јаневска.Со промените во Законот за високо образование МОН се надева дека македонските универзитети конечно ќе се најдат на Шангајската листа, дека ќе се подобрат условите за студирање и ќе станат попривлечни за студентите.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања